Здраво женски. Имам 35 год., и освен бебешки сапун и нивеа крема друго ништо немам користено за лице оти имам осетлива кожа. На лицето имам малку дупки од акни и кафеави дамки, дали од сонце или од што ми се појавуваат не знам. За прв пат купив крема на лореал со спф 50 ама претешка е на лице и сакам да пробам нешто друго. Имам и брчка на челото сакам и за тоа нешто да користам или рано е уште? Препорачајте ми со што да го негувам лицето, да ми се намалат дупките од акни и кафеавите дамки, па по можност и некои брчки?
Девојки здраво , сакам да воведам серум во дневна и ноќна рутина. Последен пат кога воведов серум беше со салицилна киселина и беше дадена рутина од сајтовиве за рутини, го изгорев лицето на неколку места и од тогаш не користам ништо од тоа. Сакав да воведам серум со ниацинамид, хијалуронска киселина и азелаична киселина. Може да ми предложите кои се добри за почетник и како да се користат? Сакам ниацинамид да го користам во дневата рутина а другите два навечер со што серумот со азелаична киселина првично би го користела 2 пати во неделата. Поздрав
- Азелаична киселина - Geek&Gorgeous - Хијалуронска киселина - Geek&Gorgeous - Ниацинамид серум, во моментов имам на Балеа и презадоволна сум од него, одличен е. Го препорачувам. Азелаичната киселина е супер и за почетници, не верувам да имаш некаква реакција. Но, ако ти е страв да не ти дојде премногу за почеток, можеш да тераш со 2-3 дена пауза од едно до друго нанесување. Тогаш кога нема да ставаш азелаична навечер, слободно мачкај си од хијалуронскиот серум. Пред серумот (наутро и навечер), можеш да нанесеш и некој хидратантен тоник за лице, тоа по избор. За мене лично, тоникот прави огромна разлика, па не го изоставам никогаш.
Ти благодарам за предлозите. Може да ми предложиш некој хидратанен тонер, имам комбинирана кожа јас со пори, немам проблем со акни. До сега рутината ми беше наутро миење со Bioderma Sebium Gel moussant ставам крема Cica Calming sun cream spf 50+ од eyenlip. Навечер мијам прво со Mighty Melt од Geek&Gorgeous па повторно Bioderma и на крај Salmon Caring Centella Cream со што не ми се погоди баш и чуден ми е. Кратко пробав со серумите од Medicube, peptide serum и triple collagen serum и некако многу лепливи ми се и ми искачаат бубулици после нив и девојкиве во coslovemetics не ми кажаа како да се користат. Генерално сакам да ја сменам рутината и да пробам нешто ново. Поздрав
И мојата кожа е комбинирана, засега фаворит ми е Pyunkang Yul тоникот, одличен. Essence toner пишува на шишето, темно сина боја е амбалажата. Го има во coslove и мислам дека го има во едно ептен поволно сетче за околу 700 денари, со мали верзии од неколку нивни продукти од таа линија, плус шишенце од тонерот (100мл). Прекрасен е за хидратација, дефинитивно ми е омилен. Супер ми се покажа и Tonymoly mocchi тоникот. Него го користам веќе две години можеби. Класичен млечен тоник, многу ми ја живнува кожата и многу е хидратантен. Исто, скроз одлична зделка е - шишето е 500мл (чини 1000 денари) и предолго трае.
Имам комбинирана кожа на лицето и видливи пори. Исто така и црнки кои редовно ги чистам на козметичар или сама со алатка. Секојдневно се шминкам, на работа мора да одам фасадирана. Ќе ја споделам дневната рутина за работни денови, а за неработни е друга. Мијам лице со овој гел.^ На ред е овој тоник. ^^ Го купив бидејќи беше на попуст, поим немам колку е добар. Пред шминка ова серумче. ^^ убаво ја измазнува кожата и ја затегнува, па порите не се толку видливи. Мала количина крем^^^ Па следува фул шминка ФАСАДА. На матирана кожа. Можеби треба кремот да го заменам со некој кој има СПФ, но во пудрата имам спф, па сега за сега терам вака.
Ноќната рутина ми е исцрпувачка... посебно вадењето шминка. Ова многу добро ја растопува шминката. Па ми олеснува. Маслото е исто за отстранување остатоци од шминка која не излегува целосно со бришење. Грдо ми мириса, нема да купам пак. Овие мицеларни води ми помагаат во отстранувањето откако ќе измијам лице. За секој случај пребришувам пак. Повторно тоник. Овој хидратантен серум (нема да го купам повторно откако ќе го потрошам, веќе најдов подобар во Зегин, па ќе апдејтирам овде кога ќе сменам) Завршувам со ноќна крема. Повеќето од производите се со пристапни цени, но ми вршат добра работа. Секако дека не ги користам постојано овие, моментално ми се добри, ќе ги потрошам, па нешто ќе променам. Сакам да пробувам различни производи.
