Серумите со пептиди прават добра комбинација со ретиониди, обично така ги комбинираат за кожата да добие некаква поддршка (ретиноидите доста ја сушат кожата). Пептиди серум може да се користи и самостојно во ноќните рутини кога се нанесуваат и само хидратантни производи. Конкретно овој од cosrx (ако се работи за плавиот серум) може да се користи и наутро и навечер, па би ти рекла пробувај си различни варијанти и види со што најмногу ќе упали. Јас мислам дека најголем ефект би имал навечер, во комбинација со ретиноид.
Да синиот е. Па тогаш ќе пробам и на утро и навечер. Сакам што помалку работи да користам. Користам хијалурон серум на Веледа и крема. И во ноќна рутина 2-3-4 пати неделно плус ретинал. Ако користам пептиди да исклучам хијалурон? Или може и тоа да се комбинира? Ако може, пред или по него пептиди?
Серум со пептиди немам користено, само крема на Натура сиберика во розева туба, имаме пишувано за неа на форумов порано. Вака друго искуство немам. Инаку и јас знам како што рече Мишела дека може да се користи со ретинол , само јас лично би го користела др ден кога не користам ретинол , некако ретинолот не би го мешала со др серуми
Може заедно хијалурон и пептиди, ама нема реална потреба затоа што хидраторот ќе ти биде всушност пептидот. Подели ги, едното наутро, другото навечер. И јас сметам дека помалку е повеќе, ништо значајно не се постига со премногу продукти. Исто така, измеѓу секоја употреба на ретинол, пожелно е да си правиш пауза со хидратантни продукти. Некако многу ми се гледа 4 пати неделно ретинол, да не ја пресушиш кожата така. Јас би ги препуштила викендите целосно за со некоја хидрирачка рутина, а понеделник, среда и петок на пример би ставала ретинол. Или вторник и четврток, уште подобро така ако тек почнуваш со зачестена употреба на ретиноиди. Све измеѓу да биде со хијалурон, некој убав милки тонер, пептиди и убави креми за поддршка на кожната бариера. Баш ретинолот пожелно е да биде искомбиниран со некој похидратантен серум, за да се намали веројатноста од иритации и сушење на кожата. Најдобро функционира спарен со пептиден серум, добро се покажува и со серуми со церамиди, хијалурон. Мене само ретинол и крем ми ја сушат кожата, па избегнувам да го нанесувам така.
Кои серуми се безбедни во бременоста? Пред бременост користев Витамин Ц и Хијалуронска наутро, Кофеински серум навечер и 3 пати неделно АХА/БХА. Но го прекинав АХА/БХА и еве после 6 месеци затнати пори/црнки на носот и ситни меурчиња полни со вода на челото. Читав дека азелаичната киселина е безбедна и дека ја има во серум и гел форма. Конкретно ми излезе скинорен 15% гел. Инаку имам 90% чисто лице, без акни, нормална кожа освен масна Т зона. Користам нежна козметика, не сум почнала со јаки третмани. Наутро користам Gerovital stop acne gel, чистач на Балеа, Garnier vitamin C, Revox hyaluronic acid, хидратантен крем, крем со спф. Навечер користам Gerovital stop acne gel, чистач на Балеа, кофеински серум на ревокс, крем за под очи и крем за лице. Не користам шминка освен коректор за под очи.
Практикувај да користиш нежни серуми што ја хидрираат кожата. Ниацинамид, Хијалуронска киселина, Азелаична киселина и можеш и Витамин Ц. Не би те советувала за Скиноренот, можеш да го замениш со по нежна козметика, со The Ordinary Azelaic Acid Suspension.
Помош ми треба Дневна рутина: тоникот, па серумот на балеа и спф пред шминка. Навечер: миење со гелот, тоник, серум и кремата на Белеа. Имам чувтвителна кожа, склона кон црвенило, сува, ок ми е ова сега за сега, ама што уште би додале на ова (или промениле со по ок производи)?