Мене страшно ме изнервира Елена, кога ја виде Ребека на влезот со Дејмон со нејзината фацка - леле, зар спиеше со неа, па ти си моја сопственост... А што си мислиш ти, ќе ги влечеш за нос вечно и двајцата, посебно Дејмон? Толку беше груба и надмена кон него, не го заслужува ама воопшто, треба да си остане сама. А мене Клаус и Керолајн ми се срцки. Што има толку посебно во Керолајн? Well she's HOT God damn it! I don't get you people.
Мене на почетокот не ми се допаѓаше Керолајн ептен ми беше лигла.. ама сега е сосема обратнo. Ептен има убаво тело, убаво лице а и односот кон сите и е коректен. И баш би сакала да ги видам во комбинација Клаус и Керолајн малку да ја освежат серијава, пошо веќе преку глава Elena is no.1 и се да се врти околу неа.. веќе аман! Ниту вака - ниту така и одговара. Дејмон премногу ја сакал, Стефан воопшто не ја сакал.. никогаш крај на триаголникот. А инаку мислам дека нема потреба да се коментира Дејмон и неговата нова љубимица, ептен секси сцена И што не ја напраеле за 3 месеци новата епизода, таман да ја заборавиме оваа последнава што и таа долго време ја чекавме
Ме сфативте погрешно, мене Керолајн ми е омилена од женските ликови. Spoiler Едноставно не ми е јасно како така одеднаш Клаус се заљубил во Керолајн, кога ја сакал само оригиналната Петрова, како што кажа Штрумфета. Многу исфорсирано ми делуваше нивното, не беше онака спонтано како со Тајлер. И плус наваистина не го можам Клаус, ама ич. Како што кажав Керолајн ми е омилена, и заслужува да биде со некој мнооооооогу подобар. Што се однесува до мене, Клаус и Елена слободно можат да се фатат Ќе си одговараат Инаку, стално заборавам да кажам дека многу ми се допаѓа тоа што и покрај се, и покрај тоа што и двајцата сакаат иста девојка, Стефан и Дејмон секогаш се тука еден за друг и си помагаат. Тоа е братска љубов, поштовање
Spoiler Аааа да не се разбереме погрешно. Значи случајот Дејмон-Елена е поприфатлив, затоа што Дејмон бил до смрт заљубен во Кетрин, многу нормално дека ќе ја засака исто толку и Елена затоа што е идентична на неа. А и не ја засака во една епизода, барем сите ние знаеме колку спонтано се случуваат работите во оваа серија. Ја најдов епизодата и зборовите на Клаус, кои најмногу го прават контрадикторен. Claus: Are you so foolish as to care for her? Elijah: Of course not. Claus: Love is a vampires`s greatest weakness, and we are not weak, Elijah. We do not feel and we do not care. Elijah: We did once. Claus: Too many lifetimes ago to matter. Значи премногу ја сакал оригиналната Петрова а каков став изнесува во врска со Кетрин. Не дека не може да се заљуби во Керолајн ама како што кажа Појзон премногу исфорсирано делуваше. А за ликот на Керолајн воопшто немам никаква критика.
Значи толку ме нервира Елена, најголем негативец од сите ми е. Преглупаво створење. Spoiler Колку ме изнервира со таа фацата глупава кога ги виде Дејмон и Ребека, ама убаво и направи Дејмон и го спушти на ладнокрвен и паметен начин. Така и треба. Заслужува сама да си остани на крај. Аман веќе преку глава ми е сите ликови да се потресуваат за неа, сите да умираат само заради таа да остани жива итн. Мислам доста е. Дејмон нека го средат во косата за време на оваа пауза, нема ни трага од оној Дејмон од првата сезона кој ми беше пресекси. И мислам дека е до тетратка фризурата. Фин загрев кутриот, право затуцано детенце што си ја слуша мамичка иако го носи во смрт. Најубава сцена од оваа епизода ми беше кога Клаус, Елајџа и Кол им отидоа на естер и на Фин кај што ја правеа магијата. Преубави ми се сите тројца. Не ми беше премногу жал за Клаус кога ги искина цртежите затоа што не сакам да се направи папучарче како Стефан и Дејмон, сакам да остани ладнокрвен, а од друга страна па уште повеќе сакам да го видам со некоја во врска или барем секс да падни.
NEEEEEEEEEEEEEEEEE The Vampire Diaries returns Thursday, Mar. 15! Зош толку мнн да чекаме !!! ... Spoiler Се прашувам каде е дрвото ?
