Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневна и ноќна рутина - чистење и нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Nika666, 20 март 2011.

  1. Larea

    Larea Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2020
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    467
    Имам нова рутина веќе две недели точно, мислам дека сега за сега ми е ептен погодена. Имам комбинирана кожа и неколку месеци наназад проблем со акни... Сакам да вметнам и витамин Ц на Revox па ако може некој да ми каже во кој дел од рутинава да го користам? И ако нешто не е добро во рутинава, поправете ме...

    Наутро:
    1. Зелената мисцеларна вода на Гарниер
    2. Тоник на Зиаја Акаи Бери
    3. Ниацинамид Revox
    4. Крема Bioten Skin Moisture
    5. Eucerin spf50 oil control

    Навечер:
    1.Зелената мисцеларна вода на Гарниер
    2.Тоник на Зиаја Акаи Бери
    3.Салицилна киселина Revox
    4. Крема Bioten Skin Moisture
    5. Не секоја вечер Сона на активните акни
     
    На Касија му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nutri001

    Nutri001 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Машки
    Ако гледаш дека тебе ти прија тоа на твојата кожа и има подобрување мислам дека можеш да си тераш така, а за составот на производите и киселините најдобро обрати се кај @Biodevojka, najtocen odgovor kje dobies... Pozdrav
     
    На Biodevojka и Larea им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.456
    Пол:
    Женски
    Мицеларната вода е пожелно да се измива од лицето - ќе си земеш гел или пена за миење лице и ќе ја користиш како втор чекор во вечерната рутина, а прв чекор во утринската рутина, бидејќи наутро нема потреба од мицеларна вода.
    Серумот со витамин Ц може да го користиш наутро, наместо ниацинамид. Или наизменично со него. А можеби е подобро, наутро да ставаш серум со витамин Ц, а навечер наизменично да ставаш салицилна и ниацинамид. Не знам дали може и двата серуми да се комбинираат, тоа некој постручен ќе каже.
     
    На Gi.ir.ll192 и Larea им се допаѓа ова.
  4. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.108
    Допаѓања:
    40.311
    Може
     
    На Larea му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Larea

    Larea Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2020
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    467

    Фала ти многу :hug: На почетокот ја измивав мисцеларната, ама после прочитав на неа дека не мора да се измива и мислев дека така подобро си ја врши работата.

    Гел користев на Гарниер со салицилна киселина, ама премногу ми го исуши лицето и престанав да го користам.
    Некоја пена да ми препорачаш?
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    На Балеа со плаво капаче пример?
     
    На Larea му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.456
    Пол:
    Женски
    Ќе земеш некоја понежна, за сува или осетлива кожа. Јас имам комбинирана, ја користам пената на Оливал за сува и осетлива кожа, со смиљ. Ептен ми одговара. Мицеларната вода е за чистење на нечистотии, растворање на истите, мора да се измие, барем јас не би ја оставала, недочистено ми е лицето само со неа.
    Може да пробаш со гелот на Балеа што ти го предложи членката погоре. Гелови со салицилна киселина ја сушат кожата, имам користено порано, како тинејџерка.
     
    На Larea му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Larea

    Larea Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2020
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    467
    Оливал производите можам да ги најдам во дм?
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.456
    Пол:
    Женски
    Да. Ама не сите, само дел од нив. Асортиманот на Оливал го има во Тесори ди маре, имаат веб страна, ги има и на фб и инста.
     
    На Larea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Larea

    Larea Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2020
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    467
    Фала ти многу, ќе ги побарам. :hug:
     
  11. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Малку глупаво прашање од мене ама навистина не знам како е правилно. :)
    Значи се туширам околу 6-7 поручек а легнувам после 10 часот. Дали после туширање да ставам дневна хидратантна крема или да одам директно на ноќна рутина.
     
  12. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Девојки сакам да ве прашам за редоследот на користење на следниве продукти: гел за миење лице, тоник, пилинг, маска за лице, крема (логички на крај).

    Колку често смејам да користам пилинг и маска?
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.456
    Пол:
    Женски

    Гел - тоник - крем е рутината.
    Пилинг еднаш неделно, маска еднаш до двапати неделно. Ама зависи која е намената, најдобро е еднаш неделно, ама не истовремено.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Како што имам читано дека на зима пилинг два пати неделно, а на лето еднаш. Јас правам црла година еднаш. А баш се зачудив дека корејките правеле секоја вечер.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Еднаш до два пати неделно.Добар е редоследот само после тоник стави серум, па крема. А ако е рутина насабајле после тоник, серум, крема па спф.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Релативно едноставна рутина имам.
    Млеко за чистење, ако имам шминка. Бидејќи не се шминкам често, секој ден користам само тоник или лосион. После тоа го мијам лицето со сапун Dove и многу ладна вода. На крај, секако, крем.
    Еднаш или двапати неделно правам пилинг.

    И наутро и навечер правам исто... Логично, освен делот со шминката :)
     
  17. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    Дечки дали ако ставам серум пред кремата, може да го исклучам тоникот од рутината? Или може да се користи и тоник и серум? Доколку да, по кој редослед се нанесуваат?
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.456
    Пол:
    Женски
    Може да се користат заедно, прво се става тоник, после серум, па крем.
     
    На poppie, koritsaki и Dodo1 им се допаѓа ова.
  19. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    10.346
    Какo иде редoследoт на нанесување: пена, мицелирана вoда па крема? Тoник пoтребен е и кoга се нанесува?
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.456
    Пол:
    Женски
    Мицеларна вода, пена, тоник, крем. Меѓу тоникот и кремот може серум, но и не мора.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.