1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневниците на вампирот (The Vampire Diaries)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Maturantka, 15 септември 2010.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Па редно е да е последна сезона, средношколка бев кога почнав да ги гледам TVD, уште малце и ќе магистрирам, а они уште се светлосни години далеку од крајот.
    Ќе стане досадно, мислам дека им се исцрпуваат веќе сите теми и редно е да и дадат една фина завршница на серијата.

    Патем, јас се изгубив - немам поим до каде сум со серијата, немам гледано со недели.
     
    На Adi888, MiloMalo, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Да,веќе редно е да заврши.Иако,да признаам,сезонава им е прилично добра и уште добро се држи.
    Не очекував Лили да умре,и како што спомнаа после 3 години нема ни да се врати.Ме интересира стварно која е типката што ги брка?
    Патем,во промото за мид финале го видов Дејмон прободен,зар уште сега ќе легне во ковчегот? Или пак после директно ќе скокнат после 3 години,којзнае веќе.
     
  3. P.SIloveyou

    P.SIloveyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Имам ги изгледано 6те сезони,кога ќе ѓи иснимат сите еп ќе почнам да ја гледам и 7та сезона.Сега мислам дека е до 8 епизода.Како и да е оваа е првата американска серија што почнав да ја гледам(од почеток до крај ќе ја гледам)Незнам ќе видам дали ќе ми фали Елена или не.Ама Дејмон и Стефан ѓи обожавам!
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.756
    Допаѓања:
    37.833
    Пол:
    Женски
    Дали сериозно пишиваш ѓи место ги?
     
    На SuperGirl24, Srckata28, MiloMalo и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    До сега во серијава се случија мноогу бессмислени работи ама ајде надреална, фантазија па не можеш да бараш логично објаснување.
    Ама едноставно преку некои факти не можеш да поминеш, како фактот дека вампири не може да имаат деца. До сега во сите серии, филмови било јасно, (дури и во Твајлајт Бела остана трудна додека беше човек). Значи како може во матка на мртов човек да се развива плод? Со крв не можат да се хранат зашто не се вампири,со што ќе се хранат со магија ли?
    Ова беше врвот на глупостите кои ги смислуваат продуцентиве, можеа да ја тргнат Кендис на неколку епизоди или да и го замаскираат стомакот ама вака..:|
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.256
    Допаѓања:
    3.016
    Пол:
    Женски
    Сега пак една подолга пауза за 10 епизода до 29 јануари:drunk: Абе редно е да е завршат серијава, и во 10та епизода да се префрлат директно на дејството после три години. Веќе и како да немаат идеии што да снимаат уште, се некако без врска последниве епизоди ми се, се надевам ќе направат барем еден добар крај и ќе нема 8ма сезона. Некако без Елена не ми е тоа тоа, на Дејмон му ја упропастија улогава колку само порано беше поинтересен, овие вештеркиве ме нервираат, глупости со нив, исто и ова со Керолајн по бессмислено нешто, нема. (facepalm)
     
    На Victorian и srhsejbsk им се допаѓа ова.
  7. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.105
    Пол:
    Женски
    Како огромен фан на серијава, а настрана од неа и на Нина Добрев, бев уништена кога стана официјално дека веќе ќе ја нема Елена, зошто ова не е една од оние серии каде има повеќе паралелни дејствија па доколку еден лик си замине тоа да не е ништо важно, туку Елена беше суштината и столбот на целата приказна...
    Подобро ќе беше крајот на 6 сезона да беше поинаков и тоа да беше воедно и крај на целата серија, вака, новава сезона е несфатлива и неповрзана и бесмислена, мака ми е веќе да ја гледам. Синојка од пуста носталгија си ја пуштив пилот епизодата од 1 сезона и искрено не ми се верува која е промената.
    Иако сум фан, сакам веќе еднаш да заврши серијава за да ми остане во убаво сеќавање, а не како само уште една упропастена серија.
     
