Имам само една замерка за оваа сезона. Зошто на Дејмон косата му е толку долга?! Не го можам, нека го шишнат малце Spoiler Многу ме интересираат оригинални вампири, вештици и двојничката секако. Ама не ми е јасно што ќе се случи со Тајлер сега кога е хибрид. Фала богу малку го средија Мет и он има некаква улога сега.
:up: fashionista ! Spoiler Ама ич не му личи на Стефан да биде ваков. Неможе Стефан да биде Дејмон.Не му одговара на фацулето негово злобен лик. Смешен ми е на последната сцена Незнам колку епизоди ќе го влечкаат така.Треба да се однесува како воопшто да не му е гајле што Дејмон и Елена се зближуваат.Тој бил злобен во минатото а Дејмон само глумеше лош да му го направи животот на Стефан мизерен што го преобратил. Тоа и го пишува во дневниците на Гилберт.Сега Стефан е стариот тој (bad to the bone ) а Дејмон,добриот како што бил порано. Ауфф ми се свиѓа Тајлер.Како нов лик ми е сега.Ќе биде многу посилен како хибрид. Кетрин по претпоставка го сака Мајкл на нејзина страна за да го има Стефан за себе а за тоа и треба да го убие Клаус. Можно е сега Џереми да стапи во контакт со Џена?
^ Мислам дека нема да може да ја гледа Џена, тој ги гледа само оние на кои што мисли и сака да ги види. Исто како што Мет ја гледа Вики сега. Мене пак Стефан баш ми има фаца за злобен лик
Ја изгледав и јас епизодата.. Spoiler Хмм...импресии..па се сте кажале.. Фала богу, и Мет го вклучија во "играта" ..ме интересира што ќе се случува понатаму со тој Мајкл..и дали е некако поврзан со таткото на Керолајн ..толку многу заплети..имаат многу да ни откријат во следните епизоди.. Ќе прокоментирам и јас за косата на Дејмон..wtf? ..многу е поубав со пократка коса..дај нека го рашишаат малку, па на што личи ? И да..темата да оди во ВАЖНИ!! Неколку сликички..
Spoiler Mислам да,можеби да Mене татко и од Kеролајн ми личи на Mајкл(во тие секунди што ги видов,исто така кога во барот го покажуваат Cтефан кога сака да го земе ланчето од Pебека,и тој како инспектор што дојде...овие тројца некако ми се слични и ми се чини и поврзани Aбе луге серијава дефенитивно мава на психа,сите сезони наеднаш ги изгледав и сега се збудалев и дневници почнав да пишувам,и Kлаус да го сонувам Cе шалам
Spoiler И ако му е, него ќе го замолат да не ја убива Керолајн и нејзините пријатели, него само Клаус. И сите среќно си живееле. Уф, едвај чекам нова епизода!!! Едит: Ама мене овој Клаус ич не ми е симпатичен...
Spoiler Тој што дојде да го праша Стефан дали ги видел Клаус и Ребека (инспекторот) - беше Мајкл..но Клаус веќе го имаше "контролирано" на Стефан да заборави на се што се случило, се додека тој не му рече да се сети ..и тој рече дека ги нема видено никогаш досега..а дали ќе излезе дека е дедо на Керолајн..хмм..незнам можеби, бидејќи си личеа со татко и..
Волфче истата сум и јас . Еве ти плакни очи, јас сеуште неможев да им се нагледам. Насмевката и акцентот му се . Spoiler Едит: Spoiler Ми текна сега да прашам. Зошто вампир би ловел други вампири? Не ми е јасно .
Леле не се нормално овие, серијава ми е на прво место (а ги гледам многу). Коа ќе се сетам колку бев скептчна и дека несакав да ја гледам.... џабе погодуваме што ќе е случува , кога после нова епизода ги читам старите мислења дури смешно ми е колку неможеме да предвидиме ништо. Ете мислевме д Spoiler али Клаус ќе сфати дека Елена е жива, па ќе ја бара....па ќе се вртат работите околу тоа барем некое време, кога оп во наредната епизода уште во прва минута Клаус ја најде Елена и какви работи се случија, неможев да трепнам. А енос 5та епизода е, некои други режисери со случкиве од овие 5 епизоди ќе развлечеа 2 сезони, ама овде нема земање воздух, нема одмарање. Кој знае што се имаат смислено за до крајот Го обожавам бе
Spoiler Пушти ја повторно петта епизода и отиди на тој дел кога Кетрин и Дејмон го тераат Џереми да разговара со Ана. Слушни ја Кетрин кога му кажува на Дејмон дека нејзината пријателка Перл и кажувала дека постои вампир кој може да го уништи Клаус. И слушни ја после Ана кога ќе каже: Mikael the vampire who hounts vampires.
Уауууууууу. Епизодите стануваат се подобри и подобри. Да не можиш ништо да предвидиш и да претпоставиш. Секоја чест. Туку јас имам само една единствена замерка, а тоа е Дејмон. Аман најучтиво ги зaмолувам да го средат малку оти на ништо не личи. Најмногу го сакав и ми беше преубав, а сега ми е некако блед. Не го ни приметувам, ама секогаш ќе го сакам заради сарказмот ако ништо повеќе. Стефан како лошко не си можи со Дејмон, но добар е. Каков беше дури ја гледаше Елена кога требаше да ја гризни. Ич не го сакав, одвратен ми беше таков лигав целиот, ама сега ми е супер. Ова најверојатно дека јас сум повеќе по бед бојс Мет го вклучија конечно поарен е сега. Тајлер е лепотан. Најубав ми е од цела серија. Секси створење И Клаус ми е прејак и преубав исто како што ми беше Дејмон на времето. Како глуми. Акцентот да не го спомнувам воопшто. И кога ќе речи лов е . Едвај ја чекам новата епизода. Го гледав промото. Смелс лајк тин спирит.
