Форумџика на годината

Дневниците на вампирот (The Vampire Diaries)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Maturantka, 15 септември 2010.

  1. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    И јас. Па не се фер вака, цело лето пауза, па која серија ќе ја гледаме кога подобра од оваа нема :(

    Не се чувствувај досадна, и ние сакаме некоја сликичка плус ;) Еве нешто и од мене и од моето гуглање :P
    овие слики и биле кога оделе за Canoga Park, California
    [​IMG] м? што мислите за сликава :inlove:
    [​IMG] многу ми се допаѓа облеката која ја носи
    [​IMG]
    Нешто од Тајлер и Џереми
    [​IMG][​IMG]
    а ова го прочитав на една страна исто
    REASONS WE :l: TYLER
    -He is really cute!
    Even though he was a jerk to his ex-girlfriend, he is still a nice person
    -He and Caroline are supercute together! :D
    И добро е што во 3 сезона повеќе значење ќе им дадат на вукодлаците, повеќе ќе го има Тајлор :)

    Едит: Неможев а да не ја поставам сликава
    [​IMG] хахах (неможам да ставам смајли, ограничен е бројот, затоа смајли што се смее)
     
  2. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Мислам дека сум единствена којашто сака Елена да остане со Стефан. Не знам повеќе ми одговараат некако , а и стефанчо си го сакам уште од старт повеќе од Дејмон.
    И да , одвај чекам да ги видам Керолајн И Тејлор заедно, многу си одговараат!!! :)
    А, многу ми е жал што ќе треба дури до септември да чекаме до нова сезона, не знам што ќе гледам во меѓувреме. За време на последнава пауза Friends 3 пати ги изгледав од 1ва до 10та сезона.
    Ама овојпат не знам што ќе гледам.. :)
     
  3. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    ^
    Јас ќе ги гледам The big bang theory. Но не верувам дека ќе ми биде интересен ко The Vampire Diaries :D
     
  4. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ја гледам Gossip girl. Четврток леле can't wait! :o Многу ќе биде интересно, а читав дека
    натаму сите ќе ожевееле само Дејмон не. Мене не ми се верува баш ама ајде ќе видиме :|
     
  5. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    http://www.youtube.com/watch?v=bauBbKZy ... re=related :inlove: многу ми се слатки, гледајте 1:07мин и гледајте ги во рацете :l:



    Денес може да му поставувате прашања на Аларик. http://www.blogtalkradio.com/vampradio/ ... avis--2011
    Утре на Џена. http://www.blogtalkradio.com/show3.aspx ... ning--2011
    Петок: Керол Локууд http://www.blogtalkradio.com/vampradio/ ... ters--2011
    Понеделник: Форбс http://www.blogtalkradio.com/vampradio/ ... tyre--2011
     
  6. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да му поставам прашење ама несакам да се регистрирам таму. Ќе може некој да постави прашање место мене. Прашањето гласи:
    Дали Дејмон ќе биде мртов? :) :$ Благодарам однапред ;)
     
  7. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    ^
    Можеш и преку фејсбук, јас се зачленив и му пишав прашање ако одговоре ќе го поставам и твоето.
     
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Јас па многу ги сакам Дејмон и Елена заедно :) , Спаркс како да ме опчини, се сеќавам кога спомна дека многу и се свиѓаат двајцата како пар баш ден пред епизодата кога умре Роуз. Е тогаш што направи Дејмон ми стана срце и сега многу си го сакам. Дури сега гледам некои нивни сцени и ги доживувам на друг начин :inlove: . Многу си го сакам беее, а и Нина, било Елена или Кетрин ја обожавам, толку ми е срценце :inlove: . А и јас планирам времето да си го пополнам со госип :) .
     
  9. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301

    А, па и госип стандард секој вторник ја гледам :D Ама и неа ке ја прекинат од следната недела. Не дека многу жалам, ептен е тапа оваа сезона. Туку да не бидам оффтопик
    Дејмон е главен лик (знам дека уште од старт ликовите летаат и влетуваат со брзина на светлина во серијава, ама цела серија ќе им пропадне ако го убијат Дејмон. Кој и да стават на негово место , ќе биде џабе. )
    Освен ако нема некои гласини дека Ian ќе го напушти шоуто , па така ќе бидаат приморани да го убијат и во серијава , мислам дека сепак ќе го гледаме во трета сезона. :D :D
    Кант вејт!!! :)
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Јас денеска ја почнав серијава и изгледав две епизоди.
    :^)
    Што да кажам?
    Насловот не ветува ич, ама ајде, и' дадов шанса.
    Тоа Dear diary неверојатно ме вади од такт и ме потсетува на првооделенче.
    Тоа како се појавуваат овие двеве братчиња без најава, изненадно пред момиве исто ми е бедно.
    И многу смешно, замислувам пародија и ми доаѓа да се вриштам од смеа.
    Did I scare you?
    Не бе ич, и' се внел во фаца ко муфлон.

    Не знам, скептична сум, многу ми изгледа детска серијава, а сум изгледала прилично глупи сериички, гледам и многу позитивни коментари тука и френетични обожавателки, па... би дала шанса уште епизода или две.
    Иако почетокот е страшно беден, признавам.
     
