Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневниците на вампирот (The Vampire Diaries)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Maturantka, 15 септември 2010.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    Е не знам за вас ама јас си се изнаплачав.Ќе го кажам истото што и вие, предобар старт...само покрај сите мене пак најмногу ме е жал за Дејмон и покрај се, така ме тера може затоа шо ми е омилен лик :D
    Овие двајцата можат да направат нова врста, Тајлер + Керолајн=хибрид на нивна страна :P Ама одличен пар се, стварно немам коментар за нив.Стефанчо шо да кажам, не му требаше тоа со репортерката стварно...јас мислам дека нема да има спас за него, искрено, барем не во оваа сезона, мислам сигурно ќе има и 4та.А Џереми каков е секоја нова епизода тој е поубав и позгоден мажиште стана дечкото.Елена е приврзана за Стефан и го сака, ама мајке ми го сака и Дејмон 200% и искрено не знам како би постапила на нејзино место.
    Како и да е уште е меѓу најдобрите серии, уште прават спектакуларни епизоди, само се нервирам кратко што траат, таман се загреав таа заврши и бев ваква :o ТОЛКУ?!
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Уф, каква епизода, каков крај на епизодата! :o

    Прво за изгледот, одамна не сме ги гледале - крајно време е Еленка да се реши од тие бебешки влакна на челото. Толку е преубава, нежна, рафинирана, ама тие влакненца ме враќаат во добата на young Кардашијан.
    Керолајн кукла! :makeup: Најразубавена од сите во стартот, малку исончан тен и стои одлично. И Тајлер, каков дечко, мојот фаворит, :mm: каков пар, па тоа се чекаше :clap: веднаш малку акција, да не отечат цела сезона без секс (и тоа какоооооов :$ , да му се присака на човек - horny фацка)!

    Само мене ли Клаус ми е симпатичен? :D

    Мене ми се допаѓа Стефан во ваква улога.
    Доста беше Стевче мекушот, време е за малку (вампирски) заби ! ]:)
    Многу свежина внесе неговиот лик во ова светло, нека потрае.

    Убедливо најутепан лик ми е Мет. Ко некој Redneck, мислам стварно... без врска... бунтовниче wannabe. Грев.

    Солиден старт, убава песна... малку пусто без Џена, теткицата...

    Овај, потсетете ме девојки - што се случи со Кетрин? Каде е? :tmi:
     
    На 1209 и caroline.costa им се допаѓа ова.
  3. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Кетрин исчезна некаде откако ја даде крвта за Дејмон да се опорави.
    Таа секогаш вака исчезнува без да каже и така се враќа. Мислам дека овој пат не кажа каде оди.
    Туку некако серијата без неа ми тупа. Омилен лик ми е, ја сакам бек!
    Инаку Клаус вака со брадичка позгоден е бре ]:) . И мене ми е убав :wasntme: . Особено со оној англиски акцент ^_^ .
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е убав Клаус :worried: Ме иритира тонот на неговиот глас ужасно, кога го слушам сакам да го згмечам.
    А влакненцата како не сум ги забележала :^) веројатно премногу сум фасцинирана од нејзината полубалканска убавина па не и ни барав маани.
    Искрено и мене ми се присака Трендафилке од овие двајца кога се зграбаа така животински, дивјачки :sweat: па кога го џипна во креветот беше omfg. :D Мене веѓите на Керолајн само не ми се по ќеф да и ги оправат малку треба, знам како и е и јас страдам со моите тенки веѓи ама сепак таа е актерка.
    Мене стварно ми е жал за репортерката не сакав да умре ми беа фино парче со Дејмон, а и нему му е криво се гледа.
    За крај да си кажам се надевам на неѓто посочно од Елена и Дејмон во сезонава :devil:
    Еј заборавив Кетрин, се сеќавате што рече Клаус нешто во стилот ќе ја најдам јас кога ќе ми биде потребна...или така нешто ама мислам дека сепак ќе има уште интересни ствари од нејзина страна.Сум кажала повеќе пати и сега ќе се повторам без неа не е тоа тоа.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Уф... Од толку што е добра серијата одма српските обожаватели ставаат превод, јас ја изгледав со солиден превод.

