1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневни рутини со нашите бебиња

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 29 јули 2021.

  1. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    ајде да си ги споделуваме дневните рутини со нашите бебиња во посебна тема. утрински и ноќни ритуали, распоред на спиење/јадење, рутина со бебе и друго поголемо дете, итн.

    каков е вашиот редослед на денот? или идеален (кога би се движел по план) затоа што знаеме дека секој ден е колку-толку различен, а доста често и хаотичен.

    ќе пишам за нас подетално подоцна, баш последниве неколку недели сме каша попара. :drunk:
     
    На ivance.., minne992, Oneo и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.773
    Допаѓања:
    12.885
    Вриштење, вриштење и само вриштење:D:D.
    Станува сабајле во 8 часот али се тегне низ кревет 10 минути и одма почнува да дрнда(бидејќи "мајка му сака многу муабет да прави од сабајле"). После следи одма доручек и тука одма настанува викање божем не јадел недела дена. После тоа шетаме вртиме еден круг додека не завруќило, па си играме малце. Следи правење шмукалчиња и одма ако го лушне нитри булетот вика за да биде погласен од него :D. После тоа чистиме низ дома со усисивач он се беси на него јас го возам и стигнало време за дремка. После тоа стигнало ручек време си крка па во базенот се бањаме и си играме следи уште едно шмукалче(го крка душа дава за него) :D и после пак следи дремка од пола саат да се рестартира мали и до 21 часот лумпува трча низ дома, ако му здосадат играчките мачето го брка додека не го измори после се фрла врз него. Гледаме да излеземе накај 18-19 часот ама некако некогаш и пекол е и плаче надвор од топло:|. После тоа стигаме дома накај 20 или 20 и 30 се бањаме, јадеме иии правец во кревет. :DНекогаш знае и до 22 часот да седи и да дрнда. Ради скоков сега што е доста тежок на 2 дена по цел ен вришти мозоков похован ми го направи:D:inlove:
     
    На ivance.., minne992, Bebac и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Linda24

    Linda24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2021
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Станува во 6:45 или 7:00 ма не може повеќе од минутка ќе се влече низ кревет и ќе вика "дадааа мамаааа бабаааа нанаааа" и се исти реченици некој пола час потоа следува доручек потоа дури мама расчистува низ соба играчките се нашле сите на под ги собираме и се префрлуваме во дневна и таму ни почнува "беснилото" и играњето со поголемата дадичка потоа дремка дури он спие и јс си прилегнувам ако веќе сум го направила ручекот потоа ќе стане ке јаде и малку играња со тато и накај 20:00 ќе излеземе надвор до кај 21:30-часот дома бањање нешто полесно за вечера и опп на спиење!!
     
    На ivance.., Oneo, Ava.84 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Пишувајте и кој месец ви се бебушките. :sun:
     
    На Oneo, Ava.84, elimkd и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    9++++
    Стануваме накај 6 сабајле. Правиме млеко пие и се седнува во релаксатор гледа светот на биби додека се спремаме за на работа, пиеме на брзина кафе. Па јас му правам доручек и ручек кога доаѓа свекрва ми да го чува. Се спремам што треба отсабајле она само да испасира и пишувам на лист кога што треба да јаде пие. Пред 8 одиме на работа се враќаме во 17ч. Јадеме на брзина, па него го средуваме со ужинка или млеко зависи. Некогаш дремнува од 18ч до 19ч. Се спремаме и одма надвор инаку дома не се доседува. Шетаме до 8ипол доаѓаме дома бањање,вечера и на спиење капнати сите.
    Е кога е со мене цел ден, плус додај работење 8ч со бебе, готвење, бебе во скут мама на лап топ со состаноци на скајп :D и едвај чекам да тргне во градинка :emo:
     
    На ivance.., Frosty!, Bebac и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Krofna*

    Krofna* Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    7++++
    Стануваме околу 6ипол го зимам на спална кај мене се гушкаме пола саат и стамуваме да правиме доручек, во 7ипол јаде каша, се облакаме и надвор, шетаме до 9, тогаш доаѓаме и право накај спална комиран спие 45мин станува и до 12 секакви активности по дома, најмногу на под играме.
    Во 12 млеко и спиење овде знае да врзе поише да поспие па откако ќе стане спремаме ручек за мама и тато и за него :)
    Ручек нешто пред 16ч и пак заспива околу половина час
    Станува играње малце по дома и накај 18ипол искачаме надвор сеа со топлово сме потоп али тоа е го фаќа беснило дома :D
    Се враќаме 19:20 правец купатило бањање, во 19:45 млеко и заспивање |-)
     
    На ivance.., Milkiway, Oneo и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Solen☀

    Solen☀ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2020
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    1.381
    Пол:
    Женски
    2+
    За сега во 21ч заспива цица два пати во ноќта и спие до 8 сабајле цица и продолѓува уште саат два Е после тоа сме без ред
     
