Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. Martina991

    Martina991 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2024
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Распрашајте се добро и истражете што редите немој да користите све и свашта особено не некои ефтини продукти кои предизвикуваат повеќе штета отколку корист.
     
    На lovemme, koritsaki и Thirlwall<3 им се допаѓа ова.
  2. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    4.807
    Девојки почнав со користење хијалурон гел и q10 серум. И на двата стои да се нанесуваат на чиста кожа наутро и навечер. Треба да одлучам што ќе ставам наутро а што навечер така? Не можам и двете заедно да ги користам?
     
  3. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.358
  4. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    5.085
    Хијалуронската киселина се препорачува да се користи навечер
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.091
    Пол:
    Женски

    Можеш :)
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    922
    Пол:
    Женски
    Се препорачува хијалурнска двапти во ден. Наутро и навечер
     
    На SummerGirl, joy1, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20241114_105042_com.huawei.browser.jpg
    Јас овој го имам. Може да го најдеш во аптеки во маркети.... Секаде го има
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. biljana.c

    biljana.c Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    13
    Devojki koe e vaseto mislenje za Eucerin anti pigment serijata…..serumot,dneven i noken krem +dva pati nedelno gerovital za eksfolijacija so AHA i vit .C …….za pigmentacija dali ima efekt….
     
  9. Sopro

    Sopro Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2021
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Имам нова рутина веќе две недели точно, мислам дека сега за сега ми е ептен погодена. Имам комбинирана кожа и неколку месеци наназад проблем со акни... Сакам да вметнам и витамин Ц на Revox па ако може некој да ми каже во кој дел од рутинава да го користам? И ако нешто не е добро во рутинава, поправете ме...
    Наутро:
    1. Зелената мисцеларна вода на Гарниер
    2. Тоник на Зиаја Акаи Бери
    3. Ниацинамид Revox
    4. Крема Bioten Skin Moisture
    5. Eucerin spf50 oil control

    Навечер:
    1.Зелената мисцеларна вода на Гарниер
    2.Тоник на Зиаја Акаи Бери
    3.Салицилна киселина Revox
    4. Крема Bioten Skin Moisture
    5. Не секоја вечер Сона на активните акни
     
  10. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    3.850
    Мислам дека треба да вметнеш и гел/пена за миење, бидејќи само мицеларната не е доволна за чистење на лицето. И во ноќната рутина, кога користиш сона скокни го серумот со салицилна и обратно, мада јас лично би одела само со една активна состојка, вака само може да си го доиритираш лицето. За витамин ц серумот, според мене можеш наизменично да ги користиш, еден ден да идеш со витамин ц, другиот ден ниацинамид. Некако премногу активни состојки користиш, не знам колку осетливо лице имаш, те разбирам околу проблемот со акни и колку брзо сакаме да го решиме но вметнувајќи премногу активни состојки само може да доведе до полошо, односно да се општети заштитната бариера на кожата.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tea06

    Tea06 Нов член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки :)
    Мојата кожа е мрсна склона кон акни. Пробав многу препарати, но од ниту еден немав резултат. Па одлучив да истражам и да си направам сама рутина за нега на лицето. Мојата рутина е следна:
    Насабајле:
    - CeraVe Foaming Cleanser
    - Balea Toner Beauty Expert Hydration
    - Sun Dance sensitive SPF 50
    Навечер:
    - CeraVe Foaming Cleanser
    - Revox just retinol
    - CeraVe Moisturising Cream
    Сакам да знам дали е добра како рутина за кожа со акни?
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.091
    Пол:
    Женски

    Сабајле пред кремата со спф немаш воведено крема хидратантна.
    А навечер не се користи ретинол секој ден особено ако си почетник. Прво еднаш неделно. Ако немаш иритација, по една недела можеш два пати да го користиш.
    А останатите денови можеш др серум да воведеш , хијалуронска киселина на пример
     
  13. Tea06

    Tea06 Нов член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Немам хидратантна крема, но имам тоник хидратантен. Да не ставам два пати на ден од хидратантнио крем, затоа мислев е подобро така.
    Да, да. Најдобро е еднаш неделно од ретиноло како за почекот, потоа постепено ќе зголемувам.
    Дали можи хијалуронската киселина да се користи за 18 годишна возраст?
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.091
    Пол:
    Женски

    Може хијалуронска да. Ама ако си 18, за ретинол рано ти е, ептен околу 25 да почнеш.
     
  15. Tea06

    Tea06 Нов член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Оти?
    Не се препорачува ретинол за под 25 годишна возраст?
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.091
    Пол:
    Женски
    На таа возраст може да ти помогне доколку имаш акни. За против стареење , немаш потреба кожата твоја се уште произведува колаген доволно на таа возраст затоа викам по 25 е пожелно.
    Не дека нешто ќе ти се случи туку треба да си многу внимателна со употребата, ако не го користиш правилно може да се случат изгореници, сушење, чешање, лупење на кожата..
    Имаш други серуми што можеш да ги користиш за таа возраст , витамин Ц , хујалуронска, нијацинамид.
     
  17. Tea06

    Tea06 Нов член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Нормално треба да се користи внимателно за да не дојди до не сакани ефекти.
    Кожата на моја возраст има доволно колаген кој се произведува сам и не му треба дополнително, ама јас имам проблем со акни. Ретинолот го фалат како добар за исчезнување на акните.
     
    На 1001Ana1001 и koritsaki им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање. Зашто кога користите спф крема пред неа ставате друга крема? :^) јас чистам потоа тоник па серум и на крај спф. Доколку ставам крема пред спф лицето што ќе упие побрзо? Колку повеќе слоја толку потешко за лицето
     
  19. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    922
    Пол:
    Женски
    Зашто нема доволно хидратантна спф крема
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    131
    Скроз си во право, ретинол можеш да почнеш и на 18 или на 88 години, односно кога ќе ги сфатиш придобивките но и ризиците кои доаѓаат со користење на истиот. Бенефит од ретинол има огромен, јас 30 години имам а изгледам на 20. После породување/доење почнав, веќе една година помина од користење, кожата поубава не била. Внимавај на дозирање, користи сендвич метода со крема, макс 2 неделно првите месеци за да изградиш толеранција. Некогаш и јас грешам, па ја пресушувам кожата не конкретно од ретинолот туку и од други активни состојки, но екстра хидратација, пантенол крема многу помага. Јас користам на geek&gorgeous. Рачунај бенефит ќе имаш од ретинол после 6м-1годна користење. Секој што ќе ти продаде чудо за два месеци деќа ќе ти се исчистат акните ќе те излаже. Користи двојно чистење и обавезно здрава кожна бариера. Не се лакоми за секој ден, зошто научив на тешкиот пат многу е потешко да поправиш оштетена кожа отколку да ја негуваш и оддржуваш, правилно и трпеливо
     
    На Tea06 му/ѝ се допаѓа ова.