Дневниците на вампирот (The Vampire Diaries)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Maturantka, 15 септември 2010.

  1. elimonkey

    elimonkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2013
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    7
    Кајј се враќа, Вики и Џереми истоо, така да ќе биде интересно
     
    На LittleGirl626 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    8.732
    Пол:
    Женски
    Стефан го мразев од почетокот и сега имам и многу добра причина за тоа. Многу ќе ми биде мило ако серијата заврши со неговата смрт...
    Зошто повторно Бони жртва. Конечно беше среќна, со човек што беше спремен на се за неа. Ахх Џули, од вакви глупости ти падна рејтингот на серијата.

    Сепак Стефан е човек, со Керолајн нема да можат да бидат заедно ЗАСЕКОГАШ...ou yeah...Клаууус, земјата го повикува Калус....

    Утре имаме нова епизода, да видиме што ќе прави кутриот Стефан |(
     
    На Macufka1014, Oleeenka, Tiki-lolipop и 3 други им се допаѓа ова.
  3. elimonkey

    elimonkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2013
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    7
    Кајјјј иззззз беккккк!!!!!! Срцетоо мое.Бони некако успеа да создаде друга страна или отвори некоја нз точно али Кај излезе и ќе каже дека може да ја врати Елена назад .Стефан некој ќе го киднапира , можда е Лекси ако излегла и она.Мислам дека Бони ќе успее да го врати Ензо назад , а Стефан и Керолајн на крај ќе бидат заедно , има слики од фанови што сликале каде што ја снимаат свадбата
     
    На Victorian, Tiki-lolipop, loracor1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.268
    Најдобар дел дефинитивно ми беше крајот кога го видов Каи:D Ќе видиме сега дали он ќе ја врати Елена или нема зашто како што читав демек Елена се враќа во финалето, а има уште 4 епизоди до крај ако не се лажам. Бони душа напатена, навистина греота, а онаа мајка и како го запали Ензо, се надевам пак ќе успеат да го вратат некако. А колку и да го жалам Стефан не можам, навистина ми стана многу одвратен и мислам дури и многу лесно се носи со ситуацијава дека стана човек. Што знам нити Керолајн не навалуваше нешто многу да се венчаат, дури мислам едвај во очи го погледна.
    И ептен ми беше комична сценана со Мет кога го хипнотизираа, како на сосема небитен лик у 8 сезони, на крај решија да му дадат некаква улога од корист.|(
     
    На loracor1 и Victorian им се допаѓа ова.
  5. Salvatore'sgirl3

    Salvatore'sgirl3 Нов член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    КАТАРИНААА ПЕТРОВААА ISSS BACKK , THE BIGGEST BITCH , значи оваа 14епизода каков крај имаше хах, Стефанн уште еднаш и предложи брак на Керолајнн , значи ќе има свадбаа:inlove::inlove:
    Кејд е мртов што е најважно ама испадна дека он уствари не ни го водел пеколот туку Кетрин била главната :devil::devil::l:
     
  6. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.268
    Stefan,Steven...knocking on heavens door и врвот cobrakai1972..значи се превртев од смеење.:rofl::rofl: Сега сфатив колку отткога се појави Каи епизодиве ми станаа поинтересни.
    И сега Кетрин, последниве епизоди осеќам дека ќе бидат врвни. Can't wait!!!
     
    На prettyliar и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  7. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    8.732
    Пол:
    Женски
    КАТЕРИНА ИС БЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕК :dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance::dance:
     
    На LittleGirl626 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Salvatore'sgirl3

    Salvatore'sgirl3 Нов член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    во новото промо за финалето Дејмон ја гледа Елена живаа после толку многу времее и ќе истрча кај неа да ја гушнее , мн се среќнии:inlove::inlove::inlove:
     
  9. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.268
    Епизодава ми беше ептен носталгична некако. Сето навраќање назад, спомнување на The Originals, The Veil, Travelers, Silas, Gemini coven, doppelgangers.. што знам колку и да ми беа последниве 2,3 сезони лоши, сепак 8 години сум ја гледала серијава, сум се приврзала за ликовите и не можам да кажам дека нема да ми биде жал кога ќе ја гледам последната епизода. Имала навистина лоши моменти, бесмислени ама имала и добри моменти, сепак првите 3 сезони ми беа одлични и дефинитивно после некоја година кога ќе ме удри носталгија ќе си ги пуштам да се присетам.:D
    А во однос на сезонава, единствена замерка ми е што Нина ќе ја има само во последната епизода. Неправда е спрема фановите, сепак дејството 6 сезони околу неа се вртеше, барем во последниве 4,5 епизоди можеше да ја има.
    Како што читав еден од главните ликови ќе умре во финалето, ама се надевам нема да биде Дејмон, заслужуваат да бидат заедно со Елена. Имам некое чувство дека ќе биде или Бони или Стефан.
     
