Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневниците на вампирот (The Vampire Diaries)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Maturantka, 15 септември 2010.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    OMG :x :x :x И јас го велам тоа не се нормални
    Стефан стварно ме е жал за него што се не направи за љубов...ама уште си стојам на моето за Дејмон и Елена.Жал ми е за Елајџа овој мајмунот фино го за*ба.Сега сум скоро сигурна дека Елена ќе заврши со Дејмон на крај, го сака бре јас сакам во тоа да си верувам :D А Кетрин кој знае каде ќе збрши сега :^) Инаку за крајот јас мислам дека стварно беа живи овие типките.Џереми не фантазира.Нели Емили и рече на Бони ќе има последици ако го спасам, може тоа се последиците сите вампири оживеа и сега во трета сезона ќе си играат бркница :D Инаку Штрумфетке сега не стана Џереми оти прстенот го штити само од надприродни суштества а мајка и на Керолајн е човек.Само незнам што смислил овој мајмунот(на Клаус мислам ме потсетувана мајмун)за жал нема ни да дознаам у скоро време.Е ќе се шекнам, септември дури овие сакаат да не полудат :fubar: :fubar: :fubar:
     
  2. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас уште не можам да се соберам...

    Нека помини пола час, ќе пишам пак, ме поремети епизодава, ме поремети!

    Потврдувам она што го пишав - најдобра серија ever!

    Ќе ја замолам Реинбоу да не пушти да пишуваме без спојлери, и онака заврши сезоната, да не се мачиме со спојлери, да си пишуваме слободно :) Во спојлер нека се става само она што е за следната сезона.

    Јас отидов да си шлакнам еден млаз на вода, не ми се верува!
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Ја гледав и по втор пат а уште еднаш планирам да ја пуштам.
    Сеуште не сум се собрала ни ја, тргнам негде и се вратам, заборавам кај сум тргнала и по што.
    Цело време ја мислам.....
    Сега ми е појасно за со прстенот инаку многу невкусно ми беше.
    И сеуште не можам да се помирам за Стефан, ме разочара тој дел. Од друга страна како само одглуми еј! Фаците што ги правеше додека Клаус ја праќаше Кетрин. А Клаус изигра на таа карта дека Кетрин нема да ја однесе крвта, важно го намами Стефан. Сега ме копка какви планови има за со него.
    Искрено што сфативте за Елена?- Дека искрено го сака или само така му рече затоа што е пред умирачка. Мислам дека Џереми ќе има голема улога во 3та сезона. Хмм....
     
    На Sparks му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас и ти Штрумфетке се испотресовме за серијава, некој да не чита будали ќе не направи, ќе си речи види ги се испотресиле за некојси филм :D Ама тие не го знаат Дејмон бре и .

    А сега почнувам да пишувам патешествие за Елена и Дејмон, така да тие што не сакате да читате долги постови, скокнете го :lol:

    Прво финалево не можеа да го направат поубаво. Без ниту едно убиство (Елајџа не е мртов, само дагерот му е удрен во срцето, нема да ме чуди да го оживеат во трета сезона, како што го оживеа Елена оваа сезона), финалево беше закон. Беше разработен оној сентиментален дел на ликовите, колку всушност Стефан го сака Дејмон и колку Дејмон го сака Стефан. Стефан е еден од ретките главни ликови кои не ме нервира. Видовме колку всушност си го сака брат му и колку е спремен да даде се за него. Керолајн се смири со мајка е и тоа беше преубаво смислено. А конкретно за Елена и Дејмон, Дејмон толку одлично одглуми што морници ме полазија. А за тоа за Елена не можеа да го направат во попогоден момент, на Елена и требаше само стимул за да си искаже се она што чувствува за него, знаејќи дека Дејмон е готов и дека сето тоа ќе се заврши за кратко време. Елена цело време го притискаше тоа за него, во Роуз пред да ја контролира Дејмон видовме дека збор не рече, не го одби, не го турна назад како што тоа го направи во првата епизода. Дури и тргна да го бакне кога Дејмон ја бакна на чело. Потоа кога и рече дека секогаш ќе ја одбере неа, пак по изразот на лицето што го направи се виде дека не и е сеедно. Имаа милион можности да ги спојат, вклучувајќи и тогаш кога Стефан и Кетрин беа заробени во гробницата, па кога си правевме филмови дека Елена ќе ги види и ќе се стрча кај Дејмон. Тогаш ќе беше погрешен момент, ќе беше избрзано и како контраефект место да се случи вака спонтано. Елена всушност тоа што ја притискаше цело време го покажа, иако се надеваше дека ќе остане само меѓу нив двајцата. Така да јас мислам дека овој момент беше најидеален. Кетрин како и го плесна Стефан се жртвуваше за тебе, демек тој душата си ја даде а ти овде со овај се бакнуваш :lol: Макар што и Дејмон направи милион жртви, а Елена му го сврте грбот одејќи кај Стефан. И на Дејмон му се имаше случено истото.

