Абе луѓе мене се ми се мота во глава едно прашање...нели беа 4 ковчези, 1 со мајката, Елајџа, Ребека и Кол, а другиот брат од каде излезе?А скоро сум сигурна дека беа 4 ковчези дали ова е пропуст или јас сум во заблуда?
За последната епизода сакам да кажам нешто многу битно Елена од секогаш беше и остана ТЕШКА ГЛУПАЧКА!! Коза бре. Spoiler Мило ми е за сексот на Дејмон и Ребека од кој останав со подзината уста. Браво дечиња Секоја чест на Дејмон што има муда да и го направи на Елена она што го заслужува, Стефан не го прави тоа, ама затоа Стефан е муле, а Дејмон е еден од омилените ликови. Многу реално си се однесува човекот. Ги сакам Клаус и Керлајн заедно. Со Тајлер ми беа омилен пар, но Клаус го сакам повеќе од Тајлер така да... Инаку не верувам дека ќе и успее магијата на Естер. Елајџа ми е преубав, ама бидејќи сум секогаш повеќе по лошите момци, моментално омилени ми се Клаус и КОЛ. Ммммхххх убавини е серијата. Ми се чини сите најубави мажи ги собрале.
многу интересна шема направена од некој кој искрено кажано и мене ме остави во размислување ... вообишаено баш бројам и гледам такви детали колку беа ковчезоте дали имало несхто плус или минус на тоа ... но сега некако не ... Интересно ми е како во 1вата сезона цело време беше ЕЛЕНА со дневникот а сега веке го нема ни чепнато .. хехе ехех хехе треба може да го преименуваат серијалов Плус тоа ке ја сруши лозата на Дневници која е дел од нејзиното семејство ( нели во Лаке хоусе најдоа голем број на такви дневници од минатото на сем)
Или јас сум ептен оќоравела или стварно на сликаат има уште еден член на семесјството на Естер и Мајкл? Ако има зошто не го спомнаа или чекат на крај и да заврше 3та сезона, како секоја што завршува. Прва сезона камбекот на Кетрин, втора сезона крај со Џереми и бившие негови А има ли објавено некаде дали ке има 4та сезона?
Ма во она време таму и тогаш мислам дека било сраМота да има само 3 деци хехе еххе ехехе ... и јас се изненадив но се чудам каде е оној 1виот - да не сум пропуштила нешто во моето досегашно гледање???? ц ц ц ветувам дека ке ги разгледам уште еднаш пак - давам чесен пионерски збор и плус искрено чекам од некаде да се појави и таткото на КЛАУС за ултимате Вукудлак кој е секако Оргинал .....
Толку се навлеков на серијава, што почнав и да ги сонувам ! Spoiler Сношти цело време се тепав со Клаус , и после побегнав заедно со Џереми и Дејмон
Spoiler Тоа е момчето што беше убиено од врколак, нели Клаус и тој биле излезени да ги гледааат како се претвораат и затоа Клаус беше на некој начин крив за неговата смрт и една од главните причини зошто мајка им ги претворила во вампири. А јас задоцнив со мојот коментар, обично коментирав додека сум под импресии ама не и овој пат . Ве читам сите возбудени а исто сум и јас. Ми текнува еден период од 2рата сезона истото ни се случуваше, постојано пишувавме различни мислења за тоа што ќе се случи ... аа да, дека требаше Дејмон да умре, па нема шанси да ни го исфрлат од серијата, сега пак за оригиналите е истата тензија, ќе видите нема да ги убијат . Алал да им е колку само не размрдуваат и потресуваат со тие нивни сплетки . Дејмон + Ребека = . Сцената беше ватрена, се испопалив мајке ми, дефинитивно Дејмон ми е најсекси кога е разочаран ама за постојано да биде со Ребека не ги сакам. Клаус не го сакам, не можев а да не се стопам на неговиот поглед кога Кер пристигна на балот ама убаво му кажа каков е, во потполност се согласувам со неа. Сепак ми се допадна неговиот гест со цртежот . Ај некој нека ме поправи ама мислам дека Клаус никогаш не бил заљубен во Кетрин. А Елена си е супер, немојте туку така да ја осудувате . Елајџа е душа, да му апнат од г*з што така го лажат.
Eдвај ја чекам новата епизода,ми доага цела вечер да останам неспиена и да чекам да ја гледам A после што ке правам кога ке заврши сезонава?
Spoiler Па што не ви е јасно, на сликата се 5 деца, а ковчези беа 4, т.е. на почеток беа 5 но Клаус ја оживеа Ребека кога му требаше за да дознаат зошто не може да прави хибриди, нели таа вештерката сопственичката на барот му рече така.А потоа Елена и забоди колче во срцето, па ја чуваа во подрум неа . Па потоа останаа 4, од кои во едниот ковчег беше мајката Естер, а во другите три Елајџа, Кол и тој третиот не знам како се вика. Штрумфета, во право си, Клаус не бил никогаш заљубен во Кетрин, тој бил заљубен во Татја, првата девојка, а Кетрин сакал само да ја искористи за да ја растури магијата и да може да биде и врколак и вампир во исто време.
Детето што фали на сликата е првото дете на Мајкл и Естер кое што умрело од чума додека живееле во Европа и поради тоа тие се селат во Мистик Фолс
Spoiler Уф,уф фацата на Eлена кога ги виде на Pебека и Дејмон беше Cе знаеше дека на Eстер нема да и успее планот,секогаш нешто испага,и ми е жал што мајката на Бони ке стане вампир,добар тим беа заедно Hа сцените со Kаролајн и Kлаус се стопив,уф уф Луге пак паузираат,наредната епизода излегува на 15 март,алоо нормални се,што паузираат 1 месец? Eве промо за 16 и изгледа ке е интересна доста http://www.youtube.com/watch?v=OT9vfHlWOiU
Дајте превод од некаде. Барав ама неможев да најдам. Ако нашол некој нека стави тука. Ако може на англиски.
http://www.subtitleseeker.com/Download- ... V+XviD-2HD Spoiler Леле и двајцата ја откачија , ама договорени беа, не е интересно така. Ребека ја замразив, ужива во туѓа несреќа - кучка! А мајка и на Бони мислам дека ќе умре, нели не може да биде и вештерка и вампир. Многу ми падна жал за Бони а и за Елена. Сирота толку е склона кон депресии па и ова ќе ја докрајчи. Докторка Фел нема што да ја коментирам, таа е, крај. А сега Аларик мртов е?
Spoiler Aбе јас изгледа имам нешто пропуштено,нели Aларик и докторката седеа кај неа дома правеа муабет нели е жив? Tуку мене на крајот ми завриши кога Kарлајн и Eлена зборуваа и толку?Oтворив и други видеа и тука пак ми заврши 42 минута беше