  11. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301

    Гледај понатаму , ќе видиш колку ќе ти се смени мислењето :D
    Посебно втора сезона... оф оф :)
    Нема да можеш погледот од монитор да го тргниш :)
     
    На Strumfeta93 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Нее... работите многу брзо се одвиваа, ликовите доаѓаат и си одат дур да трепнеш, секоја епизода се случува нешто интересно. Допрва ќе се дознава историјата што мене лично ми е многу интересна. Дури крајот на втора сезона дознаваме дека воопште не е ништо како што сме мислеле во текот на серијата. Се согласувам насловот воопшто не е ветувачки, само што слушнеш вампири и не ти се гледа ама овие вампири се многу поразлични од другите филмови, Дејмон верувам посебно ќе ти се допадне :) . Ја по дома со сите се тепав оти не станував, епизода за епизода гледав, едноставно влече.
     
  13. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Хехе кога ја читам Трендафилка, како да се читам себеси пред да почнам да ја гледам серијава и после неколку поминати епизоди. Многу ме нервираше и мене на почетокот, дали дека тогаш беше уште поизразена таа Твајлајт еуфорија |( |( , дали дека ми беше смачено насекое вриштење од дечишта ааа Едвард Едвард, ама ај реков ексик ќе ја изгледам и понатаму. Сега сум зависна од неа, Трендафилке за да ја ставам пред Госип и Биг Бенг (Заедно со Шелдонче кој начисто го обожавам :inlove: ) колку мора да ме бендиса...

    Макар што од оној впечаток кој го имам стекнато за твојот вкус на музика и филмови - не верувам дека ќе те бендиса. Затоа и еднаш кога бараше препорака прво Спартакус ти ја кажав а не оваа. Мислам дека нема да те бендиса и понатаму, не знам такво некое предчувство имам :)

    А за другите, гледајте Госип, прва сезона е најдобра, втората rocks исто така, третата беше океј а четвртава е за никаде, освен во средината некаде кога имаше сцени со непријатели со бенефиции :D Да видите која е Џорџина и вие, и оти си ја носам секој ден како корисничко име :D Знам дека никој нема да ја сака, јас единствена сум :D
     
  14. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Јас кога почнав да го гледам филмот, таа недела беше излезена 14 епизода од 1 сезона, баш се сеќавам :D Пред тоа кога ми ја препорачаа серијава ми кажаа што се случува и веднаш знаев дека е интересна :P А сега гледам дека било добро што предтоа не сум го гледала Твалајт (а и уште го немам гледано). Така да уште од почеток ме заинтересира. А ете Госип немам гледано ниту една епизода, па кога ќе гледам ќе ти кажам и ќе пишувам во темата наменета за истата :)

    да не сум многу офф-топик,
    Сепак мислам дека ќе пронајдат начин да го спасат Дејмон, мораат! Ама сигурно тоа ќе биде во 3 сезона затоа што пронајдов уште едно промо за следната епизода, ама не го поставувам, ако сакате ќе го поставам... Инаку неможам да дочекам до петок :doh:
     
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Кога Елена ќе стане вампир ќе и се врати нели меморијата кога била контролирана. А чинам Дејмон само еднаш ја контролираше кога и кажа дека ја сака, леле кога ќе се сети на таа сцена :inlove:

    http://www.youtube.com/watch?v=dJEsx1Um ... grec_index
     
  16. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Денес нова епизода во Англија утре кај нас :) фајнл еписоуд :| И после 3-4 месеци чекање :( :o
     
  17. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Кааааааааај сте бе луѓе? :)
    Долго време ме немаше на форумов, ама толку време и немав интернет :) Битно си симнував од интернет кафе епизодички и си гледав. А серијава растура :rock: :rock: Ама ако го тргнат Дејмон, ќе опадне гледаноста со брзина на светлината :)

    За Трендафилка, и јас исто како тебе добив мизерен впечаток кога почнав да ја гледам серијата, навистина се слаби некако првите епизоди, ама верувај дека после 4-5 епизода ќе те навлече дејството. Многу се добро осмислени ликовите и дејството. Воопшто не е детска серијата.

    И така луѓе, ајде уште оваа вечер и утре не чека јака епизода :) А последнава епизода беше премногу емотивна. Не дека плачев, ама стварно ме погоди...
    посебно смртта на Џена, е за неа малку пуштив солзички :'( :'(
     
  18. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    :o :o :o Каков крај....

    Да не пишувам во спојлери, изгледајте па ќе споделуваме импресии.
     
  19. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    И јас ваква останав :o Ама и спремете се за ;( барем јас си ;(
     
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Не се нормални бе, не се нормални :fubar: . Знаат ли во каква состојба не оставаат на толку долг период? Лани вака ни направија со Кетрин а сега.... сега ми иде да експлодирам.
    Значи опцијата со оригиналите отпаѓа, навистина се надевав дека Клаус не лаже ама ете, исто како Кетрин е, саможив, себичен, најмоќно суштество на земјата, никој ништо не му може. Жал ми падна за Стефан, се прокоцка само за брат му, ме фасцинира со неговата храброст ама жал ми ееее ;( не го заслужува сето ова. Додека очајно сакав Елена и Дејмон да се заедно сега малку се колебам. Стефан се што постигна фрли во вода а Елена го бакнува Дејмон. Цело време не можам да ја соџвакам оваа ситуација. Не можам бе не можам, што праваат??? А па и Џереми на крајјјјјјј??? Последиците ги гледаме, мислам дека тоа се случува само во неговата глава и толку а за понатаму други последици што ќе има не знам. За момент помислив дека Вики е жива и дека по толку време се враќа. Кога Дејмон му го скрши вратот нели се врати во живот, зошто сега не можеше? Гаф?- изгледа.
    Трета сезона - Стефан и Клаус. Со нив ќе се мути, чинам.

    Не знам веќе што друго да ви кажам ајде споделете импресии, очекувам сочна дискусија.