Кај нас утре одсабајле излегува.Мислам дека баш се појавува за симнување во ноќните часови ама точно немам поим кога.Ќе почекаме до утре
јеееееее конечно !!!!!!!! има торент на замунда само шо си го симнав ама утре ќе ја гледам епизодава на раат сега касно ми е ќе си легнам ..... уф колку сум среќна хахах
http://www.putlocker.com/file/872CD1B653E7D754 и конечно ја начекав Spoiler yeyeyeyeyy Delena kiss! не отварајте спојлер ако не сте ја гледале епизодата
Конечно ! Spoiler Време беше 3 сезони го чекам тој бакнеж ! "If I'm gonna feel guilty about something, I'm gonna feel guilty about this" and than
Spoiler Да да, се чекаше ова веќе цела серија. Фајнали! Но таа не го одби, го посакуваше. За момент помислив дека можеби пак Кетрин се крие позади маската демек Елена. Но не, конечно нешто реално помеѓу нив. Е сега со ковчезите што ќе стане не се знае. Можеби Бони ќе ги отвори со магија, и како што изненадуваат во секоја епизода, можеби Стефан ќе ги пушти овие. Или само ќе видат што се крие внатре, и пак ќе ги чуваат за да го прави ова на Клаус. И искрено овој Тајлор почна сега да ме нервира. Добил подарок од Клаус и сега ќе направи се за него. Па дури и да ги убие пријателите. Ма ајде таму. Супер беше со Каролин. И добар потег со Џереми. Кој знае што може да му се случи таму, ќе си умре. Подобро вака. Нека се оддалечи од Мистик Фолс. Не најавија ништо за следната епизода, но и оваа беше предобар почеток после два месеци. И пак ни останува да погодуваме. Со оваа серија ништо не се знае.
Spoiler Конечно еј, каков бакнеж, се стопив Колку беа убави леле ја гледав 3 пати сцената. Инаку епизодата океј беше, очекував нешто повозбудливо ама сепак добро ми дојде после два месеци. Ова со Џереми не ми се допадна многу, сакам да го гледам во епизодите али добро не ни треба уште еден мртовец. Сега се ќе биде повозбудливо после овој бакнеж, со душа ја чекам наредната епизода.
И јас ги изгледав , како дрога ми станаа. Морам да ги конзумирам и после се чуствувам подобро. Spoiler И мене не ми беа нешто посебно, освен крајот де . Чекајте тек средина на сезоната е, знам дека нешто големо ни спремаат. Не разбрав дали Бони го сонувала тој сон поради вештерски инстинкт или едно време помислив дека Стефан и го контролирал сонот само да ја намами да отиде во куќата. Прстените на Џереми и Аларик нели ги заштитуваа од надреални работи - вампири, врколаци а сега Аларик настрада од автомобил што е реално и прстенот не требаше да му помогне . Ќе ме потсети ли некој кога и кој го покани Клаус во куќата на Дејмон и Стефан? Па и Клаус сакаше да ги разбуди, Стефан му ги украде баш да не го направи тоа. Јас пред се го разбирам Тајлер, не мора веќе да ја трпи огромната болка благодарејки на Клаус, зарем ти не би била некому благодарна да спречи некоја твоја болка? А сега тоа што Клаус е склон кон лоши работи тоа е друга работа. Ребека не е опасна, здравје и Џереми мислам дека ќе биде добро. Не сакам повеќе луѓе да умираат, ептен мал круг оставија. Нема да биде интересно. А и за кофчезите, мислам дека во тој кофчег што го сонувала Бони е Елајџа, претпоставувам де. Голема можност е и во тој кофчег да биде телото на мајката, не ми е многу логично но сепак може да се претпостави. Нели Бони го сонуваше нејзиното ланче . Ќе видиме. А бакнежот , дали оти знаев или пак премногу време го чекавме, и не ми беше нешто посебно
