Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    994
    Пол:
    Женски
    Да исто и јас, ако не излегувам од дома, а сега на ладново и темно често се дешава, уште од 18-19 часот може да исчистам лице и да ставам рутина.
     
    На Mim1mi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    109
    IMG_20241207_073454.jpg

    Станува збор за крем на Балеа, неменет за хиперпигментација, пеги и флеки.
    Кремот содржи витамин Е, витамин Ц, пантенол и екстракт од бела рада. Според ова станува збор за високо хидратирачки крем за лице и навистина е, но кратко. После 6-7 часови од нанесување на кремата се чувствува затегнатост и сувост на кожата. Откако истражував повеќе открив дека содржи опасни алкохоли Alcohol Denat и Aluminum Starch Octenylsuccinate кои ја сушат и иритираат кожата, како и Disodium Edta.
    И покрај тоа што кремот може да се употребува за цело лице, мој совет е локална примена, како спот третман.
    https://kozmetickimagazin.com/balea-krema-za-izbeljivanje-fleka-recenzija-iskustva/
     

    Прикачени фајлови:

  3. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    517
    Девојќи ајде помош

    утринска рутина:
    - тоник
    - витамин ц серум
    - крем за очи
    - крем за лице

    ноќна
    - тоник
    - Хијалуронска киселина
    - кофеински серум
    - крем за очи
    - крем за лице со Пептиди

    каде можам да вклучам пилинг со салицилна киселина бидејќи на носот и до носот имам пори а на чело имам неколку како поткожни кои не се црнка или акна. Едноставно кожата ми е нерамна на тој дел само. Предлог за било што?
     
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.582
    Допаѓања:
    106.365
    Пол:
    Женски

    Рутината не ти е целосна. Ти фали гел или пена за миење лице, крема со спф фактор -ова ти е круна на се , ти што и да ставаш ако немаш спф се ти е џабе. И масло или балм за двојно чистење навечер. Зошто себумот , спф-то и целата нечистотија мора да се исчисти со масло прво , не одма до тоник или воден чистач. Тој пилинг каков е што сакаш да го воведеш? Можеш 3 дена во неделата да воведеш по миењето на лицето салицилна киселина серум зошто производ што се измива како пилинг на пр нема да ти заврши работа.
     
  5. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    109
    Се согласувам. Треба прво воведување на чистачи за лице, наутро наместо обичен крем за лице воведи крем со спф и салицилна киселина како хемиски пилинг, 3 пати неделно, навечер после тоникот, пред хијалуронската киселина. Провери кои состојки ги има кофеинскиот серум и за што го користиш? Доколку има вит Ц во составот, не го користи во вечерите со салицилна киселина. Доколку лекуваш розецеа, тогаш не ти препорачувам салицилна киселина.
     
    Последна измена: 8 декември 2024
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    517
    Самиот крем кој го ставам наутро ми е со СПФ. Гел или пена ми пречи, ми го суши лицето и ми остава црвени траги. Исто и мицеларна вода. Единствено нешто што ми одговара за чистење на лице е тоник и ништо друго освен тоа. Имам пробано и маслени чистачи и ми ги запушуваат порите на носот и ми изгледа грозно. Инаку преку ден не користам шминка, т.е воопшто не користам никаква шминка па затоа лесно вадам се од лице со тоник.

    Да воведам четврти серум и не сака баш бидејќи мислам дека сум млада за многу работи да ставам. Сакам 2 пати неделно да правам пилиг со салицилна но не знам кога бидејќи не сакам да мешам со кремот со пептиди.

    Овака оваа рутина ми е супер, кожата ми е нормална, немам црвенило и ми е чисто. Имам потреба само од салицилна киселина пилинг затоа прашав дали наутро да го правам или поручек па тој ден дане ставам пептиди.
     
  7. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    517
    Нема витамин Ц кофеинскиот серум. Го користам за подочњаци и му делува супер и не би го менувала за ништо на светот.
    Кремот наутро ми е со СПФ.
    Розоцеа? Не немам.
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.582
    Допаѓања:
    106.365
    Пол:
    Женски

    Може треба да пробаш други производи , може тие што си ги пробала тие не ти одговараат. Не може на нечиста кожа да ставаш други производи како серуми креми ако не ти е убаво исчистено лицето. Лосионот не ти е доволен за чистење на лицето. Да, подобро да не користиш толку серуми , подобро е да го чистиш правилно лицето да не ти се појавуваат ни црнки ни поткожни.

    А кремата дневна ако ти е со спф 30 или 50 е ок. Ако е спф 15 или 20 не е доволно.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    109
    Добро. Кофеинскиот серум штом го користиш локално, не би требало да прави проблем со салицилната киселина.
     
