Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневниците на вампирот (The Vampire Diaries)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Maturantka, 15 септември 2010.

  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Штрумфетке, Ребека е вампир, од првата генерација, ќерка на првиот вампир. Полусестра на Клаус, по мајка :) Не е никаква вештерка, таа вештерката Глорија ја бараше заради тоа ланчето што и требаше. Всушност Ребека не "проживеа" без Стефан, само што се разделија во барот Клаус ја забоде. Потоа кога се разбуди одма него го виде.

    Трендафилке можно е. Дури и не е логично Кетрин да знаеше цело време за Стефан и Клаус и да си молчеше, Клаус кога ја држеше заробена би требало да го молеше Стефан да најде начин да ја извади од таму и за возврат да му го каже тоа.
    Всушност не знаеме која е девојката со кратка коса, ништо чудно да е првиот допелгангер.
     
    На Trendafilka и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  2. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    ^ Јас како што сфатив девојката со кратката коса беше Кетрин, само со перика or something. Тој дел и не ми беше јасен..
    Иначе браво за серијава :clap:
    Секоја нова епизода е се подобра и повозбудлива, ја обожавам.
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас дури денес си го помислив ова, вчера бев убедена дека е Кетрин тоа. Пологично би било да е оригиналната. Зашто Кетрин тоа време би се моткала во близина на Клаус кога знаеме дека цело време е во бегство од него
    А ако е ланчето толку нешто битно зашто пак Елајџа не превзеде нешто околу тоа, се изгоре еднаш од него кога ја држеше Елена....или може незнал
    ....леле коа фатам вака да размислувам од секоја страна по милион прашања :D ќе им ја оставам работата на режисерите


    Допелгангер во превод е двојничка. Значи прв допелгангер е Кетрин, а втор Елена....а оригиналната Петрова е само....оригинал, не допелгангер :) Чисто да расчистиме со термините


    Инаку би требало да се појави и оригиналната. Имам читано интервју со Нина Добрев коа заврши со втора сезона и кажуваше како уживала во глумата на двата ликата, ама и дека малку била исплашена зашто во третата сезона ќе требало да глуми и трет лик, па незнаела дали ќе успее да го издвои и тој лик како што направи со Елена и Кетрин.
    Значи според ова ќе го имаме и тој лик наскоро. Само интервјуто го немам зачувано, ниту можам да го најдам па немам доказ црно на бело дека ќе биде ова :)

    А не се сеќавам добро ама еднаш кога најдоа книга под наслов "Петрова" нели таму спомнаа нешто за оригиналната, дека и таа е од источна европа...да не се сеќава некој нешто да имаат кажано за неа?
    Многу ме интересира оваа приказна за Петрова, зашто баш таа има двојнички., дали можеби е и таа од првобитните....што е тоа што неа ја прави толку посебна и каде е сега
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Хмм.. Сепак тие стареат. Во тоа време постоела Кетрин и да речеме сигурно имала 200 и кусур години. Значи нема шанси да е оригиналната ако ептен у краен случај не е вампирка. Не бега од Клаус и може да се движи каде што сака ама нема зошто да се крие од Стефан, значи таа го знаела Стефан и затоа се скри. Мене повеќе ми е логично да е Кетрин, има разлог да се скрие од него а и нели сега е многу близу до нив и знае се што прават, најверојатно и тогаш така играла. Бегала од него а сепак му била во близина.

    Друго, нели вештерките ја ограничиле моќта на Клаус со клетва за да не биде најмоќното суштество. Ако оригиналниот вампир е исто така моќен сигурно има клетва и врз него, можеби Клаус не треба да постои па затоа го бара. Клаус сака да направи повеќе хибриди најверојатно да има сила да му се спротистави или да го уништи. Овие двајца најверојатно се во борба на меѓусебно уништување.

    Не е можно Елајџа да се изгори од ланчето, патем не можам да се сетам на таа случка, ако Елајша се изгорел тогаш и Стефан кога го држел можел да се изгори или било кој вампри. Сепак од каде би знаел дека со него може да се контактира оригиналната вештерка, сосем непотребна информација за него.

