The Carrie Diaries е серија која го опкружува животот на Кери Бредшо од "Сексот и градот" за време на нејзините тинејџерски години. Настаните се случуваат во 1980тите. 16 годишната Кери се враќа на училиште после смртта на нејзината мајка и Кери и нејзината сестра Дорит се оставени да бидат израснати од страна на нивниот татко кој е неспремен да одгледува две тинејџерки сам. Иако покрај Кери се нејзините пријатели Маус,Меги и Волт и новиот сладок ученик во школото Себастијан, таа сеуште се чуствува изгубено во нејзиниот мал град. Кога татко и ќе и понуди на Кери да работи во адвокатска фирма во Менхетен како практикант таа ја искористува шансата. Во Њу Јорк таа го привлекува вниманието на Лариса, стилист за магазинот Interview. Со помош на Лариса таа ја открива клубската сцена и модата кои всушност го изградуваат животот на Лариса. Оваа серија е инспирирана од истоимената книга, а улогата на Кери ја игра Ана Софија Роб. Првата епизода излегува на 14 Јануари. Едвај чекам да почне, изгледа како навистина интересна серија. http://www.youtube.com/watch?v=PBctXyhhRq8
Jaс ќе ја гледам сигурно веќе ја додадов на листата на sidereel. Колку ќе чини останува да видиме. Малку типкава не ми фати око посебно од промото, но може подоцна ќе го сменам мислењето. Али ај ем со хеппи што го гледам Вилки(свитчед ат бирт) пошто таму више го нема. Се надевам нека да ја утнат замислата што ја имале. Али осеќам ќе биде потинејџерска нема да има толку нјуд срцени како на Сексот и градот.
Обавезно ќе ја гледам серијава, мора некоја нова да почнам да гледам Ми делува како интересна од промово и се надевам и јас како Хипстер дека нема да ја утнат замислата.
Си ја планирам, ама колку ќе ја глеам зависи најмногу од тоа како ќе ми се допадне промото. Мислам дека ќе биде ептен тинејџ, далеку од Сексот и градот, со некои полесни заплети без посебна прича. Ама ај да не зборам пред време, ќе видиме.... Инаку глумицава ми е слатка. Иако воопшто не потсетува на тоа што треба да биде во иднина.
Искрено вака по првава епизода, ми изгледа на интересна серија. Ме интересира како ќе се развива понатаму
Не беше лоша епизодата како за почеток. Мене многу ми мава на лимонатка chick flick, со тоа што пробале да му дадат на тежина со смртта на мајката на Кери. Мислам дека некаде прочитав дека некои факти не се совпаѓаат со тоа што се случува во иднината, пример, Кери Бредшо во Сексот и градот е левак, а тука пишува со десната рака. Забавно за тепање време, во секој случај. Посебно ќе им се допадне на тинејџерките.
Само што ја изгледав првава епизода и ми се допадна многу.Најдов сличности со Сексот и Градот,на пример кога таа црнкињата ја запознава младава Кери со друштвото во ресторанот(од Дневниците на Кери) многу е слична сценава кога Кери се запознава со друштвото на таа богаташката ако ви текнува од Сексот и градот па меѓу тоа друштво беше тој што и остави пари после сексот како на проститутка...и на крајот бирово на младава Кери е многу слично поставено со тоа на Кери од Сексот и градот,кај прозорецот...и мислам дека ја забележав Кендас Бушнел во епизодава,само една секунда ја даваат во ресторанот,облечена е во циклама костум со некое шеширче беше мислам на главата и е качена на грбот на еден дечко,некаде кај 30тата минута...едвај ја чекам следната епизода .
Ја изгледав првата епизода и ми се допаѓа. По тинејџерска е од Сексот и Градот, ама ми се допаѓа. И глумицава ми е многу слатка. Ќе продолжам да ја гледам, само имам прашање да не знаете кога ќе има нова епизода?
Нова епизода има секој понеделник, но ние можеме да ја гледаме секој вторник. Промо за втората епизода. http://www.youtube.com/watch?v=cnmap_8qiYU И јас сега ја изгледав првата епизода, и мене ептен ми се допаѓа. Како што кажавте по тинејџерска е и мене тоа не ми смета Мило ми е што е по смирена од Сексот и градот бидејќи никогаш неможев да изгледам 1 епизода, а да не го сменам каналот. Така да оваа верзија ми е совршена! Сега се чека втората...
Себастијан ужасно личи на Меколи Калкин во помлади дани. Дејството кое се обидувале да го добијат е далеку од 1984та година. И недај Боже да се претвори во сплеткарска серија од типот на Госип Грл. Тамански ми беше првава епизода.
