Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневниците на вампирот (The Vampire Diaries)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Maturantka, 15 септември 2010.

  1. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Има ли некаде онлајн да се гледа епизодата вечерва?
     
  2. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Рано е уште, ама ќе ја има на http://g2g.fm/ странава.

    Иииии која епизода ќе ја режира Иан? :)
     
  3. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Добра епизода. Лелел ама брзо ми минуваат епизодиве додека трепнам. Кога ќе ми теке дека треба да чекам до петок :(

    Делена из бек? Јеее, кент веит то сее д нехт епизод :party: Ај вант мор Делена моментс
    Бај д веј...
    И сега шерифот пак е човек? Баш сакам да ја видам вампир ]:) Уфф Каи ама ме нервира баш мислев дека цркна ама НЕ, ај ај исто беше и со Клаус па сега :inlove:
    Керолајн и Стефан се повеќе се зближуваат што мене не ми се допаѓа (n)
    Ензо ми го немаше епизодава ;( а Бони? Кај ја заборавија? Жалче е, многу ми е срцка. Почнав да ги гледам од почеток, колку само се жртвуваше за сите :!:

    Кај сте бре женски со коментари? Дај не ме оставајте сама :D
     
  4. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Сезонава е многу подобра за разлика од 5та на пример,ама причава со Џеманај кавн,близнаци, тоа мрџот и нивните фамилијарни драми СТВАРНООО не ми се интересни.Па јеботе сакам да гледам нешто што ако ништо друго влијае да главниве ликови,а не некоја си споредна прича што врска нема со The Vampire Diaries.
    Анти Лив и Лук сум уште од минатата сезона кога дозволија Дејмон и Бони да умрат и не можам да ви опишам колку ми е гајле што ќе им се случи.Глупа сум многу што читам спојлери,али ете појако е од мене и ради тоа знаев дека Лук ќе умре и не ми беше некое изненадување.
    Ме нервира многу што го направија Тајлер идиот,иако од секогаш ми бил многу небитен лик.Зарем стварно Тајлер би ги жртвувал животите на другарите негови за да ја спаси Лив жити се што ја знае 5 минути? Истото го прават и со Аларик што се противеше кога беше прашање да се најде тоа направата за ја спасат Бони ( зошто нели сепак Џо е во прашање,љубовта на неговиот живот (facepalm) Аларик е особено out of character откако се врати.

    Со Лиз на крајот за малце срцев удар ќе добиев.Многу се соживеав.Кој ја гледа серијава со години како мене може ќе ме сфати :lol:

    Дејмон и Елена колку сакаат нека се бацуваат и нека одат по дејтови.Џабе е се,се додека Елена не памети ништо.Мене не ми е тоа,тоа.Го памти по тоа што го убил брат и,го знае како монструм,ама нема везе ајде слушнав сме биле заедно,па ајдее ќе пробаме пак.Сериозно? |(
    Доста беше хејтање.Ако продолжам кај ми е крајот :lol:
     
    На Daydream и srhsejbsk им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Јас само што завршив со последните две епизоди и да ви кажам, уште сум така баш потресена, се убив од плачење како и обично.
    Серијава ми стана одличен издувен вентил кога ми се смачува од сенешто и како нова сум после тоа. :lol:
    Сезонава за разлика од минатите две е стварно добра. И баш ми е мило што една од сериите кои ми го обележаа најдобриот период од животот се враќа во полн сјај. Три пати ура за тоа. :party:

    Јас бев убедена дека се решија од Каи, за момент кога Лук ги отвори очите помислив дека тоа е тоа, ама мислам дека се` уште е рано за да се „простат“ од него, како инаку ќе не` прават нервозни до крајот на сезоната? :rofl:
    Реално, докторкава нема шанси против Каи, луд е скроз.
    И јас баш сакам Керолајн и Стефан да бидат заедно. Иако ми нема смисла откако Стефан беше со Елена, ама повеќе не ги гледам на иста бранова должина.
    Баш ми се слатки, а сцените со Дејмон и Елена ми беа ... топење. :P
     
