Дали серум на лице се става кога чистењето на лице завршува со мицеларна вода или ќе мора двојно чистење?
По мицералната вода, се мие лицето со гел или пена па серум се става. Ако не користиш мицерална вода, само со гел се миеш, па серум
ако е убаво исчистено може и само со вода обична да го измиеш лицето. Јас ако имам шминка мицеларна па гел користам за чистење ако немам шминка само мицеларна и после мијам со обична вода. Кога ќе се исуши ставам серум
Препорака за крема за лице, за околу очи и за серум, за сува и комбинирана кожа. Мрсна Т-зона, а другите делови се посуви, а имам и појава на брчки. Не знам што да земам, ништо ми се нема погодено. Сакам да си воведам некоја рутина, ама некако не можам да се снајдам со толку многу производи.