^ Spoiler За сонот мислам дека сепак тоа е вештерски инстинкт. Бидејќи и вештерките го мразат Клаус па и помогнаа на некој начин на Бони и ја одведоа таму. А прстенот не му помогна на Аларик. Нели Дејмон го спаси него со тоа што му даде крв. Сега ги прегледав последните епизоди од втората сезона и најдов. Кога за прв пат се појави Клаус нели тој влезе во телото на Аларик. И сите ја убадуваа Џена да не се сретне со него. Кога Стефан се појави во куќата кај Џена за да и објасни подетално, таа веќе го поканила Аларик односно Клаус. За ковчезите си претпоставив дека можеби Стефан ќе ги пушти оргиналите, бидејќи тие не биле во контакт со Клаус, нема да знаат што всушност се случило и ќе го нападнат бидејќи тој ги затворил. А Стефан ги украде од него бидејќи Клаус му зема се, па сега овој сака да му врати. Еве промо од 11 епизода. За оние кои неможат да дочекаат до петок . http://www.youtube.com/watch?v=VJnV8eO4yr8
Spoiler Не во тој ковчег не е телото на мајка им пошто мајката не била вампир.Се сеќаваш дадоа како ја закопуваат Ребека, Елајџа и Клаус.Јас мислам дека во ковчегот е Елајџа, некако само тој ми е доволно моќен и исполнет со омраза за да го суреди Клаус...не знам ќе видиме сигурно во некоја од наредните епизод. БТВ ќе се појави и мајката на Бони во 12 епизода
Неможам да го редактирам мислењето а сакав и да додадам.. Незнам дали се сеќавате на едно мислење што имав пишано. Еве: Spoiler Претпоставка:Изгледа овие се во ковчезите. П.с.Најдов видео со оргиналната и прва Петрова.
Spoiler Ама ти денес или пред една година ја гледаше епизодата . Па беше мртов на улицата кога го тресна автомобилот и после се врати во живот поради тоа што го носеше прстенот. Нели лежеше дома на креветот и после тоа стана и почна да кашла крв. Дејмон го залечи отпосле кога го однесоа во болница . И не знам зошто мислам дека Аларик ќе има афера со оваа болничарката , многу секси муабет си направија . Во куќата на Дејмон и Стефан, не на Елена . А и Ребека кога ја разбуди таа ништо не му направи на Клаус . Ќе седнеме јас и ти ќе си направиме муабет настрана од темата .
Spoiler Тогаш погледни 18 епизода 2 сезона. Клаус е во телото на Аларик, а другите незнаат за тоа. Се договараат како да го убијат Клаус, а тој звони на вратата. Влегува без проблем. Моја предпоставка: можеби затоа што е во телото на Аларик може да влезе без предходно да е повикан. И ова за ковчезите си беше предпоставка, немора толку озбилно да ја сфатиш . Аларик и докторката ќе имаат афера.
Конечно, вредеше си чекањето. Дејмон ми беше смешен со "They still use their judgy." И многу беше наппната епизодава.
Spoiler Во ред фала . Ти реплицирав затоа што за различна локација ми одговори. Претпоставката ти е на место, ништо озбилно не сфатив. Ако мислиш за последната реченица, се однесуваше за цела епизода .
да и ја мислам дека они се во ковчезите оти во линкот нели има за сите посебно напишано и кај Кол и Фин (браќа на Клаус ) пишува дека за прв пат ќе се појават во 13 епизода Bringing Out The Dead... па според тоа би требало они да се во ковчезите
Незнаев дека до толку ми фалеле вампириве. Трема ме мавна додека ја симнував епизодата.Па дур ја пуштам па наместам превод,абе ко Ромкана за Мајкл Џексон што вика,инфракт-удар срца Ме изнасмеа Штрумфета Добро бре овој Клаус мене ќе ме збрлави.Каков е Бакнежот,солиден .Долго и го чекав така да ќе им простам што не можеа тапани да удираат у позадина за драстичен моменаТ. ( а баш очекував како на Симс - You can kiss and smooch and make out and WooHoo )
Spoiler Jaс прочитав дека Дејмон ќе биде тој што ќе го заинтигрира ликот на докторката, мислам дека тој пресврт ќе настане пошто врти сучи на крај мора Елена со Стефчо да е, барем според мене... А Каролина велиш најде нешто за оргиналната Петрова, давај ваму не не држи така у неизвеснот