Сега ја симнувам епизодата, но се разочарав кога прочитав овде дека толку многу ке паузираат до следната епизода. Аман бе, зашто толкави паузи !?!?!?! Не е фер
Jа догледав епизодата и ај некој нека ми објасни Spoiler што зборуваа Pебека и Kлаус нешто за некој календар,не разбрав? E веке ако го тргнат Aларик нема да ми е интересна серијава,доста ликови тргнаа
живци искинав со барање асални линкови за он лине гледање плс пишете некој од линковите на кој вие ја изгледавте епизодата
Јас ја симнувам ако сакаш линк по ЛП ќе ти пратам. Многу интересна епизода наредната уште поинтересна. Spoiler Не е фер што така и прават на Бони, секогаш таа е жртва. Се за Елена се прави, ако и е што и двајцата ја откачија претерува. Елена ми се допадна шти сакаше да помогне на Елајџа.Забележавте ли дека Стефан си пишуваше во дневникот, јас мислев се откажал од пишување.
Jас ги гледам на milversite.net Видеата се со стварно одличен квалитет и има српски превод ! Прва сезона http://www.milversite.net/browse-dnevni ... -date.html Втора сезона http://www.milversite.net/browse-dnevni ... -date.html Трета сезона http://www.milversite.net/browse-dnevni ... -date.html Само треба да се регистрираш
Амн па веќе со тие одмори! Spoiler Незнам за вас ама мене највеќе ми падна жал за Клаус. Дури и пуштив солза кога ги искина цртежите и ги фрли во оганот. Мислам дека овој пат имаше искрени намери со Керолајн. А и баш би сакала да ги видам нив како пар. Би изгледале супер. Што се тиче до Елена, ма не ми е криво. Ич. Како само ги вртеше и двајцата. Сакаше и со двајцата да остане. Но овој пат Дејмон добро и го лупна кога правеа мообет по телефон. Кога сум веќе кај него, приметив дека е потстрижан и пролепшан . Ребека сеуште ја сакам со Дејмон, и не ми е криво што така и направи на Елена. Да не заборавиме дека Елена и заби нож во грб, па било кој на нејзино место би се однесувал вака. На оваа Естер валда нема да и текне да се врати повторно со extra powers. А на крајот од денот Ребека повторно се врати кај Клаус. Секако дека тој секогаш ќе ја штити неа. Само не сфатив што сакаше да каже Ребека со сликите во пештерата. И гледам дека наредната епизода ќе има изгледа flashback. А и ќе биде интересно. Spoiler Пак јас со таа насмевка ама никогаш нема да ја заборавам. Елена само успеа ова да го направи од Дејмон.
Spoiler Најпрво уште еднаш фала за линкот, а што се однесува на прашањето Оригиналните вампири можат да бидат убиени само со таков кол од оригиналното дрво кое било во селото кога сеште биле луѓе(не сум сигурна за во каков вид на прав или состојка треба да се намачка колот). Ова дрво они сметаа дека го имаат уништено во моментот кога се претвориле во вампири(имаа само неколку колови кои веќе ги искористија) колку што сватив јас на зидовите од пештерата се прикажани цртежи кои го претставуваат развојот на настаните од моментот на настанување на вампирите низ друга перспектива. Моментот кога се цртани оние цртежи(300 год. по уништувањето) тоа дрво, или барем дрво од истиот вид насадено на истото место сеуште постои. Што значи дека веројатноста остатоци од тоа дрво да бидат искористени за да биде убиен еден оригинал се големи. Не сум сигурна дали сум целосно во право ......