Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневниците на вампирот (The Vampire Diaries)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Maturantka, 15 септември 2010.

  1. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Еј сите сте изгледале, а само јас не сум :worried: Од 12 часот ми е симната ама сега ќе ја гледам па ќе споделам со вас, не отварам спијлери, но изгледа многу тажна била епизодава. :hai:
     
  2. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас, Спаркс на ден 06.05.2011 година, во 23 часот и некоја минута ја прогласувам серијава за најдобрата серија која некогаш сум ја гледала, заклучено прво место дури и пред Госип, Спартакус и Биг Бенг Тиори.

    Ме раздрма.
    Ме разнежни.
    Ме расплака :!: (што мноооооогу ретко се случува за филм)
    Ме изнервира.
    Ме направи да поминам два пати по 45 минути без да трепнам.

    Прво и основно многу ми е мака за Џена. Што убав карактер беше, и глумицата ми беше многу погодена. Можеби подобро ќе беше да ја оставеа вампир, некако да ја спасеа, многу ми умираат глумци во серијава. Колку беше само тажно, како си ја виде смртта пред очите. Можеше да избега, зошто не избега? :(

    Елајџа и Клаус ќе ги гледаме во трета сезона. Предпоставка моја - не е никаков спојлер, ако сакате да видите отворете,
    мислам дека Клаус ја зборуваше вистината, дека останатите оргинални вампири се живи, и дека всушност третата сезона ќе биде тоа - борба на обичните вампири и врколаци со оргиналите. Како иначе ќе прават повеќе сезони, веќе се вратија на првиот вампир, постар од него нема, поквалитетен материјал немаат од овој. Мудро ќе постапат така, интересни се и Елајџа и Клаус. Предвидувам финале без нив.

    Џереми и Аларик се скршија буквално, Аларик ги губи сите девојки кои ги сака, штета навистина можеа убави сцени како пар да снимаат. Џереми ја изгуби целата фамилија. Џон наречете ме луда но ми стана многу мил, и за него ми е премногу мака. Не ми се верува каква е серијва, на која карта играат, ги убиваат сите побитни ликови, свака им част што олку ризикуваат. Керолајн ја сакам со Тајлер, Мет ми е прелабилен за неа. Па и Керолајн нема татко, штоако Мет има луда мајка. И Керолајн се соочи со тоа што стана вампир сама, без него, цело време се трудеше да го заштити, за овој да и сврти грб оти имал луда мајка, оти имал школо и работа?! Не беше во право, Керолајн воопшто не се смени за него, дури и кога беше опасна за неговиот живот се тргна настрана. Колку го сака, а тој како и врати. Мет е единствената личност во серијава што малку ме нервира, таков ми е плачко секогаш. Другите се сите кој од кој подобри. Значи сакам нов пар - Керолајн - Тајлер. Тајлер си замина од неа само затоа што не сака да ја повреди, затоа што еднаш замалку ќе успееше во тоа.

    Ако следат по книгите, знам што ќе се случи со Дејмон. Значи ако следат ова е огромен спојлер - не читајте ако не сакате да си расипите!!!

    Единствен начин да се спаси Дејмон е да се претвори во назад во човек (Значи според книгите зборувам). Има магија која може да го претвори во човек, и откако ќе се случи тоа Дејмон во книгите бара начин како пак да се врати во вампир. Се надевам ќе не изненадат на друг начин, дека нема да ги следат книгите, иако интересно решение е. Ама на тие што ни се читани книгите ќе ни биде како да знаеме што ќе се случи. Макар што ќе биде интересно да се долови ликот на Дејмон како обичен човек.
     
    На 1209 и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  3. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Многу тажна епизода си пуштив некоја :'( на крајот.
    Многу ми е жал за Џена, а пак за Елена уште повеќе да гледаш како ти умира близок најтешко па и татко и умре. Јас се мислам дека не умре туку тој и го даде неговиот живот *тоа што читаа во дневниците на Гилберт кога ја предаваат моќта/животот на своето дете тој токму го направи(ова по некоја моја логика :D ). Стефан ќе најде лек за Дејмон,ако умре Дејмон ќе се намали гледаноста на серијата и нема да се снима. А Бони била многу силна 8) трбаше да го докрајчи овој Никлаус-Клаус. И ги сакам Керолајн и Тејлор заедно :inlove:

    Штрумфета секој петок уште од сабајле имаш превод за серијата ама на бугарски се еве линк http://subs.sab.bz/
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Абе многу сте брзи. Се сте напишале веќе :D
    Наѓаѓавме дали Џена или Џон и накрајот -оп и двајцата. Ама нели се Елена и Џереми се малолетни. Кој ќе им биде старател? Претпоставувам некои нови ќе донесат. :?: Мораше вака да заврши (со Клаус и Елајџа)за да има што да гледаме следната сезона..И да. Си се изнаплакав и јас. И денов таков ми беше напорен па уште и тешките зборови што паднаа епизодава.. ;(

    И Спаркс:
    Во кој дел од книгите е ова со Дејмон? Ги читав ама не сретнав нешто вакво.. Мислам дај боже да го употребат ова во серијата, иначе и да донесат некој нов вампир (роднина некој на Стефан) нема да биде тоа тоа.
     
  5. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Ах Супердевојко

    појма немам искрено. Јас ја имам читано само првата книга, ама тогаш бев малку поинаква од сега (сега ако си ме читала по темава сигурно си приметила дека не гледам промоа за следни епизоди - чекам да се изненадам), тогаш чепкав низ интернет и дознав се што ќе се случи понатаму, без да ги читам книгите и потоа бидејќи знаев, не ми беа интересни да ги читам :)

    И ова е спојлер за Дејмон - значи не отворајте ако не сакате да знаете. Напоменувајте кога пишувате ве молам дека се однесува на спојлер за натамошните епизоди.
     
  6. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    4.743
    Јас и другарка ми неможевме да прекинеме да плачиме. Никогаш не сум заплакала на филм или серија ама сега крокодилски солзи леев. Немам зборови. Фантастично.
     
  7. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Серијата навистина е нешто оригинално и неповторливо. До сега не сум гледала многу ама оваа ја ставам број 1 на листата. За Нина немам коментар, страшно глуми, ќе речеш две различни личности се. Колку добро ја глуми арогантноста и себичноста а од друга страна добрината :x . Ја обожавам.
    И се согласувам со Спаркс за Џон и овие тројцата Керолајн-Тајлер-Мет. А и со оригиналите, навистина може тоа да се случи, вака се се издешава веќе не знам друга опција што би измислиле и стварно малку ликови им останаа ама јас ви велам серијата веќе воопшто нема да биде ова што беше до сега. Стари ликови ептен малку ќе останат. Можеби сега Клаус ќе сака да се одмазди па дупло ќе испоколе. Уште 300 новости и вистини ќе излезат на виделина. Само премногу ги заоставија врколаците, ич ништо не знаеме за нив, имаат ли тие оригинали, зошто не ги спомнуваат, толку ли се неважни.
     
    На 1209 и Sparks им се допаѓа ова.
  8. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Jас Штрумфетке сум ти таков скептик, што обавезно првата сезона од било која серија и да е, ја бендисувам најмногу. Освен во оваа серија, дефинитивно уште финалето да ми го даде конечниот впечаток но сума сумарум ми е уште подобра од првата. Мислев после Ана и Перл нема да направат добра сезона, а еве ја вторава растура!
    Џена не дека беше нешто посебно вклучена во приказнава, ништо не знаеше, немаше во највозбудливите сцени удел освен кога се прободи со ножот и кога Клаус во Аларик ја нападна. Ама таква беше мила, душа, да ти е ќеф да ги гледаш сцените со неа.

    За врколаците мислам дека повеќе ќе им удрат акцент во следната сезона - секако Клаус го има и тој дел, а вечерва видовме само почеток на тоа како изгледа тој како врколак. Ќе биде целосно вампири против врколаци против оргинали (ако се живи тие).
    А овие од CW се ненормални по малку. И госип првите 2 сезони беа ОДЛИЧНИ да ти е ќеф да ги гледаш, па после ја утнаа работата. Се надевам дека нема и оваа серија да ја зафркнат оти земам сачмарката и ги пукам сите до еден :D Такви се, се концентрираат на новите серии, а старите ги подзабораваат.

    А да и мислам дека ние што ја следиме активно серијава повеќе ја доживуваме. Не е ист филингот дефинитивно вечерва се уверив. Секоја недела да имаш тензија, да чекаш што ќе се случи. Ако гледаш наеднаш кога ќе заврши епизодата пушташ веднаш нова и таа нестрпливост ја немаш. Затоа ние повеќе се возбудуваме на серијава отколку некој што ја гледа наеднаш.

