Spoiler Си го испратив јас Аларик, си ги изнаплакав кога оп....ми мавнаа шамап продуцентиве. Алис друг пат предвреме немој сама да си правиш сценарија Абе секогаш навивав за Дејмон и Елена ама после епизодава неможам и јас да се одлучам. Ако го оставиме настрана тоа што глумецот за ликот на Дејмон не испопали сите и да разгледуваме непристрасно за изгледот, стварно е немозможно човек да се одлучи. Во право си е Еленчето. Си имаш дечко, прва голема љубов со која си планирате се, кој прави се за тебе, и околностите ве разделуваат а си се сакате. А од друга страна тип со кој има страсти ама е многу непредвидлив и несигурен. Е ајде де.... Него, што е со Бони сега, и кај и го најдоа тој дечкото, некој посимпатичен да одбереа, ми изгледа стар овој. А мислите дека овој е нормален? Веќе не верувам во нормални ликови мислам дека и позади него ќе има нешто. И оваа Керолајн смотана. Па јас со Клаус би идела на крај на свет. И радо би му дозволила да ми ги покаже убавините на светот Уште 2 епизоди до крај на сезона
Ќе се снима ли 4та сезона? Spoiler Јас не прочитав никаде дека ќе има, само најавуваат дека Елена ќе се одлучи во оваа сезона во финалето кого сака и дека оној кој испаѓа од игра ќе замине од Мистик Фолс, штета.
Spoiler Јас за малку не пуштив солза на сцените со Аларик. Знаев т.е. почнав да ги предвидувам. Знаев дека и овде нешто ќе се случи. Неможе туку така да си умре тој без да не настане тотален mess за понатаму. И заклуч! Сега повеќе од кога и да е ја сакам Керолајн со Клаус. Абе колку и да е злобен овој пат видов светлина кај него. Некако кога е во нејзина близина се ќе направи. Па и целиот свет ќе и го подари. И јас мислам дека на неа и треба нешто повеќе. Би биле идеални! Klaus: Come, be with me. We will be so classy together. Жал ми е што Тајлор ја гледаше така од страна, но мора да се справи со конкуренција кога веќе избира таква девојка . И големо yes за Ребека. Туф, жива е . И незнам зошто но мислам дека Аларик ќе биде убиен со колот што го направи Естер за оргиналите. Можеби ќе ја доживее истата судбина како Мајкл. Само што овој кол нема да биде уништен. Незнам. Само претпоставувам.. И мене ми е мака кога гледам дека останале само уште 2 епизоди до крајот. Па што ќе гледаме цело лето .
Ја немаат официјално потврдено сеуште мислам, ама според гледаност им е на врв за во тој термин па тешко дека ќе ја укинат. Обично ги укинуваат оние со мала гледаност Еве една листа за сериите и нивно продолжување или укинување. За тие што се обицијално укинати или продолжени си пишува, а за друите што уште нема ништо официјално се само претпоставки http://tvline.com/2012/01/03/2012-renew ... he-bubble/
денес завршив со 2-та сезона, последнава епизода кога Елена го бакна Дејмон ми беше најубавиот момент од цела сезона , ах љубов.... морам да кажам дека покрај Дејмон и Клаус е многууу симпатичен и епетн ми беше жал за Џена, не сакав да умре. Вечерва почнувам со 3та.
Алис и јас си плачев. Spoiler Инаку Елена секоја епизода се поодвратна ми е. Една епизода се треси по Дејмон, другата по Стефан. Досадна е. Нека го одбери Стефан двата лигуши таман се. Иако мислам дека нема да биди така. Не ми е логично Дејмон да замини од Мистик Фолс. Повеќе одговара Стефан да замини со Клаус па заедно да растураат. Стефан ми е многу подобар во улога на бед бој. Ако е вистина тоа што се зборува. А инаку јас како најголем фан на Керолајн и Тајлер, сега сакам да биди со Клаус. И ајде нека се враќаат Катето, Елајџа и Кол. Поинтересно ќе биде со нив. Аларик сепак мислам дека ќе биде убиен на крај.
Ахх Дејмон... Spoiler Ми падна жал за него ептен.Поготово кога "умре" Аларик.Грефче за малце и единствениот другар ќе му отидеше Што се однесува до Елена,потполно се согласувам со оние кои викаат дека е предвидливо дека ќе остане со Стефан.Мене ќе ме изненади ако остане со Дејмон.Колку е глупа значи! Не дека Дејмон е нешто поубав,туку секогаш непредвидливото е поинтересно 100 пати.
