Токму кога сите си помисливме дека вампирството на Елена нема ништо да смени во врска со Дејмон, се покажа дека сепак не е така. Редно беше Стефан да си се тргне и ние малце фановите на Делена да се порадуваме. Мило ми е што Дејмон си испадна фер до крај и не го искористи тоа што Елена му беше лута на Стефан. Не знам зошто Стефан во промово за наредната се испонаша ко Дејмон да му ја грабнал. Со нетрпение ја чекам следната, мислам дека ќе биде една од најдобрите. П.С. каков поглед.
Fuck yeah!!! Конечно Елена се свести Сакам пак Кетрин да ми ја вратааат Ко се појави се и плесна на Елена в лице Делот со Кетрин ми беше најак!! И сцената кај шо се фатија за раце Елена и Дејмон ме стопи. А Елена како и секогаш си плачеше, и плачеше, и плачеше, и сите пак се „жртвуваја“ (in my ass) за неа. Ќе си го заколи и сопствениот брат, и на крајо Тајлер и Керолајн се скараја заради неа!! Иако ги сакам Клаус и Керолајн, убав пар ми беа со Тајлер. Неќам да се скарат. Одвај чекам следна епизода. Како шо видов во следната епизода ќе има Делена и Кларолајн сцени. Ама за то да го добиеме ќе си чекаме две недели. Исто така видов дека Стефан ќе му се испонаша на Дејмон. Ај нека си се помири со то дека Елена нема вечно да го сака и не вечно да бидат заедно! Ии морам да признам дека серијава станва се поинтересна и поинтересна.
Изгледа само на мене Елена ми станува страшно иритантна и патетична во глумава.Веќе секоја фаца и е предвидлива а и моменталнава улога ме нервира многу,аман пресуши од плачење и лигавење Се она јагне,несака да повреди никого а уствари сите ги поверди по ред. Јас незнам што ја трпи овој Стефан,не заслужила.
Мене само едно нешто ме замисли во епизодава. Во халуцинациите на Елена и се појавија Конор, Кетрин и мајка и. Конор и мајка и се мртви... :geek:
^ Мислам дека нема врска тоа дали се мртви или живи. Кој било може да и се појави само за да ја натера да се самоубие.
tinkerbell не си единствена. И мене многу ме нервира Ако вака продолжат со улогата на Елена ќе ја зафркнат цела серија. И еднаш, барем еднаш нека застани да плачи, да се лигави и да кажва како таја неќи никој да биди повреден, да убие и таквите глупости. Па вампир е нека свати и нека се помири со реалноста.
Стефче ваков, онаков, ама дефинитивно има најмногу сенс за глума. Од сите актери он и Клаус се убер талентирани, другиве - просек, веројатно ги одбирале најмногу заради физичкиот изглед. Елена е жална и патетична, кога ќе и` ги видам тие бебешките влакна на чело, што уште не и` ги средија, мене коса ми се крева, одвратно го криви устулето, неодлучна и плачка, мивка, и искрено - тотално изгубен лик, не заслужува никого - ни Стефан, ни Дејмон, да ја убијат поштено и ајт со здравје. Јас чекам да се спојат Клаус и Керолајн (каков секс ќе падне, јухуууу ), ама си беше среќен Клаус во последната епизода, веројатно заради фејк раскинувањето на Кер и Тајлер. А Тајлер под рака со новата типка што ја глуми Фиби Томкин, таму има повеќе хемија. Значи сума сумарум - Клаус, глумата на Стефче, и сексовите што ги чекам... Па тоа би било, Елена, гревната Бони со фацата распекмезена, ко вечно да има запек, и Џереми - мачката со 10 000 животи... I don't give a damn about them!
Леле фала богу Катерина да дојдее...ја затна Елена штета што беше халуцинација.И уште една жртва само да не умре Елена фала богу на Стефан му дојде паметот да се тргне од Елена а не да и биде слуга па и на крај краева ако Дејмон си ја сака таква нека си ја земе ама после Елена ако стане човек да не дојде кај Стефан па да каже ај јас станав човек ај сега тебе те избирам или нешто друго да се случи и да му се врати.Сега за сега Стефан да си биде сингл мислам дека Елена го направи Стефан лигав како неа.И Аларик леле колку сум да се врати.
