Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневниците на вампирот (The Vampire Diaries)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Maturantka, 15 септември 2010.

  1. Perfectgirl5

    Perfectgirl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2015
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    985
    Пол:
    Женски
    Зависна сум од серијава :(:( Вчера ја изгледав последната епизода од 6 сезона и денес почнав пак од 1 сезона. Се заљубив во Дејмон аа:inlove: A и Ензо ми се допаѓа :l:
    Крајот беше добар, ама очекував нешто по емотивно нешто ;(
    А Делена ќе ми недостига многу, ќе ми недостига Дејмон среќен, бакнувањето..:D:D
    А сега некако ми изгледа како да сите ќе чекаат Бони да умре за Елена да се разбуди хаха :lol:
    Сепак едвај чекам 8 Октомврии за 7 сезонаа :punch:
    [​IMG]
     
    На the.vampire.girl и Rosonerka им се допаѓа ова.
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Луѓе,почнаа сериите,каде сте за коментирање? :D

    Прва работа-колку е убава серијата без Елена :D Иако ми е жал за Дејмон,воопшто не ми фали,ама баш ич :D
    А воглавно епизодата беше просечна.Како што претпоставив,после 3 години сценарио,иако се навраќаат.Ме заинтригира која е типката што ги брка Дејмон и Стефан,т.е Стефан.И истиот белег го имаше и еден од тие еретиците.
    Кога сум веќе кај нив,ужасно антипатични ликови,стартно со Лили,ама мора да има негативец,така да ќе поминат.
    И не се воопшто супермоќни,Бони и Дејмон го утепаа Малколм во два потега.
    Евакуацијата на Мистик Фолкс е добра идеја,ама безвеза изведена.И како цел град се евакуира,а никој не доаѓа да провери,федерални власти или не знам,некој? :D
    Мет си остана единственото човечко суштество,додуша единствениот што е предосаден како појава.Се разбира не треба да се заборави Аларик,кој го обожавам и е една од причините што продолжувам да ја гледам серијата.
    Сцените во Амстердам со тројцата беа најинтересни од целата епизода.
    Пријателството на Бони и Дејмон ми е ептен убаво,само се надевам нема да ја направат глупоста да ги спојат некако романтично,бидејќи би бил сосема погрешен потег.

    И толку..
     
  3. loreddie

    loreddie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    67
    Каде ја гледаше?? :D
     
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
  5. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Почнуваме :D

    Просечна епизода, не ветува многу.
    Прво : едно огромно НЕ за Стефан и Керолајн, ма не ми е гајле колку фанови има Стеролајн ми се грози од нив :puke:.
    Второ : серијава без Елена е далеку подобра дури ни за Дејмон не ми е жал.Некои работи можеа да се спречат, но Џули мора да се слуша нели.
    Трето : Лили и компанија ми изгледаат на лесни + едниот од нив го суредија во 2 чекори.Не знам што им се плашат, на крај краишта има многу ,,оружја,, кој со соодветно користење можат да се употребат (guns, blades, blunt objects, wooden stakes, vervain, invitation rule, animal blood, desication, fire, poison, suffocation, werewolf saliva is pointless to be used as a weapon, possibly cancer
    supernatural weapons that can be used or channeled-the cure, they can take away or siphon daylight rings, esthers talisman to channel for power, the ascendent(if any remain), the gilbert compass, qetsiyahs talisman(if they can find it), bonnies teddy bear, possibly the heretics will die from absorbing too much magi)
    Четврто : Don't date Alaric :rofl::rofl: Жал ми е за човекот, прво Изобел, второ Џена, трета Џо, до каде вака.Не знам што се обидува да направи, некако не се вклучува во целава приказна, си тера некој свој живот.
    Петто : Мет, тој е сеуште жив? Толку луѓе изумреа, 2 оргинали, безброј вампири, а тој како што си го буташе носот секаде успеа да преживе браво, свака част, не можам да сватам каква улога игра тој во последниве сезони, али ај :)
    Шесто : секој втор збор упатен кон Бони ја прави да се чуствува виновно, но и самите луѓе во серијава се однесуваат така.Како она да е виновна за се, а не е.Можеби да не беше Бони работите ќе беа поинакви, но таа не е крива што Каи беше психопат прва класа, или што Бенет семејството е проколнато од самиот почеток.Никој не е свесен што Бони патеше кога беше сама во затворениот свет (1994), или колку пати умре за да ги спаси нив, колку пати беше повредувана од секого (физички и психички) и после Бони крива.
     
    На Mishela и Marossa им се допаѓа ова.
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Не сум ја почнал да ја гледам новава епизода, но се прашувам, дали да се откажувам од серијава или да ја догледам и новава сезона....
     
