Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневниците на вампирот (The Vampire Diaries)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Maturantka, 15 септември 2010.

  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    ^А со него и
    [​IMG] :wasntme:
     
    На bobby.pin, dancing.queen, Ann.94 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    ^
    Се согласувам! Значи девојкава во една епизода само колку успеа да ми се допадне со улогата :)
    Не е фер што само толку беше, треба да ја вратат..
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Единствената серија досега во која секоја нова епизода е повозбудлива и поинтересна од претходната.
    Квалитетот и ентузијазмот не опаѓаат, туку напротив, се зголемуваат со секои нови 45 минути.

    Ќе ви застане здивот некои 10-тина секунди. :|

    Приказната се развива толку добро, и Стефчо навистина глуми прекрасно како лошко.
    Три пати УРА за Стефан и неговото bad vampire alter ego.

    Предобра епизода.
    И Кетрин се врати, а новиот лик... :x предобар.
     
    На Ann.94, caroline.costa и dancing.queen им се допаѓа ова.
  4. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    :o :o :o

    1 епизода и одма добиваш нови мислења за ликовиве.

    Стефан бил ист како Клаус значи, потполно ист. Си играл со кој што ќе стигнел, убивал, дури и си имал соба за трофеј. Всушност јас мислев дека Стефан губи контрола над самиот себеси и тогаш ги убива жртвите, но бил сосем свесен и без никакви дупки во сеќавањето како што рече Дејмон. Значи всушност вистинскиот Стефан го познава само Клаус, дури ни Дејмон не го познава. Значи испаѓа дека Стефан всушност бил дури полош и од Клаус, го правел тоа зошто го сакал, а не затоа што не можел да се контролира. Затоа и Клаус го побарал.

    Мислам дека и него му стана јасно сето тоа, откако Клаус му кажа се, јасно му беше дека Елена всушност не го познава и сосем во право беше што и рече дека не заслужува 30 години да биде осамена. Дури мислам дека и добро направи затоа што Елена секогаш има некои фикс идеи да го спасува, кои можат да бидат опасни па после да треба да го бараат лекот и многумина да бидат убиени. Мислам дека сега навистина сакаше да си оди, не заради Клаус туку заради тоа што се потсети на животот кој го имал. Кога и се јави на телефон во првата епизода се виде дека си има чувства, но мислам дека Клаус да му го кажеше ова порано, немаше да и се јави и да имаше шанса.

    Дали само јас мислам дека тој што беше полицаецот кој го праша Стефан дали ги видел Клаус и Ребека ќе биде клучен играч и дека сега ќе играат брканица со него? Клаус се плаши од некого, и се мислам дека е полицаецот.

    Од Кетрин не ме изненадува ништо веќе, замислете таа знаеше зошто Клаус го бара стриктно Стефан, цело време знаеше што му е планот на Клаус и си молчеше. Дефинитивно е најзабеганиот лик во серијава!!!

    А се прашувавме што толку Клаус се запна по Стефан и зошто не го убива, јас цело време мислев дека Стефан само војниче му е, испадна дека го сакал како брат.

    Предобра епизода, остави многу за понатаму, ќе биде прекрасна сезона заедно со Ана и Вики, плус сега ќе се бркаат оргиналите. Едвај чекам Елајџа да го вратат и да ни ги претстават полека сите роднини од Клаус.

    Бони ја чекам назад. А Тајлер и Керолајн ми се преслатки, колку сум само радосна што е со него а не со глупавион Мет. Само ако ги смират Мет и Керолајн ќе појдам и режисерот ќе го пукнам во колено :lol: :lol:
    Да си јадат газот, не ми се чека до Четврток :devil:
     
    На 1209, Strumfeta93, caroline.costa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Значи ПРЕдобра епизода! Секогаш знаат да остават со отворена уста.
    И мило ми е што Кетрин ја вратија назад, и што режисерите секоја нова епизода вметнуваат нови ликови. Со Ребека сега баш ќе биде интересно. Секако ако ја остават подолго.

    Едно само неможам да сфатам. Како Дејмон на крајот од првата сезона зборуваше со Кетрин ја бакна а не ја позна :!: . А сега кога му се јави по телефон, таа само што кажа еден збор тој одма ја позна :^) .
    И друго немам што да додадам. Спаркс кажа се.
    Единствено што ни преостанува е да погодуваме и да чекаме наредна епизода да видиме што ќе се случи.
    Can't wait!
     