Јас неможам да престанам да ја гледам серијава! толку е интересна што во еден ден гледам по 6-7 епизоди! Иначе според мене Елена треба да биде со Дејмон,а Ребека ја мразам ! И да ве прашам дали некој знае кај ги има книгите и која цена се отприлика <3 Дејмон <3 Пoзз
Ај да се самоцитирам, огромна грешка ми беше оваа серија. Предосадна, 40 минути не минуваат и не минуваат оу мај гад Многу цицање крв и умирачки и воскреснувања, и дадов шанса, цела прва сезона ја изгледав ама не ми стои вредна за губење време
Само што ја догледав 15 епизода ! И морам да признаам им се восхитувам на Стефан и Дејмон за се што направија за да ја спасат Елена, макар што таа не го заслужува целото тоа внимание. А што се однесува до оргиналите, па жал ми падна за нив... срцки (OMG, did I just said that ?! :? ) И да не знае некој што е финтата со докторката ? Spoiler Само нешто не ми е јасно, ако оригиналите кога станале вампири живееле во САД, како тогаш пиеле од крвта на Татја, оргиналната Петрова ? (Нели Петрова беа од Бугарија) И уште нешто... Нели Стефан и Дејмон и ја препишаа куќата на Елена,па како вампири можат да влезат во таа куќа ?! & REBECKA RULES
Мислам дека секако на мнн нешта заборавија тоа пишувачите на скриптите и на сериите од дел на дел се помалку внимаваат - и се повеќе прават грешки... Spoiler сакам да кажам дека во пештерата во која беше нели ЕЛЕНА задржана и нели има заштита од вампири како тоа важи за сите -дури и за огриналите кои ништо не им се може Како Клаус заборави на неговата „војска“ на хибриди? Како Ребека изгуби начисто интерес од Стефан? нели била ептен затрескана во него на NY ситуациите на Стефан!!! пораката која Тајлор ја остави кај Каролин на телефон беше дека брзо ке се врати- а уште го нема!!хехехех
Spoiler За оригиналната Петрова се надеваме дека ќе ни образложат многу повеќе. Елена си се врати дома, каде што живееше со Џена и така куќата си остана на Дејмон и Стефан. А и да е на Елена само ќе ги покани и готово, нема некоја филозофија. И оригиналите како и сите други вампири без покана не можат да влегуваат во домовите и на места каде што има направено магија. А задачата на Тајлер е претешка и сигурно нема за еден ден да успее.. -ахаа еве сум се вратив . Мислам дека се е на место и дека немаат пропусти .
Да, да, немаат пропусти, или се барем незабележливи, мене ми беше чудно само како Клаус во телото на Аларик лани успеа да влезе кај Дејмон и Стефан, без да го поканат, ама тоа можеби оти беше во телото на Аларик. А и Илајџа како си влезе кај нив без покана. Или тоа со поканите важи ако куќата е на живи луѓе Абе си имаат оправдување за се Spoiler А за оригиналната Петрова тек сега треба да кажат и објаснат за се
Деца јас сега стасувам да напишам нов одговор на Керолајн - Клаус ситуацијата. Оти ги ставате на исто рамниште со Елена и со Дејмон? Клаус во ниту еден момент не докажа дека е заљубен во Керолајн, видовме дека само многу му се допаѓа, но тој досега се нема жртвувано за неа, ниту има ставено рака во оган. Дејмон од друга страна ќе направи се за Елена, вистина нивното спонтано дојде, но Клаус не се однесува како Дејмон. Впроочем мислам дека ако Клаус треба да оди против Керолајн за некоја поголема цел, дека ќе го направи тоа без око да му трепне. Не е ништо исфорсирано, Клаус вистина еднаш сакал, а ова со Керолајн дојде природно и неисфорсирано. Да почне да прави луди работи за неа, ќе речам да, но вака се многу слатки. Не знам како останавте имуни кога срамежливо и се пушташе на балот. Не знам и Керолајн Коста жива како остана, се стопи кога беа тие сцени, ами вистина да направат нешто или пак да ни приредат сцена како од Дејмон и Ребека? На болница ќе треба да ја носиме
Искрено од женските ликови Лекси ми е најфацка. Керолајн откако стана вампирка се пролепша некако и не е веке типична плавуша. А баш си одговараат со Клаус.
Искрено да ти кажам и завидувам. Ја превртев сцената 10 пати за да го видам тоа. Па како да не се стопиш. А уште една ваква сцена дефинитивно ќе ме убие . Убаво си ме прочитала . И дајте ајде не бидете резистентни, кажете дека и вас ви се допадна ова .
^^ А на кого не му се допадна ?! Конечно видовме и друга страна на Клаус, а и гестот со сликата...Прекрасен ! And I thought that he had no feelings :/