Конечно :geek: Spoiler После толку многу епизоди плеткање, вртење у круг и лигавење на Елена, конечно за фановите на Делена малку екшн, Малку , али барем очи исплакнавме. Патувањево беше одлична пригода за Елена да открие дали има чуства кон Дејмон , но очигледно се случи спротивното од тоа што таа се надеваше. Убаво и рече Дејмон, ќе беше полесно доколку он зафркнеше нешто, така нејзината одлука ќе беше олеснета, али ете...Дејмон покажа дека може да биде и . И на жалост влечугава сега уште позбунета е во чуствата кон него, али се надеваме на уште поинтересни случувања во иднина. Моментот во мотелот, кога Дејмон со раскопчана кошула некаде во доцните часови седна на масата....тие прекрасни стомачни мускули како лепо му стојат а Елена онака наивно го зиркаше од креветот..начинот на кој го набјудуваше секој негов најмал потег хот хот хот Која хемија човече, се почуствував како и јас да сум во просторијата и добив желба да му рипнам. Начинот на кој он дојде во креветот до нејзе, збуните погледи...и допирот на дланките уффффф ме запали Претпоставувам и Елена ја почуствувала кулминацијата па мораше да испадне надвор да не направи некоја беља со Дејмон у креветот, а он онака спонтано директ по нејзе. И финалниот момент, страствени бакнежи пред мотелчето, абре убајни. Од кога чекав на вакво нешто, се надевам само во наредните епизоди продолжението ќе биде у кревет а не пак да плеткаат. И така они уште позбунети и уште позапалени се вратија дома. Штета за Ребека Мајка и почина и и го презеде нејзиното тело. Таман си се понадева дема може конечно ќе и се посреќи у љубовта. Инаку колку и да ми беа слатки Тајлер и Керолајн, јас не се откажувам од Клаус. Фактот што она сеуште ја чува сликата која он ја нацрта ми дава сигнали дека и она си води некоја внатрешна борба и се обидува да не му се предаде на бед бој Клаус како што тоа го прави Елена. А и таква лепота како Клаус е штета да не биде виден во пожешки сцени. И ми фали Елајџа....има нешто посебно во него кое ме привлекува. Достоинственоста, држењето....џенталмен во права смисла на зборот.
Добра епизода :up: Добро изненадување ни приреди Елена.Многу се слатки со Дејмон.Али жал ми падна за Стефан. Катеринката фали многу, ајде нека се појави веке.И Елајџа исто. Интересен дел беше кога Естер влезе во телото на Ребека, баш ме интересира што ке се дешава понатака..
Убедливо најдобрата епизода во оваа сезона, вредеше што чекавме толку Не знам што да коментирам, уште сум под импресии од моментите на Дејмон и Елена
Jас мислам од толку што го чекавме овој момент, кога ќе се деси ќе биде разочарување. Ама не! Пак позитивно изненадена, пукаат страсти и бакнежот беше феноменален. Каква хемија има значи меѓу нив, си се сакаат децата Епизодава ми помина ко 2мин, немаше досаден момент. Сега испаѓа мајката vs. сите, пошто нели ако еден умре, умира цела blood line. Џереми мх мх, пораснат, разубавен. Инаку Дејмон какви муабети извади, скери Мери
Spoiler Нема да ја коментирам епизодата туку сцената со бакнежот.Огномет, врв на цела серија, го чекав ова сите 3 сезони.Колку страст пукаше ауу, со Стефан никогаш немаше вакви бакнежи и хемија и според мене Елена и Дејмон треба да се заедно и точка.Жал ми е за Стефан ама уште повеќе ќе биде жално ако биде со него и покрај тоа што го чувствува за Дејмон. За вас не знам ама јас ја превртев едно 4 пати сцената и уште сум под импресии.
