Мојата рутина е следна: Наутро: Мицеларна на оливал, Пена на оливал, Тоник балеа, Вит ц оливал, Дневна крема Балеа Навечер исто, само наместо вит ц, ставам хијалурон Балеа
И врат, да. Со тоа што јас на вратот и околу очи најчесто ставам масло. Не е грешка и крем, ама маслото ми е поубаво на кожата на тие делови. @Lisicko наутро не мора мицеларна, навечер може. Оти таа е повеќе за да се вади шминка и насобрани нечистотии преку ден, наутро тоа го нема.
@Annath пак ја Витамин Ц каде/кога да вметнам? Веќе ми е нарачан на сиберика, можда требаше и за тоа прво да се консултирам ама бидна.
@Yowannty тој серумот на Натура сиберика колку посто витамин ц има? Гледам мн го фалат на социјалните мрежи. Мајка ми ми зела од True alchemy (не знам дали ги има во Гр кај нас) ама овој е јак 13% е. И сега чекам нареден месец кога ќе одам за Мк да го пробам
Поима немам колку е. Само тој беше на сиберика, не можев да прочитам на него ништо, и по логика одев чим е еден, валда одговара. Негде прочитав дека не мора под дифолт со најнизок процент да се почне, само внимателно со тестирање на почеток. Не сум сигурна, мислам и био девојка исто имаше пишано.
Последниве два месеци имам измени во рутиниве по денови. Од понеделник до петок ми е следнава рутина: Наутро: Гел за миење лице Биодерма себум Ниацинамид Хујалуронска киселина Натура Сиберика дневна крема Навечер: Гел за миење лице Биодерма Себум Натура Сиберика серум за лице Натура Сиберика ноќна крема за лице Само во Вторник навечер нанесувам: AHA пилинг + крема за лице Сабота и недела; Маска за лице + крема
Моментална едноставна рутина Утро: Гел за миење на лице, SPF 50 (понекогаш додавам хијалуронска пред SPF) Навечер: Масло за двојно чистење, мицеларна вода, гел за миење + силиконска четка , хијалуронска киселина, ноќна крема и гел за акни само каде што имам и секако еднаш неделно пилинг би сакала да вметнам и ниацинамид за брзо оваа рутина ми одговара најмногу и не одзема многу време а и не се трупаат еден куп производи
Јас го користам навечер, после тоник, пред крем. Го имам од 13% на True Alchemy. Не е јак, го имам. И јас се мислев да не е прејак, ама нема врска, ок е. Е сега за резултати ќе почекаме, една недела го користам. Ја зедов и кремата со витамин А, ама уште не сум почнала да ја користам, оти во упатството пишува дека може секој ден, а на страницата на Белина пишува по потреба. И сега се мислам, најверојатно по потреба ќе ја користам. Ќе морам хијалурон да вметнам пак, од греењето како посува ја осеќам кожата. А ми беше таман.
Јас вит Ц користам наутро и после него крема со спф фактор на биодерма Наутро Мицерален гел за миење pulpe de vie Тоник true alchemy Витамин Ц 13% true alchemy Крема со спф30 Биодерма Навечер Чистење со мицерална вода pulpe de vie Мицерален гел за миење pulpe de vie Тоник true alchemy Една вечер ставам серум со ектоин а наредна вечер ексфолирачки пилинг од киселини па после него хидратантна крема Еднаш во неделата правам пилинг на лице и маска и потоа само крема
После многу мислење и читање по форумов, мислам дека конечно ги најдов идеалните производи за skin care. Кожата ми е нормална кон сува посебно зимски период, па долго време се мислев што да земам зашто периодов заради маската знаеа да ми излезат акни и имав некои ситни флекички што ми пречеа. Новитет во рутината ми се кремите и серумот на revuele и тоникот на афродита,и после само неколку дена користење лицето ми живна, ми доби некако здрав сјај, мазно и меко на допир. Презадоволна сум. Не би знаела дали разликата се должи на тоникот или на revuele, а може и на двете заедно во комбинација. Ќе ја споделам и рутината подолу, па пробајте може да ви одговара, јас буквално се заљубив и нема да ги менувам во скоро време. Е сега да напоменам дека други проблеми дополни немам со лицето, воглавно од секогаш ми било претежно чисто.. AM рутина Balea пена розева за миење лице Афродита тоник за сува кожа Hydrating серум од revuele Bobbi brown extra repair eye cream Daily moisturiser revuele Lip butter vanilla & macadamia PM рутина Balea масло за топење шминка Balea пена розева за миење лице Афродита тоник за сува кожа Hydrating серум од revuele Bobbi brown extra repair eye cream Night nourishment revuele Lip butter vanilla & macadamia Патем, каде да најдам вакво лабело, го нема буквално нигде а при крај ми е
