Јас имам комбинирана кожа. Цело време купувам, комбинирам продукти разни ама искрено и немав континуитет во аплицирање на истите. Што креми фрлив скоро цели полни. Немам акни, ама имам флеки од сонце воглавном. Кога ми велеше мама стави си капа, стави си крема, не си стискај лицето како помала а јас не слушав. Пред три недели си ветив дека последно купувам, и дека редовно ќе ги користам. Така да веќе три недели си терам со рутината насабајле и навечер (киселините за навечер не ги аплицирам сите, туку комбинирам). И искрено има разлика за три недели, мотивација имам да не престанам и да се префрлам само на спф. Иначе ако имате препорака за ноќна крема, пишете ја. Сега истата ја користам и наутро и навечер. Ова е се' што користам/комбинирам:
Од последната слика според мене покриена си со ноќна крема. Крем со СПФ наутро, а другиот крем за навечер.
Мала помош. Кремата и гелот ми одговараат одлично сега сакам да го вклучам и пилингот. Имам комбинирана проблематична кожа. Ако може некој да ми помогни што да користам наутро што навечер и некој серум плус.l
Можеш пилингот. Ова е всушност тонер, ставаш минимална количина и оставаш да се исуши. Врз него можеш серум и крема. Од серуми плус можеш нијацинамид и азелаична киселина. Првиот наутро, салицилна (пилингов) и азелаична навечер. Ти треба и ноќна крема.
Серум Нијацинамид за наутро, според мене толку. Јас го користам со цинк од балеа, супер ми е. И спф крема затоа што користиш салицилна киселина навечер.Јас имам многу проблематична кожа и less is more. Кога трупав свашта на лицето се направив бумбар. Навечер само хидрирај со кремава после пилингов. Не би ставала ништо плус за почеток. Па види како ќе бидеш. Едит: Сега гледам дневна крема била. Спф секако вметни, и нешто за навечер. Јас ова ставам https://www.google.com/search?clien...fEDHZIaDlgQtKgLegQIGhAB&biw=360&bih=701&dpr=3
а да ја користам истата крема и навечер? плус има спф 30 или мора нешто плус? а хијалуронска киселина серум наместо нијацинамид да ставам?
Кремата со спф наутро користи ја. Од истата линија има крема без спф, за навечер можеш да ја земеш таа.
А да не видов дека има спф, тогаш само нејзе наутро. Јас покрај нијацинамид и салицилна имам азелаична киселина користено само, кај мене немала добар ефект, овие 2те да и затоа не сум експериментирала многу. Еднаш на кослов пишав се зезнав опасно и од тогаш сама на сигурно си одам.
Користам корејска козметика. Последно направив рутина во coslove. Лицето место подобро мене ми е полошо. Првпат кога имав рутина од кај нив ми сјајеше и беше прекрасно сега е катастрофа. Се изнафрлав пари за креми. Навистина не знам што е најпаметно. Имав и од елокси одреден временски период беше во ред. Последна шанса ми е Магнолиа
Може некој ќе се смее ама мене рутина ми направи chat gpt. И лицето не ми било никогаш волку убаво. Претходно со дерматолог ама џабе никаков ефект, а и себореичен дерматит имам. Дерматитот моментално го снема а лицето ми доби убав сјај и свежина. Моментално користам само три производи. И имам супер резултати, понатаму планирам да вметнам уште нешто.
Кослов ставаат во рутината производи непотребни , за да се изнадаваш пари. Секој втор месец некој нов производ. И ги баталив. Сама си направив некоја рутина ама добро ги проучував производите.
Chat GPT е супер за рутина. Ама ако барате предлог производи, копирајте ги потоа состојките и прашајте повторно дали одговараат на вашиот тип кожа и оценка од 0-10 за производот. Не се залетувајте од прва за првиот предложен производ. Многу е полесно ако веќе знаеш отприлика што би ти одговарало, барем по амбалажа, па потоа детална анализа на состојки да побараш.
Ова се производите што ги користам, но не баш секојдневно. Некои ги користам по најмалку два пати во неделата, зависно колку треба да се нанесува. Наутро: Чистењето е задолжително. Користам сапун или пена, некогаш само вода, зависи што сум ставила претходната вечер. Потоа, по потреба: Еден од овие два серуми, повеќе го користам тој со витамин ц Потоа, дневна крема, почесто оваа од Еуцерин: Навечер чистам со мицеларна вода но имам чувство дека не е доволно, дека не ми е доволно исчистено лицето, па чистам и со пилинг. Пилингот го менувам, користам различни. Само што го почнав овој: После, ставам тоник. И тоникот не е стриктно еден ист, од моменталниов не сум баш задоволна, некако ми е леплив, но за кожата е ок. Штом го потрошам ќе земам друг. Од серуми за навечер ги користам овие, почесто тој од Bereza Siberica, а овој со салицилна киселина содржи и јаглен па цело лице ми е црно до сабајле. Завршувам со лесна смирувачка ноќна крема И серумот за раст на веѓи од Rossen. Имам комбинирана кожа која на периоди преминува во мрсна во пределот на челото, тогаш користам производи за мрсна кожа, имам и некои лузнички и флеки кои ги третирам. Производите ги менувам и во зависност од периодот во годината, назима ми требаат повеќе производи за хидратација, налето повеќе се фокусирам на свежина и минимално користење на козметика.
Здраво девојки, Користам гел за миење на лице на Cerave Hydrating Cleanser (хидратантна емулзија за чистење на лице) па сакам да прашам дали имам потреба од маслен чистач плус покрај ова што го користам? Ве читам дека користите и воден и маслен, па сакам да слушнам мислење, инаку имам комбинирана кожа (некогаш сува некогаш мрсна Т зона) и користам крема на Eucerin со Уреа.
Убаво е да се користи маслен чистач за да ја извадиш шминката и остатоците од спф. Дури и ако не се шминкаш, најчесто не е доволно само гел или пена за да се извадат остатоците од кремите со заштитен фактор. Според мене, многу почисти се порите и полесно се одржува нивниот баланс кога се користи комбинација од маслен и класичен чистач. Но како и да е, ако сметаш дека не ти треба маслен чистач, тогаш размисли за мицеларна вода. И таа опција не е лоша според мене.
Девојки ми се спушти лицево , ид чело од веѓи и капаци до образи , никаков тонус , дајте препорачајте ми крема со пептиди или и друго да го вратам младешкото лице што го имав , да напоменам дека немам ниту една брчка само спуштено
За тонус само вежби, јога или слични вежби за лице, масажи со гуа ша или рачни. Ниеден крем нема да ти го врати тонусот.