Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.582
    Допаѓања:
    106.365
    Пол:
    Женски

    Кој чистач го имаше користено?
    Јас овој балм на Хеимиш го комбинирaв со тој на Geek&gorgeous
    Јас имам мрсна кожа мене овој балм супер ми одговараше, не е само за сува кожа
     
  2. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    109
    Heimish балмот го комбинирав со Anti-ox wild blueberry cream to foam, Natura siberica. Пената за чистење ја користам 2-3 години и одлично чисти со мицеларна вода или флуид со протеини.
    Имам комбинирана кожа што се пресушува во образите во зима.

    Како постапувате кога се бањате (не мислам на обично туширање од 10тина минути, туку со шампонирање на коса, регенерација...) во однос на чистење лице? Дали прво чистење лице па бања или обратно и што е подобро?
     
    Последна измена од модератор: 6 декември 2024
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.654
    Допаѓања:
    167.801
    Пол:
    Женски
    Лично, се капам, дур сум под туш чистам лицето со клензеро (моментално тој на Токобо), излегвам од под туш и продолжвам со следниот чекор од рутината.
     
  4. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    Јас на крај го мијам лицето бидејќи имам читано дека регенераторот и шампонот може да предизвика акни, па сакам да сум сигурна дека лицето ми е чисто.
     
    На lovemme му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    109
    А маслен чистач користиш ли? Колку и да внимавам ми се мокри лицето додека измивам коса и кожата прима влага, па маслениот чистач не ми измива убаво.

    Како чистач е тоа, маслен или воден? Не те разбирам.
     
    Последна измена од модератор: 6 декември 2024
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.654
    Допаѓања:
    167.801
    Пол:
    Женски
  7. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.242
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми објасни зошто се става спф после серум?
    Јас се одмивам со вода,ставам серум па дневен крем,ноќта ставам исто серум па ноќен крем. Доволно е? Во глобала имам чисто лице...
     
  8. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    109
    Овој е воден чистач. А маслен користиш пред вањање?

    Спф се става првенство за да ја заштити кожата од сонцето, загадувањето со кое сме секојдневно опружени и да спречи оштетување на горниот слој на кожата а со тоа предвремено стареење. Потоа серумите содржат најголем процент на активни состојки кои при допир со сонцето ја губат својата вредност или доведуваа до изгореници на кожата. Дневната крема без спф може да ти даде само хидратација, а спф ги одбива сончевите зраци од кожата, прави штит за активните состојки да останат во кожата.

    Функцијата на спф
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена од модератор: 6 декември 2024
    На lovely91, lovemme, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.242
    Пол:
    Женски
    Ахаааа
    Ама како бе на сред зима да мирисам на спф :D
    Ти благодарам за одговорот. :l:
     
  10. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    109
    Тоа не е Black up или слично што го користиме додека сме на плажа.
    Има специјални креми само за лице што содржат спф. На пример јас користам Anti ox wild blueberry spf 20, Natura siberica во зима и Леврана спф 50 во лето. Ги нанесувам веднаш после серум.
     
    На naturally, lovemme, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.242
    Пол:
    Женски
    Супер
    Пошо ја само овој за лето шо го користам го имам,и планирав да се ушљакам утре од сабајле ко ке станам. Абе немам појма од такви работи,знам дека ви е смешно .... :rofl:(facepalm)
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.654
    Допаѓања:
    167.801
    Пол:
    Женски
    @ForeverME spf ти е "круна" на дневната рутина. Некои серуми си "барат" да се става и спф задолжително, пример витамин ц ако користиш. Или ретинол вечерта ако искористиш, другиот ден мора спф. Ама и да не треба, е бариера шо ти ја штити кожата иако има луѓе шо користат помал фактор на зима или воопшто, јас буквално како "круна" ја гледам не скокам никогаш. Така да мое мислење е дека ако можи да не се скокни фактор користење - подобро.
    Јас користам стик, ем е лесно за нанесвање ем не мириса на плажа.

    Не. Двојно чистење прам само ко ќе вадам шминка, инаку не ми функционира најдобро на кожата ако е често. Имаше момент ко мислев дека то ми функционира, ама не функционирало. :D
     
    На Mumoftwo30 и ForeverME им се допаѓа ова.
  13. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    109
    Ахам, благодарам. Само чудно ми е како чистите спф и себум со воден чистач.
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.582
    Допаѓања:
    106.365
    Пол:
    Женски
    @ForeverME од сите серуми, креми и разни производи спомнувани на темава , спф крема е најважен производ за лице :)
    Горе како што кажаа девојките има спф специјални за лице , има и што може да се користат и за тело и за лице - на пример Shiseido expert sun protector lotion кој е многу лесен и не ја масти кожата ама тој најчесто го земам за на лето и вп исто време ставам и на лице и на тело од него особено тој од 300мл е value for money.

