Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневниците на вампирот (The Vampire Diaries)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Maturantka, 15 септември 2010.

  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    ^Мередит е сестра на Елена (во книгите). Таму таа постои место Џереми. Имам пишано негде низ темава, всушноста таа на почетокот ќе го покане Дејмон кај нив дома.

    Е сега за последнава епизода.
    Не дупчат режисерите и тоа на големо.

    Во финалето кога гледав ми беше грдо кога видов како Елена го бакна Дејмон, којзнае дали ќе го направеше тоа да не беше пред умирање Дејмон и некако ја направија ситуацијата да ти биде жал за Стефан. Сега и кога и се јави си помислив колку само навистина ја сака. А Елена е збунета, од една страна го има дечкото што ја сака најмногу на цел свет, се би дал за неа, а од друга страна го има Дејмон кој колку и да има маани, пак таа му е на прво место.

    За ова со Ана и Вики добро е што држат неизвесност, ќе видиме како ќе се развиваат работите.
    Ја сакам Бони назад.
    Ги сакам Тајлер и Керолајн заедно.
    И Вики и Ана ги сакам.
    И Елајџа го сакам назад.
    И Џена, ама тоа е невозможно. Штета што ја тргнаа, навистина.

    Ако веќе убиваат нови ликови, Мет нека биде тоа, од цела серија само тој ме нервира. Многу е мекотелец, никогаш не ни ми се допаѓаше неговиот карактер. Уште со Керолајн кога се однесуваше како идиот ми стана антипатичен.
     
    На 1209 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Кој не ја гледал 2ра епизода нека не го пушта клипов

    http://www.youtube.com/watch?v=M86uEKNn ... r_embedded

    леле ми се иде да го грабнам....и нема да ви кажам што да му правам :D
    пукаат страсти
    ајде за утеха знаеме дека паднал бакнежот кога камерата е оф :)
     
  3. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Не можам од продуцентите, ќе ме полудат дефинитивно!! После само 2 епизоди, напнатост колку сакаш. Аууууу.... само толку имам да кажам. Едноставно сум :x

    Сега кога се прибрав, сепак имам што да кажам :rofl:

    Мислам дека наредната ќе биде уште понапната. И поемотивна. Лелеееее кој ќе чека до петок.

    И мислам дека сега пак таткото на Керолајн ќе и забрани да се гледа со Тајлер оти е врколак. Ма сигурна сум во тоа. Ах, вампир-врколак Ромео и Јулија приказна. Како им текнало само, не се здрави.

    По фацата на Клаус одма видов дека му текна зошто не успеало претворањето на хибридите. Затоа и го излечи Стефан, за да може да дојде до Елена. Сега во наредната епизода ќе биде напнато, што ли ќе планира со неа ?? :?:

    Вики и Ана па сега уште повеќе ме копкаат. Едвај ги чекам нивните сцени, воопшто не ме плашат. Ама изгледа ќе си почекаме да дознаеме зошто се вратија.

    Ух, жешка беше сцената меѓу Елена и Дејмон. Ама многу малку ги даваат така бе, оти така ни правааат? :| :(

    Мене пак ич не ми недостига Бони, што ќе ни е? И вака е напнато :)

    Плачев ко ненормална на сцената со Аларик и Елена во колата. Тоа е затоа што знам како се чувствуваат и двајцата, знам како е да загубиш блиска личност од семејството ;(

    Ме погодува во срце серијава, секоја чест. А и глумците добро си ја вршат работата.

    Едит: Во важни треба да иде темава :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Не верувам дека Клаус се сомнева дека Елена е жива, инаку тука и ќе биде крајот. Семоќен е, може само да трепне и да ја убие. Или пак жртвувањето ќе треба пак да го повтараат, можеби сега пак ќе има друг вештерски рецепт, ќе смислат нешто, нема да остане така ;) . Стефан го спаси ради тоа што нема друг другар, си призна :lol: .
    А дали татко и на Керолајн планира да ја убие не знам и не верувам, важно ќе се случи нешто, нели знаеме дека овие две семејства ќе завојуваат. Интересно :) .
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Јас мислев дека Клаус ќе укопча дека Елена е жива и зошто всушност не успеа да си создаде армија хибриди.
    Малку сум изненадена зашто неговиот лик е многу прониклив и лукав, а сега решениево апла пред очи, а него не му текнува :^) . . . ама ај, нека им биде. Башка ништо не го кошта да провери дали навистина двојникот е мртов.
    И дај тие сцените со Дејмон и Елена нека се раздвижат малку во акција, па до кога мислат да не хранат со трошки па? :(
    И мене Вики ми е антипатичен лик, не ја сакам назад, не знам ни зошто обрнуваат внимание на тој дел од целата приказна.
    А кунг фу сцените :punch: во шумата со Дејмон и тоа гревчето - првиот од несудените хибриди? Ма тепачка ли беше, што ли беше? :D

    Многу интересна епизода, големо УА за Вики, навистина не сакам да се врати назад.

    Тајлер, ах Тајлер...
    Мене Тајлер ми е посекси од Дејмон. :$
    И со Керолајн ми се the ultimate couple.
     
