Нема врска ова со Бони.Со тоа што ги виде бројките го предвиде убиството на тренерот.Нели Дејмон го уби.Знам 14 беше за регистрацијата на колата,22 беше паркинг местото,а 8 не ми текнува за што беше. Од друга страна Џули и Кевин имаат казано дека уште од почеток знаеле како ќе заврши серијата.А Бони на почетокот виде гавран и каза демек мислам дека ова е само почеток
Ако е така значи Елена ќе биде со Дејмон. ама па малце ќе е глупо цела 4 сезона да е со Делена. за да може да бидат на крај мислам дека сега треба да се скараат за на крај да можат пак да се смират и да бидат заедно... за тие што ги имаат прочитано сите книги за Вампирски Дневници: Како Дејмон стану човек на крај од книгите?? (јас сега ја читам првата книга, а една другарка ми кажа дека Дејмон ќе стане човек но не ми кажа како) ај некој нека ми каже ако знае
Мислам дека тие што пишуваат што ќе се случи се за Стелена,а и некако би било премногу добро долколку Елена заврши со Дејмон....такво предчувство имам за Стефче и Еленка,па ќе видиме. СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ГРЕШАМ!
Неможеш никако да предвидиш како ќе заврши,зошто продуцентиве си играат со нас.И не само продуцентите туку и актерите. Затоа веќе не верувам на никој,поготово на Иан Единствено можеме да ја контролираме работата кога имаме можност да гласаме,како овде. http://www.tv.com/features/best-of-2012 ... est-couple зошто Џули гледа колку сме заинтересирани.Делена фанови=гледаност.Гледаност=пари Лесно и едноставно.Затоа гласајте Иначе Дејмон во книгите умира и кога ќе го оживеат,ќе биде човек.А мислам дека и во книгите се појавува лекот така да може и на тој начин. п.с.ги немам читано книгите ова го имам прочитано на Тамблр.
Јас мислам дека заради самата гледаност,нема да биде добро ако ги стават на крај Стефан и Елена.Сепак ќе видиме.Сеуште ништо не се знае. Инаку со книгите сум до вториот дел при крај.Не се лоши но не се ни нешто посебно.
^Од кај ги купи иначе?Некогаш кога имам слободно време (како сега) имам некоја желба да почнам да ги читам И ме интересира колку пари се Незнам колку сте читале за теоријата дека Шејн ја хипнотизирал Елена,мене дефинитивно ме замисли Spoiler Некои луѓе (што дефинитивно го мразат фактот дека Елена е sired) тврдат дека Шејн ја хипнотизирал Елена. Кога ќе размислиш за некои работи имаат право... Да не ги набројувам ситуаците кога Елена го има одбиено Дејмон,сите ги имаме видено.Доказ за sire bond (цврст доказ) немавме видено се до последнава 9та епизода кога и вика да си оди и иако она не сака,нешто ја тера да си отиде. Е сега.Девојката која го тврди ова вика дека и Клаус е вмешан,зошто има корист,односно,создава поголема желба кај Стефан да му помогне побрзо да го најдат лекот.Нормално откако ќе го најдат лекот со помош на Елена ќе може пак да си прави хибрити.Исто девојкава зборува за Шејн за тоа колку се гледа дека типот мути нешто.Сомнителен е фактот што воопшто Бони му кажала за ситуацијата со Дејмон и Елена,и потоа он разговараше со Елена на темата.Притоа користа кај него ја гледаме од аспект на тоа што пополека сите почнаа на Елена и Дејмон да им се замараат,а него никој не го гледа.И секако се смета дека тетоважата е патот до лекот и до Силас (а Шејн сака да го најде Силас ). Кога Елена и Дејмон би мислеле дека со помош на лекот ќе можат да го прекинат целово ова,група луѓе ќе се стремат кон едно-комплетирање на тетоважата на Џереми и наоѓање на лекот (Силас). Што се однесува до хипнотизирањето,веќе видовме Шејн што се може да направи.А и имавме сцена кога Елена го прашува дали може да ја хипнотизира за да не виде sired.
книгите ги имаш и во супермаркетот во Веро Центар... првиот дел ти е Будење а вториот е Борба.. јас ги спуштив во pdf од интернет.. во америка има вкупно 7 дела и јас сите ги спуштив. ако некој сака да му ги пратам нека ми пише
Јас ги зимам од библиотека,ги има само првите 4 дела Инаку дечки гласајте ,губат (можете да гласате повеќе пати со стискање на ф5 ) http://www.tv.com/features/best-of-2012 ... est-couple http://www.youtube.com/watch?v=vFkotNKiftk Lucky Nina
Освен тоа гласајте и за Вампирски Дневници во оваа категорија: http://www.tv.com/features/best-of-2012 ... etime-soap ако не бар тука да победиме п.с. Вампирски Дневници е номинирана и за друга категорија но таму сме 3ти на листата и немаме шанси да победиме :'( и секако не заборавајте да гласате за TVDFamily на оваа страна.. можете да гласате до 9 Јануари(ние сме втори на листата-SPNFamily не води) ајде да победиме
Сепак најмногу да гласаме на страната од која ставив линк (само не знам зошто кај мене не се гледа тоа што постирав :/) затоа што има уште 2 дена а тие губат доста :/
да ама таму разликата е доста голема и шансите се многу мали да победиме. а во другата категорија вампирски дневници води но за неколку илјади и може да не стасат. барем таму да не изгубиме... гласајте за Дејмон и Елена и тука http://portraitmagazine.net/ Нина Добрев е ТВ актерка на годината http://www.fleckingrecords.co.uk/2012/1 ... -year.html Честитки! Сосем засужено :3
luge videte www.wetpaint.com/the-vampire-diaries/ar ... =Monday+06 izvinete so pisuvam so latinica ama od mob sum