јас така си ги протумачив работите. Што се однесува до денешната епизода мало разочарување во однос на предходната. Очекував повеќе екшн, ама од друг тип хаха Клаус ми е се посекси и неговата човечка страна се повеќе испаѓа на површина.Се андевам тоа ќе го примети и Керолајн и ќе има повеќе жешки моменти оти стварно ми се преубави. Елајџа....што да кажам.Иако беше на момент лошиот вилан, поседува некое аристократско држење, достоинство и принципи како никој друг. Elijah for president Ноа докторкана се знаеше дека мати нешто.... А Дејмон Дејмон Дејмон повторно го вратија во улогата на бед бои, и некако му ја сервираат Елена на Стефан. Очигледно коментарот на Елена премногу го здоболе и ја сака многу повеќе одколку што претпоставувавме штом се жртвува себеси за она индиректно да му се врати на Стефан. Али си го обожавам сеуште
Spoiler Не не, дрвото не треба да биде намачкано со ништо. Тоа дрво од кое тие можат да умрат го запалиле и останала пепелта што ја ставаат на дагерите, нели само така ги умртвуваат а кога ги извадат тие пак оживуваат. Според тој календар може да се предвиди кога тој вид на дрво повторно ќе се појави. Барем јас така разбрав. И ќе се направат колци и со нив ќе можат да ги умртват засекогаш, како Мајкл. И заборавив да напоменам дека во оваа епизода Елајџа ми беше посебно срцкаст, разубавен . Се повеќе и повеќе ми се допаѓа неговата улога, реален, приземјен, наместо Ребека кокошката што се мисли дека е најдобра од сите, мх. Плус ако го размекнат Клаус мислам дека ќе погрешат. Значи ја сакал премногу оригиналната Петрова а подоцна око не му трепнало на Кетрин, што толку посебна би била Керолајн за толку многу да се измени.
Не знам,мислам дека и тие што не сакаат да ги гледаат вампирите дефинитивно ке почнат да ги гледаат баш поради такви ликови ко Дејмон, Клаус, Кол,Тејлор, Елајџа... Јас ипак останувам верна на Дејмон...
Spoiler Епизодава ништо спешл, очекував повозбудливо да е. Се знаеше дека оригиналите нема да умрат, не може серијата без сите нив. Јас тотално се заљубив во Елајџа, нешто многу ми е разубавен и мил, ама изгледа и тој е вљубен во Елена. Дејмон си се врати по старо заради прасето Елена да, посекси е вака лош, но некако се му е испомешано, го сака Стефан, а ја сака и Елена а тие двајцата абер си немаат.Ич ама баш ич не ми е жал за Елена, сама си го бараше, но сепак на крајот мислам ќе биде со Дејмон, некако не ми се верува Стефчо така да го изневери Дејмон сам си кажа не е истиот. I refuse to believe that Claroline and Delena are over! Колку јас што разбрав изгледа пак го има тоа дрвото(тие го запалиле ама изгледа ново никнало ) кое им дало живот на оргиналите па само тоа двро може и да им го одземе па затоа Клаус и Ребека беа вознемирени. А за Бони многу ми падна жал, за се што прават таа плаќа. При крајот јас така убаво си рукнав, мајка и на Бони вампир, изгледа Клаус се откажа од Керолајн а Дејмон не се извини за тоа што го направи, се се пореметува, а уште па кога прочитав дека прават пауза од 1 месец е тоа беше врвот Е се знаеше дека докторката е изопачена е сега Аларик не знаеме дали е жив. Туку кај е Тајлер? Уф Елајџа, Елајџа! Spoiler I want Elijah to spank Damon like that! Доста голем пост бе.
