Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневниците на вампирот (The Vampire Diaries)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Maturantka, 15 септември 2010.

  1. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Спојлери од Џули,ако не ја следите на твитер што има да каже :D
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На Adi888, Mishela, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  2. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Со еден збор можам да ги опишам последните епизоди-BORING (n)
    Воопшто не ми се допаѓа каде оди приказнава,Каи јест да е сладок ,ама е многу е evill :devil:.Што ли ќе стори со Елена сега,не знам,но знам дека госпоѓицата пак ќе треба да ја спасуваат |(.Едно огромно НЕ за Керолајн и Стефан,и претходно реков и сеуште стојам зад тоа, мислам дека нема потреба да расипат едно такво пријателство.За Бони немам зборови,колку патеше кутрата,едвај чекам да се врати!
     
    На Victorian и rhcpfan им се допаѓа ова.
  3. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Потполно се сложувам со тебе :)
    Во врска со Стефан и Керолајн значи многу сум против,ама воопшто не сакам да бидат пар,доволно е да се другари.Мислам нема смисла стварно.Сакам Керолајн и Ензо,но како што не е можно со Клаус така и ова за жал не е :/
     
    На Victorian и mileystar им се допаѓа ова.
  4. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Втора сезона изгледана. Идеме на трета.
    Оваа Елена почна да ме нервира по малку. Баш ми падна жал за Стефан кој мораше да почне да убива заради Дејмон :( . Зар мораше да умре Џена?Многу позитивен лик беше.
    И ако може некој да ми објасни зошто Џерми почна да ги гледа Ана и Вики?
     
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Затоа што нели го вратија во живот а тој беше мртов. Епа таа магија му даде можност да гледа духови.
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Абе првата и втората сезона беа супер, ме држеа во неизвесност, ги гледав епизодите без да трепнам, а оваа третава некако досадна :|
    Две епизоди по ред Стефан само ги отвара тие ковчезите на оргиналните, да му се смачи на човек :yawn:

    И онаа Елена ама ме нервира дај нека попушти и Дејмон нека не пати повеќе. Сите него го одбегнуваат, сите го сметаат виниовен, сите корпи му акаат, греота.

    Нека ми го дадат мене, најубаво ќе му биде :lol: :$
     
  7. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Нееееееее! ;( Каква само фаца направи. Готово си цркнав. Не смее да умре! Ќе ги заколам сите :punch:



    Оф, уште една епизода и крај на сезона. Фала богу, толку ми беше досадна сезонава само заради Клаус и Дејмон ја гледав :wasntme:
    Се надевам Клаус ќе го вратат во 4 сезона, не се може без него!

    Несакам да гледам на интернет или да читам тука што ќе се случи со Клаус, ама многу ме копка беее, несакам да умре, сонце мое :l:

    00642060819.jpg 618w_vampire_diaries_s03_e01_5.jpg klaus-smile.jpg 136515644_large.jpg
     
  8. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Зар не се доволни 6 сезони? Што ќе прават со серијава бе? Немислам да умирам од досада додека ја гледам.
    Untitled.png

    Бај д веј, ја изгледав 4 сезона и ја претераа со овој Сајлс, од една страна мило ми е што Стефан ќе го нема и нема да се лигави, ама ќе морам да го трпам Сајлс не негово место |(
    Барем сезонава нека има повеќе Делена сцени и Кларолине ги сакам :inlove:

    Наскоро ќе ве стигнам со 6 сезона :D
     
  9. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    ^ Ајде те чекаме да ни се придружиш.
    Инаку стварно не знам што е со седма сезона.Зошто со сигурност се знае дека еден од триово нема потпишано договор,а се шпекулира дека е Иан поради новата си девојка/свршеница на која и пречела Нина дека нели бифша блабла :^)
     
  10. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Тука сум со вас :hai: Едвај чекам петок :D

    А за тоа со Иан никој не ги тераше да се фатат, сами си сакаа па сега и сметало на Нина или на Ники на кој му е гајле или ќе се снима нова сезона со Дејмон или ако се решат да го убијат зошто типот би се откажал само за Ники гледаноста ќе падне побрзо од што ќе очекуваат :!: а ќе ме изгубат и мене како верен фан :P
     
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Не знам дали поради долгата пауза ама мене епизодата ми беше многу јака,иако читам на многумина досадна им била.Цело време бев насмеана од увце до увце,освен на крајот кој ме крајно разочара.