  7. Perfectgirl5

    Perfectgirl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2015
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    985
    Пол:
    Женски
    Конечно почна:f:
    Колку е само поубаво без Елена, без нејзините лигавења :puke:
    Дејмон и Бони ми се омилени. Си го сакам нивното пријателство, нешто најдобро во серијава. Стефан и Керолајн подобри ми беа како пријатели, но и ова не е лошо.. Овие новиве ми се интересни, наредната епизода ќе видиме што ќе се случи, пошто им убија еден член од семејството.. А ова со Мет глупо ми е, ич не го сакам, антипатичен е.. Како така овие убија 100 личности, а тој уште е жив :punch:
    Сепак некако многу нови ликови, нови места, чудно е, како нова серија :D
     
  8. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Серијава ја упропастија начисто, но со оглед на тоа дека е последна сезона (се надевам), би ти препорачала да ја гледаш.Не ветува многу, ликовите се крајно антипатични но сепак како верен фан јас би ја гледала макар и 10 сезони да има.
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Perfectgirl5

    Perfectgirl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2015
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    985
    Пол:
    Женски
    Првите сезони се преубави, акција, љубов, возбуда. Но, последниве сезони се согласувам со @srhsejbsk ја упропастија, но сепак има некои моменти кои што се :muscle: Почни да ја гледашш :punch::l::l::l::l:
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.194
    Пол:
    Женски
    Јас пак навивам да ги спојат Бони и Дејмон. Више сите со сите ги испомешаа, зошто да не и нив? Би било интересно, не? Вака има надеж дека можеби Елена ќе се врати, но ако ги спојат двајцава Бони ќе му биде новата љубов на Дејмон и Елена скроз ќе ја заборават.

    Ми беше интересна епизодава, некако многу набрзина се случи се, но добра беше. И баш се заинтересирав кој ги брка браќава? Не следам tumblr, но ни на фб никој не најави појавување на некој од претходните ликови така да можеби некој нов. Ќе видиме нареден петоооок. :)
     
  11. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Интересна беше епизодава. Прекрасни сцени беа оние во Амстердам, посебно оние со Дејмон и Бони, иако ги сакав заедно во романтична смисла, се предомислив и сега сеуште сум неодлучна дали се за само пријатели или нешто повеќе.
    Аларик, шо си мисли не знам, жал бе за човечето, колку жени изгуби?
    Колку е убаво без Елена.
    Новите човечиња поточно вампирчиња :D се крајно антипатични, ми фали Каи, сакам Каи, сакам многу од Каи.
    Ауу, која е женската што ги бркаше СТефан и Дејмон? Баш ме интересира, еј!

    Замерки: премногу брзо ми се одвиваше се, и на некои сцени не ми се допаѓаше глумата на актерите и како се снимени сцените.

    Бони! Мојот фејв лик од серијата. Едвај чекам да ја видам да биде уште по - badass од што беше. Царица!

    И најубавите сцени беа оние со Стефан и Керолајн. :inlove: Прекрасни беа! Редно беше бе Керолајн! tumblr_nvxswjGZ3q1rmmtjlo1_400.gif tumblr_nvxswjGZ3q1rmmtjlo4_400.gif
    tumblr_nvxjlu06cE1s5p7zno4_250 (1).gif tumblr_nvya9wQhXL1uswjbqo6_250.gif
     
  12. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Јас уствари веќе ја гледам. До седма сезона сум. од четврта навака ја упропастија серијата.
     
  13. G.G

    G.G Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    За девојката што ѓи брка Стефан и Дејмон, јас мислам дека е Керолајн дека нели од кога Ензо ја успа со што и да беше тоа одма скокнаа на "по 3 години" сигурно овие новиве некако ја контролираат или пак е нешто сосема друго ;) останува да видиме, епизодата по мене за разлика од Оригиналите имаше слаб почеток но без лигавењето на Елена се надевам дека ќе ја подобрат
     
  14. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Дали сум единствената која буквално умре од досада за време на епизодата?Ја гледав два часа зашто се друго ми беше поинтересно..Не бев фан на ликот на Елена но серијата има драстична промена без Нина Добрев.Новите ликови,самата појава на Лили и глумицата ми беа нешто најужасно и најдосадно.Ни Дејмон не ми е истиот,досаден..Најмногу ми беше интересно што Мет стана полицаец.Се шалам :rofl: Сосема е непотребен.Ми фали Каи најмногу.И таман ќе го пофалев Ензо дека ми беше единствениот океј во целата епизода и тој на крај...Ништо не ми е интересно,требаше одамна да заврши.Ќе размислам после 2-3 епизоди дали да продолжам со серијава.И баш ме интересира со Керолајн што ќе направат затоа што Кендис е трудна.Гледав едно интервју и зборуваа за тоа какви би биле Стефан и Керолајн како родители.Се надевам дека нема да вклучат и раѓање на некое суштество..
     
