Здраво здраво. Ми треба помош од вас искусни девојки да си направам некоја рутина малце да си го негувам лицево. Имам производи ама не сум редовна. Лицето ми е комбинирано нормално со мрсна т зона, летно време пеги обавезно ми излагаат. Немам нешто проблем само чисто онака за изедначување на тенот и чисто лице нормално, тазе породена па немам време за шминкање а сакам да изгледам пристојно и без шминка хаха. Единствено некогаш знам да приметам бели затворени како нерамнини, кога ќе ги стиснеш излагаат а вака не се приметуваат. Whiteheads мислам се викаат. Е сега сакам да вметнам и нешто против стареење на кожа,ретинол знам не можам бидејќи дојам, пептиди за што се ? Моментално ги имам тонерот со прополис и есенцијата со слуз од полжав на cosrx, и зелената крема од белина на др.конопка (многу ми одговара). Што да вметнам друго, како да ги користам овие од cosrx, наутро навечер? Дали е океј овој серум што ќе го прикачам подолу? Крема да земам ноќна некоја со пептиди? Оваа ми фати око (слика подолу). Исто, за наутро треба витамин ц некој, и спф знам.. Исто читав фален е серумот со боровинки од белина, океј е тој? Help a girl out. Ама ако може што поедноставно зашто со бебево немам време за многу шлапкање.
Девојки ајде некоја што има сува кожа посебно да и е сува Т зоната ако има таква да ми каже каква крема користи за хидратација. Од кога се породив од нормална преминав на сува кожа, не знам што крем да ставам, а да не го чувствувам толку суво лицето
Прв пат ќе пробувам рутина за нега на лице, имам комбинирана кожа, повеќе накај мрсна и црнки на лицето. Со помош на Чат ГПТ формирав дневна и ноќна рутина со овие продукти од ДМ: Предлогот од Чат ГПТ: Наутро: 1. Пена Beauty and Fruity 2. Серум ниацинамид 3. Хидратантен крем 4. СПФ Навечер: 1. Пена Beauty and Fruity 2. Серум ниацинамид или салицилна киселина (BHA) 3. Хидратантен крем За почеток само два пати неделно BHA за да се види како кожата ќе реагира. Се надевам не правам ништо погрешно и дека кожата добро ќе ми се привикни.
Здраво феминки, имам 27 години, лицето ми е постојано мрсно, како и брчки на челото, сакам нешто и што ќе ја зацврстува кожата,до сега немам користено ништо за нега на лице. Бидејќи не знам што да земам, предложете ми што би можела да земам во однос на се ова што наведов. Ви благодарам.
Задолжително двојно чистење навечер со маслен чистач (Heimish all in one clean balm), а потоа со пенест чистач (Natura Suberica виолетовиот со боровинки или зелениот). Потоа ноќен крем (јас користам Natura Suberica night cream mask од боровинки или True Alchemy hyaluronic acid and betaine). Наутро задолжително ги миеш лицето со пенестиот чистач и нанесуваш крем со spf 50 (сега ги користам Haruharu wonder Black Rice). Имам комбинирана кожа која станува мрсна во лето.