Супер е, многу ми е подобра од обична мицеларна вода бидејќи е двофазна и попријатно ми е да чистам лице со туфер отколку да мачкам маслен чистач по лице. Не ми ја суши и затегнува кожата после чистење и составот и е добар, веќе трето пакување трошам.
Малку експериментирав со budget friendly производи и еве предлог за рутина за на одмор, или ако на некоја ѝ треба идеја за нешто ептен едноставно и хранливо. Наутро: - Балеа ultra sensitive jelly wash гел за лице - Балеа тонер (Balea beauty expert hydration toner) - Балеа glow serum - СПФ Beauty of Joseon Навечер: - Масло за лице Beuty of Joseon - Балеа ultra sensitive jelly wash гел за лице - Балеа тонер (Balea beauty expert hydration toner) - Балеа Vital+ serum - Балеа крем (Balea med ultra sensitive Barriereschutz Creme) Изненадена сум од Балеа Vital+ серумот и кремата. Серумот дефинитивно ќе го купам повторно, се заљубив во него. Тонеров исто одличен, хидратантен за мерак. Мене сонце не ми прија баш и често се нафрлам додека сум на одмор, ама годинава одлично поминав со една-две мали акни кои брзо се средија. Слики од Балеа продуктите во спојлер, а ако нешто не се гледа - тагнете ме. Спојлер Да ми се потроши маслото за чистење лице, веројатно пак ќе го купам Балмот за лице на Балеа. Одлична цена и супер производ за вадење шминка, изненадувачки добро ми пријаше. Единствено не би го купила пак glow серумот. Има убава формула - конзистенцијата му е како на јогурт отприлика, ама освен што добро хидрира, не гледам некаков посебен ефект. Далеку подобар им е ниацинамид серумот, па мислам дека пак ќе го купам него. По којзнае и кој пат веќе, ама навистина е одличен.
Имаш супер рутина. И јас сум позитивно изненадена од кремата на Balea, ми остава ептен пријатно хидратантно чувство по нанесување, а баш немав некое очекување.
Ноќна рутина -вадење шминка миење лице Лосион за акни и крема Еднаш до двапати неделно ставам Сона Дуо затоа што почнав да ја користам пред кратко време и многу ми ја суши кожата, па ја вметнувам полека во рутина На денови кога не користам Сона користам Азелаична киселина само навечер Утринска рутина Миење лице со вода , по потреба со Дермо пјур ако е мрсно, лосион Леа за акни и Пурито СПФ
Исто, многу бев скептична. На крај ме изненади ептен, би ја купила пак. Ќе биде супер и за во постудените денови, многу хидрира и не е тешка. Плус цената, живо џабе. Под 200 денари беше мислам, топ зделка.
Да напоменам 90% од овие производи ми се препорака од дерматолог, освен Леа лосионот и мицеларната вода . Се ова одговара на мојата сува кожа со хормонални акни.Презадоволна сум од се, ги купувам производиве повторно и повторно, единствено можеби би ја сменила кремата со СПФ на Биодерма затоа што не стои добро под мојата пудра на Севентиин што е silicone based. Ако имате препорака за добар СПФ што е за кожа склона кон акни, пишете слободно.
А башка и budget friendly верзија е за Aveeno oat calming кремата. Гледам доста ја споредуваат како одлична замена, бидејќи кај нас Aveeno не е достапен. Генерално Balea имаат фини производи со фин состав, од многу производи сум позитивно изненадена.
Одличен е. Дава сјај на кожата, го дава баш оној plump изглед. Од истата линија од кремата во туба и од спф кремата сум презадоволна. Иако планирам наскоро да ја земам и zero pore spf 50 , да ја пробам за мрсна кожа мислам поврќе би ми одговарала.
Дневна Ноќна (салицилната и ретинолот сега засега двапати неделно ги комбинирам ) По грешка балеа масленото е во дневна најчесто навечер т.е после работа го користам Вит Ц ставам двапати пред сите серуми. Така ме советуваа во coslovecosmetics. Многу пријатен е серумов na natura siberica и ич пари во ДМ. Малку е комбинација и од chat gpt и за овие два месеца со оваа комбинација ми се подоправија порите
Ако првата слика е дневна рутина, а маслото од балеа е масло за чистење, јас би ти предложила да го користиш навечер, како дел од двојно чистење и отстранување на спф. Наутро чистење на лицето со масло според мене не е потребно. Нека ме поправат поискусните.
Пишала дека по грешка го сликнала кај утринската рутина, така што, мислам дека е океј. @eli25 јас само би го флипнала овој витамин Ц серум во ноќната рутина, не би го користела наутро. Пред сè затоа што има ретинил во составот (дериват на витамин А), па ми се чини дека побезбедно е да се користи навечер. Го имам користено и јас, прекрасен серум. Но немој да го користиш во иста вечер со ретинолот. А за наутро, подобро е да му се најде некоја друга замена, некој друг витамин Ц серум ако баш сакаш да имаш таков серум. Според мене, доволен ти е и само B bomb.