    Е сега мислам дека Дејмон всушност пореално ја сака Елена. Не велам дека Стефан не, и тој ја сака многу, ама Стефан всушност дојде кај неа затоа што Елена го потсетуваше на Кетрин. Затоа нели и велеше I know the risk but I have to know her. Oд другата страна Дејмон се врати за да го мачи Стефан и ја виде Елена. Всушност ја засака заради таква каква што е - Елена, а не затоа што наликува на Кетрин. И го кажа тоа и на Кетрин всушност дека само тие двете личат и дека немаат ништо друго заедничко. Дејмон си ја засака Елена заради тоа каква што е, а не заради тоа што личи на Кетрин, додека Стефан почна врска со неа само за да се залечи од Кетрин. Потоа Стефан ја засака, а сега ја сака многу, се виде тоа, спремен беше животот да го даде за неа...

    Срцето ми застана на последнава епизода кога Елена му рече I like you just the way you are...

    Breathtaking финале, само ако ја зафркнат трета сезона жими се ќе ги пукам!
     
    На 1209, Strumfeta93, SuperGirl2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Ќе си плачам! Сериозно ќе си плачам! 3 и пол месеци , ке си поцркам до септември...
    Знаев дека Дејмончо ќе го спасат, ама навистина не очекував ваков пресврт. И оној Клаус како ли само ме нервира!!! Ми е жал за Стефан , толку време се мачеше да постане поинаков и на крај сега мораше да го жртвува сето тоа... А и мајка и на Керолајн, дефинитивно најиритантен лик, ми иде со пиштол да ја упукам во глава! Што се меша каде што не ја бери?? Ее веќе! Се надевам во трета сезона ќе се соземе и ќе се тргне на страна. Иначе мака ми е што Тејлор воопшто не го покажаа, очекував малку повеќе сцени со Керолајн ама најверојатно мислеле дека многу романтики ќе им дојдат во една епизода :D
    Елена и Дејмон, повторно ќе си кажам, Елена ја сакам со Стефан, не ми одговара со Дејмон и не и не !!! (знам дека сум единствена :D ) Што се однесува до Џереми стварно е срцка, што се случува со вампирите што му се појавуваат не знам, ама одвај чекам да дознаам. Типувам дека не се живи и дека тоа е само во неговата имагинација, ама ајде ќе го среди Бони во иднина :D
     
  6. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не се живи Вики и таја другата како се викаше не ми текнува, и самиот тој рече дека се осејќа поинаку, јас мислам дека умре и дека се врати и сега можи да гледа духој на умрени лица :?:
     
  7. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Епа стварно беше финалето феноменално WOOOOOOOOOOOOOW!! Не можам да се соземам.
    И мислам дека сум единствена што ми е мило што ова му се случи на Стефан. Сакам да ја видам неговата мрачна страна. Мислам дека во трета сезона нема да може да се контролира и ќе стане ненормален крвопиец :lol: :lol: МНогу ме интересира што планира Клаус со него. А и дали ќе биде Кетрин со нив, да прават тројка :lol: Само не сакам да ја тргнат, меѓу омилените ликови ми е. Некако ја запоставија последниве неколку епизоди од кога центар на внимание беше вампириштето Клаус :)
    А за Џереми, и јас мислам дека тоа му се само халуцинации... ама којзнае, може и стварно оживеале вампирите... не знам, ќе не умрат значи сценаристиве кој ќе чека до септември :devil: :@ :@
    За Елена/Дејмон/Стефан немам што да коментирам, ми одговара Еленчето и со двајцата, па со кој биде мене ќе ми е мило :)

    Луда серија дефинитивно, очекувам дека и третата сезона ќе биде исто вака добра како и оваа. Ако не биде и јас ќе се придружам на Спаркс во пукањето :)
     
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Многу коментари ми дојдоа одеднаш па ќе заборавам што да кажам. Вака ќе си цитирам и ќе си болдирам на што поточно ќе одговарам па и прашувам.