  6. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    ^
    Па тогаш Дејмон за прв пат се сретна со Кетрин, ја немаше видено долго време и затоа ја помеша со Елена.

    А сега веќе комуницираа, па претпоставуваше дека Кетрин ќе го побара, а не Елена.

    И друго што ми текна откако се преиспитав е дека
    Клаус всушност бега од таткото на Ребека и Елајџа, ОРГИНАЛНИОТ вампир. Нели таткото на Елајџа и Ребека е првиот вампир што се создал и подоцна нивната мајка останала бремена со врколак и така се родил Клаус, првиот хибрид. Значи Клаус нема од кого да се плаши друг, туку само од овој. Може и да не е полицаецот, може допрва да не запознаат со тој лик.

    И уште нешто :lol:
    Дали тоа ланчето Елена што го носи е тоа што Клаус го бара, односно ланчето на Ребека? Нели кога Клаус му рече заборави на се, неа и падна и Стефан го зеде. Паузирајте ја сликата и видете дека се исти. Јако ќе биде ако Клаус го тера Стефан да и го земе, можеби и ќе гледаме битка помеѓу Стефи и Еленче.

    А и таткото на Керолајн има некоја скриена улога ќе видите, познат глумец е она, во Heroes го глумеше таткото на Хајден Панетиер. Не ми се верува да е само за 2-3 епизоди.
     
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Мислам дека тоа е ланчето. Бидејќи тој во првата сезона и го даде нели кога се плашеше Дејмон да не ја контролира Елена. Туку зошто би се плашел Клаус од таткото на Ребека, кога тој сигурно е појак од него или па :^) ?
     
  8. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Искрено ова ми стана подобра серија од госип грл! Абе луѓе парче направија се што допреа! Не можам да се изнагледам од серијава! прва и втора сезона ми беа онака колку да тепам време ама оваа сезона буквално ме убива! Ко ненормална чекам нова епизода, да видам што ќе се случи!
    ланчето е истото. Керолајн и Тајлер ГИ ОБОЖАВАМ! Значи преубави се заедно. Девојки ако најдете некој ко Тајлер одма јавувајте! :lol: :inlove: :l: :l: :l: :l:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас колку што памтам Клаус не е неуништлив сеуште. Требаше да биде, ако ја направеше клетвата како што треба. Елена е жива, значи Клаус уште е ранлив и уште може да се отепа на начинот кој Бони пробуваше со помош на Елајџа. Исто ако добро се сеќавам баш заради тоа сакаше Клаус да ја разбие клетвата за да биде и тој неуништлив. А за да биде и Клаус, значи некој мора да е веќе неуништлив, односно првиот вампир. Кога Елајџа и раскажуваше на Елена и кажа дека првиот вампир е неуништлив. Клаус е првиот хибрид, а таткото на Елајџа е првиот вампир.

    И баш ме интересира како ланчето стаса на од Кетрин вратот, нели сликата што ја виде Елена тогаш кога првпат имаше секс со Стефан, го носеше. Значи Стефан не ја видел Кетрин последен пат пред да стане вампир, мора некако ланчето да и го дал во меѓувреме...

    Се внесовме :lol: :lol: :lol:
    И аман со ова спојлериве, вистина ако некој не ја гледал епизодата нека не влегува во темава цела страница само скриен текст :devil:
     
    На caroline.costa и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Мислам дека Кетрин си го дрпна ланчето сама од барот кога ги нападнаа со дрвените куршуми, нели ја покажаа како ѕирка, со кратката косичка.
    И мислам дека она му го остави ланчето на Стефан, или он го зема од неа, или се лажам сега... многу детали има, малку ми се мешаат. :$
     
  11. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Во барот Стефан на крај си го зеде ланчето сам. Кетрин само го гледаше.
    А јас не паметам ланчето во Кетрин да било. Стефан кога и го даде на Елена тоа беше во првата сезона, и тој го извади од џебот. Таму кога ги переа колите, тогаш и го даде. Сигурно од тогаш кога го зел ланчето од барот па додека и го дал на Елена, тоа било во него. Тој го чувал. Јас така мислам.