    За овие месеци секако користам замо наменет за лице. Има и за масна и сува кожа. Мене ми е комбинирана мрсна па гледам да не е тешка кремата моментално ја користам на Some by mi оваа е минерална крема, јас сум презадоволна.
    Screenshot_20241206_085446_Chrome.jpg
    Исто сум супер задоволна од стикот на Tocobo
     
    На Mumoftwo30 и ForeverME им се допаѓа ова.
  15. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    994
    Пол:
    Женски
    АКо не ставаш на крај СПФ, ич не ни троши пари за серуми и други работи.
    Тоа исто ко да си направиш вкусно јадење, да декорираш и да земеш да го фрлиш во канта, Џабе и ресурси и време си трошел :D

    Корејски спф си земајте, за мене се далеку подобри од овие "западните".


    Тешко да извадиш спф со воден чистач. Посебно ако спф е водоотпорен, нема шанса
     
    Последна измена од модератор: 6 декември 2024
    На Mumoftwo30, koritsaki и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.543
    Допаѓања:
    201.664
    Пол:
    Женски
    Зависно од состојките на серумот, има некои што се фотосензитивни, па џабе ставаш серум ако немаш спф, оти под дејство на ув зраците може да се неутрализира дејството на серумот или да има контраефект (пример, ако ставаш витамин Ц против флеки и пигментации, без спф, ќе имаш повеќе флеки и пигментации). Ретиноли исто без спф не се користат.

    Јас лично, не користам СПФ во зима. Од серуми користам само од тие со хијалурон, ретиноли избегнувам, витамин ц ако користам, користам само навечер. До пред некоја година ни во лето не користев. Може ни во лето не ми треба, имајќи предвид дека поголем дел од денот го поминувам во затворена климатизирана просторија. Не мислам дека штити од загадување како што штити од ув зраците, ама имам и мислење дека поради користењето на спф посебно со хемиски филтри се зголемија проблемите со кожата кај луѓето. Преферирам креми со физички филтри, дури и за плажа, оти искрено, приметив по детето дека тие креми се подобри, бар за мене. Кога користев креми со хемиски филтри, детето ми пројавуваше осип на кожата поради комбинацијата од спф, морска вода и сонце, а кога почнав да користам креми со физички филтри, детето нема таков осип. Може не е до кремот, ама па ништо друго не сменив, освен тоа.
    Јас не сум репер за тоа како треба и како е правилно, ама мое е да си кажам мислење како медицинско лице, и од лично искуство. Кожата ќе биде здрава и свежа не само ако ја негуваме однадвор, треба и од внатре. Правилната исхрана, доволно вода, квалитетен сон, понекогаш додатоци од типот на Д3 и бета каротен, па дури и витамин А (без претерување) исто се важен, ако не и најважен фактор во здравјето на кожата. Ама тоа некако го забораваме.
     
    На koritsaki, Mumoftwo30 и ForeverME им се допаѓа ова.
  17. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    109
    Не се вади спф со воден чистач. Спф (масло) се вади со масло. За тоа ми е чудно. Не знам како да постапам со двојна рутина кога шампонирам коса. Од една страна ако направам двојно чистење, па шампонирање, кожата губи хидратација, а ако шампонирам коса, па правам двојно чистење, лицето ми се мокри, па маслениот чистач нема ефект.
     
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.582
    Допаѓања:
    106.365
    Пол:
    Женски

    Да ти кажам никогаш не сум помислила на ова.

    Јас наутро мијам коса скоро секогаш.
    Навечер или поручек се мијам летно време, прво мијам лице па мијам коса.
     
    На Mim1mi и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  19. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    994
    Пол:
    Женски
    И јас никогаш не сум помислила, не се бањам апла пред легнување :D
    Прво завршувам бањање, сушам средувам коса и на крај со лице.

    Инаку би можело: маслен чистач на суво лице, влегуваш се бањаш, излегуваш со крпа на глава па миеш лице со воден чистач :)
     
    На lovemme и Mim1mi им се допаѓа ова.
  20. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    109
    Добра идеа.
    Јас никогаш не чистам лице непосредно пред легнување, не сакам кремот да го оставам на перница. Ноќна нега правам околу 20 часот за да има време кожата да ги апсорбира нанесените состојки