Може да ми кажете од која страна симнавте превод за оваа епизода (ама преводот да е српски или хрватски) Јас ја изгледав епизодата без превод, но сега кога ќе најдам превод сакам уште еднаш Spoiler Инаку јас симнувам од titlovi.com но нема превод за оваа епизода Благодарам однапред
http://www.podnapisi.net/en/the-vampire ... 9-p1159513 Јас мислам дека со овој превод ја гледав, добар е
Ајде уште еднаш да поделам импресии од епизодава. Значи навистина беше најубава. Улогите како Изобел повеќе пати ,,го сменија‘‘ карактерот, мислам таа се ,,преправаше‘‘ пред Елена но сепак тоа многу добро го одглуми дури навистина помислив дека не ја лаже. (а потоа и јас мислам дека беше исконтролирана да ја спаси елена) Исто така и Џон во почетокот ми беше многу одбивен и антипатичен лик но на крајот (кога разговараше со Елена) навистина го променив мислењето и за него. Серијава никогаш нема да ни стане досадна бидејќи нон-стоп има нови улоги, и нови сплетки и никогаш не се повтораат работите. Spoiler најинтересно ми беше кога Кетрин го најде месечевиот камен. А за Нина Добрев едно големо бидејќи глуми две сосема различни улоги. (мислам дека доста пишував, ако продолжам ќе напишам цела книга) Еве и некоја слика: И за крај, за сите оние кои што ја немаат гледано оваа епизода ПОД ИТНО да ја гледаат!!! П.С со нетрпение ја чекам следната епизода!
Spoiler Значи Клаус не знае за Елена! Нели тоа и беше и договорот на Елена со Елајџа, таа да не пробува да се убие, а Елајџа да ги штити сите таа што ги сака. Клаус ја имаше пратено Изобел по Кетрин, за Елена уште не знае! Изобел ја спаси Елена од Кетрин на некој начин, затоа што ја предаде Кетрин. Сега Клаус ќе се пресмета со Кетрин, а дури после ќе разбери дека допелгангер има. Не е инаку логично Клаус да праќа вампири по Кетрин, за одмазда, ако знае дека постои допелгангер кој може да му помогне да ја прекине клетвата, нели? Ќе пратеше одма по Елена
Абе Спаркс.. Spoiler па нели на крајот Изабел збореше на мобилен со тој типот што е Клаусов вештер(да го наречам) и праша дали е Елена на сигурно??..значи Клаус би требало да знае за Елена... или па не
Spoiler Вистина така вели! А добро од кај разбра Клаус? За Елена знаеја само Роуз, тој другарот од Роуз, Елајџа што го скина , Елајџа и тие вештерите, Лука и Мартин. Роуз и пријателот всушност ја предадоја Елена кај Елајџа, а Елајџа сакаше да го убие Клаус, така да немаше шанси да му има кажано дека постои допелгангер. Вештерите двајцата работеја за Елајџа, така да и тие не му кажаа на Клаус... Веројатно ќе кажат допрва од кај знае, инаку вака досега никој му нема кажано. И ме чуди, зошто Клаус ако знае дека Елена постои, ја остави слободна, кога тоа му е примарна цел, да најде допелгангер и да ја прекине клетвата... Мислам многу нелогично ми е да ја земи Кетрин, а да ја пушти Елена на слобода... Ќе видиме понатаму дали ќе го разјаснат ова, ако не, гаф е!
Spoiler можеби тој вештерот на Клаус крие од него за Елена. А можеби Изобел ја спасила Елена од Кетрин бидејќи Кетрин го има месечевиот камен и може да го предаде заедно со Елена кај Клаус и да ја тргнат клетвата
Spoiler Клаус ја сака Кетрин да умре а знае за Елена... неговиот слуга(ваљда тоа беше) и рече на Изабел да ја пушти затоа што знае дека Елена нема да бега затоа што направи договор со Алајжа. Изабел веќе и нема врска затоа што умре, а Кетрин е следна затоа што со Клаус ќе има сега средба и ваљда ќе ја убие Неможам да чекам до следната
Колку е само замрсено. Ништо не се знае што може да се случи, повеќе веројатности има. Е, затоа ја обожавам серијава!! Ај ќе си почекаме до петок да ни се разјасни.. или пак да ни донесат уште некој лик па да стане уште поинтересно Spoiler Само не прочитав никој да спомне нешто за Мет и Керолајн Зашто така и направи?? А она колку го сака, душиче..
Spoiler Мајка и од Каролин го натера Мат да го направи тоа за да дознае вистината за се што се случило досега во градот а и со неа + со сестра му негова. Се е лудница
Ајде сега ќе чекаме до петок но мислам дека и ова чекање ќе вреди Spoiler Инаку ми беше кеф затоа што Бони сега е помоќна и затоа што никој незнае за тоа, ќе им биде од корист на сите
Spoiler Да да, значи најлогично е тоа што Клаус знае за Елена ама сепак не ја пипка затоа што знае дека таа нема да бега, за разлика од Кетрин што може у моментот да ја шпринтне. Значи сега Стефан и Дејмон ќе и ја дадат куќата на Елена и таа да контролира кој ќе влезе у неа и така таа ќе биде безбедна. Ај за наредната епизода неќам да коментирам, Спаркс не го гледала траилерот
Spoiler Абе се ми е многу испомрсено ама затоа баш е интересно, него во другата епизода кој го гледал траилерот нели Клаус поточно Аларик ќе дојде во школото и сега немали да и биде на сите нејасно зошто го викаат Клаус а и јас мислам дека Бони има шанси да умре пошто мислам дека и тоа што го викаше Дејмон на Елена треба да се подготвиш за тоа што ќе ти го кажам и таа плачеше (тоа во траилерот од 17 го имаше ама па не го дадоа во епизодата па претпоставив дека е за наредната епизода)Е ако Бони умре стварно не е фер
Spoiler Навистина ќе ми биде жал ако умре Бони. Иако во некои ситуации ме нервира сепак и таа е една од моите омилени улоги во оваа серија. А ние според некоја наша логика си ги разјаснивме случувањата па сега и да не е така А следната епизода мислам дека ќе биде... лудница