    На the.vampire.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со погорните мислења,сезонава им е прилично солидна.Ме нервираат Лив и Лука,ама Лив многу повеќе и немаше да ми пречи ако таа умреше,а не брат и.Сепак,уште кога видов дека Лука и Каи се споија,се знаеше дека Каи ќе испадне победник,мора да има антагонист на сезоната :D
    И каков сака нека биде,ама врие од сексапил,не знае што би му правела :wasntme:
    Дејмон и Елена стартно ги сакам заедно,само стварно не знам како ги глумат сцениве бе,јас да сум му женска,ќе пукнам :D
    Многу ми е жал за Лиз,се дупнав од плачење,си ја сакам како лик,ама ете мора да тргнат некого,од спојлерите на Бани видов дека во следните епизоди ќе умре.
    И Керолајн е гревче,само сакаше да помогне,ама ете не е крвта лек.Имам кажано порано,убави се со Стефан,некако поубава врска би била од неговата со Елена,подлабока и најпрво пријателска,што мислам дека е најубаво,а како што гледам и продуцентите ги зближуваат секоја епизода се повеќе,сега само се чека некој биг пољубац :D

    Едит:Негирајќи го ова напишаното погоре,еве еден добар коментар од Јутјуб

    „Stefan was the most compassionate and caring and strong character who never runs when things get hard, and they made him act like a complete selfish jerk, especially towards Caroline. It sucks because he's my favourite! :'( Enzo...I really can't stand. He is so irrelevant and his vendetta against Stefan is so completely unjustified. Tyler has always been a stupid (an when i say stupid, i don't just mean it as just an insult, i mean stupid, as in lacking any sense or knowledge), selfish character, but to sacrifice someone you've known for your whole life for some chick that he met yesterday? Really? Same with Alaric, he does owe Bonnie his life, but as long Jo, a girl he also met 5 seconds ago, is safe and happy, nothing else matters. And Elena is more interested in rekindling her relationship with Damon, who she doesn't even remember, then bringing back her best friend! What the hell??? I want to know if the actors ever question any of these story lines.“
     
    Последна измена: 30 јануари 2015
  7. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Дали сум единствената што плачеше за Лук? Многу ме фати жал,единствениот лик што навистина се жртвуваше за семејството на некој начин..Не го обожавав но ова што го направи навистина беше тажно..Лиз мислев дека ќе умре и на тоа многу плачев и не ми е јасно како така се врати во живот :^)Дејмон и Елена како што рековте погоре не се тоа тоа...Вештачко за жал.Сеуште стојам на тоа дека Керолајн и Стефан не сакам да се пар,а како што се чини се повеќе се ближи тоа :/ Фалат Ензо и Бони.Каи секси психопат..Ах..И да подобра е сезонава малку за разлика од 5тата,ама дека е исто како порано не е .Само поголема мешаница и збрка со ликовите.Тајлер го сакав ама сега ми оди на нерви.
     
    На mileystar и Mishela им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    И јас се убив од плачење, @rhcpfan, ју ар нат алоун. :lol:
    Откако почна сезонава, не поминала епизода после која не сум била подуена од плачење, едноставно не можам да се воздржам, има премногу такви сцени. :)
     
    На rhcpfan му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Првите епизоди не ги сакав најмногу,но последните 3 епизоди беа многу добри.Морам да кажам дека оваа сезона е многу поопуштена за разлика од другите,нема толку вампирска акција повеќе се врти дејството околу магијата,и е во многу поразличен стил од претходните сезони,што не ми се допаѓа многу,но,во ред е.
    Никогаш не сум ги сакала негативците во филмовите и сериите но Каи е...па,многу згодна машка верзија на Кетрин(за која сеуште се надевам дека однекаде ке се појави и ке се врати). :DЗа момент помислив дека Каи е во телото на Лук,но,*за среќа*не е..Едвај чекам да му ја најдат слабата точка на Каи бидејќи ме интересира што ке биде. :D
    Делена нема да ја коментирам бидејќи ми е досадна,ништо не мислам за неа,но,Елена во последните 2 епизоди ми се допаѓа,поразлична е.Стеролајн ми е еден од омилените парови во оваа серија прво затоа што имаат историја заеднo.Нивната врска почна да се гради уште втора-трета сезона за разлика од многуте парови во серијата кои се зближија по 2-3 епизоди.Ми се допаѓа што полека,епизода по епизода ги зближуваат.Стефан веќе сфаќа дека чувствува нешто посилно и подлабоко кон Керолајн.Нивната врска е многу емотивна и нежна и затоа ги обожавам.
    Не верував дека шерифот ке умре ама сепак пуштив неколку солзи.Само ми недостасува Бони,таа мене ми е херој на серијата.Колку пати се жртвуваше,колку пати умре и пак на крајот таа си пати.Но,моја теорија е дека не ја покажуваат бидејќи ке се врати после неколку епизоди,силна,посилна од Каи и ке има некои борби тука.:lol:

    Едит:
    Ке имаат момент Керолајн и Стефан во 14 епизода очигледно.

