Сега ми се симна ама нема превод уште..ќе ја гледам вечер, ама бев љубопитна и ѕирнав малце и ногу е добра епизодата неможете ни да замислете кој е Клаус јас бев стварно запрепастена
E jaс ја изгледав и на крајот бев ваква -----> Не читај ако не сте гледале,после нам да ви е интересно Spoiler Не ми јасно што му направиа на Аларик , крвта на Клаус ја ставија во него???? Многу ме изненадија Џон и Изабел,а Катерина ќе си го добие.
Ааааа каква епизода Чекавме еден месец ама вредеше, предобра епизода. Го гледав промото за наредна епизода и сега едвај чекам нареден Петок.
Навистина се исплатеше чекањето... Оваа сега ми е најомилена епизода од сите 2 сезони оние кои што не ја изгледале ВЕДНАШ да ја гледаат
Значи единствената серија што ме тера да размислувам и размислувам и што ми го крева адреналинот до даска. Секоја клетка од мозокот ми ја активира, се коколам, подзинувам, ја мафтам главата од чудење и ме остава без здив. Ја заслушавте ли во позадина песната кога Џон и Елена разговараа, толку беше пријатна http://www.youtube.com/watch?v=qyp4UPY8TIs Spoiler Не знам зошто баш Аларик го избраа, мислам можеше било кој, сега незнам дали баш само за ова ќе го искористат и после ќе го пуштат или пак ќе го убијат . (Откако го изгледав промото за наредната епизода појасно ми стана) Овој вештер беше од потесните кругови на Клаус. Ликот на Елајџа мислам повеќе ќе одговара за Клаус ама ајде да му дадеме шанса и на другиот актер дали ќе се покаже со таа харизма како што го замислуваме . Кога мислиш дека се е изгубено и дека воопшто со ништо не се запознаени и кога се е усрано, баш се спасат. Месечевиот камен баш никаква улога не им игра, ама сепак им служеше како поен +. Не престанувам да се восхитувам на ликот на Катерина, што лакома фаца имаше кога Изобел и кажа дека преговара со Клаус за нејзиниот живот. Толку себичност соберена на едно место ми се допаѓаше. А и колку срцкаста ми беше во сивата маичка Со кој ак`л ќе се појават на забавата бе, луди. Да се надополнам, го изгледав промото за наредната епизода, ЛУДНИЦА!! Ахх нема да бидам тука за да го гледам
Море сите вампири сме ја изгледале епизодава во рекордно време алал да ни е Јас како последен вампир коментатор да си споделам импресии. Значи ако излези подобра серија од оваа со вампири, јас гола ќе шетам!!! Во епиозодава имаше се буквално, мистерии, сплетки, љубов, неизвесност, изненадување! Аларик Салцмен е ЅВЕР! Дејмон класика, тешко ми е да се сконцентирирам на тоа што го зборува, очите ми се зголемуваат за едно 4-5 милиметри, ќе ми испаднат! Кетрин исто феноменален лик, никогаш не е досадна, Керолајн од најомразен ми стана еден од омилените ликови. Spoiler Колку беше само убаво направено со Изобел моментот... Дефинитивно летаат актери од серијава како ништо. Можеби требаше да ја остават Изобел, многу добар лик беше. Сите убиства со стил ги прават од Мејсон, од Роуз, сега од Изобел, секое уникатно и секое на свој начин предобро. Нема да ни се здосади затоа што нон стоп има нови ликови, секоја епизода. Иначе сакам Клаус и Кетрин да завршат заедно на крајот. Замислите што врска би било тоа, гром! Не го гледам промото, ме настрвивте со коментарите, ама сепак нема да го погледам, сакам да бидам уште поизненадена другата недела. Со нови надежи дека меѓу Дејмон и Елена ќе се случи нешто.
Spoiler A само едно нешто не разбрав -Am I done now? -Yes you are done. Изобел контролирана ли беше да се убие? Дејмон срце бее Го обожавам А делот кај што рече: Okay grab the rest, let`s go Уф да го грабнеш и да бегаш со него
Spoiler Јас како што разбрав Изобел беше контролирана да ја однеси Елена на сигурно, и да ја предаде Кетрин, НО НЕ и да се убие. Сама одлучи така кога го тргна ланчето, според мене. Штрумфетке, те бендиса вчера сликчето од Дејмон а?
Ма може ли некоја слика од него да не ми се допадне Spoiler Инаку да, мислам дека Изобел не можела да ги контролира работите и дека преку неа дознале за Елена. Но зошто да ја одведе на сигурно? Од кој, од Катерина? Што можеше таа да и направи?
Spoiler Па кажа Елена. Клаус знае дека таа нема да бега па затоа ја пушти. Изобел била контролирана од возачот и од човекот што го врати Клаус. Крајот многу ме збуна. Аларик??? http://www.youtube.com/watch?v=k4fyiEdzmRU