мицеларната на балеа добра е? Јас обично чистам лице со гел чистач наутро и навечер ама одам на работа во фабрика и кога се враќам дома во било која смена лицето мор да го исчистам со мицеларна и да измијам со вода. Црно ми е памукчето тогаш.
Според мене подобар е balea cleaning balm. Минералната вода чисти површински, а балот кој претставува маслен чистач, ја врзува маснотијата од лицето и ја чисти кожата длабински. Црното памукче не е знак дека кожата е длабински исчистена, тоа значи дека е тргната прашината која се лепи на лицето во текот на денот. Прашината можеш да ја тргнеш и со памукче испрскано со обична вода.
Па добра е. Јас ја користам за да пребришам на крај, да не нешто сепак останало. За твоево може подобро е како што рече другата членка некој маслен гел или појак чистач.
Да ја споделам моменталната рутина. Комбинирана кожа, во летен период со изразенo помасна т-зона, без акни. Пена за миење лице - Gamarde. Тоник - моментално Balea. Периодов го додадов и овој серум за хидратација - Balea. Ако сум дома - Gamarde sebo control крема, ако сум надвор - Cosrx aloe vera spf крема. Вечерната рутина ми е иста, минус spf крема. Ако имам шминка или spf, за чистење ја користам маслената мицеларна вода на Alverde моментално. Сега сакам препорака за нов тоник. Се мислам измеѓу Dr. Hauschka clarifying toner и Konopka’s тонерот со лаванда. А гледам и Alverde со алое вера е добра опција. Исто така сакам да вратам витамин ц во рутината, читам пофалби за Mossa серумот па би го пробала тој сега. Што мислите за рутинава, треба да додадам или да сменам нешто, да препорачате? Ќе ве тагнам вас @koritsaki @Mishela да ѕирнете.
@fbaby добра ти е рутината, јас би додала по некоја активна состојка. Витамин Ц наутро е супер идеја. Исто, не е лоша опција и тоник со гликолна навечер 1-2 пати неделно, или серум со салицилна киселина, чисто за ексфолијација и одржување на чисти пори. Мене повеќе ми прија гликолна, па терам со Биотен серумот за ексфолијација. Добар е, ми се допаѓа. Би размислила и за азелаична киселина, таа може да се вметне и наутро и навечер, компатибилна е со речиси сите други состојки, дури и со вит Ц и ретиноиди. Само, за почеток не ти препорачувам да ја комбинираш, користи ја самостојно. За мене нема подобар азелаик од серумот на Geek&Gorgeous. Одличен, одличен серум. Не знам колку пати го имам прекупено.
Фала ти многу за препораките. Серум со салицилна киселина не му одговара на моето лице, го суши и дехидрира. За чистење пори еднаш неделно користам маска и добро делува. Го купив тоников со манделична и гликолна киселина. Нема јака концентрација за почеток, имаше доста позитивни рецензии, па ќе го пробам сега зошто плавиот ми е потрошен. Ќе го разгледам и серумот со азелаична киселина.
Добра ти е рутината , јас би ти го препорачала витамин ц на Goodal green tangerine, особено ако кожата ти е чувствителна. Јас имав ептен проблем додека со витамин ц серумиве, овој не ми прави црвенила, чешање и сувост на лицето. И на Моса е добар , исто го имам користено. За тоник немам некоја препорака , немам користено тоници други освен на Clinique
Овие производи ги користам веќе 3-4 месеци. Ок ми се не ми прават проблеми. Особено витамин Ц супер е за чувствителна масна кожа. Исто така и кремата со спф фактор ми се допаѓа, добри коментари ми пиша chat gрt за неа сакав да ја земам zero pore ама беше распродадена. Некој да не ја пробал? Единствено воопшто Jumiso кремата не ми се допадна. Брзо ми свети лицето од неа па така да ја користам навечер само. Од маслото сум исто задоволна иако мирисот баш не ми се допаѓа, ама важно добро чисти шминка
да, се сложувам дека тоа не е длабинско чистење ама ми помага првиот слој нечистотии да го исчистам. Секако се навраќам со втор чистач. Најчесто гел. Инаку не се трга прашината само со памукче со вода. Сум пробала. Се доразмачкува со вишокот себум. Абе маки со чистењево ама мора да е детално а не само површински. ја меркав оваа. Чаг гпт ми рече дека е добра