    [​IMG]
     
    На prettyliar, the.vampire.girl и srhsejbsk им се допаѓа ова.
  10. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    @Srckata28 истото го мислам за Бони. Таа сигурно планира нешто, паметна е и се надевам ќе ја видиме наредните епизоди :)
     
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Само јас ли не сакам да го тргнат Каи од серијава? Можеби е психопат ама е перфекција за плакнење очи. Дури и ми е поубав од Дејмон (за кој половина од фановите на ТВД полудуваат)

    [​IMG]
     
    На mileystar и prettyliar им се допаѓа ова.
  12. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    ^ и Каи е убав ама Дејмон кога ќе направи некој фацички срце да ти стопи :inlove:
     
  13. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Thank god :D Па всушност целата серија е таква со тажни сцени секоја епизода.Јас ретко да не плачам на некоја епизода :$

    Инаку за Бони
    Во промото видов дека сака да се убие,а што ке се случи дали ке се врати не знам.:(Вистина ли е дека:^):^) глумецот што го глуми Џереми си заминува од серијата или погрешно сум разбрала?
     
  14. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    И јас се изнаплакав за Лиз и за Лук.Иначе се сложувам со Bunny2 дека приказнава за Џеманај кавн е досадна зашто си нема врска со главните ликови и затоа многу ги направија досадни.Не се вклучени во ништо ни Бони,Елена,Џереми,Стефан па дури и Аларик една епизода го има една го нема,ама затоа Лив,Лук и Џо во сите ги има.На пример Стефан ми е најомилен лик,од 5та сезона до сега ништо не видовме од него,многу се повлече.Исто и од Елена ништо возбудливо не видовме оваа сезона само се лигави и пак се се врти околку неа и Дејмон,таман конечно станаа дечко и девојка ама на Џули и текна Дејмон да умре и Елена да го заборави и сега пак лигавење.
     
    На Daydream и Bunny2 им се допаѓа ова.
  15. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Вистина е,последна епизода во која ќе го видиме е 14та. [​IMG]
    А инаку не верувам дека Бони ќе се убие зошто има слики дека уште снима.Незнам точно која епизода ја снимаат моментално,ама Иан ја режира.
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    Друг интересен спојлер :D
    Конечно ќе ја видиме Мама Салватор.Во флеш бекс!
    Бараат статисти бебиња за Дејмон и Стефан.
    [​IMG]
    А мама Салватор ќе ја глуми типкава Annie Wersching [​IMG]
    [​IMG]
    Одличен кастинг,морам да додадам.
    Заборавив да додадам-Ќе се вика Лили Салватор.
     
    На mileystar, rhcpfan и srhsejbsk им се допаѓа ова.
  16. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Јас прочитав, ќе ја режира 16та епизода, и едвај чекам да ја видам :D
     
  17. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Јас мислам дека серијава требаше да ја завршат уште пред 2 сезони или ако веќе ја обновуваат нека смислат подобро сценарио. Убаво прочитав коментар горе, серијава е Vampire diaries ,а нема ни В од vampire. Што ми падна најмногу смешно беше оживувањево на Лиз, и туморот го снема и плус си остана човек|( Целава драма помеѓу Елена и Дејмон стварно ми стана вештачка и не ми се ни толку интересни више. Лук и Лив не ги сакам уште од почеток и целиов storyline со нив ми е досаден, ама пак ми падна жал за Лук иако повеќе сакав Лив да ја снема зашто ми е најодвратна, а мислам до самата глумица ми е, антипатична и со тоа фаците извештачени:| И најмногу од се` што ме изнервира се Тајлер и Аларик што на прво место ги ставаат девојките што ги знаат еден ден, а Бони како сосема небитна испаѓа во случајов, единствено ако од време на време на Дејмон му текне, океј е мислам. :^)
    Ликот на Стефан исто му го уништија, кај што ми беше и така мутле, сега како од сенка само, како да не се работи веќе за вампириве воопшто,туку The Witches diaries e сега. И Ензо само го вметнуваат онаму кај што нема акција демек сеа Стефан му е нешто крив па е против него. Единствено Каи ми за сега најинтересен али се надевам ќе ја оправат во скоро време зашто вака ми е предосадна!
     
