Spoiler Eх како се изнервирав Hе ја сакам Pебека повеке A сега Eлена изгледа тотално го откачи на Cтефчуле,а за после кога ке пишите да ве прашам? Kлаус и Pеби го бараат ланчето,за да го употребат против Mајкл? A ме чуди зашто ако тој е вампир,а воедно и ловец,убива други вампири? и како можат само синџири да го држат на Mајкл? Oтворајте спојлер после гледање на 5 епизода! Caroline и мене ми е мило што ја најдов серијава Cега кој ке чека дури до четврток-петок? Aх Kлаусче,ке те папам
Дали и на некој друг му се случи почетокот на 5-тата епизода всушност да го покаже крајот? Па во паника да бара дали ја симнал вистинската епизода и што пропуштил. Многу напнато, возбудливо и конечно сите тројца заедно. Да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму. А со кој памет Кетрин сака да го разбуди Мајкл, ловецот на вампири? Тој зарем е само намерачен на Клаус и Ребека, нема да ги испоубие останатите? И што ќе се случи со Тајлер? Сега откако е хибрид значи и тој ќе се храни со крв...
Hишто сега, и Tејлор ке пие вива сокче т.е крв A овај Mајкл дан му е намерачен на хибридиве или пак има некоја друга причина? чудно ми е што вампир сака да убие друг вампир,т.е ги гони?
ако ма појака серија од не знам,епизодата беше џам хехех го обожавам Денјан срце мое најубо на цел свет како ја крена Елена....ама и Клаус многу секси е ммммм
Мислам дека од 3та сезона досега ова беше најинтересна. Spoiler Мора да објаснат за Мајкл во нареднице епизоди, ама не мие јасно како Катето отвори ковчегот и овој ококори (отвори) очите, па и со ланци. Ланчето на Ребека што било, сега што е на Елена, Ребека кажа во една епизода дек и било од некоја вештерка моја претпоставка е дека и било да ја штити или да пречи за хибридот. Овој Клаус како одма дозна кај е Елена . Кога Клаус ми викаше на Стефан тејк ит оф мислев дека ќе го извлече вампирското од него и ќе стане човек. Teмава ако може да се стави во важни.
Епизодата беше . Штом уште во петта епизода толку ни открија, сигурно ова не е крајот. Spoiler Незнам зошто Дејмон така и направи на Кетрин. Леле бре преубав пар ми се , и двајцата со bad mind. Истото го кажувам и за Тејлор и Керолајн. Туку сега и мене не ми е јасно дали Тејлор ќе биде хибрид. Некако многу чудно се чувствуваше откако заврши се. И Кетрин бе, секогаш има карта плус во рацете. Арно си кажа, мораш да бидеш чекор напред пред непријателот. Како и успева да го дознае сето ова. Друго чудно што ми стана како може Мет сега да ја гледа Вики . Нели само Џереми може. Или пак овој сега кога се обиде да се убие, доби некакви моќи. Ребека и Клаус покрај Кетрин ми стануваат омилени негативци. Класу како ги одигрува работите . И преубав ми е. А лик како Ребека недостигаше во серијата. Недостигаше женско вампир. Сега не оставаат да погодуваме повторно. Но овојпат за ловецот. Штом е умртвен, сигурно има некоја моќ што би го вратила назад во живот. И зошто толку Клаус се плаши од него? Одма побегна кога му кажа Дејмон . И последно што сакав да кажам сега улогите се сменија. Во првата сезона Дејмон беше негативецот. Оној кој со иронија се потсмевнуваше. Сега е редот на Стефан. Но му личи.
