Леле скроз ја заборавив премиерата на оваа серија. Две епизоди, се фрлам на гледање. Да не е фемина, којзнае кога ќе ми текнеше
Леле многу беше интересна вторава епизода,Кери многу убаво се облака,Себастијан е многу добар а и убав е богами Дона па тој што и беше дечко 100 пати е поубав од поубав од полицаецот
И не ми го доловуваат ефектот на 80-те. Што знам, додека го гледам немам чувство дека се работи за тој период. Со облеката така-така, ама со оглед на тоа што и денес се носат такви парчиња имам чувство како да е тинејџерска серија снимена токму во овој период. Инаку преубава ми е серијава. Си кажав веќе
И на мене не ми го доловуваат ефектот на 80-те. Добро е што барем музиката што иде во позадина е од тоа време, инаку дејствиево ќе мислев дека е од овој период. Како за почеток добра е серијава не е лоша
Костимографијата тотално им ја утнале или не доволно се потрудиле да креираат парчиња што би соодвестувале со 80-тите затоа што се барем мене се познава дека само купени а не шиени за потребите на оваа серија. Како и да е не ми тоа баш некоја голема пречка за да не ја следам серијава, баш ми е интересна и се топам на тоа сцените со Кери и Себастијан како некоја тинејџерка .
http://thepiratebay.se/torrent/8078149/ ... V_XviD-AFG[ettv] Торент за новата епизода по барање на Мис Ричи
Spoiler Ех, мораа ли толку брзо да го хакнат Себастијан, не е фер. Али ете си го добивме секс анд тхе сити моментот, ваџеџеј егзибит Наречете ме затуцана, али кој нормален човек го прави тоа. Али тоа е што е, океј се заврши. Битно го видивме наследникот на Саманта, т.е оваа е на пред серијата, така да двојничката Ричи ако не ти е тешко секој вторник симнувај си ги од http://thepiratebay.se/search/the%20car ... ries/0/7/0 Само први рефреш и новата епизда треба да биде веќе ставена. Не е некоја филозофија затоа, зашто јас лично мрзам да чекам некој друг да ми стави линк. Промо за еп.4 Ќе биде интересно, фајнели аут оф д клазет.
Супер епизода,интересно ми беше кога на таа и ставаа парички и нели Кери преубаво се облака и косата и е убава.
Еве од сега во спојлер и јас ќе ги ставам мислењата за епизодата, некои сеуште ја немаат почнато па да не им рушиме филм. Spoiler Ми се допадна се на се, иако таа изложбата беше маалку, добро малку повеќе weird. Ова се за Себастијан малку чудно ми падна,прво мислев дека се работи за татко му а не за него, ама изгледа е баш како што е прикажано во серијата, Себастијан се моткал наоколу. Хајлајт ми беше дечкото на Маус, какви срциња се заедно За изгледот на Кери во епизодава имам само пофалби. Косата е сеуште прекрасна како што беше во втората, а тоа што го носи е предобро. Почетната комбинација, со пеплум маичето и црвените точкасти панталони, ахх.. Четвртава изгледа интересно, ајде пак ќе чекаме една недела
Spoiler Кери ми беше ту мач агресив и посесив пред Себастијан, она си имаше и такви моменти во Сексот и градот понекогаш. Нормално Себастијан се подисплаши и му ја кидна, се надевам дека ќе се сплеткаат пак, некако одлична спојка ми се двајцата. На моменти, сестричето ми иде на нерв, но одлично си ја има сфатено улогата, и добри реплики има.
Сите се согласуваме за стајлингот, па и за статистите од страна, за улиците, за стварите во куќата на Кери, се' изгледа како за денешно време. Само автомобилите се стари Стварите во Кери од Сексот и градот каде каде изгледаат постаро од овие Во секој случај и јас ги изгледав епизодите до сега што се излезени, до сега ми се допаѓа како оди текот на настаните, ама посакував барем малку повеќе допирни точки да има со Кери што ја познаваме, како и за нејзиниот начин на живот. Многу промени има меѓу нив две, некако не можам да се навикнам во вакво издание па затоа постојано правам споредби. Омилена ќе ми остане Кери старата, а и подобро ќе биде да си снимат трет дел од филмот.... тоа недостига. Во меѓувреме старите епизоди ќе се гледаат по не знам кој пат
Изгледа само јас ја гледам серијава, независно од Сексот и градот. За мене ова е друга серија стварно, и секоја потрага по нешто заедничко ми е некако залудна И да сакаат, не можат да успеат да ги поврзат двете серии. Патем и мене во претходната Кери ми беше ептен убава. И само јас ли сум што не го свиѓа Себастијан?
^ Една епизода трае 40 минути Инаку да интресна е серијава гледај ја Кога сме кај Себастијан и на мене не ми се свиѓа типацот...
Ни мене Себастијан не ми е нешто посебно... Овој новиов во епизодава беше сладок, го заборавив како се викаше. Ама Волт ми е најубав во цела серија! Дефинитивно! Јеј, најдов сликче и од двајцатаа Spoiler Појако ке беше оваа епизода да излезеше на вистинскиот Хелоуин, дека сите така прават, божиќни епизоди за божиќ, хелоуин епизоди на хелоуин. Ама ок, ми се допадна музиката во позадина, уживав слушајки ја. Сите очекувавме Волт да си признае дека е геј, ама уствари се деси спротивното, пак се врати со Меги. Кери... не ми беше некој посебен фактор во епизодава. Ама морам да го пофалам глумењето на Freema Agyeman која ја глуми Лариса. Предобра е! Маус ми беше интересна во епизодава, иначе ми е просечна, ама сега успеа да ме насмее За облеките веќе е дискутирано, ама јас тотално се согласувам со ова што го најдов на интернет за модата во серијата. Последната комбинација на Кери беше препрепрејака! Пуплум маичка со крагњиче, sign me up!
Волт бре, што напраи бре? Зошто бре? Баш си беше добар дечкото И да, и мене ми се свиѓа ликот на Лариса, ептен е таква...како што ја нарече Кери, егзотична забавна е Мислам дека доста брзо го преболе Себастијан, приказната брзо заврши (валјда) изгледа се остава простор за нов лик