    На Neytiri и 1209 им се допаѓа ова.
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас мислам дека Клаус сфати, и мене ми е неразбирливо на таков лик да му избега такво нешто. Се си мислам дека нешто мати ама несакаше да каже пред Стефан. Нема да се откаже туку така. Али ај ќе видиме во наредните епизоди....ама искрено се надевам дека сфатил, оти ептен глуп ќе го направат

    Јас си мислев ќе направи армија хибриди и се чудев како Дејмонче ќе се справува со нив :D
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Хех, а ќе може ли некој да ми каже кој беше врколакот што ги нападна во шумата? :^)
    Само Клаус можеше да се претвори таа вечер и ќе ја видел Елена дека е жива.
    Па и Дејмон го остави туку така.
    Ич не ми е јасно, ај ваши мислења :)
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    ^Да бре и јас помислив на него...другите сеуште беа во фаза претворање, а тој веќе беше претворен, значи има уште еден кој му избега на Клаус...со сигурност не беше некој од нив.А јас читав спојлери од другите 3 наредни епизоди, не се спомнува дека Клаус насетува дека Елена е жива,така да може да му се промакне тоа низ раце, пошто тој немаше поима дека постои начин двојник да биде спасен, него единствено одсекогаш го интересирала клетвата и ништо друго.
     
  9. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Јас мислам дека на Клаус му текна, само се прави така, за да смисли план.
    А и мене ме интересира кој беше врколакот во шумата, можно е и самиот Клаус да бил. Ама пак тогаш веќе ќе знаеше дека Елена е жива и немаше да се чуди тогаш кога се прашуваше зошто не му успеало претворањето на хибридите.
     
  10. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    А како е можно во сцената каде што Елена, Аларик и Дејмон навлегуваа во шумата да ги насети и слушне Стефан, а Калус не. И тој беше во нивна близина. Сепак има и поголеми моќи од Стефан. Или пак не се доволно фокусира за да ги слушне :^) .
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805

    Јас па не обрнав толку внимание на врколакот во шумата што се соочи со Елена очи во очи и го гризна Стефан. Нели низ целата шума имаше врколаци кои беа дојдени таму зашто е полна месечина.

    Зашто велиш дека само Клаус можел да се претвори? таа вечер можеа сите, полна месечина беше, нели и Талјер се претвори

    А можно е и да беше оној типот што го врзаа за дрвото, не ми текнува како се викаше. Нели го заврзаа со ортоми некои ама беа слаби и овие почнаа да бегаат, а тој почна да се претвара. Можно е тој да ги стигнал. Не ми е логично да е Клаус

    ова со спојлерите е многу тапа, најарно тие што не гледале воопшто да не влегуваат во темава, за што друго може да се збори освен за новата епизода :)
     
  12. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Па мислам дека само Клаус можеше затоа што веќе нели другите почнаа да се збркуваат, да им тече крв од очите и да не се чуствуваат добро, затоа мислам дека не можеле целосно да се трансформираат во врколаци, можно е и на други места да имало па да бил некој од нив, тие што беа кај Клаус сите беа во трансформација на хибриди.
    Тој што беше врзан за дрвото не е, ако бил тој немаше после да му се фрли на Дејмон како што беше, туку како волк.
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    Jaс мислам не беше тој што го врзаа, пошто ако се беше претворил алиштата немаше д аму стојат на него зошто знаете кога се претвораше Мејсон, па и Тјалер и женската кога се будат се голи, овој беш у фармерки :^) Мислам и дека не е никој од групата зошто тие веќе беа искрвавени, а пола ги испоуби и Клаус тие уште неможеа да се претвораат...затоа мислам некој друг е што им избегал на групата или некој сосем трет.
     
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Хм, па тогаш предпоставувам дека е некој битен, зашто не оставаат ништо на случајност. Плус тој врколакот ја поштеди Елена, а можеше да ја лапне одма :D Гарант ќе има приказна позади ова, ама ајде да не погодуваме џабе, ќе видиме во наредните епизоди
     
  15. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Леле сега Клаус сигурно ке дознај дека Елена не е мртва,а ако таа не е мртва не може да прај повеке хибриди како и да се викаја тие,а јако ке биди оти не се знај за шо му се цела војска како него којзнај шо сака да прај...
    а сега ко се појави татко му на Керолајн којзнај шо ке биди
    Леле морам да споделам дека готово ке припаднев кога Демјан ја фати за лице Елена и ко му рече да ги расчисти чуствата лелелелеле КАков е NAJUBAV :lol: :lol:
     
  16. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    880
    Ајде и јас да ги коментирам епизодиве од 3 сезона.
    Двете ги изгледав наеднаш и како да поминаа во еден здив ги догледав.

    Многу материјал имаат за оваа 3 сезона
    Ана и Вики
    Клаус и хибридите
    Елена и Дејмон
    Тејлор и Керолајн
    Стефан

    Јас сега едвај чекам петок да дојде многу работи се нерешени а допрва нови доаѓаат, уф ептен ќе биде интересно, според мене ова ќе биде уште поинтересна сезона а добро знаеме какви беа првите 2 сезона.

    А и да сакам повеќе сцени од Елена и Дејмон и сакам Кетрин да се појави.
     
    На poison.ivy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
  18. bobby.pin

    bobby.pin Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    29

    Не, не е ментол иначе не е и босилек, вербена се вика. Инаку онака сакам да пробам чајче такво :)
     
  19. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На dancing.queen и GarpovaV им се допаѓа ова.
  20. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Кога веќе враќаат актери како Ана и Вики можат де и него да го вратат 8)

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Преубав ми е, презгоден. Ах Нина се изнабакнува со убави мажи... Блазеси и :P

    Инаку се шушка дека женска му е чудовиштено Лејди Специјалка, ова Лејди Гага де.

    Престанувам да ги гледам сликине оти опасно по живот е :lol: :lol: :lol:
     
    На dancing.queen, Trendafilka и caroline.costa им се допаѓа ова.