    Се расприкажав доста е.
    Едит - Делон за Дејмон го прочита?
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Да го прочитав, слаба сум на скриени текстови, едвај прееска издржав да не прочитам еден спојлер :$ .
    И што да кажам после твојот коментар се си опфатила :wasntme:
    Не верувам искрено Дејмон да умре, баш се согласувам со Стефан што му рече на крајот.
    А и писмото на Џон ме трогна.
    Навистина Џена никаде ја немаше, ептен во некоја епизода да се појави за момент. А и некако млада ми изгледаше за тетка.
    А госип.. летоска додека чекам да излезе 3 сезона од вампирите ќе гледам госип :)
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.969
    Пол:
    Женски
    Абе луди сме :D И јас сум слаба на скриени текстови па си ги прочитав и ако биде така за Дејмон баш сакам.Иначе за старател некој праша погоре може Аларик да и биде така ми штима ако не се во роднински врски :?: Е сега не го читајте овој спојлер да не си расипете филингот за трета сезона! :!:
    Јас прочитав кажав и предходно дека терта сезона ќе биде сезона посветена на Оригиналите, се сеќавате како промото за оваа сезона што беше Годината на Кетрин така нешто, па има шанси навистина да се живи и другите оригинали така ќе направат бум во серијата.А за Тајлер читав дека режисерот сакал некој поголем удел да има во другата сезона како демек единствен врколак, сигурно ќе го гледаме почесто.За Мет се согласувам многу ми е таков кенкав и секој може да манипулира со него.За Џереми ми е најмногу жал од сите, прво ги изгуби родителите, па Вики, па Ана сега и Џена жалче, мене Џена ми беше многу пријатна личност и мислам дека баш беше погодок што баш со неа оддеднаш се напрви пресврат.
     
    На dancing.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Цел ден неможам да се приберам! Цело време мислам на филмов ама и јас си се зинаплакав и тоа како :'(
    Не знам што да мислам
    Овој спојлер се само импресии за епизодава
    Ау колку ми беа интересни тие огнените кругови. Ама ми беше и жал како ги зароби оваа Грететината. Ми доагаше да ја убијам а кога се појави Клаус :envy: Многу ми беше жал за Џулс кога и го искорни срцето, се наежив целата. А потоа пак кога дојде ред на Џена леле колку ми беше жал за Елена. Се и се случи заради овој никаквиот. Е веќе кога дојде Бони е тогаш тие да видат што е моќ ]:) Дејмон на Грета главата и ја сврте за 180 степени А потоа Бони кога почна со магијата па дрвја се тресат :rofl: А Елајџа стварно е дволичен но и тој си има некои цели и работи кои што ги сака па мораше да одигра така потполно го оправдувам :!: Само ќе бид лошо ако Клаус го лаже (а мислам дека да...или пак не :?: ) За Џон многу пати променив мислење. Во почетокот го мразев потоа ми стана драг, и потоа пак го замразив и сега пак ми стана мил и си отиде човеко Многу ми беше жал кога го остави писмото на Џереми, ја погледна Елена и излезе и потоа... Многу жално. Тотално се внесов во серијата, а особено во оваа епизода. Кога разговараа Џереми и Елена ми беше посебно жал за Џереми. Толку многу драги личности изгуби, но како и што тој бели, елена е сеуште со него. :| А дејмон, неможам да замислам епизода без него. Колку беше трагично кога замина, но тука е братко Стефан, сигурно ќе најде решение :!: Да се навратам на Елајџа, кога го виде Клаус и "Hello brother" ау колку ми беше кеиф но потоа пак ништо. Тејлор кога беше волк, сироткиот. А Мет пак уште од почетокот на првата сезона ме нервира и неможам да го смисла. А пак уште не ми е јасно како Елена порано било со него. Ама поарно што си отиде и така го нејкам сега и јас сакам КЕРОЛАЈН И ТЕЈЛОР :inlove:

    Инаку јас иако ги читам сите спојлери, пак серијава ме остава без зборови! Сега ќе го изгледам промото за следната, па нестрплива сум!!! Се надевам дека подготвиле супер крај за оваа фантастична сезона. (не се сомневам но ајде)

    во спојлерот е промото за следната епизода никако не отварајте ако не сакате да си расипете :!:
    http://www.youtube.com/watch?v=x5jbIIz2k04&NR=1
     
  12. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Можеби сум здодевна со слики ама морам да ги споделувам со вас :wasntme: . Додека ги гледав цела серија ми се наврати :) . Елајџа ми е многу убав а и Лекси, не требаше толку набрзина да замине. Сите го сакат Дејмон и сите сакат да биде заедно со Елена бе :muscle: .