    На Mishela, Tiki-lolipop, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Одвај чекав да почне сезонава. Мене ми беше ок епизодава, се отворија некои нови прашања. Како за прва епизода ме заинтересира. Факт е дека серијава беше најдобра во периодот со Клаус. Тогаш го достигна врвот ама јас како малку пристрасна не се откажувам и секогаш ми е интересна, може и затоа епизодава ја оценувам како солидна.
    Да ви кажам ми фали Елена. Беше лигава, да, ама па без неа серијава некако не ми е тоа-тоа. И баш би сакала да се врати, барем на последната епизода, ако ништо друго. Да ја завршат серијата повторно сите заедно.
    Многу ме интересира што беше тоа "после три години". Мислам дека Лили беше таа што ги бркаше. Одма ми дојде на памет дека ги убиле сите нејзини мезимчиња, па сега е бесна на браќава. Ама ако навистина излезе така, ќе биде премногу провидна приказна.
    Кој лежеше во ковчегот до Дејмон? Затоа што имаше два, а Стефан го отвори само ковчегот на Дејмон. Можеби Елена?
    Стефан и Керолајн ги сакам како ликови ама не ги сакам заедно, туку само како пријатели. Ни на самиот почеток, ниту сега не навивам за нив. Аларик пак нешто ќе изведува сам, ќе направи некоја утка, сигурна сум. Дејмон и Бони најмногу ги сакам, а и сцените со нив ми се најголемо освежување во сите епизоди.
    И, она што најмногу ми се допаѓа како старт на сезонава е што серијата се врати на она што всушност и беше, серија за вампири, а не вештерки. Во првава епизода видов повеќе крв и акција отколку во последниве две сезони заедно.
    Ајде чекаме сега наредна епизода. :) Јас никогаш не би се презаситила од серијава. 100 сезони да има, пак ќе ја гледам. :D
     
    На Mishela, Victorian, Tiki-lolipop и 3 други им се допаѓа ова.
  16. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    значи новава сезона ке е без ЕЛЕНА се надевам дека ке се малку посериозни со повеке пораснати прикаски
     
  17. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Мислам дека мајка им или тие двете лезбејки ги бркаат. Ама ќе видиме што ќе покажат во втората епизода. Иначе првата епизода добра беше според мене. Ќе видиме понатака.
     
  18. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    За разлика од првата оваа епизода ми беше 100 пати поинтересна.Сепак па досадно,дејството не ми е интересно.Се прашувам со тоа три години што се случува,ми излгеда прилично глупаво.Кој ли ке испадне сега дека и е свршеник на Керолајн...Мет гревче,само за такви работи им служи кутриот.Сега верувам дека ќе се врти се околу ковчегот на Елена,но добро е што овие двајца нема очи да си извадат.Ензо е баш глупак мислам...
     
    На Victorian и 1209 им се допаѓа ова.
  19. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Вторава епизода ми беше многу поинтересна од првата.Сепак ми се допадна ова враќање напред назад,дава доза мистерија и неизвесност како стигнало дотаму.
    Една работа се надевам,дека Мет не е тој свршеникот на Керолајн,оти ќе пукнам :D
    А зошто им се лоши односите со Стефан,многу веројатно е дека Валери има нешто со тоа,штом толку се спомнуваше епизодава.
    Навистина се безмилосни еретиците,а Лили навистина е злобна,ама и антипатична ми е.
    Ќе има глупости и со тој каменот,уште од почеток се знаеше дека Аларик нема да го фрли,не дај боже некој да го направи правилниот избор еднаш во животот.
    А Мет гревче,само како жртвено јагне го користат,не можам да не се смеам :D :D :D
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  20. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Мене баш ми е интересно што има многу мистерија затоа што знаеме какви беа претходните 2 сезони,досадни. Керолајн ми е интересна,Дејмон без Елена е 100 пати подобар,навивам за Стеролајн и добив впечаток дека ликот на Бони го прават лигав како Елена што нејќам да се случи затоа што Бони ми е една од најомилените во цела серија. Интересна е сезонава сега за сега и се надевам дека нема да ја отупат.Не ми се верува колку повеќе ја сакам серијава без Елена,колку и да беше добра Нина Добрев со глумата ама ликот беше катастрофа.Ензо ме разочара,знам дека е добар и верувам дека ќе ја одбере страната на Дејмон и екипа,ама ете се заљубил во Лили што е многу гадно затоа што не си одговараат како мајка да му е.