    На LittleGirl626, srhsejbsk, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.778
    Допаѓања:
    15.837
    Пол:
    Женски
    Колку и да ги сакав првите сезони, и колку и да ја гледам се уште само поради тоа што никогаш не оставам филм/серија на половина, редно е да заврши. Каи ми беше буквално најинтересното нешто во последниве епизоди, толку е одлепен и злобен што не можеш а да не го сакаш :rofl:

    Толку ги мразам писателите/продуцентите за она што и го правеа низ цела серија, а и сега на крај на Бони. Секогаш најмногу страдаше, и заслужуваше бар на крај да е среќна. Ама, јок.
    @Tiki-lolipop Стефан сигурно нема да е мртов бидејќи во промото за последната епизода покажуваат Елена и Дејмон како се гушкаат кога таа ќе излезе од ковчегот, а Стефан стои зад Дејмон.
    Мој облог е дека Бони ќе умре (па оттука Елена се буди) и некако ќе си замине во таа димензијата што ја створи за духот на Ензо, за така да бидат заедно. И онака не знам дали Џули беше или некој од тимот, кој рече дека за Бони ќе имало чуден, но сепак среќен крај, па од ова почуден крај не би имало. :^) |(
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.268
    Мислам дека тоа во промото ќе биде негде на почеток/средина од епизодата. Не знам можно е, прочитав еден спојлер не знам колку е точно демек Стефан ќе се жртвувал да ја уништат Кетрин и на тој начин ќе се искупел за ова со Ензо што се случи. Сега ова може е и тотална глупост, од некој фан објавено ама повеќе би сакала ваков крај него ли да умре Бони, зашто дефинитивно најмногу патеше до сега. А и плус Керолајн ќе биде слободна да се префрли во The Originals. :D
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.778
    Допаѓања:
    15.837
    Пол:
    Женски
    Искрено ако нешто страшно ме нервира тоа е третманот на Бони, ама дури и да загине, око нема да ми трепне не поради тоа што нема да ми е жал (ќе ми е, многу!), туку поради тоа што веќе сум навикната таа да пати за среќата на сите други околу неа... а и ова ми е логично, духот би и отишол кај Ензо, и ете ти еден квази среќен крај јер нели, ако мртва, пак ќе е со саканиот :headbang:
    А за Стефан, па не верувам. Попрво би поверувала Керолајн да загине, иако не гледам основа за тоа, отколку да убијат еден од браќата, особено Стефан, кој фактички ја започна самата серија со доаѓањето во Мистик Фолс, и кој би требало да е essentially the good guy :|
     
    На srhsejbsk, 1209 и Tiki-lolipop им се допаѓа ова.
  13. Salvatore'sgirl3

    Salvatore'sgirl3 Нов член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    mi se plache koa go gledam trejlerov za poslednava epizoda , ednostavno navrakanje nazad, kako se zapochna...;(:(:(
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    8.732
    Пол:
    Женски
    Што ќе правам со мојот живот после последната епизода? Можеби треба и јас со неа да си одам :rofl:

    Како и да е, многу сум разочарана, многуу. Се натуткаа во две епизоди. Венчавка, смрт, Кетрин (која не се ни појави :swear: :@) Вики и мајка му на Мет? Сериозно? Од сите ликови баш тие мораше? И сега во една епизода од 45мин ние ќе го видиме враќањето на Елена, смртта на Бони (можеби) и патетичните Стефан и Керолајн happy ever after, ма дај не ме зезај |(

    Ради тоа што ја упропастија серијата со Рајана и така назовани херетикс, сега имаме 16 епизоди во кои се се дешава набрзина. Ако веќе толку немаа простор за повеќе епизоди или пак ако до толку не им се работеше до крај, не мораа да се влечат со сирените.

    Немам ништо против Нина, ама можеше да попушти малце бар од пола сезона до крај да ја гледавме. Вака е безвезе, мислам стварно сите очекувавме да се појави Кетрин бар еднаш.

    И редно е Стефан да умре. Приказната да почна со него, ама направи доволно далавери за 8 години и покрај тоа што го направи он пак е сожалуваниот бидејќи се што правел лошо, е бидејќи бил контролиран, абе ајде |(

    Керолајн пак, не беше со Клаус бидејќи правел лоши работи и нејзините другарки ќе се лутеле доколку била со него, но таа магично се омажи за човек што го уби љубениот на нејзината НАЈДОБРА ДРУГАРКА!

    Бони, ах Бони...Нема да им простам ако ја убијат. Толку патеше и на крај да заврши мртва? Од серијава Титаник ќе правиме??
    Подобро да најдат решение и да го вратат Ензо отколку да ја пратат Бони во нивната љубовна димензија :headbang: (дури и да има решение не знам како ќе со спроведат во една епизода)

    Ако продолжам да пишувам ќе нема крај. Тотално сум разочарана од Џули, треба да даде оставка таа
    жена :punch:

    Едит: Морам и ова:
    Ако се сеќавате во прва сезона Стефан у фаца и кажа на Керолајн дека тие нема никогаш да бидат заедно...Џулиииииииии :^)
     
    Последна измена: 5 март 2017
    На Victorian и Tiki-lolipop им се допаѓа ова.
  15. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    892
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    :clap::wasntme:
     
    На Salvatore'sgirl3, the.vampire.girl и srhsejbsk им се допаѓа ова.
  16. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    991
    Ги имам гледано само првите пет епизоди од 7ма сезона и тука прекинав, не ми се допадна и не сакав да продолжам. Сега искрено се мислам, знам што се случува одприлика ама мислам дека ќе го гледам прво финалето па ќе решам дали вреди да се вратам на двете сезони што ги пропуштив.