    Прво болдирано: Ако го најдат, кој ти знае каде се ставени. Испадна па дека Клаус со него си ги носи телата :lol:
    Второ болдирано: Делот со Роуз и не ти го разбрав баш, а и сцената кога ја бакнал не ми текнува :^) . А и кај третото болдирано не се сеќавам :$ .
    И четвртото болдирано Стефан се жртвуваше за брат му ама ја искоцка Елена, му ја поклони на Дејмон со панделка :lol: .
    За сакањето многу добро размозгано :up: .

    А бе она не е крива, не ја оправдувам и јас што у најнепогоден момент најде да реагира ама мајка му на Тајлер избувна. Не знам дали она се сеќава што и направи вештерот. Ама па оваа да не си ја изгуби работат ајде у поход.

    Нах.. Кетрин бега од Клаус како глушец од мачка камо ли тројки петки да прават :lol: . Си вртам филм дека Клаус пратил вампир незабележливо да ја следи :?: и да го информира. Или пак ќе си дојде таа пак на местото на злосторството
    И што ќе ви викав, аха да, а бе за Дејмон ептен жал ми бешее, кризите кога го фаќаа. Тогаш кога ја гризеше Елена и кога падна, ауф. После у креветот кога беа со Елена, срце. А па на почетокот кога бараше аполоџајз ахх земи си колку време сакаш (а го нема тоа време) а и колку ми само убав беше. А оваа Кетрин излажа кога рече дека ги сакала и двајцата, веќе ни баба не и верува.
    Сума сумарум ми треба билобил, се сум заборавила. Ако не земам летоска да ја почнам од прва епизода да ја глдам, ја Штрумфета нема да се викам. И така и тоа.
     
    На Sparks му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Ми помина времето за редактирање ама ајде

    Season 3 of The Vampire Diaries will be ‘The Year of the Originals’.
     
  10. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Да да, не ми текна на тоа, едноставно ја сакам Кетрин пак во серијата,
    па оттаму мојата претпоставка/желба да биде со Клаус и Стефан,
    ама некако имам чувство дека ќе ја баталат во третата сезона...:(
     
  11. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Епа заврши и вторава сезона. На здравје гледање сеа ќе се туфкаме цело лето. :D
    Ве изначитав и горе доле и јас тоа го мислам.
    Сцената со Елена и Дејмон во креветот ми беше најдобрата сцена во цела сезона. Ептен добро ја осмислиле, кога, што и како да се случи. Туку како и ја плесна Кетрин на Елена за тоа шо го бакна Дејмон доека овој другиов се жртвуваше за него. :lol: Во следнава сезона мислам дека повеќе убави сцени ќе гледаме од Елена и Дејмон. Бидејќи Стефан ќе биде на “службено патување“ со Клаус, додека го бараат овие двајцава голема е веројатноста да има многу “љубов“ :lol: .
    За ова со Џереми.. па мислам дека само во глава му се овие вампиркиве. Дека не оживеаа. Нели он беше мртов и сеа со враќањево мислам дека е некаде измеѓу мртов и жив и затоа ќе може да гледа духови. Не дека ми е многу логична констатацијава ама ајде :)
    Многу сакав сцена со Тејлор и Керолајн, ама сепак добро беше и вака. Барем да не ја мислиме со мајка и што ќе стане. А секако знаеме дека ќе има нешто меѓу нив следно. :?:
    И... прашањето ми е.. што би можел Стефан да направи за Клаус?? Он е најмоќен, нема потреба од други вампири. За што ќе му користи Стефан? И... кој ќе ги оживее овие “Оргиналите“? :P Јас претпоставувам Стефан , пошто само он знае кај се..али.. има цело лето да погодуваме.. :)
     
  12. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да си дадам мислење, инаку сакам да пишуваме без спојлери и јас, ако е можно некако да се прашаат модераторите :wasntme:

    Значи сеуште неможам да се соземам. А сега ако се оживеани сите вампири, значи дека можеби и Џена ќе се врати и сите други. И јас мислам дека тоа се последиците на Емили, и мислам дека се живи ВИки и Ана. А сега на Џереми многу голем избор му дојде, Бони, Ана, Вики :D неможе да се одлучи, туу. Колку ми беше жал кога Бони ја молеше Емили, а тогаш пак колку ме изнервира (Емили) :devil: Инаку за Дејмон, знаев дека ќе биде жив! Ама Кетрин го излажа Клаус (ако може така да се каже), тој мислеше таа ке побегне и нема да му го даде ,,лекот‘‘ ама не. А Стефчо сироткиот, се‘ жртвува за братчето му, а Елена мислам дека тоа го направи затоа што е предумирање, ама сега изгледа е разочарана од Стефчо, па наредната сезона очекувам да бидат заедно, и така таа нема со кој да биде, ќе и го нема Стефан. Следната сезона, мислам дека кетрин нема да и пречи, ќе оди по други патишта, а во еден момент помислив Стефан да не станал волк, ама не ми се верува :wasntme: ќе видиме следната сезона што ќе се зборува, штом е сезона на оригиналите, повеќе ќе биде застапен Клаус, како и во оваа сезона. Се плашам и јас да не ја запостават 3 сезона :| ама ако е така ќе и одиме на протести ]:) Колку ми беше жал за Елајџа, ги изигра сите само за семејството, накрајот испадна дека Клаус лаже (како што и очекував) и ајде и за него едно good bye. Уф ај хејт Клаус, уште од дното на душата.
    А цел ден ја мислам епизодата, кога ќе ми дојде мисла дека цело лето нема да ја гледам ОМГ
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    Ја читам книгата првиот дел моментално и не ми е толку добра како серијата.Многу е различна како прво, како друго Елена во книгата е прикажана многу различно од Елена во филмот,во книгата е разгалена девојка, која не прифаќа „не“ како одговор, некако добив впечаток дека е самобендисана и таква од типот најјака девојка во школото како девојките од типичните амрикански тинајџерски филмови, а таквите ги мразам.Така да си останувам на тоа дека филмот е подобар иако секогаш преферирам книга пред филм.
    Е сега конкретно да се надоврзам за последната епизода.
    Мислам дека Елеајџа ќе го ослободат некако и тој ќе помогне да се решат од мајмунот, зошто и да го најдат во другата сезона Бони нема да биде способна да го убе пошто веќе вештерките не и дозволуваат да црпи моќ од нив.Ја гледам повторно епизодата и сега си го сменив мислењто и мислам дека Џереми халуцинира нема шанси да се живи овие ќе настане збрика со сите оживеани вампири :worried: А за Елена не мислам дека му го рече тоа на Дејмон бидејќи ќе умре туку навистина го мислеше,само и сама не толку храбра за на глас да го каже тоа шо го чувствува, поточно страв и е дека нејзините чувства ќе повредат многу луѓе па затоа со сите силе се труди да остане како шо е меѓу неа и Дејмон.А он што Штрумфета не го сфати Спаркс што го кажа ќе си дадам слобода да ти го објаснам, мислам дека Спаркс мислеше на сцената кога Дејмон ја контролиеаше Елена во епизодата Роуз таа некако како да тргна на уста да го бакне а тој ја бакна во чело, така остана занемена и јас го добив тој впечток.Инаку за заљубувањето се согласувам со мислењето на Спаркс, Стефан без разлика колку и да ја сака сега факт е дека ја бараше сличноста со Кетерина во неа,а Дејмон си ја засака баш за она шо си е вистински.
    И друго нешто, кога го изговараат името на Катерина Петрова многу убаво ми звучи а посебно Елајџа кога го изговараше :D Не ја бива серијата без Катето мене баш ми е ѕверче :lol: Како и да само ќе кажам Нина е предобра актерка.Толку :x
     
    На Sparks и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  14. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Јас сепак мислам дека се оживеани сите вампири, бидејќи овие режисериве гледаат се некоја збрка и нешто ново да направат за да не ни стане досадно :)

    Мислам дека во оваа сезона повеќе беше застапена љубовта :) А јас гуглав нешто за следната сезона и еве што најдов. Актерите биле прашани каков сакаат да им биде улогата во 3 сезона и еве го одговорот :)
    http://www.spoilersguide.com/vampire-diaries/season-3/ (преминете веднаш на видеото)

    ;)
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Хммм, спојлерите може пречат, меѓутоа сигурно има уште членови кои ја гледаат серијава, ама не се дојдени до сезонава, па ќе прочитаат нешто што не треба. Затоа подобро би било се што е во врска во содржината да си стои во спојлер, како што е и наведено во правилата за категоријава. :)
     