Во секоја наредна епизода има нешто ново и поинтересно Со душа ја чекам наредната. Spoiler Колку ми е чудно сега, значи улогите на добар/лош брат целосно им се сменија. Стефан на крајот на епизодава се однесуваше исто како Дејмон кога се појави во првите епизоди Иначе интересен ми е Клаус со тоа, love ако сте приметиле
Spoiler уф уф, сега Стефан е лошото момче а Дејмон доброто, а?а? ми беше смешна малку последната сцена, си ги сменија улогите. А Елена „паѓа“ на добри момчиња, што значи.... ќе бидне нешто Туку озбилно сеа, многу работи се случија и некако набрзо. Па што ќе гледаме натаму?! Ме интересира и овој Тејлор ќе му треба прстен или не? ( бидејќи нели е вампир) И кутрото дете, Мет, што им требаше и него да го мешаат во надприродни работи, и онака си стоеше настрана. Се шалам секако, добро е што го вклучија во играта, иначе беше ко набркано детенце, поима немаше што правт другите. За Мајкл неам мислење, не можам да погодам што му е намерата. Да ги истреби сите вампири и да остане сам и да владее со обичните смртници?! Па досадно ќе му биде... Морам да кажам дека ми свиѓа глумата, без исклучок. Ептен се добри и новиве негативци. Кој ќе чека уште една недела.. Треба два пати неделно да ги даваат, нема смисла вака.
ги изгледав сите епизоди,ептен се повампирив е сега треба барем по 2 епизоди неделно да дават, ич не ми се чека. Spoiler а патем да прашам Овоj True blood добар е? сличен како дневниците или?
Клаус Што убав ми се виде во последнава епизода... Која бај Д веј ми беше, surprise surprise предобра. Spoiler И ме нервира Стевчо кога го плукаат, се бореше до последниот момент, дури и си забоде дрво само за да не ја повреди Елена. Е сега можеше да ги изеде тие двајцата кога Клаус прв пат му рече, ама Клаус ќе најдеше друг начин да го провери дали ја сака Елена со тоа што неа ќе ја нападнеше. Ептен ми падна жал кога го видов како се удира по тие орманчињата, пробувајќи се да се контролира, но нели е невозможно, ниту на Kate и успеа тоа кога беше контролирана од Елајџа најпрвин да остане во гробницата, потоа и од Клаус. Верувам на крај Елена пак ќе остане со Стевчо, кога Клаус ќе го ослободи од compulsion. Имаше епик моменти епизодава, али ова беше најврв од се http://www.youtube.com/watch?v=8qb6nbhbdRs Бај д веј кога стаса Кате пак да ја извитка косата бре? Што е експресна Крајот ми беше преубав, моментот кога Елена виде дека Дејмон ја носи во раце и кога само се препушти и продолжи да спие, затоа што знаеше дека се ќе биде во ред. Дејмон не и кажува те сакам (без притоа да ја натера да заборави), ама и кажува дека секогаш ќе ја одбере неа и дека никогаш нема да ја напушти, што ми е многу поголемо од те сакам. Ептен ги сакам како пар, но од друга страна благодарна сум им на сценаристите што не ја направија серијава таква што секој со секого го измешаа. Колку и да ги сакам Дејмон и Елена, Стефан никогаш не ме нервира, прекрасен лик ми е и тој. Само Мет ме нервира Клаус is in the building, партали летаат на сите страни, а тој ја ангажира Бони да трча и него да го спасува. Аман нека го тргнат, само тој ми смета во серијава, апсолутно никој друг! За Мајкл не знаеме ништо, така да можеме само да си претпоставуваме. Може да е татко на оргиналната вештерка (таа што ја создала магијата). Може да е љубовник на мајката од Клаус и Ребека. Може да е смртен непријател на нивното семејство. Ќе се покаже тоа допрва. На крај сепак мислам дека Елена ќе му прости на Стевчо и ќе му каже дека се е во ред затоа што Стевчо беше под дејство на Клаус. Сега и е чудно бидејќи првпат гледа како лови и затоа што ја нападна неа. И аман Елајџа нека ми го вратат! Јас ја почнав Тру Блад и ја оставив после 5 епизоди. Поголем ужас од таа серија ми немаше, колку и Американците да се луди по неа. Луди се и по Кардашијан, така да што сакаат тие не е веродостојно за квалитет. Еден од глумците има толку глупав карактер што ти иде да му ја удриш една преку монитор. Другиот е закочен и не покажува емоции, жими тој Ерик што е нешто подобар. Главната глумица е антиталент невиден. На Елена може вода да и носи. Ниту приказната е нешто интересна како овде да те тера нон стоп да гледаш, таму ти е типично си биле двајца и се сакале.