    На mileystar, rhcpfan и Daydream им се допаѓа ова.
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    И јас морам да кажам дека стварно претераа со близнациве. Аман веќе, секоја епизода за нив. Кои акции ги имаше на почеток, сега се околу оние двајца се врти. Нека умрат веќе и да завршиме со досадата. Каи е супер лик, освежување е, брка монотонија ама сепак сакам малку да ги видам Стефан, Дејмон, во вампирска акција. Апсолутно ништо ново нема со главните глумци, сега се всушност споредни. Досадна ми станува. Мислев дека оваа фрка со близнациве ќе трае три, четири епизоди најмногу, а дека главната приказна во оваа сезона ќе биде внуката на Стефан и Дејмон, Сара, ама ова со лигавешкиве цела сезона се развлече. Каде е Аларик, каде е Мет, каде е Џереми, колку и да ми беа некогаш непотребни сцените со нив тројца, сега гледам дека филмот добивал некоја интересна нота и со нив. Каде е Бони, нејзината приказна остана недовршена, ја заборавија сите, Стефан која улога ја има моментално во филмов стварно не знам, Елена и Дејмон само се бркаа и едни исти муабети ги прават и толку. Не, не, најдобрите епизоди дефинитивно беа со Кетрин, Клаус и Елајџа. Подобро од тоа нема да има, сигурно. Туку нека ја оправаат сезонава што побрзо, или барем малку повеќе акција нека има со главниве ликови, нека има некоја дополнителна приказна која ќе се развива паралелно. Вака е предосадно.
     
    На Tiki-lolipop и CoverGirl10 им се допаѓа ова.
  19. Elii96

    Elii96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    3
    Претходната сезона ми беше помалку досадна, па мислам дека оваа е подобра иако и јас се сложувам со коментарите дека премногу ја форсираат storyline со Gemini Covin и Parkers.Знам дека главни ликови се вампири ама и луѓето(како Мет, Џереми, Аларик) се оние кои ја одржуваат приказната пореална и интересна. А сега Џереми ќе го нема веќе, Аларик го расипаа со онаа Џо, она ми е океј ама не е фер што Аларик сега попрво би ја спасил неа отколку Бони(?!). Исто така околу Мет нема никаква акција а баш ми е кул он ги трпи сите и стално помагаше. Бони ја заборавија мислам не е фер сите се вратија заради не, а сега само Дејмон се труди околу неа. И Стефан не знам, беше најнормален од вампирите најдобар зошто го расипаа, не ми е јасно. Мене тој не ми оди со Керолајн искрено баш ми е жал што Керолај и Тајлер не се веќе заедно, изгледа сум единствена од тука што си ги сакаше нив. Тајлер исто така скроз небитен го направија. Океј ми беа Лив и Лук и жално ми беше за Лук, а колку го мразам Кај толку ги обожавам сцените со него. Жал ми е многу за Лиз како што реков нема смисла што полека ги снемува луѓето. Иначе не и исчезна ракот на Лиз туку пак си е како што беше пред Керолајн да и даде своја крв, така да кај и да е ќе умре за некоја епизода.

    Во спојлерот за серијата, а многу ми е жал што Иан и Нина не се повеќе заедно, Ники е многу слатка ама ич неќам да е со Иан. А читав по интернет дека Нина е со Крис(Кај) ама онака неофицијално. Кај е секси ама Иан е незаменлив.
     
  20. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јас серијава ја гледам уште заради Стефан и Керолајн, како што рече некоја феминка погоре она што го имаат е стварно посебно, нежно. Ме интересира баш што ќе биде со нив.
    Друго се ми е без врска, без никаква смисла. Ко да не знаат режисериве кај тераат.