  16. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    2ро болдирано, 1209 ти одговорила точно на она што мислев, поточно на ова
    http://www.youtube.com/watch?v=SwaRoZtF4wg
    Гледај Елена не мрда дури не е контролирана, а во првата епизода гледај како реагираше http://www.youtube.com/watch?v=sl2mEriAGSA
    (Иначе во оваа сцена кога слушнав дека е come home од OneRepublic срцето ми застана, кај сум слаба на таа група па уште и сценава ме мрдна)... Инаку да ви кажам, причината што не ја оставив серијава е затоа што во првата епизода од првата сезона ми ја пуштија Say oд нив. Инаку готова бев да ја откажам, ама сега мило ми е што не го направив тоа. :)

    3то болдирано
    http://www.youtube.com/watch?v=_IZNtvpFtL0
    oвде нели, си правевме филм дека Елена ќе го види Стефан со Кате и ќе се стрча кај Дејмон, ама не...(Додуша не ни се случи ова, ама на промото дури го видовме филм си направивме) И мило ми е, сеуште сметам дека ова беше најпогодениот момент, Елена никогаш немаше да го искаже она што го чувствува ако немаше некој стимул. Е сеа Кате што ја слушна ја слушна :D

    За Џереми јас мислам дека ќе стане еден вид ghost whisperer, односно ќе може да комуницира со мртвите вампири. Значи мислам дека тие не се живи, туку дека само Џереми ќе може да стапи во контакт со нив и да зборува со нив. Ќеф ако направат така и ако ги вратат Ана и Вики, Вики беше одлична иако остана малку, а Ана си имам кажано не ми е преболена заедно со Перл. Ако направат само халуцинација ќе биде грдо навистина...

    Значи како што во првата направија милион опции за во втора, така и во вторава направија милион опции за во трета... Може да ги пишеме сите, онака како што направив јас за Џереми впроочем :)

    А дали забележавте колку лесно се менува се? Кате од нај бедес вампирка, мислевме кизнај што моќ крие, кизнај колку ќе ги ремети Стефан и фамилијата, испадна дека е обичен пион кој цел живот бега и кој нема ама апсолутно никаква моќ, освен што е итра и расипана. Јас мислев маки ќе мачат дури да ја убијаат, Катето излезе дека бега како луда од Клаус. Не дека Клаус е лош негативец, супер ја направија приказнава, ама мислев дека повеќе маки ќе мачат со Кате, со оглед на тоа колку ја пумпаа работата со неа во прва сезона. Луди сценаристи, никогаш не сме начисто со нив. I like him :lol:

    Eдит, Реинбоу а да се преправи насловот во spoiler free и да се напомене дека се коментираат поминатите епизоди без спојлери, за да пишуваме спојлер само за идната сезона? Сметаат многу спојлериве, навистина:worried:
     
  17. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    лелеее НАЈУБАВА СЕРИЈА шо сум ја гледала еј! :l: Многу е заразна. Ја сум стигната негде до десетта епизода од втора сезона, и моментално имам многу обврски за во школо и немам време да гледам. Ама затоа кога ке дојде распууст :D Иначе ја си ги иам симнато двете сезони од интернет и си глеам коа сакам и си уживам :)
     
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    4.744
    Најубава серија ... мх мх со мерак ја гледав ! :/
     
  19. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Трендафилка не ни е пишала импресии од епизодите што ќе ги гледаше :wasntme:
    можеби ќе направат Џереми да зборува со мртвите, тоа ќе биде баш добро, па и нему да му дадат некои моќи. Ама сепак мислам дека се живи па ќе видиме можеби сум грешка.
    Многу ми е грозен актерот што го глуми Клаус. Елајџа беше мноогу подобар во таа улога ;) :up:
    А и за Бони мислевме дека е обична вештерка, ама таа собра моќ од другите вештерки, се смени и кај неа мислењето. :)
    Од умрените би сакам ако се враќа некој, да се врати Изобел или Џена :wasntme: :) овие сценаристиве можеби и тоа ќе го направат :lol:
     
  20. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Знаете на што се сетив ?
    Последно знаеме дека куќата на Дејмон и Стефан беше препишана на Елена, па така секој вампир за да влезе мора да биде поканет.
    Хмм, а Кетрин така фино лепо слободно си влезе последниот пат, без ништо да ја спречи.
    Грешам јас некаде или грешка на серијата е сепак ? :)