Не се нормални со паузиве, аман се значи! Spoiler Леле колку ми падна ќеф кога Елена ја виде Ребека, мх мх мх. Ама не и е сеедно, му вика проблем е што ме сакаш, а кога Дејмон си најдува женски го прашува оти спиеше со нив. Што, таа ако Стефан не ја одбиеше да не го почитуваше Дејмон и бакнежот што го имаа?! Море мрш, кога не се бакнаа пред нејзе среќна нека е. Дејмон што убаво ја откачи, онака кул, и во право беше за се што и рече. Елајџа класика, нова тастатура ќе треба да си купам, се лигавам кога го гледам како луда. Клаус нема да го размекнат, тој уште ќе си остане негативец, ама мораат и него да му најдат џенцка, тој јес да е вампир, ама маж е бре, и него сушен период му е Ова не е готово, пак ќе се колат, само треба Естер да најде нов начин да ги убие. А инаку за дрвото, постоело само едно дрво и тоа го запалиле, но очигледно постои уште едно и тие можат да бидат убиени со него. Ништо, ќе чекаме повторно речиси месец, тоа е. Бај д веј видете што направив Их што сакам таа да го моли Дејмон на крај а не тој неа не сте свесни. А Дејмон и Ребека можат да ни приредат уште неколку онакви сцени, ич ама ич нема да се бунам
Spoiler Знаев, Знаев.. И као Дејмон Предосеќав за таа. Уф, не ја можам, кога ќе и ја видам тоа устата ми се Одвратна ми е како појава, уште помалку ја сакам како лик во серијава. Што се тиче Елена, смотаница, што ми се исполни душата кога се појави на вратата. Де де, уште да знаеше каков секс паднал меѓу нив, сигурно уште поише ќе си ја изедеше душичката. И Кетрин си играше со двајцата али тактички бре брате. Имав поголеми очекувања, освен крајот, некако предвидлива ми беше епизодава. Али ај, ќе чекаме еден месец.
Незнам за вас, но јас гласам за уште еден секс како во предходната епизода, само овој пат нека биде помеѓу Керолајн и Клаус . Незнам дали кажав но вампирските сексови се најјаки! Посакувам за момент да бидам вампир.
Spoiler Оу не не не сакам да умре Аларик . Мислев дека во епизодава ке има повеке акција, ама ништоо, се разочарав.Мислев дека оваа епизода Клаус и Керолајн ке завршат заедно. Дејмон добро и направи на Елена. Елајџа како и секогаш, мојот омилен.Секоја епизода е се по секси. А тоа дрвото, колку што разбрав го запалиле, али ваљда имало уште едно такво, или тоа дрво пак ке се појави..
ја игра некој играта The vampire diaries: get sucked in на фејсбук? интересна е. јас почнав да ја играм пред два дена.. се заразив
Е ова беше епизода. Во секоја минута акција во TVD стил Ми се допадна многу, иако како што кажа некој погоре, малку предвидлива беше. Spoiler Се согласувам со Штрумфета за Клаус и Керолајн. Па навистина, што е толку Керолајн специјална за овој да омекне толку? Ептен ја исфорсираа оваа работа, и навистина каде е Тајлер!?? Зарем толку жешката љубов помеѓу Керолајн и Тајлер туку така ќе ја баталат?? Ма ајде, ве молам, најозбилно!! Елена глупачата мораше да му каже на Илајџа, ама добро барем ги спаси И сега она е крива за се, и баш ќе ми е мило ако сите ја отфрлат, и Бони, и Стефан и Дејмон, зашто стварно заслужува. И ќе си види она убаво од Естер кога ќе се врати (се надевам ќе се врати ) Сега Дејмон не знаеме каков ќе биде после фијаското со Елена. Баш ќе ми биде интересно да го гледам. Се надевамм ќе ги преврти сите жените во серијата И аман, до 15-ти Март ли да чекаме бре!?
Spoiler Што беше Елена толку посебно за Дејмон да омекне, и Дејмон на почетокот беше злобен, ги уби Вики, Лекси, Мејсон и уште многу други невини луѓе, ја мачеше Керолајн само заради забава, го уби чичко им Зек, проба да го убие и Аларик, но тој беше заштитен со прстенот. Ниту Елена не е нешто посебно, па ете Дејмон се смени заради неа. Не дека сакам јас Клаус да се промени и да стане мекуш, уште го сакам како главен негативец, ама зошто да не го видиме во љубовна врска со некоја од актеркиве? А со Керолајн ќе биде баш интересно затоа што многумина ја сакаат и со Тајлер. Од друга гледна точка, и Дејмон а посебно сега Стефан во трета сезона се негативци за некого. Стефан на почетокот ја уби Енди, мачеше други луѓе. Тоа дека со Елена се главни ликови затоа не гледаме на нив така, инаку и тие се негативци и тоа големи.