Јас за хидрирање на кожата планирав да си земам хидратантен крем од CeraVe. Од кој ретинол користиш ти?
моето патешествие беше скандалозно, на 26-27 години почнаа акни да ми се појавуваат, пошто имав премногу затворени комедони. и кожата ми беше оштететна, обидувајќи се да се поправи лачеше екстра себум што уствари ги правеше комедоните, а јас мислејќи дека ја оправам, шлапав состојки како луда. еве ја мојата рутина, јас имам нормална кожа, склона е кон акни, зимно време е посува летно време е помрсна на Т зона. сабајле користам или вода или на цераве зелен млечен лосион ставам витамин ц на накоми(до сега највеќе ми одговара таа кремаста текстура, внимавај на оксидирање, ако потемне значи веќе е за фрлање и нема аир од него) крема со спф 20 од белина , а спф менувам најчесто на еуцерин навечер задолжително двојно чистење, мене ми одговара на true alchemy aha/bha маслото за чистење + истиот цераве гел од сабајле. млечен тонер на накоми за хидратација со хијалурон + пептиди (измеѓу сега секоја вечер ставам нешто различно, дали гликолна,дали ретинол,дали салицилна,дали само хидрирам,дали ниацинамид). знам дека изгледаат како милион состојки но најчесто една состојка користам една недела, пример оваа недела користам само ретинол/хидратација/гликолна, па наредна недна недела ретинол/хидратација/салицилна. за некои луѓе може е ова преагресивно но јас имам изградена толеранција после толку години барање на решение за мојата кожа и со ова ја оддржувам. се завршувам со ноќната крема на натура сиберика(таа љиљаковата) или пантенол(од галеника) ако ставам ретинол. ако излезе бубулица спот третман ставам од новаексперт
И јас сега го почнав ретинолот и од истиот бренд Hidration Station кремот, се мислев меѓу тој и Happier barrier ама ми беше страв на мрсна кожа да не ме зачепи. Не осеќам нешто на кожата печење, чешање а ставав во понеделникот и средата вечерта, мислиш е премногу? И јас имам флеки и акни и не знам што да користам веќе а да делува.
Првата недела доколку си почетник се става еднаш неделно. Јас кога почнав да го користам истиот на Geek&gorgeous ама од 0.1 почна да ми се лупи кожата, па ставав крема ретинал па крема. Сега е ок кога ќе се навикне кожата можеш и по 3-4 пати да ставаш неделно.
Zdravo.mmi treba mislenje..koristam miceralna voda eucerin za cistenje lice dnevna krema so spf30 eucerin isto i nokna..sto dr mozam da vnetnan..dali e dovolno samo mienje so miceralna
Серумот и кремата имаат различни намени, едното не го исклучува другото. Кремата е за хидратација, а серумот за таргетиран "проблем". А ако само хидратацијата ти е единствен проблем со лицето и немаш потреба од серуми за друга намена тогаш е логично да го исклучиш серумот, а не кремата. Кремата ги заклучува сите состојки нанесени на кожата и ја штити бариерата, штити и до губење на хидратацијата во текот на денот. Значи на кратко, најбитни и задолжителни се: чистач, хидратантна крема и спф. Другото е по потреба и желба Не е доволно, ќе ти треба уште еден чистач, гел или пена зависи каква кожа имаш. Мицералната, маслен и балм чистач е привот чекор и ја чистат шминката, спф и себумот. Се нанесува на сува кожа. А гел, пена чистачите се вториот чекор, и се нанесуваат на мокра кожа. Тие ја чистат потта и целата нечистотија што се собирала во текот на денот. Зависи од кожата, не секогаш е потребно два чистачи. Ама задолжителен е вториот, гел или пена. А ти имаш само мицерална. Доколку имаш сува кожа, или не носиш шминк и спф, доволно е само еден чистач, ама вториот. Јас наутро користам само гел за миење лице. А навечер мицерална и гел. Друго што можеш да вметнеш, зависи од потребите на кожата пиши што сакаш и бараш па ќе ти помогнеме
Imam kombinirana koza 38 god..sakav da go zemam noviot serum na eucerin epigenetic ili vit c..znaci i krema pred spf mi e potrrbna?
многѕ е битно ретинол да ставаш на скроз сува кожа значи после миење почекај некоја минута, исто пример што ми влошило мене ситуација, миење заби после ретинол, или сушење коса со фен хахаха така да заврши сите обврски почекај и прави сендвич метода ( крема ретинол крема). доколку осетиш чешање, значи дека бариерата ти е уништена и мораш да направиш минимум 1-2 недели пауза значи доколку правилно после тоа ја лекуваш кожата. не се брза со ретинол тоа се користи за цел живот, најубаво е доколку со време почнеме нели да превенираме фини линии и слично, но некогаш стварно е попаметно пауза да се направи и да се хидрираш
Да да на сува го ставам, немам приметено пецкање или нешто слично можеби дека количински не ставам премногу. Или ретинолот е слаб или мојава кожа ептен добро го прифати друго објаснение немам
Девојки ми треба совет, дали некоја ги има користено овие креми за околу очна регија и кога е најдобро да се користат? Рутината ми се состои од 1. Мицеларна вода/маслен чистач со протеини на True Alchemy (само навечер) Од вечерва ќе го тестирам All clean balm - Heimish 2. Anti-ox wild blueberry cream to foam cleaner (утро и вечер) 3. Balea vit C with niacinamide (утро) 4. Anti-ox wild blueberry face cream spf 20 (утро) 5. Салицилна киселина три пати неделно навечер 6. Anti-ox wild blueberry overnight renew face cream - mask / Natura siberica snow cladonia recovery cream (навечер) Користев и тонер на anti-ox wild blueberry,но периодот да пробам без него. Од она што го прочитав во составот на кремите околу очи, би било логично timeless кремот да го користам навечер, а другиот преку ден.
Јас имам од Mary and may ваква ама кафена искрено не се разбирам во состав мислам има blueberry и нешто на "Т". И е преубава крема. Само што ми е беше скапа па го купив малото пакување/тубава уствари Ако е сличен составот мислам дека многу би ти се погодила, ако бараш нешто за хидратација.
Да, за хидратација, ми се појавија ситни брчки околу очи и темни кругови. Во продавница ми ја препорачаа на timeless, a mary and may ми ја дадоа гратис. Нивна препорака беше да ги користам заедно, утро и вечер. Читам дека timeless има витЦ и ниацинамид, па нема шанси да ја користам навечер со салицилна киселина.
Искрено не се разбирам во состојки. Јас гледам само да хидрира и да немам иритации, црвенила. Досега ниацинамид не сум ни користела. Не би знаела искрено
Првите впечатоци од All clean balm mandarin, Heimish се дека балмот ја чисти кожата од спф/шминка ОДЛИЧНО. Остава мрсен филм на кожата, што се отстранува со вториот чекор, употреба на воден чистач. Но, кај мене ми јави реакција со водениот чистач заради некомпатибилност и делуваше премногу агресивно на кожата во делот на образите, каде што во овој период имам посува кожа. Сега дополнително хидрирам. Препорака од мене за оние со сува и дехидрирана кожа внимателно со употребата и комбинирањето на овој балм. П.С. И повторно го воведов тонерот за лице, не била залудна неговата примена, ми дава екстра хидратација на кожата.