Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневниците на вампирот (The Vampire Diaries)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Maturantka, 15 септември 2010.

  1. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Брзо му помина бидејќи Керолајн му даде од нејзината крв и утрето си собра парталите и си отиде (засега).

    [​IMG] и сега Катето ли е ова? :?:
     
  2. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Клаус е полубрат со Ребека и Елајџа. Нели татко му на Клаус бил врколак. Инаку раната на татко и на Керолајн зарасна бргу затоа што Керолајн му даде да пие од нејзината крв.

    Незнам што повеќе да коментирам за епизодата. Стварно секој петок не оставаат со подзинати усти и без коментар. Браво што Бони ја вратија. Фалеше.

    Мене нешто ми мириса кај татко и на Керолајн, ама незнам. Не верувам да е тој ловецот. Бидеќи Клаус и Ребека со векови бегаат од некој. А за да биде тој ловецот мора да има некои надприродни моќи за да преживее толку долго. Но сепак мислам дека во него се крие нешто посебно за понатаму.
    Друго многу добро одиграно од страна на Ребека. Таа му кажа на Стефан дека секогаш може да почувствува кога тој ја лаже. Стефан го занемари тоа и премногу и се отвори при крајот. Премногу прашуваше. Абе женско. Знае кога да насети дека нешто не е во ред.
    Кетрин, Кетрин бре луѓе. Заедно со Дејмон би биле совшен пар да прават збрки. Секогаш кријат карта во ракав. Овој пат кој знае што наумила. Ептен, ептен ми е мило што ќе ја има пак. Без неа не е интересно.
    И конечно Ана. Сфативме што е работата. Но што понатаму. Незнам.
    Што ли ќе се случи со ланчето?
    Што ли ќе се случи во Мистик Фолс сега?

    Едит:
    Да Кетрин е тоа. Сети се кога таа излезе од говорницата и се присети на минатото кога и таа се наоѓаше во барот каде што беа Стефан, Клаус и Ребека.
    Ајде коментирајте да ја разрешиме мистеријава :lol: .
    И го чекам коментарот на Спаркс. Таа има повеќе да каже сега :wasntme: .
     
  3. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не е Кетрин, во оваа епизода кога Кетрин го праша Стефан зошто е толку заинтересиран за Клаус, и тој му кажа дека одамна се знаеле со Клаус, и дека тогаш тој бегал од некој ловец и затоа е заинтересиран, сака да дознае кој е ловецот. Ако беше тоа во барот Кетрин, ќе знаеше дека Стефан уште одамна се знае со Клаус.
     
  4. Twilight

    Twilight Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    29
    Ајде и јас да прокоментирам.. :)
    Мислам дека таа во барот беше Кетрин и дека цело време ги следи..а сега што наумила којзнае :lol: ..сега откако го доби ланчето..btw : Овој ловецот од кој што бегаат Ребека и Клаус е некој си Мајкл..(во сцената кога Стефан ја прашуваше на Ребека од кого бегале, и кога Клаус влезе ..таа рече дека се распрашувал за Мајкл..)
    Исто така голема е веројатноста тоа да е таткото на Керолајн..кога Дејмон го "гризна" во гробницата да провери дали има вербена во организмот..нели, подоцна се појави на забавата кај Локвуд..па немаше никакви белези.. :!: Исто ..кога Дејмон рече дека не видел вакво нешто порано (мислеше на тоа што не успеа да го "контролира"), а тој му рече дека му требале децении вежбање за да успее во тоа.. :!:
    За Џереми и тоа што ги гледа Ана и Вики ..сеуште не сфатив најдобро..ама сигурно ќе го разрешат во некоја од следните епизоди..
    Тајлер и Керолајн ... :P :$
    толку сега за сега..и останува да чекаме нова епизода.. ;)

    Неколку слики...
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  5. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Ана му се појавува на Џереми кога тој мисли на неа или јас лошо разбрав :^)
     
  6. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Ана секогаш може да се појави пред Џереми. Но само кога тој мисли на неа тогаш можат да комуницираат и да ја гледа. Гледаш кога тој и раскажуваше на Бони, Ана цело време викаше по него но тој не ја слушна затоа што не мислеше на неа.