    На ivance.., minne992, Milkiway и 10 други им се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.135
    Допаѓања:
    33.010
    Пол:
    Женски
    Ептен ми се допаѓа темава, браво мама. :sun:

    Со оглед на тоа дека ние сме 2+++ не можам да пишувам за некаква рутина, ама горе-долу како ни поминува еден ден.
    Синче се буди околу 10-11ч со гугање. Над неговото креветче имаме залепено стикери на ѕидот и балон, па им гуга, им се кара, им пее. :music: Го земам до мене, па продолжувам со него да си 'муабетам', да го галам и бакнувам (читај: тормозам) дури не почни да кенка. После сменуваме пелена, му давам да цица и го носам на подлогата в дневна. На неа има едно огледало, во кое медењакот мој е вљубен. :makeup:
    Отприлика после 1ч почнува да му се спие и заспива многу брзо и лесно (в раце или на града).
    Тогаш мама кради време да смучка едно нес или да свари турско, во меѓувреме ако успеам и да поткаснам нешто. Воглавно, до кај 19-19:30 има 3-4 дремки од ~пола саат и период на будност околу саат и пол. Додека е буден го ставам на подлогата, во релаксатор (најдолго досега седел 15 минути и тоа под услов некој кловн да му изигрува пред него), правиме tummy time, му правам вежби на сите зглобови, пуштаме музика и играм со него в раце. Цица, кенка, се шетаме в раце низ сите соби, пееме песнички... Накај 19-19:30, кога ќе помине жешкото, се спремаме и секој ден одиме во парк. Таму го возиме в количка, го шетаме в раце. Речиси секогаш има уште една дремка, таман ние да пиеме едно кафенце или да мцнеме сладолед/палачинчиња и после дома ~21, максимум 21:30.
    Го соблекувам на подлогата, тој е прерадосен гол, му давам витамини, го капиме, после масажа, уште еднаш tummy time, се облекуваме секој ден со војна и вриштење, давам цице и нанка. Околу 22:30-23ч е веќе заспан.
     
    На i13dk, ivance.., minne992 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Iva Mitrevski

    Iva Mitrevski Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2020
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    7.241
    Пол:
    Женски
    4+ бебе Ања

    Сабајле се будиме околу 7ч, и давам млекце 120мл, ждригнува и ја презаспивам, си легнувам и јас и спиеме до накај 10. Кога ќе станеме пак млекце па малку во релаксатор си седи додека мама се измие, нешто да прикасне и да ја среди спалната. Потоа ќе ја легнам на кревет и си гугаме, си играме со играчки итн. Прозорец на будност и е 1,5ч па ја заспивам повторно. После тоа истата песна се до 20ч (јадење, играње, спиење), ја бањам, и давам да јаде и се шетаме низ двор пошто е огромен, околу 21:30 ја успивам и спие до наредното утро до 06:30/7ч. Вака ни е секој божји ден, сама сум по цели денови и фала на Бога имам многу мирно бебче :hug:
     
    На i13dk, ivance.., minne992 и 15 други им се допаѓа ова.
  10. @rollercoaster@

    @rollercoaster@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    221
    Скоро 9 месеци сме.
    Станува околу 7 часот, па се мазиме цица, се мазиме цица :)
    Се буди бато и се занимаваат додека спремам доручек за сите.
    Јадеме и ако сме брзи излагаме малку на љуљашки. Се враќаме, бебе цица и спие, јас ставам ручек за бебе ( засега ни даваат бабите ручек за големите). Додека спие малото, малку овошје и внимание на големото му посветувам. Кога ќе стане, бебето ручаме, па јас средувам малку во кујна и некоја машина за перење уклучувам и потоа си играме нешто, по можност со двете деца заедно. Уште една дремка со цицање околу 16ч најчесто (зависи колку долга била првата дремка). Станува бебето, јаде вечера, големото јаде ужина и излагаме надвор околу 19 до 20:30. Потоа бањање, големото дете вечера, бебето цица и спиење. Ова ни е во груби црти :)
    Моето кафе го упикавам кога како ќе стасам :)
     