    Од епизодата останав ваква :o Моите импресии:

    1. Значи Дејмонче е грев, не можам да го гледам веќе ваков, дајте бе сценаристи усреќете гооооооооо, срцка, ми иде да го гушнам :inlove: :*

    2. Па добро, има огромна хемија и потенцијал за дооообра врска (сексуална :P ) помеѓу Керолајн и Тајлер, ама јас ги засакав Мет и Керолајн од првите две сезони, па некако не можам да се навикнам на тоа дека не се веќе заедно, сеуште имам надеж за нив :) А и Мет ми е така преубав, во епизодава добив и за него огромна желба да го гушнам :)

    3. Џереми, ах... во претходните сезони ми беше бејби фејс (јас такви нејќам), ама сега е и тека како созреан и секси, ух. Значи, кој од кој е поубав во серијата. Ем убави, ем секси, ем мистични, да полудиш од желба да ги ... :lol:

    4. Како ме копка што сакаат духовите Вики и Ана од Џереми. Кој ги знае.

    5. И мене ми недостига Кетрин. Ама мислам дека ќе се врати она. (Најверојатно во моментот кога Дејмон и Елена ќе решат да бидат заедно)

    6. Делена се бара под итно да се случи. Ич не ми е гајле за Клаус, Стефан, хибридите, ДЕЛЕНАА мора да биде главна тема сезонава :)

    7. Крајот беше фантастичен!! Кој ќе чека сега цела недела. Серијава со секој крај на епизодите те тера да сакаш уште и уште и тоа одмаааааааааа.... ааааааа кучката како ми идеше да и го земам тоа пиштолот и да и го треснам од глава.

    Кога ќе ми текне дека по разочарувачките 2-3 епизоди од првата сезона за малку ќе се решев да не ја гледам серијава си се смеам и не ми се верува. Ух, добро е што продолжив да ги гледам, ќе пропуштев многу добро шоу :)

    TVD rocks :rock:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Џереми машала, мажиште, пораснал :) Ја сакам Бони д уич бич, со нејзините вештерски ствари, ама рано е ваљда. Одличен почеток, и како заврши wtf? од каде пак сега и оваа упатена во вампирите...

    Совет, да го пошишаат Дејмон позади тие што му штрчат и на Керолајн веѓите да и ги средат :) на крај на 2ра и беа супер ама пак и забегале

    Сексот беше врв, мислам редно беше да видиме малку страсти и голо мевце зашто ептен апла тинејџерски стануваше. Клаус и мене ми е мноооогу симпатичен, абе убави мажишта низ серијава колку сакаш, Дејмон, Тајлор, Аларик, Стефан, Џереми, Клаус...мх мх

    Кетрин ќе се појави ваљда, читав мислам некаде интервју со Нина каде кажуваже дека во новава сезона не само што ќе ги глуми Елена и Кетрин туку и трет лик. Инаку пофалби за бугаркава, како ги изглуми и двата лика, си мислиш различна глумица е....а на почеток ја потценував

    Инаку и јас коа почнав да ја гледам едвај го гледав првите 2-3 епизоди, цело време викав шо е ова срање ама среќа што не се откажав

    ....и така, не дека кажав нешто ново, ама само што ја изгледав и целата сум возбудена колку беше добра епизодава, емоции, емоции...од се по нешто имаше

    п.с хепи сум што умре оваа, многу антипатична глумица ми беше. Браво Стефан :)
     
    На Strumfeta93, caroline.costa и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Ги прочитав сите спојлери :tmi: :tmi: :$ Ме копкаше што да правам. И сега сум во дилема дали да си чекам уште една недела, па да ги спуштам двете епизоди или да ја гледам оваа па да чекам, ама како што гледам многу е интересна, ќе сакам одма да знам што ќе се случува понатаму, а ќе треба да чекам. Не знам дали го сакам тоа :^) А сега вака си сум навикната на чекање :x Ај скролајте ме :lol: :lol: Ќе се вратам на темава :!:
     
