Само што ја изгледав, мене ми беше многу интересна оваа епизода и од памет се извадив кога и падна книгата на Бони Има нешто со ланчево и со цртежите во пештерата. Во наредната епизода ќе има флешбекс сигурно ќе откријат нешто. А не знам што Џереми толку запна на Ана, мислам дека треба некој женска (човек) да му најдат. Ако најдете трејлер за наредна епизода да го објавите овде.
:geek: Spoiler Цела епизода се ежев, цела епизода подзинував и ја вртев главата од неверување. Едно време кога Дејмон се заглави во дрвата мислев дека Мејсон сепак сакаше да му се одмазди ама не, ептен фер си испадна само Дејмон фаќа кривини, требаше да биде барем малку пообзирен. Колку само беа интересни знаците изнацртани во пештерата, сигурно имаат значење како да го убијат Клаус. Ова ланчево стварно голема работа е, штом со него се контактира оригиналната вештерка сигурно не е за само да се стопи во огнот. Понапред имаше коментари нели дека семејството Локвуд и Форбс ќе завојуваат а како што гледаме се повеќе и повеќе се засакуваат. Колку ми беше интересна Керолајн кога се тепаше со духовите . Лекси беше ѕверка, од кај и е па сега овој ритуал, сигурно и таа не била само обичен вампир туку потекнувала од некое специфично семејство. Ги сакам.
Spoiler И мене ми беше интересна епизодата, ама без Клаус не е тоа тоа. И да ви кажам се изнервирав што ниту покажаа што ќе се случи со Кате ниту го покажаа Мајкл. А толку многу го очекував во оваа епизода . Инаку и јас помислив дека Мејсон му смести замка на Дејмон, но не бе. Се покажа фер човекот. Туку не сфатив како знаеше тоа Лекси да го направи. И ми се допадна, му отчита убаво на Стефан. И се изнасмеав кога го лупна од стаклото од колата . Друго знаев дека ланчето е многу битно. Знаев дека туку така нема да се исчезне. Предчувствував дека ќе се појави пак. Мило ми беше што Ана и мајка и се видоа. И многу ми е мило барем што на момент ја видов Лекси. Дефинитивно и улога како нејзината е потребна во филмот. Жал ми е што нема да се појави. А сега знаците :geek: . Баш се заинтересирав што ќе значат, и која пак улога ќе ја имаат. Дефинитивно епизода со голем вовед за наредната. Едит: Дансинг, еве ти линк од прмото од 8-ма епизода: Spoiler Кој несака да знае, нека не гледа . http://www.youtube.com/watch?v=2X6hrnh_Uwk Ќе биде многу интересно
Хохо не ви ги читам постовите, прво да гледам. Што е убаво чувството кога имаш повеќе од една епизода за гледање Дека не стигнав неделава да ја гледам прошлата, и плус денес што излегла. Мх,мх,мх, утре ќе се пикнам под ќебенце, и ќе ги гледам уживајки во саботното попладне..
Spoiler И мене ми беше интересна епизодата. Ги немаше Клаус, Кетрин и Мајкл, ама затоа духовите беа тука. И јас мислев дека е замка за Дејмон, ама не.. Џереми ме изнервира. Златна Бони, он кај таа намќорката. Нека си седи сеа со Мама. Следната епизода ќе е посветена на оригиналите, сигурно ќе го видиме Клаус и Мајкл.. Ќе ги откријат тие знаците (така нели беше во промото, го гледав јас). Aма иако ќе ги откријат знаците и повеќе работи за оригиналите, 100% нема сега да го убијат Клаус. За него е целата сезона и во почетокот да го убијат, не верувам. Или пак да го убијат па пак да се врати.. Незнам што ќе направат и неможам да претпоставам! Лекси малце го опамети Стефан, добро е! Глупо беше што некои духови им помагаа (Лекси и Мејсон), а некои им одмагаа, а мораа сите да ги врнат назад одеднаш. И 872410 пати се плеснав по глава.. http://www.youtube.com/watch?v=tQMwF55pL8o Е како Боже Петра толку силно се треснував. Поради некоите сцени. Едвај чекам петок!!!
Spoiler А може некој да ми објасни зошто биле скарани Дејмон и Аларик, па Дејмон мораше да му се извинува во последната епизода? Не ми текнува ич :/
Ме изнасмеа со Петра!!! Иначе епизодата Посебно моментот со Лекси како го тресна Стефан!!! Се изнасмеав!!! Ѕверка е многу, ептен ќе ми фали... Еден од омилените ликови дефинитивно
Mене ова епизода ми беше слаба освен крајот фала богу замина онаа Aна почна да ме нервира цела епиозода ја чекав Kатето да ја покажат со Mикаел ама ништо,и Pебека ја немаше Spoiler A видовте колку кози имаше на зидот за да се убие оригинал?и другите работи Cигурно нареднава епизода ке е boom
Е да си јадат ушите значи. До 10та епизода ќе се прикажува сега, потоа прават огромна пауза и 10тата епизода дури на 5ти Јануари. Можам да претпоставам каква ќе биде 9тата, исто како што не реметат со финалните епизоди, и оваа таква некоја ќе ја направат. Значи има уште 2 eпизоди, до 10 Ноември, потоа цел Декември ќе си чекаме. Еее Подобро да скокаа по една недела отколку вака голема пауза Едит Нина е преубаво преправена Срцка е Џосеф, ептен ми е убав
Леле Спаркс, зошто кажа. Е сега се изнервирав . Не се фер! Мислам летото помалку чекав, за разлика од сега. Ту идиоти .
Абе овие со нас мајтап си играат! Е ќе штрајкувам, па ПРЕТЕРУВААТ! Нема смисла. Се изнервирав сега. Нема да можам на мира да си спијам.
Мене Елена многу слабо ми одглуми во последната епизода. Посебно кога и' го кажа тоа I can handle it на Лекси, ми дојде да пукнам од смеа. Кај има малку текст и реплики, кај така бедно ги кажува. Како Кетрин е 10 пати подобра. И добро е што Џереми и Бони не се пар, мене ми се тотално распар. Не ми одговараат. Ама ич. На крај, кога Ана си ја најде мајка си, се израдував искрено. Баш ми падна мило некако. А Тајлер, а, а? Зашто го скинаа во оваа епизода? И камо малку страст помеѓу Дејмон и Елена , не ми се верува дека сценаристиве поттикнуваат само сцени помеѓу Стефан и Елена . . .