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На 1209, Sparks и dancing.queen им се допаѓа ова.
  13. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Јас промо не гледав за последната сакам да се изненадам, одвај се воздржувам да не погледнам што сте го објавиле промото. :sweat:

    Преска гледав Тотална русокоса и еден многу ми личеше на Аларик и после гуглав и он тоа да ти бил
    [​IMG]

    Забележувате ли дека на Елена и се подебели веѓите или јас лошо сум забележала ? :D
    [​IMG]
    И дали забележувате дека Елена(Нина) на сите настани е со Дејмон(Иан) :)
     

    Прикачени фајлови:

    • nina.jpg
      nina.jpg
      Големина на фајлот:
      10,6 KB
      Прегледи:
      242
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Ваљда и ги цртаат :) а другарка ми ми кажуваше дека Елена и Дејмон во приватниот живот биле заедно а па Стефан се лутел :lol: , не знам колку е точно не сум гуглала :wasntme: .

    As the show inches toward the season's end, Nina Dobrey has offered up some "gut-wrenching" details of next week's "Vampire Diaries" finale (May 12).

    The 22-year-old, who plays Elena Gilbirt on the CW series, has revealed that "people will be dying," and has promised that viewers will be crying by the end of the highly-anticipated sendoff.


    Nina Dobrev
    Age: 21

    Relationship Status: It’s complicated (rumored to be hooking up with Ian Somerhalder, her costar on “The Vampire Diaries”)

    Ian Somerhalder
    Age: 31

    Relationship Status: It’s complicated (possibly with Nina Dobrev)
     
  15. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    ^ Да бе, имав спомнато и јас за истово низ темава негде...

    Макар знаете што? До некој степен убаво го прават сето ова, не е класнична CW серија каде што секој со секого се сменува. Во госип буквално од 6те главни актери секој со секого се има поминато :D :D Во три хил го направија од шпанска серија бетар, ова е малку поразлично.

    Сите ги сакаме Елена и Дејмон како пар, сценаристите го знаат тоа, чекаат само погоден момент да снимат таква сцена. Успешно не подбуцнуваат, во Роуз кога и рече дека ја сака Дејмон, сега пред некоја епизода кога и рече дека ќе ја одбери неа... Веројатно другата сезона веќе ќе ги видиме како пар. Ако почнеа уште од прва сезона, ќе се изгубеше тој шмек на серијата.

    Инаку во книгите оваа ситуација кога Клаус ја зема Елена и кога ја спасуваат во книгите скроз поразлично е опишана и е едно 13414324234243 пати поубава. Ако сакате ќе ја напишам :)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Напиши напиши ^_^ може во споилер ако неќат другите да читаат :)
     
  17. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Хехе ајде... Не ме тепајте ако не беше точно вака, одамна ми е читано тоа... :) Ај во спојлер ќе го ставам

    Значи во книгата Дејмон кога ќе ја спаси Елена се случува следниов муабет:

    Дејмон: Do you know who you are?

    Eлена: Elena.

    Дејмон: And what about me? Do you know who i am?

    Eлена: Of course i do. You're Damon and I love you.

    И тогаш Елена му признава дека го сака... Oти бе и во серијава не го направија така ]:) ]:)
     
    На Strumfeta93, dancing.queen, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Ајде може во 3та сезона ќе ја чекаме оваа сцена :lol:
     
    На Sparks му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.969
    Пол:
    Женски
    Јас лично мислам дека Елена има чувства за Дејмон и тоа не само пријателски.Таа го сака ама на различен начин од Стефан.Нивната врска е по смирена онака...А со Дејмон е ватрено, кога се заедно фрчат искри меѓу нив, има некоја страст страшна хемија :D
    Едит: Може ли човек просто да не ги сака гледај ги гулапчиња
     

    Прикачени фајлови:

    На dancing.queen и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  20. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    874
    Значи ова е моја предпоставка како би завршила 2 сезона, не дека имам читано некаде
    Сите ќе мислиме дека Дејмон ќе умре и тоа ќе го кријат до втора, трета епизода и потоа ете го Дејмон здрав и жив како човек овој пат :lol: :lol: Да одам за режисер што велите :P :P
    Не сакам да прават пауза цело лето сакам одам да почни 3 сезона! :D :D
     
    На SuperGirl2010 му/ѝ се допаѓа ова.