    На ivance.., Solen☀, Ava.84 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.367
    Пол:
    Женски
    Еи баш убава тема стварно :sun:
    Бебе Калина скоро 2 месеци (на 05.08 праиме 2 :))
    Се будиме од 08 до 09 ретко и 09 ипол може да не фати, тогаш е веќе на спална со мене па се гушкаме и ја бацувам и гњавам дур не и здосадам, прво ми се смее и ужива ама после си вика дај не ме малтретирај веќе, дај тоа цицките ваму :rofl::rofl: па цица, па мењаме печена и ја пресоблекувам. Ја оставам во гнездо, ја идам до вц, се облакам и си варам кафе. Неа и давам капки па пијам кафе и и зборам. До 12 цица уше еднаш два пати по малце и си играме, малце у релаксатор, малце у раце, малце на меше. Предремува пола саат ретко саат. После во 12 цица и заспива до 15-15:30, оваа и е таа големата дремка. Ја се чудам шо со себе :lol: ручек правам, нешто низ дома, серија си гледам, на телефон, некогаш и ја дремнувам.
    Станува пак цица и до 21 така у круг. Дремнува уште неколку пати ама по пола саат, кратки и се овие дремки и претежно или во раце или на цице дреме. Од 19-19:30 излегуваме у шетња низ населба. Во 21 се бањаме, цица, се гушкаме и до 22 е заспана.
    Се буди во 3-3:30 и 6:30-7 за цицање. Во 7 после цицање си ја земам на спална со мене, се тегне и продолжува до 8-9 :inlove:
    Секој ден му благодарам на бога шо имам вакво мирно бебе. Баш сум и одморена и наспана. Се надевам дека нема многу да се пореметиме со скоковите :sweat:
     
    На i13dk, ivance.., Solen☀ и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    8.685
    Пол:
    Женски
    Преубава тема :)
    Бебе 8++
    Се будиме во 7 часот некогаш и 8 зависи ноќта како сме спиеле, сега во 6ти скок плус и заби што ја мачат некогаш знае да се разбуди ноќе и да не може да презаспие. Како и да е, покасно од 8 не спиеме. Се галиме на спална тројцата заедно (сопругот работа од дома), цица, ја носам во дневна. Јас ја пресоблакам, мм прави кафе, па спремам доручек за неа. Она во меѓувреме си игра на подлога на земја, и лази насекаде. Јаде и брзо ѝ доаѓа првата дремка накај 9:30. Дремнува до 11-11:30, ние во меѓувреме јадеме и ѝ спремам ручек, нешто потсредувсм по дома. Потоа си игра бидејќи е многу топло за надвор, па руча и кај 15-16 часот уште една дремка од саат и пол. Станува, одиме или на плажа, или излегуваме на кеј, до 20 часот си доаѓаме дома, бањање и спремање за спиење. Заспива околу 21 часот. Ноќе станува еднаш-два пати за цицање.
     
    На ivance.., Solen☀, kostovaivana и 9 други им се допаѓа ова.
  13. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    7.964
    Пол:
    Женски
    Прекрасна тема,нека се полни само со убави моменти со нашите најмили:inlove::inlove::inlove:
    6+
    Се будиме во 8-8.30 со песни,аууу,ејјјјј.
    Ама мама е спанка и чекам што повеќе песни да испее,па тогаш ја земам.И пеам и јас повеќе инструменталки,песнички уште не знам :x
    Се гушкаме,мазиме и цицка вадење нормално,па пресоблекување,вежби и триста чуда.:D
    Потоа ја оставам на под на подлогата ,се вртии како часовник,проба да лази,јас се средувам во меѓувреме,кафе,мафе,нешто кркензи,ама цело време нешто изведувам као кловн некој,таа се смее.Одиме во двор малку на сонце ,воздух:sun:
    Потоа се луламее,па следи кашичка,во фаза на проба на вкусови сме,опет цицка и во 11 сме веќе заспани до 12 некогаш 13.
    Потоа горе-долу истото во текот на денот,со тоа што спие уште два пати во саат,некогаш и пола.
    Во 19.30-20 излегуваме на шетање,околу 21.21.30 дома ,бањање цицање и ајд во креветчето,све до сабајле
    :emo:
    Мирно бебенце е.Уживаме во секој миг со него :l:
     
    На i13dk, ivance.., minne992 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    3.582
    Супер тема :)
    11м
    Стануваме во 9:00 зависи колку и се спие на мама :rofl:
    Знае да се разбуди и порано ако види дека спијам ме гушка и се труди максимално да презаспие :D
    Се гушкаме, мазиме на спална 10мин, стануваме правам доручек со една рака во друга рака е тој од сабајле не ме остав ни во тоалет да одам сама. Додека олади доручек се менува пелена, се мие лице, заби се шлакаме со вода и оп во храналка некогаш без мака доручкуваме, а некогаш со многу молење и три оброци фрлени(facepalm)
    Додека му погодиш што му се јади
    Потоа ако не е многу топло излегуваме во мало имаме паркче пола сат и се одиме дома пие млеко си легнува од 12:00- 13:30ч
    Станува се гушкаме и во 14:30 ручкаме па на под ќе си редиме коцки, сликовници ќе му раскажувам, ќе одам да правам ручек за нас и тој е во кујна и сите фиоки една по една ги отвара вади све од нив и дома е хаос (facepalm) да нема кај да стапни чоек.
    Па полнам базен уште не наполнет целосно тој е внатре и чека, плеска да турам уште вода, може да се почастиме со сладолед домашен во базен, со овошје или што ке посака, шмукалче свеедно па во 17:00 втора дремка со молби со плачки за да заспие, највероватно сака да ми ја отфрли али така многу рано ќе ми заспива навечер. Од 17:00-18:30 спиење.
    Станува не баш расположен послем оваа дремка и е лепенка до мама добри 40мин, па се облекуваме и околку 19:30 сме излезени тогаш грицка нешто дали кочан, смоки, пудинк зависи што нуди менито.
    Претежно во 21:00 си доаѓаме дома се капиме, јадиме, се бркаме низ стан тој се крие, па на спална легнуваме не мази не ѓнави не каса, скока по нас и во 22:30 пие млеко и заспива. Ја спие цела вечер станува во 06:00-07:00 за млеко пие и презаспива до 09.:)
     