    Едит: Само незнам дали истото се случува и со Вики :^) . Ако е така тогаш Џереми нема потреба зошто да мисли на неа. Сепак таа сака само збрки да направи.
     
  7. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    значи морам да си кажам епа вака
    Ме изнервира елена,многу оти го изнервира Демјан дека сакаше да го смени да го напрај како Стефен тој в крај се изревултира срце мое најубо.Леле се преплашив ко видов дека Клаус ко однесе Стефан во Мистик Фолс,сега гаран ке дознај дека елена е жива :( Ама стварно се чудам кој е тој Мајк шо бегаја Клаус од него,можи да е татко му на Керолајн,ама тој си замина од градот не вервам сепак одвај чекам да видиме.многу јако беше ко се тепаја Керолајн со Демјан.БООООО керолајн како му го рече в лице на Елена дека има нешто спрема Демјан ххаахах.Мат не го покажаја срце
     
  8. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Ме дупчиш ама ти малку а? :D :D

    Нема врска, епизодава беше добра. Јас досадна сум, ама вистина Керолајн и Тајлер ми се најубав пар во серијава. (За Елена и Дејмон не би знаела каков пар се, затоа нив не ги сметам). Tајлер какво тело има :x

    Таткото од Керолајн мати нешто, ќе видиме што. Ама не е обичен човек, или некоја вештерка го штити со некоја магија или некој прстен или нешто такво носи. Ви реков тој е познат глумец, нема да остане само 2-3 епизоди. На Клаус конечно му светна ламбичето дека можеби Стефан го лаже, баш оставија простор за интересна следна епизода, што би се случило доколку Клаус ја најде Елена.

    Кате и вас ве излажа, кога правеше муабет со Бони а? И јас мислев Елена е, кога излезе дека таа е Кате, плус со ланче, плус со фактот дека знае за Џереми. Исто така пак не знаеме дали беше таа со кратката коса, затоа што сепак тоа е Кетрин, може да се прави луда дека не знае што Стефан барал со Клаус... :)

    Интересна епизода, очекувам следната пак да биде БУМ.
     
    На caroline.costa, dancing.queen и Neytiri им се допаѓа ова.
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Стварно Кетрин не излажа. Јас мислев Елена е. Кога ја снема велам кај отиде сега оваа. И одма помислив на Кетрин. Едно големо :clap: за Нина Добрев уште еднаш ќе кажам.
    Туку јас неможев да издржам и гледав промо од пета епизода :tmi: :$ . Стварно ќе биде добра. Ама не кажувам што ќе се случи. Знам дека сакате да ве изненади.
    И заборавив да спомнам дека фалеше тепачка. Особено како го одглумија тоа Дејмон и Керолајн.
    Damon: I Love a good girl fight :D .
    [​IMG]
    Извини Спаркс, морав :$ . Не те дупчам :D .
     
    На Sparks му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?

    Се нервирам! ниеден торент за Вампирските дневници сезона 3-епизода 4 не работи. Знаете некој сигурен торент? :^)
    пс.Акаунт на земунда немам.
     
  11. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
  12. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Овој татко и на Керолајн 100% е нешто, или има нешто, па што е таков, да му зарасне рана, да неможе да контактира. Или пак прави некои трикови за да не е контролиран.
    Бев сигурна дека тоа со кратката коса е оригиналот, ама сега некако ми се помати. Нели кога Стефан се сретна со Катето, на почетокот, кога тој излезе на воздух и ја виде, и таа кажа ,,ланчето што го бара (сестра му на Клаус) е кај Елена, нели?‘‘. Епа можеби тоа со кратката коса е Катето, и затоа знае за ланчето, а и тоа било пред 90 години, се изменила до сега.Се оттарасаа од таа вештерката. Во претходната епизода ми беше океј, ама сега ме изнервира.
    За тоа на крајот, и јас мислев дека е Елена, оти обично, Елена ја пеглаат а Катето со виткана коса е :lol: Јас по тоа ги разликувам. Во една епизода од претходната сезона, истото го направи, беше испеглана и не‘ збуни, сега пак. Сега она со Дејмон тргна во Чикаго, а овие дојдоа назад. :D Се разминаа.
    Ана некако ми е многу мутава. :lol: Мислам, така ми изгледа, инаку си е океј. Сепак сакам Вики да се врати. :wasntme: Интересно е направено ова, со нив две.
    Ми се свиѓа што ја вратија и Бони, а за тепачката, без зборови останав. И кога го утепа Дејмон овој со прстенот за оживување. :lol:
    Интересна епизода, и сакам да го изгледам промото за 5, ама незнам, дали да си расипувам или... :?:

    едит:
    го изгледав промото :o леле, интересно ќе е, мноогу. Него, ми светна нешто, овој на Керолајн татко и, памет ми се виде, па можеби знае некој лек да го умртват Клаус :^) Сепак, на крајот или тие ќе се решат од него, или тој од нив. :lol: Мора нешто да направат.
     
  13. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    882
    Значи промото за наредната епизода е OMG!!!!

    Во оваа епизода и немаше толку акција не може да се спореди со предходната но представува една најава за она што ќе се случува понатака, повторо едвај чекам петок да дојдам за да гледам наредна епизода
     
  14. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Kако што ми тргна со вампирскиве серии,и додека чекам за тру блад,решив да ја проверам оваа :)
    Jа зедов прва сезона,па ке пишам 8)
     
  15. Queen-b

    Queen-b Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    мислам дека нема да зажалиш ајде ке кажиш :) јас бев ептен скептична за серијата ама сегаааааааа едвај чекам да дојди петок да излези нова епизода :D
     
  16. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    4.778
    Зошто ги изгледав сите епизоди? Сеа кој ќе чека до петок? :devil:
    Колку убаво ми беше,епизода по епизода.Не сум мрднала од компјутер!
    Барем ќе ви се придружам со коментари.
    Серијава мава на психа :x
    Дејмон ми е омилен лик.Го обожавам неговиот сарказам! Уффф.
    Ептен кејф ми направија што ја видов пак Вики.Многу е убава,штета што така лесно се решија од тој лик.
    Само не разбрав сеа дали ќе може повторно да ги гледа нив кога ќе посака.
    Добро бе,штом толку лесно губат ликови - The time has come to kill Matt Donovan
    :devil: Многу е тапчо! Непотребен лик им е.
     
  17. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Првите епизоди,чинам две не ми се допагаа,ме потсетуваа на Tвајлајт,ме нервира тоа тинејџерското во серијава :^) но продолжив да ги гледам и другите спизоди и се изнанадив пријатно,дефенитивно ке продолжам да ја гледам серијава,сеуште ја гледам 1 сезона :)

    Jenna и Lexi ми се(беа)омилени ликови,штета што еднава ја нема повеке :?:
    Cтефан ме нервира ужасно,како puppy dog е :D

    Дејмон ми е интересен како лик,само тој ме смее :D

    Tака да :up: за серијава :)
     
    На dancing.queen и Katherine.Pierce им се допаѓа ова.
  18. Twilight

    Twilight Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    29
  19. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Aбе дечки јас стигнав до 3 сезона 4 епизода,се заразив со серијава :D

    Mене ми се чини дека овај татко и на Caroline го видов кога оваа Kатерина или петрова се појави,а во мегувреме дојде некој полиција или не знам што беше и му покажа слика од Kлаус и Pебека на Cтефан,е тој човек ми личи на гејов тато :D :wasntme:

    Oваа Pебека лична е бре :D
    Mене Kлаус и Eлајџа ми се многу убави,посебно Kлаус :inlove: :tmi:

    Cекој петок излегува нова епизода,така??
     
  20. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Да, да Волфче. Секој петок има нова епизода. Мило ми е што ти се допадна. Ќе има уште некој кој ќе пишува коментари :lol: .
    Јас ја симнав, но вечер ќе гледам и ќе пишам.