Значи да нема забуни. Ова е таткото на Керолајн Не знаеме ништо за него, апсолутно ништо. Само знаеме дека знае некако да избегне контрола на умот. Како - не знаеме. Само толку кажаа досега за него. Ова е Мајкл За него знаеме дека е престар вампир, но исто така дека поради некоја х причина, исто убива вампири. Знаеме дека ги брка Клаус и Ребека долго време, дека лежеше веројатно со некоја магија заробен во ковчег и дека Кате го ослободи. Значи никако не ги мешајте тие 2 ликови, не се никако поврзани (од ова што досега го кажаа). Бај д веј Spoiler Којзнае што ми стана, ама во последниве епизоди Клаус многу ми е убав
Ахх...ја обожавам серијава веке болна станав Ги обожавам Дејмон и Елена... Само Стефан ме изнервира оти ја сака Елена а толку грубо ја третираше кога беше во клубот кај Глорија ( мислам дека беше 3 или 4 епизода) Пишете ако имате некои итересни информации
Аа... епа доста со Клаус па навистина е мајмун , ми се допаѓа акцентот и неговите покрети и погледи ништо друго, си го задржав мислењето за него уште од 2ра сезона. Не сум коментирала ни за претходната епизода ама искрено не се многу сеќавам што се случуваше затоа што последната беше нешто . Морам да се сложам со Трендафилка дека дури на моменти помислував -а бе овие да не планираат оваа епизода последна да биде? . Многу работи се случија одеднаш, едно време се чуствував носталгична за старите моменти кога работите беа посложени и упростени на Стефан-Елена-Дејмон. Ама одлични се навистина што вметнуваат многу ликови и стари недовршени пресметки. Дефинитивно Стефан е отиден во неповрат, изменет на 180. Не очекувајте пресврт на неговиот карактер до последната епизода од сите сезони, барем така мислам јас. Едвај чекам наредна епизода.
јас се мислам дека Клаус ке умре од тој вампирот Мајкл или незнам како беше...ама ме интересира шо ке се случи со Стефан Дејмон и Елена.. И останатите како Џерми,Тејлор,Мет,Бони .... а што мислите ке се врати ли Вики? и не свакам што е финтава... Вики сака Џерми да и помогне да се врати а другата (стварно незнам како се вика...заборавив ) му вика демек Вики му мисли нешто лошо.. стварно не разбрав што е и како..
^ Другата се вика Ана, а мене пак не ми е јасно што Вики има толку да му помага на Мет, па не дека му се дешава нешто значајно за да му помага!? Ај, ќе видиме се што ќе се случува, битно полни се со изненадувања, само треба да бидеме трпеливи, дефинитивно се исплатува
Јад дури сега стигнав да ја гледам епизодата и фала богу што за два дена ја има новата оти немаше да издржам во неизвесност цела недела. Е сега да си кажам мене оваа епизода ми беше Spoiler немам збор за да ја опишам, единствено не ми се допадна сцената со Мет кога беше без свест и кога збореше со Вики некако ми беше смешно. Јас уште гласам за Елена и Дејмон како и од првата епизода ги сакам заедно, без разлика Стефан дали ќе стане добар пак или не...ама кога го видов дома срцето ми застана Инаку мене ми ја нема таа бед фаца Стефчо, некако миличок е така и кога размислам подобро, како добар ми беше посимпатичен, ама ако сега ми се допаѓа таа промена на улоги. Сцената кога Дејмон ја виде Еленчето во болница таква слаба и кога ја направи таа фацка што ја прави секогаш кога е во нејзина близина и кога и кажува нешто срцепателно абе ми се идеше да ги стиснам и двајцата преку екран и да не ги пуштам додека не се бакнат Со Мајкл ова ми е фантастично осмислено...само немој да ги направи сите парам парче вампирите...ама јас сепак мислам дека тој стриктно ги бара овие ...пошто чим е професионалец тој во сцената кога Стефан беше во барот ќе знаеше дека е вампир и ќе го уловеше или пак?Како и да е мило ми е што им фуфна на овие двајца и го фатија патот. Е сега да кажам за Катето царче ми е женава...како бе успева со се да биде во тек не ми е јасно мајке ми.Мене таа повеќе ми одговара со Стефан, а и мислам дека на крај тие ќе останат заедно и ќе дувнат некаде така бед капл Инаку да напоменам Џереми во секоја епизода е посекси и посекси , стварно како најмногу да се измени тој во ова серија физички мислам.А и Тајлер и Керолајн ми се срцки...стварно се преубав пар. И тоа од мене ќе навртам за 2 дена или помалку да прокоментирам пак.
За Стефан што е убав убав е ама сепак сакам Елена и Стефан да се заедно..онака убав пар се а за Тејлор и Керолај ми е уште помило Сепак ке прокоментираме у петок...Ахх... И така сестра ми не е на факултет се надевам уште од сабајле ке се разбудам со вампириве... само епизодава да не заврши како "да не завршила " а пак како би било интересно ако не не` остават во неизвесност