    Можно е и да смислат да се појави двојничката на Елена, Клаус да не дознае дека Елена е всушност жива, Клаус не ни претпостави на тоа дека Елена е жива, до сега милион пати ќе провереше наместо да ја оживува сестра му, што му е поризично. Можеби ќе сака повторно да го направи жртвувањето.
     
  5. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Грешка, оргиналната Петрова :) Јасно ми е што е допелгенгер и дека тоа се Кетрин и Елена а не и првата Петрова :)

    Пак ќе има ретроспектива, ако ја воведат и неа тогаш мора да објаснат.

    Вистина ништо не е јасно. Од една страна доколку тоа беше Кетрин кога беше пред смрт сигурно ќе ја трампаше таа информација, таква е што само за себе си гледа. Од друга страна можеби не знае ништо за ланчето, како што и Клаус не знаеше. Можеби сега ќе и текне за фамозното ланче кое го бараат, откако ќе дознае дека Клаус го бара и можеби ќе му се понуди да му каже каде е.

    А и ме чуди како Клаус не ја слушна Елена во шумата. Стефан ја слушна, Клаус не. Можеби со тоа што Елена умре па оживеа со магијата се смени нешто. Инаку не ми е логично во рок од 1 секунда Стефан ја слуша а Клаус не.

    А Штрумфетке јас колку што се сеќавам оргиналната Петрова е вампирка, па требало Кетрин да биде таа која што е жртвувана. Нели Клаус ја спремаше за тоа, ама таа му побегна и затоа Клаус ја брка. Ама мислам дека оргиналната Петрова е жива. Ако не се лажам, не сум сигурна за ова последново.
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Во епизодата кога Роуз и Тревор ја најдоа Елена ја зедоа ко заложник во една куќа и го викнаа Елајжа да дојде по неа. Таа тогаш беше со ланчето, се сеќавам дека во куќата некој и го скина од вратот и притоа се изгоре, јас мислам дека беше Елајжа, а може и Тревор бил. Потоа Дејмон и Стефан ја спасија, па Дејмон и го врати ланчето

    Ми се иде да гледам се од почеток :)

    Ти мислиш дека оригиналната Петрова всушност е мртва и не била вампир?
    Јас пак секогаш сум мислела дека таа е вампирка, само сакам да знам зашто е толку посебна...

    Инаку Спаркс несакав да звучам ко да ти објаснувам нешто, извини. Само да разграничиме, зашто во целиов хаос се ме буни :)

    Да бе :) А и во последнава епизода во тој плакарот кај Стефан во станот, на 3 метра од неа и не ја намириса, како не :)
     
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Не бе па и ти, уживај, јас грешно напишав, некој ќе се збуни и ќе си рече дека оргиналната Петрова е всушност двојник а не е :)

    Бај д веј ЕлајЏа е или ЕлајЖа? :lol:

    А да, и јас мислам дека Клаус всушност сето тоа го прави за да го победи таткото на Елај(џ)жа. Инаку не би ризикувал да создаде исто нешто како него со ризик тоа нешто да ги има истите моќи како него и некогаш да може дури и да го убие. Всушност третава сезона се вика The year of the originals, така да кај да е нив треба сите да ги уклучат. Баш исто како што лани беше The year of the Kat па пола сезона околу Кате се вртеше, како ја запознале и што всушност била таа.

    Или евентуално ако Клаус бега од некој многу моќен vampire hunter како што бил таткото од Џереми. Макар што ова помалку веројатно е.
     
  8. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Ги немам коментирано последните две епизоди. Инаку, нема да коментирам околу актерите, се знаат, најдобри се, сите се... кој од кој. :lol: И за колку се добри епизодите не би коментирала, се знае, режисериве се :x секогаш изненадуваат.

