Spoiler Едвај го чекам монетот кога Елена ќе се сети дека прв го запознала Дејмон.Неможам да ви објаснам колку го чекам тој момент. Инаку да,потполно се согласувам дека Елена е лигла невидена.И знам дека така е текот на настаните јебига главен лик е,ама ужасно ме нервира тоа што буквално сите и се потресуваат. Иако Кетрин и Bitch јааа обожаааваам
Ја глеам сеа по втор пат, моментално сум до 3та сезона 3та епизода.. Делот кога Стефан е со Клаус ми е дефинитивно најтажен.. Не заслужува он, барем он не. Убаво би било за да се разбие малце монотонија, ама ја стварно не би сакала да биде Дејмон со Елена, ко што кажав, она не го заслужува, а со Ребека ми се ко направени еден за друг.. И Стефан и Елена исто. Првиот пост тука ми беше дека поише го сакам Дејмон, дека конечно сум се одлучила, ама сеа по вторпат гледање, пак истата дилема.. Се мислам дали да ги почнам сеа книгите..
Го видов Клаус, морав да отворам слика и ќе речам само, damn he is fine, па од сите ми е најубав до сега што се појавиле, незнам дали ќе има некое друго секси маже во 3та сезона Каролинче не ме килувај не ти го земам, али најсекси е до сега, уште да видам глума за да ми се комплетира мислењето за него. И јас не се премислив за Стефан, ми се свија како е граден многу, у фаца е просечен да, ама има поглед уф, тука ме кине . Али мили ми се со Елена како пари, инаку Елена и мене уште на средина на 2ра сезона почна да ме нервира.Демон ми е поокеј, али искрено неможам да го гледам како фин после се што направи. Симпатичен е ама не е нешто посебно, јас сакам поплави машки па затоа може не ми е тоа тоа. Ја сецкам намерно серијава за ме држи уште еуфоријата ако ја изгледам цела ќе се проколнувам дека прерано сум ја изгледала и дека одвај чекам 4та сезона. Кога сме веќе кај сексоќа мене и Џереми ми е кјут, и Аларик и вујкото на Тајлер Мејсон со викаше мислам, па и Тејлер не е лош. Секси маже беше и оној кој работеше како бартендер што ја заведе Бони а испадна вапир и тоа ептен убав беше. За овој мислам се работи Sean Faris Spoiler Не за друго на Кака ме потсеќа малку Овој Елајџа мене ми е одвиен и ич не го бендисувам и Мет онака не ми е нешто wow. Имам уште малку епизоди до крај на втора ама дури другата недела ќе се репортирам, ова недела одам на заслужен одмор од се па и од серииве. Да ми беше работа ова да гледам серии да ги оценувам, коментирам ќе бев најреќен човек на свет жими се, никогаш нема да се пензионирам Баш вчера удирав рецки Вампириве ми се 16та серија што ја пратам годинава Spoiler П.С Многу јака слика
Серијава почнав да ја гледам летово, па се решив откако ќе ги изгледам сите 3 сезони да напишам тука впечатоци. На почетокот ми изгледаше ептен приглупа со она Dear diary и средношколки, ама после и те како се навлеков. Ептен влијае на психа . Се ќе ставам во спојлер бидејќи ако не се лажам има некои што уште ја гледаат, па така за секој случај да не спомнам нешто непотребно. Spoiler Уште од почетокот навивам за Дејмон и Елена, а па сега откако дознав дека тој прв ја запознал уште толку сум за нив. Покрај тоа што е многу згоден, со Елена е почовечен и понесебичен. Стефан ми е ептен лигав и многу ми е глупаво што пак си ги врати чувствата. Многу ми беше подобар кога беше лошичок така. Повеќе му стои таа улога според мене. Елена ми е некако ептен глупичка. Сакајќи да спаси некои од саканите, таа уште поголеми проблеми прави и пак некој на крај е убиен. Клаус го сакав мртов, ама сега откако се дозна дека покрај него ќе умрат сите, нека не умира. Како и да е последнава сезона заврши многу јако и не знам како ќе издржам до октомври. Докторката ја зезна целата работа за Клаус. Ако Елена се повампири, Клаус нема да може да создава повеќе хибриди, па многу ме интересира што ќе направи понатаму. Ама па затоа...
Spoiler Дали тоа само јас мислам дека тоа што Елена го запознала прво Дејмон, не би требало да влијае никако? Не дека поминале они тогаш којзнае колку време заедно, па она се заљубила па бла бла, туку се виделе еднаш и тоа е тоа.
^^^ Spoiler може би но јас би рекла дека големото прашање е зошто Дејмон и го избришал тогаш сечавањето за таа средба ???..
Spoiler Фиги, па нели кога ја виде прв пат, помисли дека е Кетрин. Веројатно за тоа. Што знам.. Иначе, што по ѓаволите се случува со устата на Пол на сликата? Дак фејс? Ар ју факинг кидинг ми?
На целиот тој момент се придава толкаво значење од проста причина што Елена во последната епизода му кажа: Стефан беше прв демек што го запознав ( поради некоја си причина тоа мн и значи на типката ) И да,сметам дека таа средба ќе има големо влијание понатаму во целава ситуација Дејмон-Елена-Стефан
Spoiler pa neli on koga ja vide dejmon prv pat elena i rece deka sega za sega ne treba nikoj uste da znae deka on e tuka i za toa i go brise sekjavanjeto
Spoiler Важен е моментот што и кажа: ,нели она збореше дека љубовта кон Дејмон и е баш ваква.И кога ќе размислиш логично,со Дејмон го има она што од секогаш го посакувала.
Не може, ако бидат Дејмон и Елена, ќе правам скандали жими се Мора Дејмон некоја друга да си најдее, мора..
Вчера на Teen Choice Awards The Vampires Diaries освоија награда за најдобро TV Show — категорија Sci-Fi/Fantasy #proundofTVD Иииии денес му е роденден на PAUL WESLEY СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!!! Си направи Paul 30 години , додека Stefan си е 17 Ептен ми е младолик и of course најзгоден
Значи серијава е прекрасна,ги изгледав сите 3 сезони за 10 дена!Го обожавам Дејмон и според мене дефинитивно Дејмон и Елена треба да бидат заедно,па останува да видиме!
Јас сум до пола на вторава сезона и ај малце анализа на ликови и слично: Прво и прво,вторава сезона е далеку поинтересна од првата,првата некако со сила ја гледав. Второ, веќе не се замарам со кого ќе заврши Елена, на почеток ми беа интересни со Стефан,а на моменти и со Дејмон, али досадни се, искрено, тројцата веќе... Елена,како лик ми е САФРА,не ми е ни малце симпатична ни физички,никако. Дејмон не ми е ништо посебно, Стефан за нијанса повеќе ми лежи. Можам да кажам дека најомилен лик,дефинитивно,ми е Керолајн. Преинтересна е,и однесување,и реплики и е мноооогу мила, едвај ги чекам сцените со неа. Spoiler Инаку,уште сум во исчекување на Клаус,едвај чекам да се појави... И тоа,сега за сега...
Серијава е преубава Дали може некој што ги има прочитано сите книги да ми каже со кого ке заврши Елена на крај? Фала однапред
Ги немам прочитано книгите, но знам дека серијата не е пишувана според книгите ( во книгите Елена имала плава коса и се било поразлично ) Само Julie Plec си знае со кој ќе заврши Елена на крај