Ние се зaпишувaме нa денoт кoгa ги зимaме сведителствaтa, a тoгaш уште јa немaме зaвршенo летнaвa прaксa.
Кај нас уписите беа Јули/ Август и обично класните не запишуваа со два/ тројца различни волонтери секоја година (со првата класна ова, вториот класен бараше сите да присуствуваме), но тие кои немаа дневник се запишуваа 1,2 Септември како демек последен рок и тогаш трчаа по потписи, па се караа со класен и слично.
Јас сум на пракса во болница, и пишувам тоа што ни даде тема инструкторката. Обично пишуваме што сме правеле во текот на целиот ден, и се исто па исто: мерење притисок, мерење температура, местење кревети, приклучување инфузија, спремање терапија и наредниот ден исто. Јас тражам од интернет и пишувам (барем така ни кажа инструктотката да правеме). Инаку 4 недели си на пракса?
@Dream-Girl јас кога одев на феријална пракса (завршив средно медицинско, за сестра), дневникот учевме да го пишуваме и водиме уште во втора година за време на часови по предметот Нега на болен, значи уште пред да имаме допир со пациенти, и потоа на ист принцип го пишувавме и кога одевме во болница. Исцртувавме со син молив колони, најгоре пишуваше болница и оддел каде што сме на пракса, и имаше од лево кон десно дата, детално што сме работеле, на што сме присуствувале, во која соба, кој кревет, итн., итн. На крајот од феријалната пракса одделенската сестра требаше да ни стави потпис и печат за успешно обавена пракса, а дали го носевме со нас дневникот наредната година ич не ми текнува, одамна беше. Знам дека испишав 2 или 3 дневници (дневниците инаку беа обични мали тетратки по коцки со дебела корица, на средина подврзани со жолто-црвен конец кој на последната страна беше залепен и врз залепеното имаше потпис од класниот раководител и печат од школото), и сигурна сум дека уште ги чувам во некој пакет. Доколку ги најдам би можела и да ти сликам некоја страна, ако ти врши работа
Почнав со пракса во стоматолошка ординација и треба да водиме дневник, но во училиштето не ни дадоа многу информации за тоа како и што да пишуваме. Доколку некој што го поминал тоа има желба да сподели некои информации ќе бидат добредојдени. Или пак некој што завршил забен техничар и го чува дневникот да ми сликне неколку страници доколку е во можност.
Јас би сакала да знам, бидејќи и јас сум архитектура, дали треба градежната фирма да биде птпишана на дневникот или не?