    На Victorian, srhsejbsk и 1209 им се допаѓа ова.
  8. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Неможам да дочекам 10 епизода да излезе ..:D
     
  9. Rosonerka

    Rosonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    4.192
    Ajдее нека излезе 10 епизодаа:lol:
    Ми се чини само мене уште ми се интересни, иако прилично се завлекоа и затупеа со некои ликови како што се вештеркиве.
    Не ми се свиѓа приказната со Керолајн близнаците бла бла без врска, дефинитвно се стопив на моментот кога Стефан и рече i love you на Керолајн и дека е со нејзе во тоа..Според тоа како прикажуваат за неколку години нема да истраат они двајца..:?:
    А и веќе нема некој асален пар:punch:
    Фали тој хумор на Дејмон и сите тие "поопасни" непријатели.
    Откако се случи ова со мечот да видиме ќе како биде без браќата Салватор.
     
  10. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.105
    Пол:
    Женски
    Богами ти си една од ретките што е се уште толку еуфорична. :rofl:
    Нема баш да биде без браќата, сега напротив сигурно ќе се фокусираат најмногу на „пеколот“ на Дејмон и „пеколот“ на Стефан, како самите ќе успеат да се справат со тоа, додека Бони сигурно ќе бара некое чаре за да ги извлече оттаму. Плус и Кендис Акола (Керолајн) се породи и ќе отсуствува, ќе мора некако да го свртат вниманието и од нејзиното отсуство. Искрено многу завлекоа во непотребни работи, на страна глупавана „вештерска бременост“ на Керолајн, според мене „семејството“ на Лили беше нешто најидиотско на цел свет и сите беа толку монотони и здрвени, оној црнион (не знам како се вика) што е нем им беше најинтересен лик од целата дружина, најозбилно. (facepalm)
    Сега само што ја завршив втора сезона, ја почнувам трета (си ја гледам цела серија одново), и не ми се верува од каде до каде се стигнати. Во последниве сезони ниту еден пар, ниту еден „непријател“, ниту еден заплет во приказната не се реални ниту логични, само се онака, колку ради-реда, а пак откако Нина си замина и Елена „умре“ реално се доуништија, не знаат веќе што и како да завртат, не е тоа тоа.
    Ама најмногу од се.... абе ми фалат Стефан и Елена заедно. Е онаа, вистинска, еднаш-во-живот, епска и неповторлива, чиста и искрена љубов, без лажење, без бришење меморија, без присилување, туку онака, да го извади најдоброто од двајцата. Какви Делена со страст, жар, секс на 5 минути и не знам ти што, Стелена се правата end game. :inlove:
     
    На Rosonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    9.360
    Пол:
    Женски
    По милионити пат ќе кажам дека Клаус и Керолајн се нешто најсветло во серијава.Сето тоа што Клаус го направи не беше за оправдување, но Керолајн го виде доброто во него, таа колку и да одеше против себе сепак го засака, зар тоа треба да остане недовршено? Многу се нервирам кога ќе прочитам ,,Ама тие се различни серии, различни градови, бла бла бла,, за се има решение.Според мене Керолајн требаше да замине со Клаус, Кетрин да останеше со Стефан (затоа што таа е неговата вистинска љубов, а не Елена) и Делена секако.Мислам дека ова ќе беше најдобар крај за TVD уште пред неколку сезони, па после со TO можеа да прават сплетки колку сакаат.
     