Иако го користам малку време, забележувам неутрализирање на темните подочњаци и не изгледам толку уморно.. За понатаму ќе видам
Девојки имам некои дилеми па поучете ме. Значи користам гел за лице и крема. Гелот ми е убав, природна козметика, плус земен ми е 1+1, па ќе го дотрошам него прво. Пена немам користено, ама би пробала после гелот, ако е подобра опција. Нарачав тоник на Натура Сиберика за комбинирана и масна кожа. Исто на Натура Сиберика витамин Ц, и хијалурон на Sunkissed, стоеше дека е 95% природно, веган круелти фри. Поима немам кој е брендов има некој искуство да сподели?? Дали ако користам витамин Ц навечер ќе треба и фактор да ставам? Дали може е подобро следен тоник да земам анти ејџ место за масна кожа? Дали за старт е ок Гел - тоник, хијалурон - крема, на утро. А навечер по ист редослед ли треба, само со плус витамин Ц?
Во ред ти е рутината, а вит Ц после хијалуронот навечер, па крема. Спф фактор не ти треба навечер, само преку ден се користи. Доколку немаш мрсна кожа тогаш можеш да земеш анти ејџ тоникот наместо тој.
Не треба да ставаш СПФ крема со - зошто би ставала навечер? Не спомена дали кремата шо ја користиш наутро е со фактор, ама препорачливо е да е. Зошто да не, ако тоа ти е нешто кое сакаш да го таргетираш. Ако сакаш, можеш да го користиш витаминот Ц наутро; се покажало дека комбинацијата витамин Ц+СПФ крема дава уште подобра заштита од тоа да користиш само СПФ крема.
На др конопка ја имам кремата калминг нешто... Ич не ми текнува дал има фактор. Ја користам од скоро оти во потрага сум по крема која ќе ми одговара. За сега мислам дека не ми одговара баш, ама ќе и дадам шанса во комбинација со останатите продукти, па потоа ќе ја сменам ако треба. Не знам како влијае анти ејџ тоникот на масна кожа затоа прашав. Да не ми ја пресуши можеби или да ми ја направи уште помасна.. Тоа ми е дилемата.. Уште нешто што заборавив. Хијалурон се ставаше на влажна кожа така? А потоа за витамин Ц да чекам да се исуши?
Ако мислиш на овој, тогаш како што гледам нема фактор. Не знам дали зборуваш за конкретен производ, но ако ти е добро хидрирана кожата, нема никој анти-ејџ производ да ти ја суши, освен ако не е ептен јак. Да.
Таа крема, да. Моментално ми е пресушена, а сепак над имам себум. Се консултирав и претходно, за да ја средам дозедов дополнителни продукти. Иначе користев само гел и крема. Тогаш за анти ејџ ќе почекам да се среди прво. Фала ви на двете.
@Yowannty најверојатно имаме ист тип на кожа. Мојата е дехидрирана, јас мислев порано масна , но не. За гелот на Апивита станува збор? Мене ок ми беше. Лосион земав на Натура сиберика за чувствителна кожа.За ноќна крема исто..А и дневната на Натура сиберика многу ми одговара иако е густичка. Претходно користев еден на Конопка со лаванда , и тој прекрасен беше. Дехидрирано лице сака хидратација,а почнав да ги избегнувам производите стрикно за масна кожа зошто уште толку го сушат лицето и се појавува себум повеќе. За хијалуронот можеш да го сликнеш составот да го види Биодевојка Јас од кога почнав да користам производи за чувствителна кожа гледам дека малку ми се масти лицето ептен пред добивање, а не е како што беше порано. Сега со воведувањето на серумите од The ordinаry ќе видиме дали пак ќе има некоја разлика