Spoiler Потсетете ме ве молам, кога всушност имало нешто меѓу Хејли и Тајлер? Скроз ги имам заборавено минатите сезони,не можам да ги поврзам периодите,кога бил Тајлер отсутен за да ја сретне оваа...? Малце ми е криво што испадна дека врскава меѓу Керолајн и Тајлер не е баш совршена,поради неговата грешка такозвана Хејли, но од друга страна со тоа се зголемуваат шансите и се прави простор за Клаус и Керолајн... А они двајца ми се измислени еден за друг...
Spoiler Нели кога умре татко и на Керолајн, Тајлер мораше сам да се мачи да ја прекине врската со Клаус и да се преобрази безброј пати додека не стане безболно преобразувањето, па ваљда тогаш кога го снема неколку епизоди кога беше отиден кој знае во кои планини ја сретнал Хејли во некоја глутница. Јас барем не очекував таков расплет меѓу нив, си ги сакав со Керолајн како пар, ама па и Клаус и Керолајн ми се симпатични... како и да било, само не сакам да им ги расипат улогите па да почне да ме нервира било кој од нив у меѓувреме како и да ги искомбинираат како парови ќе си ги сакам
^ Spoiler Кога отиде Тејлор надвор од градот за да ја скрши контролата на Клаус, за да неможе тој да го контролира. Бидејќи со таа контрола Тејлор многу и наштети на Керолајн. И нели во 3та сезона го немаше еден период т.е. неколку епизоди, бидејќи беше во друг град. И таму ја запознал оваа Хејли. Всушност него не го покажаа како тој дејствувал таму и дали имал нешто воопшто со Хејли, но Клаус ги поврза работите и сам го извлече тоа од него без Тејлор да каже збор. Сепак ниту Тејлор не го потврди ова со сигурност, па така останува да видиме во наредните епизоди дали имало нешто помеѓу нив на патувањето на Тејлор или не.
Stefan : " I'm sorry , you have to do what .. ? " Spoiler http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=R9kpszaEUUE
Конечно подобра епизода! Spoiler Клаус и Дејмон аааааааааааааахххххххххххх Сакам повеќе вакви случувања. Ме нервира што сеуште Елена не е одлучена и ги врти и двата. Веќе станува ненормално досадно...Половина епизода кај едниот половина кај другиот. Мет загрев само му се случува нешто, жал ми е. Не сакам да ја тргнат Ребека. Сакам да се вратат Катрин Елајџа и Кол. Тајлер и Керолајн ми беа преубав пар, но не веќе. Сега ликот на Тајлер ми е некако многу изгубен, не знам зошто и повеќе ми одговара со оваа новата, а Керолајн ја обожавам и има смао една маана, тоа што е повеќе за Стефан отколку за Дејмон. Едвај чекам да видам што е финтата со д фајв и зошто Клаус го спаси.
Епа ајде вака прва да си ја прокоментирам новава епизода,зошто ја гледав live Spoiler Оуукеј фала богу се разјасни целава ситуација со The Five,само сега прашањето е како е вмешан професоров? Првпат да ми падне жал за Ребека Клаус како Клаус,дури и кога вика pathetic ми е секси Фалеа Керолајн и Тајлер. What the fuck со Дејмон и Елена? Колку се надевав за епизодава за пак Дејмон да биде одбиен и несреќен. И What the fuck со сценава? http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... O6Rf-yuwvY Неможам веќе...Греотаа еее.. Еве промо за наредна http://www.youtube.com/watch?v=ns3AG6VYd40
Новата епизода беше освежување.И сега скоро сум сигурна што ќе се случи на крај и мислам дека ќе биде многу слично како во книгите. Spoiler Сцените меѓу Елена и Дејмон, пожешки неможеа да бидат, значи Елена е одлична како вампир, знаев дека ќе биде како Дејмон, а и подобро и личи, според тоа Дејмон пред да стане вампир бил како Елена, хм се прашувам кој бил добриот? Ребка е жалче, стварно зошто не ја остави Клаус намира да си ја живее бесмртмоста.Ова со тетоважата и со новите пресврти е ептен добро осмислено. И на крај Дејмон повторно сам, се прашувам кога аќе му дојде преку к*р од неодлучноста на глупачава.
Spoiler Не беше ништо посебно новата епизода,очекував малку повеќе во врска со Дејмон и Елена.Не разбрав што всушност Клаус и направи на Ребека и зошто?Баш ми беше жал за неа.
Сезонава станува се поинтересна и поинтересна Spoiler Ова со лекот за вампирите баш добро го смислиле.Во епизодава се појавија мн прашања како на пр. каква врска има професорот со Конор, зашто само Џереми може да ја види тетоважата,што се дешава со Елена(девојчето е глупо или до мене е?)Сакам да знам како другове ке дознаат за лекот и дали Стефан ке успее да скрие....хммм Прочитав на нет дека во книгата Елена и Дејмон го земале лекот и станале луѓе пак, а после што се десило не знам Уште идниот четврток ќе има нова епизода и после ќе праат пауза http://www.youtube.com/watch?annotation ... I0aoTvveSA Bunny2 прочитав дека си пишала дека си ја гледала епизодата во живо.Дали може,те молам ако сакаш да ми дадеш линк каде гледаш? Благодарам однапред
Јас вчера овде гледав.http://streamhq.tv/channel.php?channel_id=137970 Линков случајно некој го стави на tumblr,има и други линкови ама не ги знам Инаку ако сакаш следна недела да гледаш,накај 1 саат по наше почнува канадската епизода,барем вчера во толку почна.Во Америка почнува покасно.Ама јас не би ти препорачала зошто отапуваат со реклами. Знаеш колку време ќе прават пауза? Инаку Елена е дефинитивно глупа не е до тебе.Немате претстава вчера колку се изнервирав. Дремев на tumblr,немав што да правам и ја гледам сликава : Spoiler Се прерадував ! За што?! Ама гледам гледаноста вчера им рипнала за пола милионче.Затоа и лажат,зошто повеќето за Дејмон и Елена навиваат !!! Ја замразив оваа Елена,не ја можам веќе!!! Значи не ја можаам И ова океј ли е што го прави?