    Мислам дека Клаус, сепак намерно го прави ова, дека не ја гледа, слуша...
    Си мислам и јас тоа да не е оригиналот, Петрова. Пресмешна и е косата. :rofl: Инаку не сфатив, каде е Кетрин? На автобусот нешто Чикаго пишуваше ама незнам...Во еден момент помислив да не е пак во Бугарија, кај оригиналот. Нели Петрова е Бугарка...
    За ланчето, мислам дека е тоа, и дека цело време стоело кај Стефан. Не ми се верува Петрова (или Кетрин) да го земала. Она само го посматраше. Или пак намерно го гледала, па има некоја приказна во врска со тоа, некое нејзино објаснување...
    Него, Ана и Вики и Џереми не ги покажаа во оваа епизода. Кој знае што направил сироткиот. Јас сум да се вратат и двете. Така ќе биде поинтересно ]:)
    Нека си остане Стефан малце со Ребека. Интересна беше оваа епизода со тоа што навраќаа назад и многу работи се расчистија, ама и заматија.
    Инаку Ана беше некако поенергична, поголем впешаток ми остави и ми се повеќе свиѓаше. И нека се стави КРАЈ на Мет, редно ќе е. Неможам да го трпам, постојано е ваков |( . Ни на живо се смее ни на мртво плака. Глупчо!

    Едвај чекам Петок, да се разјасни малце. Секоја епизода на крајот, останувам со подотворена уста.
     
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    А Петрова каква врска има со Клаус и останатите?
    Да не е и таа случајно затворена во некој сандак како Ребека?
    Скроз ме испобунивте :tmi: .
     
  10. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Не ми се верува колку добро е смислено се, најситните детали се совршено обработени. Секоја чест. А сега да си кажам јас што си мислам...