    Инаку сега прочепкав низ сликите од првата сезона и од сликата на Кетрин. Таа носи ланче, но не е истото како ова сега што го бараат.

    Едит: Следете го погледот на Стефан кога Клаус и вели на Ребека, кажи ми дека не е тоа што и е потребно на вештерката. Мислам дека доволно зборува.
     
    На Sparks и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Аааа.. збрк, збрк цела се збркав :drunk:
    Ги обожавам сите епизоди кога се враќаат во минатото и дообјаснуваат што навистина се случувало.
    Никогаш немаше ни да претпоставам дека Клаус и Стефан биле другари.
    (ама најјака ми беше сцената кога Клаус сакаше да направи да пукне со Стефан а овој не го примети па си ја повлече раката :rofl: )
    Ама претпоставував дека го контролирал за да заборави, ми беше лош преводот па разбрав дека Клаус цело време го контролирал Стефан да ги прави сите тие работи.
    А и Ребека вештерка-вамп ли е, не сфатив :^) ?
    Се одмота клопчето, навистина има многу материјал што ќе ни го мелат во наредните епизоди.
    Мх, мх ми лајк ит, кент веит.

    Кхм, што тоа? :^)

    Аха, јасно за ова погоре. Стефан само им ги саботира плановите :D , излгеда не му е пријател како што мисли. Помили му се брат му и Елена.
     
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    На Клаус првично му треба ланчето за да види што е работата што неможе да ствара хибриди, нели тоа и требаше на вештерката.
    А ако Клаус донзае дека ланчето е во Елена т.е дознава дека Елена е жива, тогаш нема што да го праќа Стефан во борба против неа и за ланчто туку едноставно ќе ја убие и ќе си прави хибриди на раат :)


    Какви пресврти, глава боли, не трепнав 42мин
    Сакам и јас сабајле коа ќе се разбудам Дејмонче така изненадно да ми биде во кревет :inlove: :D оваа Елена неблагодарна бре


    Ми се свиѓа се, незнам што попрво да коментирам. Го сакам Стефан ваков, го сакам и новиот лик. Може сега на Стефчо ќе му се вратат чувствата кон оваа па ќе заборави на Елена....и така Дејмон ќе ја лапа :D
    ....and the bitch is back. Едвај чекам да бидам какви сплекти смислила Кетрин. Многу паметно игра. Си чека од страна и реагира во прав момент, манипулира

    А Керолај ми е дефинитивно најдооформениот лик во серијава. Каква беше, а каква е сега. Со Тејлор се убер секси пар, нема тука сомнежи

    Леле колку прашања....ама пусти да се режисериве се убаво ни објаснуваат, нема некои дупки, се по ред си има одговор :) и ниту една сцена, ниту еден разговор, реплика не е случаен, за се си има приказна. Па така очекувам и приказната со ланчето и ѕиркањето на Кетрин да се разјасни

    А што е работа со Бони? одмара некаде на Малдиви? ајде нека ја вратат, нека има малку "магични стапчиња" и огномети


    Ноуп. Клаус не го контролирал да прави ништо. Стефан се правел од кеф, а Клаус му се дивел и учел од него. На крај само на разделбата го исконтролирал да заборави дека воопшто ги познавал Клаус и сестра му. А зошто Клаус сакал овој да заборави ќе видиме натаму....
     