Значи, прво дојдов овде го прочитав мислењево на Трендафилка, па ја изгледав епизодата, и си се изнасмеав поштено. Цело време ја гледав Елена во устата и у бебешките влакна, се смеев со фацата од Бони, и со Џереми мачката..Алал нека ти е Трендафилке, ми ја направи серијава позанимлива за гледање... А во врска со следната епизода, знаете што мислам дека ќе се случи? Дека овој пат Дејмон ќе и даде корпа на Елена. Скоро сум сигурна!
И јас мислам дека такво нешто ќе се случи бидејќи пишуваше: Damon will make a heartbreaking decision .. Сепак не мора ништо да значи...
Додека ја чекаме новата епизода ...да ставам неколку сликички од моите омилени ликови во серијава и се разбира the one and only... хахахах се насмеав на ова
Конечно дојде на ред да ја гледам и серијата Тhe vampire diaries.Едноставно станав опседната со филмот на ден гледам по 4-5 епизоди.Очите ќе ми отечат пред компјутерот Морам да кажам дека Дејмон дека е многу шарамнтен посебно со неговата иронична насмевка .За Стефан и Елена морам да кажам дека малку досади,на почетокот беа поинтересни.И уште малу ќе почнам со втората сезона
Spoiler Дејмон и тоа каква корпа ќе и даде на Елена.Само ме нервира фактот што тоа ќе го направи поради Стефан Толку време чекавме конечно Елена да признае и кога вече призна Дејмон не сака епа... Незз...
Се убаво објасни Трендафиљ. Се согласувам со се освен за глумата на Стефче-гревче. Не можам да видам убаво и да дадам мислење од што ми се кака кога ќе му ја видам фацата. Искрено, не сакам да мрчам овде, ама со секоја епизода се повеќе ми се мрчи, на ништо не личи ова. И сакам да ја убијат оваа лигушката, Дејмон со Ребека повеќе сакам да биди отколку со Бебешки влакна. Како е можно да плачи дотичната ако повредела некој, а не се знае точниот број (од што се многу) на луѓе кои се мртви заради неа. И овај хибридот во последната епизода и тој кутриот си умре...за што? За глупостите на Стефан да ја извадел ЕЛЕНА. АМАН! Глупаци. Скролајте ме изреволтирана сум.
Приказната добро се развива. Се е така поврзано, но убавината на се ја убива poor Elena . Незнам до кога таа ќе биде жртвата, до кога ќе плаче за секој од кој ќе се напие крв а не па да убие уште некој. Е тогаш ќе ја мрчиме уште едно 5-6 епизоди. Колку и прилега само улогата на Кетрин. Се израдував кога ја видов. Не залажаа за момент, а баш би било интересно доколку ја даваат пак, исто и Ребека. Секако поинтересно е со нив а и подобри се од патетичната Елена. Се надевам дека Дејмон сега ќе и мавне корпа, макар сите сакаме да ги видиме нив како пар. Доста го влечеше таа цели 3 сезони. Туку чекам и неможам да ги начекам Клаус и Керолајн. Веќе досадна сум за нив, не неможам ако не си кажам. Толку ми се совршени, едвај чекам да ги видам во некоја од наредните епизоди. Прочитав дека конечно ќе падне нешто . Лошиот момак ја покажа неговата мека страна. Не ми се смејте, се заљубувам.
Ама аман веќе од Елена Секоја епизода само се жали и плаче и мора некој да умре за нејзе да ја спасат Најарно нека ја отепаат и веќе никој нема да мора да умре
Мислам дека Дејмон нема да и мавне корпа на Елена зашто цело ова време тој ја штити и повеќе сака он да и помогне и она во последно време е по блиска со него отколку со Стефан и он сите би ги убил за неа а па сега да и мавне корпа не верувам ќе си ја искористи шансата а ако и мавне мислам дека тоа ќе го направи за Стефан.
Колку се лигави Елена, нешто невозможно. Вампир е де, уште ли не се прилагоди? Елена и Стефан ќе раскинат! Јес јес јес! Delena Forever! Неможам да ја дочекам новата епизода, посебно за Клаус и Керолајн