^ Исто Клипот на јутуб со таа сцена мислам дека го гледав еден час без прекин Spoiler Него сексот меѓу Керолајн и Тaјлeр, уф. И таму пукаше страст, само сцената со Дејмон и Елена го засени тој момент. Во каков триаголник е Еленчето, да и подзавидиш. Факт е дека тешко која девојка би се олучила така лесно меѓу овие двајца (настрана тоа што Дејмот е хот) како личности. Од една страна сигуна и искрена љубов, од друга страна несигурни страсти. Баш убаво му ја објасни ситуацијата Роуз на Џереми
Spoiler Пред да ги прочитам кометарите тука ја гледав епизодата и кога беше сцената со Дајмон и Елена чуствував некакво задоволство, некако бев исполнета, се разнежнив на сцената...Можеби едно 5-6пати ја гледав. Преубава епизода за која копнеев да има уште малку, а не да ми помини во 2секунди...Па не е фер
Вредеше чекањето. Имаше акција. А и за продуцентите. Баш обожаваат да ни приредуваат сцени на кои ние плакнеме очи. А ние не им замеруваме, нели ? Spoiler Елена и Дејмон кога ги видов во креветот мислев дека нешто ќе биде уште таму. Видовте Елена како се возбуди, како дишаше? Мислев дека во еден момент ќе му скокне на Дејмон. Тој пат се воздржа, но надвор дефинитивно неможеше. Сега одговорот на дали нешто чувствуваш за него, нема повеќе да биде не. Се познава. Но арно и го лепна Дејмон. Додека тој трчаше по неа, таа само ја вртеше главата. А во добар тријаголник се наоѓа и Керолајн. Штом ја чува сеуште сликата сигурно има некои чувства кон Клаус, или барем добра причина зошто не го направила тоа. Незнам кој прокоментира, но и јас ќе кажам, ја сакам повеќе со Клаус. Но кога веќе дадоа ни дадоа пак жешка сцена, можеше барем повеќе да видиме . Јас секогаш сум за повеќе . Естер, знаев дека ќе се врати, и кога ја видов знаев дека е со добра причина. Но толку ја засакав Ребека што сега криво ќе ми биде ако не ја вратат на некој начин. Патем добро што ја прикажаа Роуз. Ми фалеше некој веќе постоечки вампир. Да разбие монотонија. Но дефинитивно никој повеќе не фали од Кетрин. Станав досадна со ова, но морам да си кажам. Spoiler Овој момент ептен ја погоди Елена.
Искрено да ви кажам толку ми се здосади од Елена што сцената воопшто не ме трогна. Сега ми е криво, не го заслужува. Прекасно и текна на него. Ич. Сама да остани на крај нема да ја жалам. Ете до толку ми е досадна и патетична. Дејмон заслужува подобро. Следуваат интересни епизоди. Spoiler Баш ме интересира кои вампири беа направени од Ребека, а сега се мртви. Жал ми е за Ребека многу. Баш беше интересно со неа.
ax, што ми направивте, чисто онака ја зирнав темава и ете сега со брзина на светлина ја гледам првата сезона... ептен интересна серија не знам како порано не ја загледав. Дејмон е многу, многу згоден....
Ја изгледав по втор пат епизодата и барем малку внесов надеж за Ребека дека пак ќе се врати. Се сеќавате кога Клаус влезе во телото на Аларик пред да се појави? А тој после си остана жив. Сега на крајот од епизодата Естер му рече на Аларик after all, my son did use your body at one point. Имам чувство дека планот на Естер нема да испадне, па така потајно се надевам дека ќе ја врати Ребека назад.
Моментот кога Ребека излезе од колата -- баш ме интересира дали го фати дека лаже или не????????? Што мислите вие???
Spoiler Не го фати, сирота многу ми е глупичка и наивна, ама и ја сожалувам, ниту таа не сакала таква судбина да има. Им завидува на Салватор што се толку сложни и што братската љубов ја ставаат пред се`. Наспроти тоа, ниту еден од нејзините браќа не може да и го пружи тоа. Добро де, ги немаме доволно запознаено сите ликови, ама каква што е состојбата и така испаѓа. Барем знаеме за Клаус. Паетм на мајка и и` вика дека и не живеела at all. Инаку одамна немам коментирано, ама веќе ми спласна еуфорија околу секоја ново излезена епизода. Дал што еден куп паузи изнаправија, дал нешто друго не знам. А мака ми е, порано лудував и скокав пред компјутер чекајки да ми се спушти епизодата. Сега дали и во петок ќе ја изгледам не е сигурно. Ми се чини како веќе се да е кажано и сторено, вака само безврска им текнуваат некои глупи идеи, па Аларик па другиот во него и бла бла.. Морам да признаам дека многу ме израдува појавата на Тајлер, колку беа само хот со Кер . А на сцената со Елена и Дејмон се испопалив, само затоа што проклети 3 сезони ја чекавме оваа сцена, ама не ја пуштив и по втор пат.