    На dancing.queen и Ann.94 им се допаѓа ова.
  14. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Па сакал Стефана да заборави за да не ја бара сестра му оти тие бегаја од некој....Ама сега ке биде за ланчето оти тоа ланче е важно за да може вештерката да направи за да му каже што е проблемот оти не може да создава хибриди,т.е.оти елена е жива,Ама како и секогаш Кетрин наога начиин да се извлече и сигурно сега ке му рече на Клаус дека ке му кажи кој го има ланчето ако ја остави на мира,оти та виде дека Стефан го зеде,и таа е во Чикаго....бо онај стефан добар ама шо не праел порано,зато јас најпојке си го сакам Демјанче,најјак е ко ке е саркастичен :) не му го даавам на никој :lol:
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.562
    Допаѓања:
    42.972
    Пол:
    Женски
    Овие се луди бе мајке ми :D Можно ли е секој нова епизода да биде повозбудлива и повозбудлива...не трепнав додека гледав.
    Кетрин абе опасна е, у секоја приказна ја има и неа, јас ја сакам, дефинитивно ми е еден од најдобрите негативци.Колку ми се допаѓа Стефан сега како бед вампајар, посекси е, а не мекуш лигав како што беше.Никогаш значи никогаш не ми паднало на памет дека овие се стари познајници,само од кого бегаат и зошто?
    Интересно, интересно...ама срце ме заболе кога Стефан и рече на Елена оди си не сакам да бидам со тебе, криво ми е за неа...
    Е сега мене нешто цело време ми се мота во глава, нели вампирите не можат да раѓаат деца?Јас така разбрав од една епизода кога Стефан и велеше на Елена дека немаат иднина, дека ако стане вампир и таа нема да има деца итн...како тогаш се родил Клаус од мајката на Ребека и Елајџа и од врколакот...Како воопшто станале вампири првобитните веројатно Ребека и Елајџа се родени како луѓе или пак?Некако ова ми е многу нејасно :^)
    Не знам за вас ама мене делот околу првиот Оригинал од кој што Кетрин и Елена се двојнички(веројатно и таа е Петрова) најмногу ме возбудува, сакам да знам која е првата и зошто таа е клучот на целата работа.
    Како и да е целата серија е со еден куп детали, минати, сегашни, безброј испреплетени приказни и животи и поради тоа е предобра.
    А Елена веќе ме нервира ајде нека се гушнат барем само со Дејмон оти мака ми е да ги гледам како се движат еден околу друг така полни страст :D
    Фала богу Бони се враќа, многу фали во серијата.
    Едит:Сега видов во новото промо Стефан изгледа легнува со Ребека забележете 11 сек.Претпоставувам тоа не е од минатото пошто тие таа вечер се запознале кога се издешава се...значи можно ли е да ја изневери Елена :o
     
  16. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    На dancing.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Супер му е оваа женска на Стефче, и технички - нема да ја изневери Елена, :!: зашто претходно Ребека му била девојка... ехеееееее, у живот од 100 и кусур години немаш многу избор да внимаваш на тие детали. :D

    Јас велам - go for it за Стефан и Ребека, за да Еленче конечно му обрне повеќе внимание на Дејмон и да се порадуваме. :clap:
    Инаку ќе овенеме чекајќи малку акција, само Керолајн и Тејлор им го обелија образот.
    :D
     
    На 1209 и caroline.costa им се допаѓа ова.
  18. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас мислам нема ништо да направи со Ребека.
    Тоа го мислам откако Кетрин се врати, а Стефан ништо не направи иако Кетрин му значеше премногу. Дури и кога беа во гробницата ништо не направи со неа. Премногу ја сака Елена а и сценаристиве не играат на Госип Грл сценарио, секој со секого да го спарат.

    Макар што ги сакам јас Елена и Дејмон, ама мислам дека пак цела сезона ќе не малтретираат со онакви сцени и на крај пак Елена ќе си остане со Стефан.

    Ако направија ваква епизода само со овие ликови, што ли ќе биде кога ќе бидат во игра и Елајџа и Бони и сите оргинални вампири... И првиот допелгангер! И Вики и Ана :!:

    Партали ќе прават, можам само да замислам што се нема да излезе.
    Да беше Џена жива сакав со Елајџа да ја видам, некако ми одговараа.
    После Дејмон, Елајџа ми е омилен лик :P
     
    На dancing.queen и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  19. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Оригиналната девојка на која Кетрин и Елена и се двојнички, можеби ќе ја замешаат во приказната а можеби и не. Не ми беше јасно дали двојничките настануваат по крвна линија или по случајност се раѓаат, ама кога подобро ќе размислам и по крвна линија се. Елена беше посвоена, значи голема е можноста таа да биде пра пра пра.. внука на Кетрин, нели по тоа детето што го родила. Па поради тоа и двојниците спаѓаат во групата на супернатурал крич`рс, прстенот не функционира на неа.
    Друго нешто, овие оригиналите прво биле луѓе па после станале вампири, тие се единствено семејство. Подоцна ги правеле вампирите со тоа што им внесувале крв на луѓето и натаму знаете :) .
    И ве прашав ама никој не ми одговори за оваа Ребека, ама ај ќе ја изгледам јас епизодата пак.
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    А можно ли е оригиналната да се појави во барот со кратката косичка?
    Да не била Кетрин воопшто? :^)