Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневниците на вампирот (The Vampire Diaries)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Maturantka, 15 септември 2010.

  1. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Фалеше Керолајн дефинитивно,ми е криво што го прават ликот досаден како што направија со Стефан едно времеОк кај зилезе сега па девојката на Стефан,ме нервира таа |(Елена сега за сега не ми е досадна,добро е како за почеток на сезона.:)
     
  2. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    ^ Сега Ајви ќе и ја остави на Керолајн, она да ја учела како да биде вампир. Бреееееј значи овој Стефан сака шамар. А баш би сакала да ги видам Стефан и Керолајн заедно.. хмм
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Во шок сум сеуште.Не можам да се совземам од плачење.Бони е вистинскиот херој на серијава.За сите се жртвуваше.За сите.Плачам сеуште како не нормална заради таа сцена и последната сцена со браќата.Лив и Тајлор ми се страшно многу убав пар.Ги засакав и Керолајн и Стефан како пар.Новата вампирка ми е баш интересна,bitchy и смотана. :D Џереми фали. Леле,сеуште не можам да се помирам со фактот дека Бони не се врати. Сега започнува Делена драмата,again. :puke:
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Леле,златниот мој најубав се врати од мртвите :D Не оди без Дејмон,се знае тоа.Сцената кога Стефан го виде брат му,ми беше најемотивното нешто што го видов последните 2 сезони сигурно.А сега тетка Елена што ќе прави,ќе си враќа сеќавања ли? Идиотка :swear:
    Жал ми е малку за Бони,ама сигурно ќе ја вратат некако,не верувам да остане таму засекогаш.
    Аларик и докторката ми се ептен кјут,Аларик ми е еден од омилените ликови.
    Зошто не можеше да ја компелне,можеби стварно се meant to be? :D
    Прилично солидна епизода,малку да живне серијата,одамна немаше таква.
     
    На Victorian, Tiki-lolipop и prettyliar им се допаѓа ова.
  5. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Каква епизодаа:clap: Се изнаплакав за Бони не ми се веруваше мислев и она ќе се врати,а последната сцена ме уби,прв пат ги гледам такви Стефан и Дејмон заедно ;(Мет сигурно ќе го спаси Ензо и можеби и девојката на Стефан(заборавив како се вика).Сега кога дојде Дејмон мислам дека и Аларик ќе биде посреќен и Ензо зашто некако сите беа депресивни,абе не е интересно без Дејмон дефинитивно. Стефан нема да си оди од градот и дај веќе нека бидат заедно со Керолајн.Жал ми е за Џереми кога ќе дознае дека Бони не се вратила.;(
     
  6. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Баш ми е мило што Стефан и плесна во лице на Елена за нејзиното бегање од реалноста и лесен помин во убав живот.И требаше такво нешто но навистина не очекував од него да и каже такво нешто.Сеуште не го оправдувам заради тоа што го направи на Ензо но според промото за 6та епизода мислам дека ќе го спасува и него и Дејмон.Кога сме кај него мило ми е што се врати а баш ми е жал за Бони.Тоа со нив единствено ми беше интересно во епизодата и делот со Дејмон и Стефан.Елена не ја поднесувам а и Ајви исто...Само дали докторката што ја компелна Аларик беше на вевена или сум грешка?
     
  7. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    883
    После не знам колку време едвај чекам да излезе нова епизода. Крајот прејак. Не знам како да го вметнам текстот во спојлер затоа нема да пишам за епизодата.
     
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Крајот беше најдобар.
     
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    За спојлер да ставите кликнете на тоа што е до сликичката за да се прикачи видео.

    Jaс морав да го објавам видеото,се стопив, i ship them уште кога отидеа во пеколот. :D
    Сеуште не можам да преболам тоа што само Дејмон се врати. :@
     
    На Victorian и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Каде ги гледате новите епизоди? Онлајн или ги симнувате? Мислам на сезона шест.

    На страните каде што јас ги гледав старите сезони има некој проблем и не можам да ги пуштам новите. Помагајте луѓе. :sweat: Сакам да ги гледам што побрзо.
     
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @Daydream БИ требало да работат на http://filmovizija.com/ и http://www.vojvodinanet.com/
    А јас новите како што излегуваат ги гледам на http://g2g.fm/ со англиски превод.Оваа мене ми најдобра,ептен брзо се лоадираат и убава снимка се секогаш.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Дефинитивно најлоша сезона досега:doh: Нема никакво дејство, едни исти работи се вртат во круг, непотребни карактери , многу многу лошо. Целиот универзум се врти околу Елена, Стефан како жалче некое ми е, а за другиве не ни коментирам. Уште Тајлер не го споија со Лив, па ајде нека биде и тоа:^)
    Да земев јас да пишував сигурно ќе смислев пооргинално сценарио од тоа Елена скроз да го заборави Дејмон и од Аларик кој патем станал original vampire?ова скроз не го разбирам, и баш после две епизоди Дејмон пак се враќа во живите... мислам стварно нема смисла до кај им е имагинацијата. |-)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    883
    Епизодава беше многу интересна ама промото што го гледав скроз ме разочара.
    Аларик е пак човек, тоа ги искомлицира работите со Елена...таа сеуште чувствува омраза кон Дејмон а најверојатно цела сезона ќе се врти околу тоа.|-)|-) Посебно на промото за 7 епизода Дејмон ќе трча по неа, скроз му ја уништија улогата, потрчко го направија на личност која воопшто не го заслужува тоа
    Како и да е јас ќе продолжам да си ја гледам серијава до крај, не се предавам/:rofl:
     