    Во оваа епизода сфатив колку само Каи е убав и згоден.Кога ја мачеше Елена се цепев од смеење и многу ми беше мило.Елена во епизодава се покажа доста паметна и многу ме потсети на Кетрин.Имаше некои интересни Стеролајн моменти и многу ми се слатки двајцата.Керолајн многу избрза,и мислам дека нема да најдат начин да ја спасат па,кога ке умре Стефан ке надокнади за моментите кога не беше покрај неа.Морам да кажам имаше интересен хумор во оваа епизода,или можеби во секоја има само јас допрва приметувам :D Лив и Тајлор ми се баш убав пар се надевам дека ке потрае.Криво ми е што не ја покажаа Бони во оваа епизода,сакам повеќе сцени со неа и сакам повеќе да пробуваат да ја вратат(и да ја вратат) бидејќи ја заборавија.
     
    На rhcpfan и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  12. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Ја симнувам епизодата едвај чекам да ја гледам ^_^
     
  13. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Интересна епизода :D

    Навистина незнам дали е до паузата ама Дејмон многу ми се виде убав епизодава (кога небил) :inlove: Јас Каи уште првпат кога се појави си викам -Ааа ќе го бива овој :lol:
    Воопшто не ги сакам Стефан и Керолајн јас со Ензо си ја сакам :D
    И мене многу ми беше мило за Елена. Колку фино само ја мачеше :clap: уживав ]:)
    Што му се дешаваше на тој во болницата :puke: Несакам истото и на шерифот да и се деси. Да се вратам кај Каи... Колку и да ми е убав многу ме нервира. Ама тој ја прави серијата интересна. Исто како Клаус во првите епизоди па сега коси кубам за него :wasntme: И ја сакам Бони назад да му покаже убаво на Каи! Да види он дека нетреба да се фаќа работа со 101 вештерка (fingers)

    Се чека нареден петок :D
     
  14. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Мене ми беше интересна епизодата за чудо :) Не знам што стана на сите ни биднува симпатичен Каи :D . Да симпатичен е ама страшно одвратни и злобни работи прави(со исклучок што ја мачеше Елена).Дејмон ми е срце најголемо:inlove: Стефан и Керолајн се океј но јас сепак си ја сакам со Ензо,а и тој малку почна да претерува -.- Цело време очекував оваа епизода да умре Лиз и знаев дека тоа нема да успее..Не сакам да умре ;(
     
  15. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Прва епизода сезонава што ми е досадна,незнам зашто.Каи е најдобар,ме нервира ама многу е јак,на сцените со Стефан и Керолајн се топам,Ензо не го сакам баш од кога се дозна дека му љубомори на Стефан и сака да му наштети.Елена ми е многу глуп лик,нека умре што сака нека прави ама не е интересна,на Керолајн и Бони вода може да им носи.Се надевам дека следната ќе биде поинтересна.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. the.vampire.girl