Е да си здрава и жива. Значи крај на втора сезона, Елена конечно решава да го бакне Дејмон и да види што чувствува за него. До некаде разбирливо беше дека трета сезона ќе почне со тоа дека Елена е растргната помеѓу нив двајцата. Во прва и втора сезона си го сакаше Стефан и имаше добра причина зошто да не е со Дејмон. Сега сме крај на трета сезона, еве 21 епизода ќе е веќе, Елена уште не се одлучи што чувствува. Го развлекоа до максимум. Во теретаната, кога ја спасуваше од Клаус, кога го бараа Стефан и уште мал милион ситуации Елена само ќути и гледа како теле во шарена врата. Доволни беа неколку teasing сцени, никако не смееше цела сезона да се размолкне ова нивново. Никој не бара тие да станат пар и да се однесуваат како стари сопружници, но можеше нивната приказна да добие поинаква димензија, да биде побурно а не како на Елена да и е сеедно што ќе биде со Дејмон. Ниту еднаш не го побара, ниту еднаш не проба да си расчисти со него. Веќе аман се, не ми се ич интересни, тоа па тоа, Дејмон и покажува колку му значи (И не се свестува) а таа го игнорира. За во последнава епизода да замине кај Стефан?! Сценаристиве не измалтретираа поштено, колку и да мислев порано дека пар и пол ќе се Дејмон и Елена, сега не ги сакам заедно. Таа сакам сама да си остане, а Дејмон со Ребека, зошто во само 1 епизода видовме повеќе отколку во 3 сезони со Дејмон и Елена. А и ќе биде тоа интересна врска, непријатели да пробаат да се заедно. Керолајн со Клаус, затоа што е душа Клаус кога е со неа и сакам да видам како таа може да го смени. Но ако остане со Тајлер нема да ми е криво. А да познавам некоја онака како Елена, ќе ја шамарам, најозбилно.
Елена ќе одлучела со кој ќе остане сега во последната епизода, го прочитав ова во промото, само се вели и дека оној кој нема веќе да биде во игра ќе замине од Мистик.Е сега јас мислам дека тоа ќе биде Стефан, пошто очигледно е, епик лав, лигуши се, немаат никаква страст и хемија, само сигурност, значи штом уште од почетокот, сите скоро обожаватели ја сакаа со Дејмон не е само ради тоа што е поубав, туку реално имаше повеќе хемија меѓу нив. И баш ќе се изненадам ако остане со Дејмон.И покрај нејзините недоумици јас ја сакам со Дејмон уште, пошто за разлика од некои обожавателки, јас Ребека неможам да ја смислам, со таа даг фејс.Да сцената од нив двајца беше опасно страсна и експлозивна, ама само толку, една ноќ, чисто задоволство. Клаус не го сакам со Керолајн, со Тајлер ми се срцки. Нема да е фер ако Елена го избере Стефан, сега веќе не го жалам, пошто го измачи Дејмон, си игра со него како и текне на...да не бидам вулгарна, па мислам дека тој заслужува малку среќа.А + Дејмон веќе беше отфрлен на ист начин од Кетрин, премногу трагедија. Само се прашувам што уште ќе биде во 4та сезона, ако ја има.Се издеси се што требаше, веќе станува досадно, без акција...се тоа па тоа. Едит:Многу убав пар се, видете ги, како после таа хемија да не ја пренесат на екраните.
Spoiler во едно поинаквоо издање - аммм воопшто не е лошоо И јас сум од оние за ЕЛЕНА со ДЕЈМОН но искрено според ЛИГАВЕЖОВ кој го прави и како си игра со него незнам дали и навистин мнн мнн го посакувам тоа ... а Клаус мислам дека треба да е со Керолајн за да си смири хормоните ТРОА хехе еххе
Во следната епизода (21) Spoiler очекувајте ја Кетрин http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =1&theater
Spoiler Не ја очекувајте Кетрин во 21 епизода, можеби во 22 ќе биде. Инаку што се однесува до епизодава, многу акција ич љубов И да, се надевав цело време дека Клаус ќе се смени ама ништо од таа работа, сепак жал ми беше кога умре, каква фацичка тажна имаше Само дали ќе остане мртов...
Најновава ништо спешл Spoiler Елена сеуште ги влече двајцата за нос, сеште не може да се реши примадоната за еден оти не сакала ниту еден од нив да изгуби Дејмон и Стефан важно направија договор тој што ќе биде избран ќе остане со Елена а другиот ќе го напушти градот и нема да им пречи. Аларик ептен лошотилок и психо убиец го направиле, сега си ја следи својата нова мисија, да ги убие сите вампири. Клаус , е оти така му направија бре. Таман за момент помислив дека е од иста страна со Стефан и Дејмон во ослободувањето на Керолајн и Елена пак го направија бед бои Моментот кога ја спаси Керолајн, и краткиот судир на погледи беше една од ретките сцени која не беше монотона. Втор момент беше погледот во неговите очи кога Стефан, Дејмон и Тајлер со помош на магијата на Бони го парализираа/успаа/ долгорочно онеспособија..... срценце колку само тажно делуваше. А наа Керолајн па слави , малку барем тешко да и паднеше Се надевам другата епизода ќе биде повозбудлива од оваа
Интересна новава епизода Spoiler колку ми е драго што го убија Клаус, отсекогаш не ми се свиѓал Инаку и јас сакам Елена да заврши со Дејмон