  14. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    ШТО?Дали се нормални овие режисериве бе?Која неизвесност искрекно мислев дека или Ензо или Аларик ќе умре,срце ме фати.Мене сезонава многу ми е интересна за разлика од 5та многу е јака.Значи сцените помеѓу Стефан и Керолајн неможам да ги поднесам,многу сакам да бидат заедно како не сфаќа овој па дека Керолајн го сака,а сигурно и тој чувствува нешто кон неа.
     
  15. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Најбедна епизода до сега ! НЕМАМ КОМЕНТАР. Really?Aларик веќе не е вампир и готово Елена веќе нема назад? Нов дечко,Дејмон љубоморен а таа ќе го мрази...Нешто пооргинално не можеше да се смисли?Добро барем друг дечко е не е Стефан,уште тоа фалеше.Монотоност невидена во серијава.Страшно лошо.И сега претпоставувам цело време драма околу Елена и Дејмон..Да ги сакам како пар,ама ова веќе нема смисла,уште на почетокот се виде дека продуцентите не ги сакаат како пар и само нови изуми во врска со тоа.Па или нека ги биде или нека не,нема потреба од 3 сезони само за нив.Цело време се разочарувам од серијата и ја оставав и па продолжив,ја гледам зашто сум ја почнала не ми се остава само заради тоа.Доста беше коментирање,премногу е и ова :D ..
     
    На mileystar, Tiki-lolipop и Marossa им се допаѓа ова.
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    25.323
    Пол:
    Женски
    Јас ја прекинав серијава минатата сезона, пола од епизодите не ми се изгледани... но, новава сезона ја почнав да ја гледам од досада.. И првите неколку епизоди ми беа интересни, посебно ми беа интересни сцените со Дејмон и Бони и тој Каи - преубав ми е за гледање, би сакала да го има и понатаму, што почесто.
    А за најновава епизода -
    не ми беше најглуп момент ситуацијата со Дејмон и Елена, колку што ми беше бесмислена сцената кога докторката Џо го спаси Аларик, т.е. се измеша натприродно, со модерна медицина... тотална глупост.
    Мислам, докторкава му го сопре крварењето и овој успеа да остане жив и покрај магијата фрлена над градот. Смешно...


    Ама ќе продолжам да гледам само заради Каи. :inlove:

    [​IMG]
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Ова се десило до сега или it's a tumblr thing? :rofl:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На prettyliar, the.vampire.girl, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Се случи ова. :lol: Во последната, шестта епизода. :D Легенди се и Ензо и Дејмон. Обожавам да ги гледам. А и стварно Ензо каков акцент има... Уф. И Клаус го имаше, затоа ми е криво што го снема од серијава.
     
    На specificone, Marossa и Elena69221 им се допаѓа ова.
  19. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Whaaattt?? Аларик веќе не е вампир (facepalm).Кутрата Елена сега пак ќе плаче,јас арно реков дека пак ќе се трчкаат со Дејмон.Колку и да сакам да се заедно,некако ми се досадни |(
    А што се случува со Стефан,зар е толку слеп,па да не гледа дека Керолајн чувствува нешто за него или само негира.Незнам ,ги гледам епизодиве без никаква возбуда :x
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Бони итрица! Знаев дека ќе смисли нешто, значи зна-ев! Само сега прашањето е, како ќе успее да се врати, сигурно веќе нешто смучкала, само чека момент за да му ја шмугне. :lol:
    Мене Каи ме иритира, ама секоја чест, како добро ја доловува улогата на псајхо.
    Не знам дали е до мојот ПМС или последнава епизода беше навистина неверојатна, ама толку немам плачено на вампирите од сезоната кога умре Аларик и Дејмон одржа многу убав говор, кој дури и си го запишав во нотесот.
    Предобар старт на сезоната, иако нели има неколку настани кои ми се нелогични
    (како на пример тоа, зошто не престана магијата со compulsion-от кај Елена кога Аларик стана човек)
    , ама ајде, не би да коментирам и навистина ми се допаѓа што една од моите најомилени серии по која си ги паметам средношколските години живна и стана барем малку понормална.
     
    На Daydream, rhcpfan, prettyliar и 1 друга личност им се допаѓа ова.