  8. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Ја гледав уште вчера, ама немав можност да коментирам. :worried:

    :o Предобро, ако е ваков почетокот, па сезонава којзнае каква ќе е. :x
    Омилени ми се Тејлер и Џереми. Прекрасен пар ми се Тејлер и Керолајн. Ама оваа мајка му шушумига. :envy: Ќе видиме што ќе и стане, во наредната епизода. Ако може да умре. :worried: Сироткиот Тејлер. Мет ми е како изгубен и во просторот и во времето. Многу ми е прост некако. А оваа Вики, леле од акл ме извади кога се појави пред автомобилот. :D
    Елена, предобра актерка, него ја чекам Кетрин сега. :lol: Дејмон во почетокот, се изнасмеав, кога се појави пред Елена. :rofl: Стефан, сега се повампири, вистински. :lol: А ми е жал за новинарката, не му требаше тоа. :shake: Овој Клаус, не ми се свиѓа (актерот). Уф, интересна ќе биде сезонава, со претворањето во хибрити.
    Инаку, песната беше многу убава. Секогаш ги погодуваат. А онаа која се појави во забавата на Елена, http://www.youtube.com/watch?v=AFzmNqjeWOE цел ден ми беше во глава.

    Инаку http://www.youtube.com/watch?v=E1PWxfosRSw се појави во една епизода, и сеуште ја слушам, многу ми се свиѓа.

    Прокоментирав на кратко, нема да оставам спојлери, ќе ги оставам за следните епизоди, ама сите се еептен разубавиле.
     
  9. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Само што ја гледав новата епизода! КАКОВ ПОЧЕТОК ЛУЃЕЕЕ!!!!! Многу јак почеток нема што! Керолај и Тајлер баш ми се срцки, мајка му на Тајлер која кучка... :@ Дејмон секогаш ми бил омилен и сега само докажа колку добра душа има. Фала богу го повампирија Стефан! тоа е сега за сега! Се чека нареден петок! :) ;)
     
    На bobby.pin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    Да јас одамна мислев на тоа цело време ми се моташе дека ни Кетрин не е првата туку и таа е двојничка, значи третиот лик кој ќе го игра Елена ќе биде оригиналната Петрова, овие двете се нејзини двојнички,тоа е мое мислење, а нели и во епизодата кога Елајџа раскажуваше за минатото и рече на Кетрин дека го потсетува на некој, така да 100% ќе го откријат фамозниот оригинал во сезонава.Леле одвај чекам, само се плашам немој крајот на серијата да го уплескаат и да направат збрка и да не разочараат...ама навивам за нив дека нема.
    Инаку еве го промото од 2 епизода ќе биде доста жестоко.
    http://www.youtube.com/watch?v=nQy70nwP ... re=related
     
  11. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас мислам серијава треба да земе награда за најдобра музика.

    Стејтлес со bloodstream ми станаа една од омилените групи, проверете му ги другите песни да видите колку се прекрасни.

    Ме потсетија на Within Temptation, Cut од Plumb, Snow Patrol...

    Општо, моментално ова и Биг Бенг се најдобрите серии според мене.
     
    На Strumfeta93, Dgirlll и dancing.queen им се допаѓа ова.
  12. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Заборавив да искоментирам

    Најзакон момент ми беше кога онаа типката што дојде на забавата со Тајлер и рече на Керолајн дека организирала прекрасна забава, а оваа па и рече „Фала“ и после со очите и нареди да си замине, хахаххахаха камо да можев и јас така :lol: :lol:

    Браво Керолајнче, одличен „бич“ момент :clap: :clap: :rofl:

    И ај пошто е актулен волкот деновиве :)
    Волку, волку, уште Дејмон за маж и толку! :lol:
     
  13. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Како бе не е убав, не земаме во предвид што е :wasntme: .
    [​IMG]
    :inlove: А? А? ^_^
    [​IMG]
     