    На Victorian и 1209 им се допаѓа ова.
  12. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    9.360
    Пол:
    Женски
    Интересана епизода.Слатко се изнасмеав со Дејмон во ,,пеколот,, мада мелце глупа реакција имаше кога успееа да го оживеат али баш беше лезет епизодава, немаше многу херетикс глупости и едвај ја чекам 14 епизода како што кажав и во темата за Оргиналите :)
     
  13. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Јас ја прекинав серијата сега за сега бидејки не можам да поднесам да гледам вакви глупости.Почетните 3-4 епизоди беа доволен знак за прекинување...Натаму не ни сакам да гледам нити да знам.Кога ќе се сетам какви беа првите 3 сезони а сега што е,како две различни серии да се..
    Можеби натаму некогаш кога ќе решат крај да и стават ќе продолжам.:D
     
  14. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Епа ајде го уништија и најинтересниот лик оваа сезона, Дејмон. Немора толку да има последици од комата, може веднаш да преминат на тоа што се случува после 5 години или не знам кога. Буквално глупости прават, вртат се во круг, се е видено ова само различни ликови што и се закануваат на дружинава, истото го видовме и кога беше Клаус и со Сајлас, па дури сега е поглупо зашто ги умреа пола интересни ликови. Стефан, тапа оваа сезона, Керолајн многу е пасивна без Елена, нема некој акција, Бони е супер, Мет не знам уште што прави, Аларик една епизода го има,друга епизода го има во 1 сцена,после 2 епизоди го нема. Херетициве беа интересни додека беше жива Лили, не знам зашто го тупат уште со неа и Дејмон, криво ми е стварно што ќе го мрднат Дејмон зашто нема некои јаки ликови.
     
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.504
    Пол:
    Женски
    ^Инаку слушнавте, ке има crossover на Оргиналните и оваа серија. Стефан ке оди во Њу Орлеанс, исто така и Керолајн, но не во истите епизоди. Првин ке има некој телефонски разговор меѓу Клаус и Керолајн, искрено на серијава уште тоа и фали, љубовен триаголник меѓу две серии. :^)

    Но, возбудена сум да ги видам Клаус и Стефан повторно заедно на екранот.
    Can't wait!
     
  16. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Многу ми се досадни епизодиве,ќе заспиев на пола епизода. Искрено се мислам и дали да продолжам да ја гледам ама ај не ми се прекинува на 7 сезона. Не би да се повторувам, истите работи ги вртат во круг, таман ја убија Лили сега па ќе го прогонува Дејмон,никако да се ослободат од неа. Стефан како воопшто да не постои, Керолајн исто како скроз да се изгуби, акција никаква нема, Џулијан не ни доликува на главен антагонист,херетициве исто ги снема. Мет уште не сфаќам што бара во серијава, единствено со Бони ако се случи нешто интересно другото се` е монотоно.
    А во врска со кросоверот, на почетокот и јас се надевав ама сега не ми се свиѓа идејата. Оригиналните е 100 пати подобра серија и не би сакала да го уништат цело дејство или пак Керолајн да му се јавува на Клаус. Клаус си најде нова љубов и најубаво е така да остане.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    9.360
    Пол:
    Женски
    Јас па едвај чекам да видам што ќе биде тоа со Клаус и Керолајн :D
    Инаку за Дејмон, се сложувам, неговиот лик го упропастија начисто, кога ќе ми текне на првите 3 сезони се друго е гола вода.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.575
    Допаѓања:
    48.895
    Пол:
    Женски
    Што беше работава? :?: Премногу научна фантастика.
    Добро и онака е научна фантастика, ама Дејмон после будењето...
    Како скечот со Цацко од К 15 кога на сите им ги скршил кичмите. :rofl:
     
  19. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.143
    Пол:
    Женски
    Odvaj cekam da go vidam krajot.Prvite 3 sezoni bea super,ostanatite 2 moze da se kaze dobri ama 6 i sega 7 sezona se dosadni. Dobro e sto nema najavezno 8 sezona,definitivno nema da ja gledam.
    Planiram da pocnam da ja gledam The Originals, 3 sezoni se ama uste ne se ispadnati site epizodi od 3 sezona pa cekam da ispadnat za da bide naednas gledanjeto :)
     
  20. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Да видиме што ќе биде со дејмон сега.. Некако несватлива мие 7 сезона.. Се осеќа отсуството на елена . со неа беше по интересно. .
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.