    the.vampire.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    И јас се чудев како досега не сум забележала колку е убав Каи. Можеби од тоа што ја малтретираше Елена ми се засвиѓа.:D Инаку Нина и Крис (Каи) биле заедно моментално, така прочитав.
    Сакам што поскоро да се сплеткаат Керолајн и Стефан:l:, не ја сакам со Ензо, почна да ме нервира бидејќи е опседнат со Стефан. Ми изгледа дека и Стефан не ја сака нејзе само другарски.
    Она ја зафркна работата со мајка и, требаше уште малку да почека за да види што ќе се случи со дечкото. Не сакам да умре. Дејмон ми беше срцка :inlove:, заспан во нејзината соба.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Бај д веј, и оној Мет ми е толку ужасен, можеби исто колку Елена го нејќам. Мора ли во секоја епизода да се појави, на ништо не личи. Цело време е против се и против сите. :@
    И нека ја вратат Бони, ептен ја засакав сезонава.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Епизодава ми беше навистина интересна. Одвај чекав да ја гледам, сега кој ќе чека за наредна.
    Овој Каи ме нервира страшно многу ама фалеше еден ваков психички измрдан лик како Клаус на почеток што беше. И тој тогаш беше страшен, па подоцна го засакав како лик. Инаку глумецов што го глуми Каи прв пат го гледам во серијава, не знам каде глумел претходно, ама е врв. Како глуми, може сите вода да му носат. Браво. Ензо го обожавам со сексуљавиот акцент и се си мислам дека на крај со Стефан ќе станат неразделни другарчиња. Мислеше дека којзнае што ќе дознае за Сара, дека којзнае каква тајна крие Стефан ама некако како да се откажа од прљави игри кога виде дека Стефан единствено што сака е да ја заштити. Не е толку лош Ензо како што се прави. Стефан и Керолајн не ги сакам заедно, нема хемија, си беа одлични како другари и не ги гледам заедно. Не знам зошто испомешаа вака со нив. Елена за чудо не ме нервираше оваа епизода зашто конечно не глуми лудила и почна да попушта за Дејмон. Бони ми фали, треба веќе конечно да ја вратат, многу ја одложија таа работа. За Дејмон не знам дали треба нешто да кажам. Како да имам 14 години се осеќам кога го гледам. Вртоглаво сексуљав тип. Близнаците ми се досадни многу, не ги сакам уште кога се појавија во филмов, не ги сакам ни сега. И да, мислам дека не требаше ова со Лиз и ракот. Како и да е, мислам дека нема да умре.
    Инаку, општо во филмов, страшно многу ми недостигаат Клаус и Елајџа. Си ги гледам јас во The originals ама ги сакам и тука со овие ликови. Најмногу ги сакав епизодите со нив и Кетрин. Тогаш беа најдобрите епизоди на серијава. Многу ми се допаѓа и The originals, Клаус, Елајџа се незаменливи, ама, TVD си е TVD. Оваа серија секогаш ќе ми биде на прво место.
     
    На Victorian, Marossa, srhsejbsk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски


    Ново промо :D
    Дали тоа е Делена, јеее :clap: :inlove: ^_^
     
  19. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    На Bunny2 и Victorian им се допаѓа ова.
  20. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    HAPPY BIRTHDAY, BONNIEDetermined to celebrate Bonnie’s (Kat Graham) birthday, Elena (Nina Dobrev) convinces Jeremy (Steven R. McQueen) that it’s what Bonnie would have wanted. After piecing the broken ascendant back together, Elena, Jeremy and Damon (Ian Somerhalder) attempt to send Bonnie a message, but the situation turns dire when they make an unsettling discovery. Meanwhile, after uncovering Stefan’s (Paul Wesley) secret about his great-niece Sarah Salvatore (guest star Tristan Mays), Enzo (Michael Malarkey) enlists a reluctant Matt (Zach Roerig) to help interfere with her life. Elsewhere, Stefan keeps a close eye on Caroline (Candice Accola) as she unconventionally attempts to cope with everything going on around her. Lastly, realizing it might be time to move on with his life, Jeremy contemplates leaving Mystic Falls for good.
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    GOODBYE, MYSTIC FALLS — It’s Jeremy’s (Steven R. McQueen) last day in Mystic Falls and Elena (Nina Dobrev) puts on a brave face as they reminisce about their past. Stefan (Paul Wesley) and Caroline (Candice Accola) find themselves growing closer as they prepare Caroline’s family cabin for her mother to live out her final days. While packing up her office, Sheriff Forbes (guest star Marguerite MacInytre) turns to Damon (Ian Somerhalder) for help solving one of her remaining open cases involving Elena’s parents. Elsewhere, when a violent confrontation with Enzo (Michael Malarkey) leaves Jeremy wondering whether he should leave or not, Matt (Zach Roerig) finds his own life on the line after Enzo lures him and Sarah Salvatore (guest star Tristan Mays) into his dangerous plan. Lastly, Caroline rushes to the hospital after learning her mother has taken a turn for the worse.

    [​IMG]
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.