    На wolf4e, Trendafilka и dancing.queen им се допаѓа ова.
  14. bobby.pin

    bobby.pin Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    29

    Леле и јас колку само го сакам Дејмон.. баш завчера ја гледав новата епизода и денеска пак... одвај чекам другата да испадне :)

    **Линк за онлине - http://www.cucirca.com/2009/09/23/watch ... es-online/


    Еdit: Да не знае некој vervain каде можам да најдам.. чисто онака по вкус да го пробам. Колку што читав вербена го викаат ама незнам ств никаде неможам да најдам х)
     
  15. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Еве превод на српски ако сакате.
    Мене моментално ми се симнува, малце доцнам ама.. :$
    Едвај чекам да ја гледам, па после импресии ќе ви пишам.

    А за музиката дефинитивно, многу добар избор на песни.
    Barcelona - Come back when you can (омилена)
    Plumb - Cut (за незаборавниот дел од далечната десетта епизода :wasntme: Ептен е погодена, се ежам!)
    The Fray - Never say never
    и ред други.. :clap:
     
  16. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Не издржав ја гледав. Подобар почеток на сезоната мислам дека никој не можеше да замисли. Многу тажен момент ми беше кога Дејмон почна да фрла и да крши се дома, а во ист момент и Стефан излезе надвор и не знаеше што да прави со себе. Што му е на мајката на Тајлер па сега :^) Кучка :devil: Керолајн и Тајлер од секогаш ги сакав најмногу како пар, конечно желбата ми се остварува :inlove:
    Инаку во серијава ги собрале сите најубави мажи...Тајлер, Дејмон, Џереми, Клаус...Стефан само не ми е убав :?:
    Едвај ја чекам следната епизода :geek:
     
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Вчера гледајки ја серијата O.C. првата сезона, го видов Стефан :) колку е убав таму, не е можно. Незнам дали сега пораснат, дали лошо го шминкат или може фризурата нешто....Не му изгледаше толку долга фацата :)
    Видете каков е таму
    [​IMG]
     
  18. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Навистина интересен почеток :D
    Па од каде да почнам сега, вака:
    Ко прво премногу се израдував за Тајлер и Керолајн!!
    Одсекогаш ми беа толку слатки и конечно бидна :talk:
    Друга работа, бреееееееееее овј Џереми ама се разубавел :o Сува лепота!
    Друго, леле Стефааан! Солзи ми дојдоа на очиве кога и се јави на Елена..
    А за крајот само ќе речам, ВАТ да ФАК?! :^)
     
  19. bobby.pin

    bobby.pin Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    29
    Џереми ми е фав уште од самиот почеток... уште во Пирана кога го гледав, после почнав да ја гледам серијава ама као бунтовниче ми е посекси, поготово на почетокот кога имаше подолго косиче мњам
     
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Ја изгледав и јааас :dance: .
    Значи не престануваат да ме воодушевуваат. Најдобри се, за ништо не ги менувам :inlove: .
    За изгледот нема да коментирам затоа што сите ми се исти, само Дејмончо малку да го потстрижат, неќе да му дојде лошо ^_^ .
    Си пукнав од мака што овие тројцава се заглавиле во љубовниот тријаголник и никако не ја бидува. Гревче ќе биде и за едниот и за другиот.
    Мислам дека Дејмон цело лето ја контролирал Елена, нели ланчето го немаше а таа врска да нема за Стефан при толку информации :^) . И чудно ми стана што мајка му на Тајлер од цел Мистик баш на Керолајн да фрли око дека е вампир, е ајде де.
    Керолајн + Тајлер ммм... :mm: (let`s get out of here :devil: ) и цела сум хорни :drunk:
    Инаку почнаа со хорор сцените, порано лабави им беа, сега срце ми се стегаше.
    Очекувам многу од оваа сезона и секако не сакам да биде последна :) .
    Се читаме во петок. Can`t wait! ^_^
     
    На dancing.queen и Sparks им се допаѓа ова.