    Бони и Ензо баш ги засакав заедно,Бони кутрата не е фер што ја третираат така.Ако ја убијат за да биде со Ензо како што некој рече за да имаат среќен крај, тогаш дефинитивно немам намера да губам време :|

    Финалето изгледа ќе биде 2 часа.
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. the.vampire.girl

    the.vampire.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.487
    Пол:
    Женски
    Само што ги изгледав и специјалната и последната епизода. Не, не ме погодија... шмрц шмрц шмрц ;(;(
    Преубав ми беше крајот, не очекував дека ќе ме погоди толку многу. Верувам дека ако ја продолжеја со уште сезони стварно ќе ја упропастеја уште повеќе, ама сепак ми е многу жал што заврши. Не знам од што повеќе сум фасцинирана во епизодава.
    После толку многу сезони зборење за Вики, набивање на нос на Дејмон, колку-толку си најде убав крај со Тејлор. А и Мет успеа нешто во животот, клупа со негово име ставија. :rofl::rofl:
    Бони конечно успеа со моќите, а сцената со вештерките многу ме воодушеви, ептен bad-ass беа. Конечно успеа во своите намери, стварно има улога на херој и прејак лик во целата серија. Само не ми е јасно зошто ако успеа да ја врати Елена со магија, не би можела и Ензо? Epic пар ми беа они двајца, жал ми е што он така заврши.
    Стефан никогаш не сум го мразела како лик, иако се разочарав што во последниве епизоди го уби Ензо. Ама успеа до некаде да се искупи што вака го спаси Дејмон, а и кога си ја виде Лекси, леле убавини.:inlove: Со Дејмон каква врска изградија низ сезониве, поубава сцена ми беше таа со нив двајца на крајот, отколку онаа на Дејмон и Елена. А кога почна песната Never say never срце ми се распарчи, 1х01- 8х16. Барем се збогуваа како што личеше, како што и почнаа.
    Елена и Дејмон ми беа просечни, ама убаво беше што му го расветли денот кога ја виде. Тоа мислам најмалку го очекуваше тогаш, ама Бони херојот секогаш успева да поправи се. Многу references имаа со минатите сезони, ете и гавранот и гробиштата ги поврзаа.
    Ми беше жал за Керолајн, кјут капл ми беа со Стефан, од прва епизода со што започнаа, а до кај стигнаа? Барем сега се отвори нова можност за нејзе и Клаус, леле тој пар ломови ќе прави. :wasntme::inlove:
    И крајот не можеше да биде поубав. Сите ликови што сакав да ги видам, што ја направија серијава, ги имаше во последната и тие неколку пред неа епизоди. Уште сум под импресии, ова сега на кратко си кажав што си ми лежеше на душа. :D
     
    На rhcpfan, srhsejbsk, Tiki-lolipop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.268
    Претпоставував уште Стефан кога го претворија во човек, дека на крај ќе умре. Многу ми беше емотивна сцената кога се збогуваа со Дејмон и со Елена. Ете на некој начин се искупи за сите грешки, па и за смртта на Ензо.
    Убаво финале беше, дадоа барем еден убав заклучок, ма да можеше уште поубаво да испадне ако не го убиеја Ензо и останеа заедно со Бони, додуша за нејзиниов лик во текот на овие 8 сезони најмногу ми беше жал и криво, среќен крај немаше ништо да и смени на Џули.
    Дејмон човек, како и секогаш што сакаше, заедно со Елена, барем тоа го направија како што треба.
    И мило ми беше што барем на кратко ги покажаа сите ликови од 1 сезона. И Дејмон и Стефан reunited in the afterlife :D
    И писмото со чекот од Клаус:inlove: Имаше нешто во зборовите на Аларик, дека нивната приказна е само почеток. Се надевам ќе ја гледаме Керолајн и во The Originals.:)
     
    На rhcpfan, srhsejbsk и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  19. BayernKa

    BayernKa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Не е фер Стефан што го умреа, Дејмон најмногу заслужи да умре и да се искупува за грешки затоа што тој направи најмногу, и сите невољи што ги снајдоа во цела серија беа поради него, се глупираше безврска :(
     
    На LittleGirl626 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    8.732
    Пол:
    Женски
    Со тешко срце го изгледав финалето. Се заврши убаво, се беше прекрасно, ама барем да има уште една последна епизода...;(;(

    Но нешто најубаво во епизодата беше ,,However long it takes..". KLAROLINE FOREVEER :dance::inlove::inlove:
     
    На the.vampire.girl му/ѝ се допаѓа ова.