И јас кога го видов Себастијан ми заличи многууу на Меколи Калкин...а прееска заборавив и јас да пишам дека ова со сексов не одговара баш на тоа време ама ај...и некако облекава не ми е баш усогласена,модерна ми е многу за тоа време.
Според ова што го прочитав од вас, некако настаните воопшто немаат врска со книгата. Лани ги прочитав двете книги, The Carrie Diaries и Summer and the City. Лесни книги за читање, ептен тинејџерски, баш за онаа целна возраст од 17-18 години, бидејќи Кери има 17 или 18 години во првата книга. Има многу sex talk, ама real action има кога Кери е во Њујорк и многу малце во првата книга, додека е во нејзиното мало гратче, ама не со неа туку со другарка и Меги. Во книгата Кери има две сестри, а не една. Интересно ми е што дејствијата во двете книги се поврзани, па ете се обиделе и во серијата тоа да го доловат. Но, одењето во Њујорк се случува тек во втората книга, а таму го нема Себастијан Кид. Ќе ја симнам сега епизодава, баш ме интересира како ја преточиле книгата. Инаку, актеркава не ми се допаѓа, воопшто не наликува на Кери, а плус и тоа што сте спомнале дека Кери е левичар, а оваа е десничар, ептен ја утнале од почеток. Баш би сакала Саманта да ја глуми Блејк Лајвли, мислам дека одлично ќе се снајде во таа промискуитетна улога.
Јас мислам дека некаде прочитав дека воопшто нема да има Саманта,Миранда и Шарлот во серијава. А иначе од каде си ги купи овие две книги?
Саманта и Миранда се појавуваат во втората книга и присутни се во сите поважни дејствија. Додека Шарлот се појавува на самиот крај, има 22-23 години и треба да се мажи. Од таа точка натака почнуваат настаните кои се случуваат во Sex and the City. Искрено се надевам дека ќе ги следат дејствијата кои се во книгите, бидејќи се интересни и баш по некој редослед. Инаку, книгите ми се од Америка. Edit: Ја изгледав епизодата и првиот впечаток ми е малце Eh ..., ама се надевам дека ќе се подобрат понатака. Всушност, со секоја нова серија е така, не знаеш што да очекуваш. Сега-засега книгите ми се поинтересни. Spoiler Глупаво ќе ми е ако Кери ја изгуби невиноста со Кид, бидејќи во книгите ја губи со еден кој и е целосно одвратен на почетокот, Capote Duncan, а всушност тој цело време има чувства за неа. Ама после тоа целосно го менува мислењето за него, и станува океј. Таа најпрво сака да ја изгуби невиноста на нејзиниот 18ти роденден со Бернард кој ќе и е дечко, но нема ништо да бидне од тоа и ќе заврши со Капоти.
Со оглед на тоа дека култната Сексот и градот ја немам изгледано цела, ја почнав серијава без некои очекувања.Првава епизода во главно ми се допадна, серијава ќе е типична тинејџерска ама мене ми е океј со оглед на тоа дека сум во тие години.Инаку малку ми е чудничка Ана-Софија Роб во улогава на Кери, али ок се трпи.Во главно се надевам дека ќе биде подобра вторава епизода
Се се ама Блејк Лајвли какo Кери не. Незнам што сте толку воодушенивени од Блејк во актериски аспект, типката освен што е згодна и убава ништо друго не поседува. Лигава ми е со лоши гримаси и ужасно лоши потези и катасторфа глума. Мене девојкава ми е супер, мислам дека подобра за Кери не ни можеле да најдат. Ужасно слична коса, и сличен темперамент, потезите кои ги прави ужесно одговараат, начиниот на кој оди незнам мене ми е у супер, нависитна прекарасно се сноѓаа во улогата, има талент дефинитивно. И супер ја простудирала Кери, мислам дека учела од неа, ама и добро научила. И потсеќа на Кери, зашто прв пат кога ја видов Сара Џесика Паркер не ми се допадна, ама имаат и двете некој допадлив шарм, не се убави ама имаат некоја забележителна појава. И назад на епизодата, мене ми се допадна. Убаво освежување, не нападна со премногу дирти токс и секс сцени, баш она умерено тиенјџ издание. Епак на 16 години не е тоа што била на 30 не можеме да очекуваме да бидат никој нападни и секс преокупирано. И ја нема Саманта, фала богу нема да е само за секс серијава. Од мене има палче нагоре, убави ликови, супер глума и супер заплети ќе има, има потенцијал, дефинитивно. П.С супер и испадна ташничката, поубава него што беше