Кратко ја користев спот кремата на tiam со тестерче, скроз сум заборавила на тоа, а оваа на novexpert на прва ми се чини уште подобра. Ќе ја имам во план, фала @Mim1mi И обични креми тешко годам, спф ми е веќе ноќна мора. Photoderm max на Биодерма, Фризидерм, dermopure на Еуцерин заминаа в канта по 1/3. Ни од effaclar не сум особено задоволна ама не знам што да барам. Долго време сакам да го пробам флуидот на la roche, веројатно наредно ќе одам со него. Зелената линија од natura siberica ми беше катастрофално искуство, од тогаш кога се работи за лице ги избегнувам во широк лак. Можеби грешам ама не верувам дека повторно ќе им дадам шанса.
Масна ти е кожата? Ако ти е масна, јас ти ја препорачувам So by mi минералната крема со спф 50 или стикот на Tocobo , синиот.
Сите наведени креми содржат алкохол дентат кој те суши и создава чувство на чувствителна кожа. Избегнувај го во составот. И мене ми смета. Зелената линија на Натура Сиберика е за мрсна кожа, затоа не ти одговара.
@koritsaki Комбинирана, мрсна т-зона и суви образи, со тоа што во периоди како овој кога ми е дехидрирана, светам и на образи. @Mim1mi Има вистина и во ова, ме поттикна да отворам inci ама повеќето производи што не ми се погодиле се доста нежни, само 2 од 20 најдов со алкохол. Ќе да е нешто до мене
И јас проверувам на inci. Очигледно комбинацијата не си ја погодила. Сепак дај и шанса на Natura siberica Anti-ox wild blueberry spf 20 (виолетовата) со true alchemy emulsion hyaluronic acid and betaine. За мене тоа е спасот за зима, затоа што од дехидрирано лице на кое ниту тегла кокосово масло не му помагала, сега му се смешкам на студот и ветрот.
Здраво. Може некој што го средува своето лице да ми пише лп? И да ме поднаучи како тоа се прави. Благодарам однапред.
Па серум, тоник. Чистење на лицето. Поима немам како идат тие работи. До сега сум немала потреба, но сега имам. И бев на дерматолог и ми кажа дека имам мрсна кожа. Епа кои средства се добри за мојата кожа. Така некако отприлика.
Зависи дали сакаш "покомплицирана" рутина или не јас рутината ја спроведов кон минимална, користам гел за миење , крема, спф крема (сега зима и не користам секој ден спф) Навечер мицеларна вода или масло па гел за миење , па серум ама не секој ден 3 пати неделно ретинал, па крема. И крема за околу очи користам. За преку ден не користам сега некој серум, може пептиден или хијалуронски да воведам.
Здраво девојки мала помош моментално ја имам оваа рутина за лицето. Дали треба уште нешто да вметнам. Во дневна рутина првата слика плус нијацинамид и спф кремата. Ноќна рутина втората слика , на почетокот двојно чистење. Кога можам гликолна киселина да користам? Дали е ок рутината и редоследот . Благодарам!
Претходно секој ден се шминкав и си водев повеќе нега на лицето. Од како се породив ми се појави себореа. Освен пена за лице на балеа не користам ништо друго посебно. Дајте ми предлози сакам да му се посветам повеќе на лицето. Отсекогаш ми било малце попроблематично. Испробував секакви креми и мислам од тоа и поише ми се уништи лицето и имсв бубулици. Откако престанав да го шлакам. Ми се среди. Чисто лице имам, меко. Сега кога ќе се активира себореата се лупи имам и црвенило. Ама иако ми е чисто не ми изгледа свежо. Ми треба некоја секојдневна рутина да го средам малку. Би ве замолила поискусните да ми дадете предлози. Пошто јас ништо не сум во тек @Annath @koritsaki ќе ве означам вас, гледам вие имате повеќе искуство на темава. Ако знаете да ми дадете предлози. Фала
За себореа мора терапија од доктор. Не знам што би можела да ти предложам, со оглед на тоа дека е медицинска состојба и немам искуство со истата.
Дали некоја го има користено овој Сквалин на Алверде? Прочитав доста добри рецензии на страницата на Дм Германија
Здраво женски Имам сува кожа темни кругови околу очите и брчки. Почнав да користам некои работи, но некаде грешам. Ќе испратам слики од производите што моментално ги користам па кој знае нека даде совет Сабајле 1 Го мијам лицето само со вода 2 серум со Вит ц 3 серум за околу очи 4. Хидратантна крема 5 Спф 50 Навечер 1. На почеток го чистев лицето само мицеларна вода и го измивав со вода 2 Ретирон 2 пати во неделата 3 хидратантна крема Ама некако ко да не беше добро исчистено, не знам, мали акни ми се појавија. Од вчера го воведов гелов за чистење од лореал, ама имам чувство како да ми гори кожата и после измивање,дали треба после гелот мицеларна да користам? Кај грешам? Се мислам хидратантната крема може не ми хидрира доволно, дека не ја чувствувам кожата хидрирана, да ја сменам со оваа крема Ќе ги тагнам @koritsaki @Annath ,помагајте
За миење лице само пена, не гел, геловите ја пресушуваат кожата, особено ако користиш и мицеларна вода. Плус овој гел ми личи за масна кожа дека е, поради салицилната ја суши повеќе кожата и реагира со појава на акни. Не им го знам составот на кремите. Ама јас препорачувам хијалуронски серум и крем за хидратација на кожата и секако многу вода. Хијалуронскиот серум се нанесува на влажна кожа, да упие, па се става крем, дали хидратантен, дали спф крем. Немаш лоша рутина, само да ги најдеш правите производи. Овие можеби и не ти одговараат, не знам.
Кој хиларијунски серум ми го препорачуваш? А што мислиш за кремата од геровитал Таа пишува дека е ок за сува кожа со тоа што има и ниацинамид и хиларијунска киселина
Ако имаш сува кожа, немаш потреба од нијацинамид, затоа што тој го регулира лачењето на маснотииите, односно масната кожа ја прави помалку масна. За хијалурон, јас секогаш го препорачувам на Новексперт, ама бидејќи е прескап има и поевтини варијанти. Ако не ти е проблем за состојките, тогаш на Хада Лабо супер хидраторот, и тој е добар. За хидратација ми се допаѓаше и на Конопка серумот, како уште поевтина варијанта, ама мислам дека не е со хијалурон.