    Прво да си кажам дека Елена, Дејмон,Рик ми отидоа во втор план. Керолајн, Тајлер, Клаус, Кетрин, Ребека и Стефан одат во прв план како најинтересни ликови. Клаус ми станува се помил. Во минатото се гледа дека многу го сакал Стефан. Стефан воопшто не го сакав таков лигав не можев да го гледам, како лошко е милион пати подобар. Керолајн и Тајлер се совршени заедно, од почетокот па досега тие се двата ликови кои најмногу напредуваат и се многу позрели за разлика од првите епизоди кога се тепаа со останатите и им ги превземаа партнерите. Почнав да ги сакам уште кога Тајлер прв пат се рпетвори во врколак, а таа му помагаше, мислам дека тие сцени најмногу ме допреа од цела серија.
    Е сега...Кога се криеја зад шанкот Клаус и рече на Ребека „Тој е. Тој знае, користи дрвени куршуми.“ Значи тоа е некој нивни близок, од кој дури и Клаус се плаши и дефинитивно знае нешто што би го уништило Клаус или има некое оружје со кое би можел да го убие. Да претпоставиме дека е таткото на Ребека. Логично ми е Клаус да не го сака и да се плаши од него сите знаеме од кои причини. Но, не знам зошто Ребека би се плашела од татко и ? Зошто Ребека го избрала Клаус ? Нели тој рече „Таа ме избра мене. Ја избра победничката страна.“ Кога му објаснуваше на Стефан дека останатите од нивната фамилија се мртви и дека тој ги убил, а таа не е оти избрала да биди на негова страна. Одма после тоа почнаа да пукаат. Тука почнувам да мислам дека не е возможно тоа да биди таткото на Ребека :^)
    Кетрин. Речиси сум сигурна дека таа со кратката коса е Кетрин. Таа секогаш знае повеќе од што ние можиме да претпоставиме, секогаш е вклучена многу повеќе од што можиме да видиме, секогаш приказната зависи од неа многу повеќе од што ние знаеме. Постојано ги следеше Клаус и Стефан и не верувам дека ги следела само затоа што е двојник. Кога сме кај двојниците, Кетрин на Дејмон на телефон му рече дека ги следи затоа што е таа двојникот, значи го најави постоењето на оригиналот и кажа дека таа не е оригиналот. Мислам дека Кетрин е таа со кратката коса, оти одма го застана таксито и мислам дека ќе оди и ќе го заплаши Стефан дека можи да кажи дека е во Елена ланчето, но нема да кажи. Така барем мислам оти Елена веќе одамна не и е битна, сфати дека меѓу неа и стефан е крај и дека ќе го засака Дејмон. Сега проблем ќе и биди Ребека. Очекувам борба меѓу Кетрин и Ребека за Стефан, која мислам е невозможна оти нели Ребека е од оригиналните, ама Кетрин крие уште нешто сигуна сум. Не верувам дека оригиналот би бил пејачка во кабаре. Оригинлот крие нешто многу поголемо. Таа со кратката коса е Кетрин, тогаш била многу заљубена во Стефан, а тогаш брзо и излегла од гробницата. Така мислам јас.
    И за жал мислам дека кога ќе се појави оригиналот, а Клаус ќе дознае дека овие двете се двојнички, мислам дека Кетрин ќе настрада, оти нели Елена ја штитат сите од сите страни, иако јас повеќе би сакала Елена да настрада, ич не ја сакам |( немојте да ме убиете заради ова :lol:
    Сеуште не ми е јасно само што сакаат Вики и Ана. Некој во темава спомна дека ќе се врателе сите вампири. Ако се случи тоа ќе направат тотален хаос од серијата, а не верувам дека тоа им е целта. Мислам дека Вики сака да се врати по секоја цена, а Ана е тука за да ја спречи во тоа и да му кажи на Џереми да не и помага на Вики оти ќе си има проблеми. Но , тие не се толку интересни сега за сега :lol:
    Edit: Заборавив да кажам дека Стефан сега ќе стани скроз друга личност, ќе му се вратат чувствата за Ребека, се гледа дека многу се сакале и тој неа и значел многу и таа него исто така. И ми се далеку поубав пар отколку со Елена.
    И морам уште еднаш да спомнам....Клаус :inlove: Преубав ми е. И многу ми е интресен. Прејак :lol:
    За Тајлер нема што да се зборува, совршен е. Кога влезе во собата кај Керолајн и кога ја погледна така слатко, јас се стопив пресекси е.
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.562
    Допаѓања:
    42.972
    Пол:
    Женски
    Јас погледнав некои епизоди од ново и вака мислам дека е,
    Кетрин ја бркаше Клаус цело време затоа што знаел дека е потребна Петрова да се уништи клетвата, таа сама кажа дека Петрова онаа првата е всушност вампир и затоа не може да биде жратвувана па Клаус ја сака неа, токму затоа таа се обеси и стана вампир.Значи мене ме интересира само зошто баш девојка од Петрова линијата е оригинал и зошто баш таа беше клучот на клетвата на Клаус.
    Е сега тоа со кратката коса мислам беше Кетрин зошто кога му рече на Дејмон нема да погодиш каде сум никогаш и кога излезе од говорница беше во Чикаго, значи таа секако цело време откако го пртвори Стеф го следи за да се увери дека е добро, а и мислам дека оригинлот сигурно не го знае Стефан бидејки е многу многу постара од него, така да скоро сум сигурна дека тоа беше Катерина, ама мислам дека нема поим за лачето ни таа ни никој друг само овие двајца.Можно е дека и ланчето е клуч за некоја клетва може со ланчето треба да се убие Клаус и татко му може баш тоа го сака зошто сепак тој е изрод и не е негова крв па сака да го уништи...а може и затоа што е свесен каков е одржува рамнотежа во природата исто како и вештерките.И Ребка рече дека било време да избере страна кога замина со Клаус а овој ги испотепа другите, вајда биле против него, значи го зеле ланчето и киднале :D Моја претпоставка татко му го гони Клаус да го уништи, тој ја гонеше Елена за да биде посилен...па направиле режисерите клетвата да не успее за да може да биде убиен итн.
    Како и да е ние сме многу љубопитни, а сигурно кај и да е ќе се открие дел по дел :D