Eх да тоа си помислив можеби е љубовникот т.е таткото на Kлаус,ама нели тој беше врколак? E сега,кој ке чека? Mеandyou Jас ја гледам Tру блад,мене ми е добра ја сакам,погледав 3-4 епизоди и се заразив,пак тука некаде имаат сличности со дневнициве промо за 6 епизода,опасно ке е http://www.youtube.com/watch?v=cUi54mcCP2g
Hе тепајте ме,нападнав со коментари.... Tуку најдов мало промо или коментар(че) за 6 Spoiler Elena, Caroline, Bonnie and Matt begin their senior year of high school. Meanwhile, Damon becomes annoyed with a new houseguest, and everyone is surprised by a new arrival in Alaric's history class и за крај Come on sweetheart Spoiler
Spoiler Мајкл не верувам да е љубовникот на мајката на Клаус. Нели Елајџа кога и ја раскажуваше приказната за нивната фамилија на Елена, и кажа дека татко им го убил љубовникот и целото негово семејство. Друго сакав да ви кажам колку сезони ќе има според мојот сон. Ги сонував Дејмон и Елена . Ми кажаа дека ќе имало уште две сезони. Едната ќе ја снимаат т.е. четврта, а за петта требало сеуште да ја откупат од писателот . И ја прашав нешто за филмот, и несакаше да ми каже зошто тоа останувало само меѓу нив. Не смееле да кажуваат на никој .
Импресии, импресии ... Spoiler Еленка наша е комплетно збунета, од една страна има чувства за Стефан, од друга страна Дејмон е така шармантен и добар спрема неа, покрај него се чувствува сигурно. Аххх, кутрата ја жалам. (Како да не, има двајца преубави вампири шо се борат за неа ) Зошто викате дека премногу ни открија во првите 5 епизоди? Зарем сакате да се развлекува дејството и после да се жалите колку се досадни? Супер е вака, а и има што да раскажат: Spoiler 1. За Мајкл, оригиналите, историјата на Клаус, дрн-дрн 2. Односот меѓу Дејмон и Елена 3. Оригиналната двојничка, вештерка, сите оригинали 4. Ана и Вики 5. Тајлер како хибрид, врската со Керолајн 6. Таткото на Керолајн (многу ми е сумњив нешто) Имаат многу за кажување, ехееее, само нека продолжат да прават вакви добри епизоди, и Кетринка да ја има повеќе време Edit: Ај нека се стави во Важни темата. Како тоа Очајните домаќинки со очајна сезона имаат важна тема, а ние тука треба да ја бркаме темата за да ја најдеме И ова со спојлерите е малку смотано, кој не ја гледал епизодата нека не влегува на темата, туку откога ќе ја изгледа да коментира.
Јас барав слики од сеpијата и несакајќу вудов дека во серијата ќе се појави Spoiler мајката на Клаус Ребека се мислев од кој филм ми е позната, и прогуглав и најдов дека има глумено во Mean girls2 и таму глуми како една шмизла.
Изгледав и јас. Spoiler Ланчето нели е од првобитната вештерка, и мислам дека е за да не се контролира тој што го носи. А Клаус му викаше на Стефан, трн ит оф, тоа нели беше за емоциите, за да се нахрани од Елена. Тејлор нели сега е хибрид? Јас така сфатив...Кетрин ми е супер, и Тејлор ми е омилен. Добар пар се со Керолајн. Добро е Мет, се вклучи некако, барем нешто и од него, фала богу. А ловецот, изгледа и вампири лови, оти кога Џереми зборуваше со Вики/Ана (не се сеќавам) oна кажа дека ќе е лошо ако тие го отворат. И изгледа само он ќе може некако против Клаус, што Клаус толку се исплаши кога го спомнаа. Многу ми е смешен Стефан како лошко, некако не ми личи мене. Темата нека се префрли во ВАЖНИ! Оваа епизода ми беше преинтересна ама следната Го изгледав промото и ЕДВАЈ ЧЕКАМ!!!
Јас како што имам сватено. Немаат никакви моќи ни Џереми ни Мет. Тие можат да гледаат умрени, затоа што умреле па биле оживеани.
Аааа едвај чекам петок па многу работи не објаснија... Spoiler Ме интересира кој е Мајкл всушност и зошто така Клаус избега кога слушна за него исто така ме интересира за таткото на Керојалн (да не e поврзан нешто со Мајкл) Не сум навикната Стефан да го гледам во вакво издание но дефинитвно го личи