Можеш и така и на голо да нанесеш. Ова не би требало да ти суши лице. Ама најважна ти е кремата , по ова крема ќе нанесуваш
Гел на Алверде? Има еден ultra sensitive, но не сум го пробала лично. И Балеа имаат еден ultra sensitive, тука се со цените. Би требало да одговараат на сува кожа. Евтини се производиве, над 200 денари мислам дека не се
Хелп женски. Побарав рутина од една страна за корејски производи па меѓу другото ми препорачаа од Centella skin 1004 маслен и гел чистач. Заприметив дека од нив ми се нафрлува лицето премногу, после месец користење само станува полошо и ми се јавуваат големи цистични акни а немав ни една пред употреба на производите. Престнав да ги употребувам па се намали појавата но сега морам да ги третирам овие акни кои се појавиа. Дали има некое масло за чистење кое го користите вие со кожа склона кон неправилности кое не би имало ваков ефект. Извинете на долгиот пост и ви благодарам. ❤️
Јас од овој сум многу задоволна. Види каде е на попуст. Го има во Зегин, Ани фарм и други аптеки, ама не знам каде се.
Имам голем проблем со кожата последниве два месеци. Сува кожа без акни, минимална рутина која ми одговара, правам двојно чистење навечер, ама последниве месеци многу ми се нафрла лицето со мали акни на образите, претежно тој дел. Ќе се смири некој период па пак ми излегуваат по 2-3 акни, што до сега не ми се случувало. Го користам гелот за акни на CeraVe, погоре што го постирала @Elence93 ама мислам дека ми треба уште нешто плус, така да примам препораки и совети.
Ова мене ми е откритие на векот! Имам и јас по некоја акна и сфатив дека што повеќе го сушам лицето со активни состојки, тоа повеќе се иритира и повеќе акни ми излегуваат. Преку ден ставам помалку бидејќи се шминкам, а навечер баш дебел слој. Кожата никогаш не ми била во подобра состојба. Сега ја купив четвртата по ред од 100мл, па може да се види колку ја сакам.
Јас еднаш ја пробав кремава, не ми остави добар впечаток. Можеби треба пак да ја пробам, да и дадам шанса кога кожата ми е во ваква состојба. Е сега, има богата масна текстура, заради тоа не ми се допадна првично, да не прави тоа проблем на акните?
Novexpert trio zink гел чистачот, го има во дм, за белина не сум сигурна, претходно од таму го земав ама кога го донесоа во дм престанав. Не е маслен овој што ти го препорачав, гел е, ама јас масло еднаш користев на препорака на кослов и мислам лицето си го уништив, од тогаш немам пробано масло за чистење. Едноставно мислам дека не одговара тој производ за мене. Јас користам мицеларна вода, на гарниер со зелено капаче и од балеа исто зелената не прави да бувнам од акни, значи многу склона кожа кон акни имам и многу производи сум пробала. Инаку користам и ниацинамид со цинк од балеа и балеа med ultra sensitive cica крем, кога веќе кажав се. Исто крем со години не користев зошто сите ми правеа акни, овој не.
Дечки некој да ми препорача нешто за мајка ми, 58 години, неколку производи нели главно за измазнување на брчки, ако некој исто бил на третман радифреквенција или слично, а да не е ботокс, да ми пише што како
Ретинал, спф крема. Нека го земе ретиналот на Seoul 1988 , само навечер се користи. Првите 2 недели по еднаш, ако нема реакција некаква , потоа може да зголемува. И спф крема е обавезна наутро. За други третмани не знам
Мене ми ги чисти акните кога ми излегува некоја во ПМС или цел ден ако сум излезена и со пудра низ прашина итн. Кремата е одлична. Ја би те советувала да и дадеш уште една шанса.
Мене не ми прави, баш напротив, ми се повлекуваат побрзо отколку кога користам креми за акни. Исто така со чистачот убаво масирам неколку минути, што мислам дека прави разлика.
Фала ви, ќе ја купам пак, ќе дадам шанса. Ама на цело лице ја мачкате, или само на акните ставате нешто како spot treatment?