    Него зошто никој не продискутира околу ова го ставив во предходно мислење па ќе се цитирам?
    „Е сега мене нешто цело време ми се мота во глава, нели вампирите не можат да раѓаат деца?Јас така разбрав од една епизода кога Стефан и велеше на Елена дека немаат иднина, дека ако стане вампир и таа нема да има деца итн...како тогаш се родил Клаус од мајката на Ребека и Елајџа и од врколакот...Како воопшто станале вампири првобитните веројатно Ребека и Елајџа се родени како луѓе или пак?Некако ова ми е многу нејасно.“
     
  12. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Кога Елајџа и ја раскажуваше приказната на Елена за нивното постоење, тој кажа дека тие порано биле луѓе, но подоцна се претвориле во правобитни вампири. Но таа приказна е долга. Најверојатно во оваа сезона ќе раскажат. Барем така заклучивме со Штрумфета.

    http://www.youtube.com/watch?v=L4ncdRsh ... re=related
    06:06 погледни.

    Едит: Заборавив да прашам. Тогаш кога Клаус прв пат ќе го правел ритуалот, нели требало со Кетрин. Тогаш тој си живеел во неговото родно место или пак? Ако живеел во родното место тогаш дали бегал од таткото на Ребека? Или пак подоцна татко и дознал дека не е негов син па почнале тие да бегаат? Некако ова ми е ептен испомешано :^) .
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    880
    Јас уште еднаш ќе прашам дали се нормални?

    Многу прашања се неодговорени што уште ли не чека понатака.
     
    На poison.ivy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Да разјасниме некои работи, значи
    За да се направи жртвувањето потребна е двојничка на Петрова не таа самата оригиналната. Затоа ви велам таа нема никаква врска со Клаус и нема зошто да бега, ако станала вампирка тоа би било нејзина желба а не да биде приморана.
    А баш оваа работа ја пишував во еден мој коментар, еве го
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Не знам за вас, ама мене Ребека страшно ме потсетува на Јохансова во спотот на Џастин за песната What goes around...

    Инаку, за епизодата немам коментар :x :x Се' сте кажале :D
    Колку се израдував кога видов дека Кетрин ја вратија :)
     
  16. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
  17. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Значи сигурно не беше таа Кетрис со кратката коса, е сега зошто би ја вклучиле и оригиналната, тука станува интересно. Лајк за тепачката меѓу Дејмон и Керолајн :)
     
  18. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Не знам што да кажам повеќе за серијава. Секоја епизода е се подобра и подобра од претходната.
    Мислев дека Ребека ќе биди заљубена до уши и речиси слепа, ама не е. Таткото на Керолајн :^) Дали е можно тој да е ловецот на вампири од кој се плаши дури и Клаус ? Уште не ми е јасно што е финтата со Ана и Вики. :^) А Клаус и Тајлер... :inlove: :inlove:
     
  19. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Не е таткото на Керолајн бидејќи тие бегаат во 20те и не е можно тој е човек. Не е можно да биде жив, онаа Глорија беше жива зашто е вештерка и си имаат нивни трикчиња.

    :o :x е ваква сум кога ја гледам серијата.
    Сакам да видам што ќе се случи со Катето пак изгледа ќе си биде тетка веѓета ама пак без неа не е интересно, а Елена и Дејмон ми се многу интересни :inlove: Овој Клаус нели е полубрат со Ребека и Илајџа или е брат со Ребека :?:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457

    Епа...
    Тоа ме збуни и мене. Треба да е човек, ама Дејмон кога се обиде да му го избриши сеќавањето не успеа, а немаше врбена во неговата крв, нели провери Дејмон. И уште нешто...многу брзо некако му зарасна гризот :lol: од Дејмон :^) Чуден ми е мене. Сумлив е сумлив.

    Како и да е многу ми е мило што серијата е сеуште интересна и не ја уништија со глупости, напротив овие 4 епизоди се најдобрите досега.