  10. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    109
    Не секогаш чистачите прават иритација. Еве мој пример. Пред неколку денови напишав дека All clean balm, Heimish ми го иритира лицето. Всушност проблемот беше во кремот од Балеа за хиперпигментација што го рецензирав вчера затоа што содржи опасни алкохоли. Откако го тргнав кремот, балмот си легна одлично. Точно е дека маслениот и водениот чистач тргаат се од кожата, па кога е веќе истрауматизирана во текот на денот се брани Нема лоши продукти, има несоодветни комбинации на истите
     
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.322
    Пол:
    Женски
    Ај совет.
    Сеа рутината за чистење ми е вака.
    На два дена коа се бањам ставам
    IMG_4457.jpeg После него
    IMG_4458.png
    па на крај
    IMG_4460.jpeg




    Мое прашање до вас: некогаш денот измеѓу коа не се мијам со Елсевов, отсабајле ми свети фацата пошто имам мрсна Т-зона. Шо мислите за миење со Дove зелениот сапун со краставица? Не ми е за пари, би купила и средство, неќам толку да ја третирам фацата. Можам и отсабајле со Елсевот. Тој ми е многу убав и кога цел ден сум со шминка (пошо се шминкам у 7 сабајле, а може да ја извадам у 10 вечерта, и после тоа се осеќам гнасно секако). И после давот дали може од салицилната, па шминка? Ве иам читано дека се става навечер, поготово не смее на Сонце со него. Но сеа нема.
    Или само крема да стаам да не ме исуши превише.


    И шо мислите за маските Балеа? Односно колку пати у месец ставате маска?
    Ја сеа стаив од таа од Мртво Море после месец дена. Фацата ми е… бебе
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.958
    Допаѓања:
    81.290
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е премногу да го вметнеш сапунот покрај вакво „поагресивно“ средство за миење и плус серум салицилна. Во смисол, сосем океј е преку два дена да ги користиш средството и серумот, но одбери нешто понежно во деновите измеѓу. Сепак на кожата ѝ треба и хидратација.
    Би одела со некоја Балеа пена за наутро и нежен тоник за хидратација. Најомилено комбо за мене засекогаш ќе останат розовата Балеа пена и розовиот тоник.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.322
    Пол:
    Женски
    Добри се за мрсна Т-зона?
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.958
    Допаѓања:
    81.290
    Пол:
    Женски
    Супер се за секаков тип на кожа, без гајле.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.322
    Пол:
    Женски
    Thankss
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.268
    Пол:
    Женски
    Воопшто не сум редовна со рутината ама овој период сум решена да се вратам во некаква нормала. Имам доста дехидрирана кожа, а сакам да ги тргнам и црвените флекички од акни. Добро е вака?

    Наутро:
    • Есенцијата на Cosrx
    • Eye balm, dr. Hauschka
    • Hydro boost гел крема на Neutrogena
    • Effaclar spf 30

    Навечер:
    (кога имам шминка прво поминувам со розевата мицеларна на Биодерма)
    • Гел за миење effaclar
    • Eye balm, dr. Hauschka
    • Black snail restore серум на iunik
    • Cicaplast крема

    Пред некој ден го купив revitalizing day lotion од Dr.Hauschka кој треба да го истрошам побрзо бидејќи рокот е до 2.2025. Прашањето ми е, каде можам да го вметнам?
    :)
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.582
    Допаѓања:
    106.365
    Пол:
    Женски
    @mamma-mia Др.Хаушка производот што си го купила можеш да го користиш како дневна и ноќна крема. За флеките од акни треба да вметнеш азелаична киселина :)
     
    На mamma-mia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    109
    Да се корегирам во мислењето за All clean balm, Heimish. Балмот го користам веќе три недели и одлично легна на кожа, кожата е мека и еластична. Тоа што ја сушеше кожа беше од крем на Валеа со вит ц и ниацинамид (кремот содржи штетен алкохол). Потешко вади маскара од трепки па затоа оценка 4.5/5.
     
  19. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.268
    Пол:
    Женски
    Значи сабајлево сум шлапнала три креми :lol:

    Фала ти @koritsaki, ќе те послушам.

    За флеките на почеток сакав да пробам со серумот на iunik. Пред неколку години во комбинација само со effaclar (гелот и кремата што никако да ја преболам) ме спаси и од акните и од флеки. Потоа се видов подобра, баталив и voila.

    Одамна ја меркам кремата на true alchemy со азалаична ама многу се плашам да вметнам што било ново, а појако. Имам чувствителна кожа, ретко нешто да ми одговара. Ниеден спф не ми се погодил досега, дури и виралната есенција едвај чекам да ја дотрошам.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    109
    За акни и флеки сум видел ефект од true alchemy zink tro, се нанесува локално врз акна и флека. И е наменет за чувствителна кожа. trio-zinc-serum-protiv-akni-i-fleki-7-ml-1.jpg

    А спф да пробаш Narura Siberica Anti-ox wild blueberry.
     
    На mamma-mia му/ѝ се допаѓа ова.