Нема да се прави никаква пауза до 15ти ноември,барем така пишува.А и фала што ми одговоривте на прашањето -.-
Можеби беше добра епизодата, можеби откривме некои работи, но мене нешто некако се ми се одвиваше пасивно. Дали ради Елена и Дејмон кои веќе не презимаат ништо, а секоја епизода им приредуваат емотивни сцени, или пак е нешто друго. Жал ми падна за Ребека. Не ја сакам надвор од серијата. Уште од почеток ми беше добар лик и несакам да ја оттргнат макар и на неколку епизоди. И ајде нека се појави Тајлор а покрај него и Хајли (мислам дека така се викаше), сакам да ја гледам повеќе во серијата. Незнам дали ја имате гледано во The secret circle, таму ми беше омилен лик. Затоа сакам да ја видам овде. И изгледа сега ќе имаат работа и со професорот. Колку што сфатив, тој е другиот од the five. Несакам да го најдат лекот за вампиризмот. Несакам Елена да биде повторно човек, ниту Дејмон, ниту никој од серијата. Некако така навикнав на нив, и мислам дека се ќе се расипе ако биде повторно човек. Feel so close to you right now. Најдобриот момент од епизодата. Сакав и го видов. Кога Елена се впушти во она вампирското во неа. Кога почна да се забавува, па макар и на момент не помисли ниту на Стефан, ниту дека го прави она што го прави. Најголемата препрека и е стравот, несакајќи да биде како Дејмон. Но нешто ми кажува дека нема да биде таа рипер туку Дејмон. Само е прашање на време. Некако многу го одолжија привикнувањето на Елена да биде вампир. Досадна ми станува. Сакам акција! И Ваква ја сакам .
Мене ми беше добра епизодата. Ама не како претходната. Spoiler Баш сакам да видам шо работа ќе имат со онај професоро. А Конор мислам дека ќе биди забавен во следните епизоди. По моја претпоставка ќе убие уште неколку вампири и ќе се покажи целата тетоважа. Клаус ќе го најди мечот и мислам дека ќе успеат да ја прочитат тетоважата. Е тогаш се прашвам дали ќе го најдат то лекот. Искрено неќам да го земат тој лекот ни Елена, ни Стефан, ни Дејмон. Т.е. неќам воопшто некој од вампирите да го земи лекот, а Елена најмалку. Елена ми стана забавна ко се опушти со Дејмон на забавата, ко заборај на нејзините глупи чувства на кривица, и жал за секој шо ќе го погледни... Сакам да ги вратат Кол, Елајџа и Кетрин. Тие најмногу ми фалат во серијата. Без нив не е то шо беше серијата. Исто така ми фалеја Керолајн и Тајлер со нивните акции во епизодата. Одвај чекам да има некоја забавна Делена сцена или некој жежок Vampsex http://www.youtube.com/watch?v=_AQLPYk2v1Y Еве го промото за новата епизода. И се надевам дека ќе има поќе акција во новата епизода.
Spoiler Ептен ми се допадна новата епизода и ми остави впечаток. Ја гледав два пати оти првиот пат не ја сфатив приказната со петмината. Свиѓа ми се тоа што воведоа нова приказна во оваа сезона, ќе биде интересно. И мене ме интересира што ќе испадне со професорот. Недостигаше ми Тејлер, очекувам го во следната епизода. Стана ми жал за Ребека кога ја прободеа. Елена претера веќе. Дефинитивно повеќе и стои вампирската страна, кога се опушти на забавата. Ќе биде глупаво ако го најдат лекот и ако ја врнат во човек. Нема да има смисла. Едвај чекам да се појави Кетрин.
Не сум сигурна.Ако грешам некој нека ме поправи. Мислам дека Клаус го направи тоа за да најде кај е закопан тој Алекс за да му го најдат мечот,а притоа Ребека да не ја зезне целата работа.( Иначе мечот им треба да за ја прочитаат тетоважата ) Како што читам по tumblr луѓево многу придаваат значење на тоа што Стефан крие за лекот од Елена.Незнам веќе на што треба да придавам значење на што не Like Spoiler Многу лути нешто Дејмон и Стефан Spoiler
^Лути се кога глупачава незнае што сака. Spoiler Ама морам да признаам сцената каде Елена се опушти и уживаше во своето ново стање беше врв.Колку беа секси додека играа како пар, колку и да сакаат хемијата што ја имаат надвор од серијава да не ја пренесат толку живо во серијата, не им успева.Се гледа дека се вљубени и тоа автоматски ги прави многу привлечни заедно, затоа и имаат толку фанови. А Елена дефинитивно е подобра како вампир отколку како човек, само да се опушти и премине на страната на Дејмон и ќе биде одлично.