    На ivance.., kostovaivana, Ava.84 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    16м
    Станува околу 09.30 му спремам доручек, јаде и правец се пика в кујна, зема да ровари по фиоките во случај да не му фали некоја фаталка, кутлача, дрвена лажица, па се префрла кај тенџерињата и таму случајно некој капак да не фали или рачка од тафчињата, откако ќе се увери дека се е во ред се префрла в соба кај играчките све ремонт.
    Околу 13часот заспива саат и пол отприлика и јас со него одмарам, станува и пак истата песна, во меѓувреме му спремам ручек, руча па заспива пак околу 18 часот до кај 19, се спремаме, шетаме, па вечера па бањање и заспивање околу 22.30
     
    Последна измена: 30 јули 2021
    На ivance.., minne992, Ava.84 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Bulibu

    Bulibu Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    На 02.08 цели 3м, лета времето:o
    Еден наш ден отприлика изгледа слично како и на @IRBBB :D
    Будење најкасно до 11h, си цицкаме пред да се префрлиме во дневната, малкуу лигавење, гнавење посабајлечки, одиме во дневна баба не чека ги оставам да си погугат јас додека испијам едно кафе да се свестам на кој свет сум:D. После час ипол веќе не фаќа дремката брзо се успиваме и спие околу 2 часа. Стануваме пак си цицаме уште час-два си се гушкаме, гугаме си игра на пијано подлогата или пак со ламбата се "кара":D:D Околу 3-4 ни е хаос дремката која ни е проследена со квичење, викање, плачки ;(, околу 7 излегуваме веќе надвор си вади уште една дремка од пола саат 45мин, јадеме и излегуваме во град до кај 9.30(90% го преспива шетањето, ама нема врска битно у град е):rofl:.
    Веќе во 10 се банкаме, се масираме, цицнуваме и најкасно 11 сме кома:D
     
    На ivance.., minne992, Solen☀ и 10 други им се допаѓа ова.
  17. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    52.106
    Пол:
    Женски
    Ние од мала си имаме исти рутини и исто време на спиење.
    6++ сме
    Станува во 8:30 наутро. Цицање секако..
    Заспива во 11:00h до накај 13:00h
    Ручка кашичка накај 14:00h
    Меѓувреме цицање кога и колку ќе посака
    Спиење пак во 17:00h.. планирам за скоро уште еден оброк за воведам
    Обавезно заспива во 20:30h. Точна е како часовник:D Ја преспива цела ноќ уште од бебе.
    Е сега, ја сака мама до себе кога спие. Тоа малку ми пречи, како врзана сум за кревет не можам ништо да завршам околу дома и синко..

    Заспива во количка шетајки ја низ двор. Тоа е обврска на брат ми, без него што ли ќе правев:$

    Знае да се заигра со играчки легната на под, но повеќе време ни е по раце. Многу е лута ако не ја земеме одма врева прави по дома. Уште од сега:sweat:
     
    На ivance.., minne992, kostovaivana и 10 други им се допаѓа ова.
  18. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    мило ми е што ви се допаѓа темава. :inlove:

    6++
    ние се будиме обично во период од 7:30 до 8:30, зависи кога заспала претходната вечер. се излежаваме во кревет сите тројца (последното будење околу 5:00 ако не презаспие уз цицање, ја земам со нас на спална, јас продолжувам да спијам, прво ја шпиунирам со едно будно око :bandit:, обично ќе поклоца со нозете, ќе погуга малце и ќе види мама и тато спијат, па си презаспива на крај).
    среќа мм работи од дома, во последно време тој го презема првото менување пелена за јас да си долежам уште малце пред да го започнам денот. многу станал брз, ете го за 2-3мин ме вика да ѝ ги дадам витамините (нема срце да употреби сила со ќерка му, јас настапувам во оваа борба), па да поцица малку веднаш после тоа.
    пола саат од првиот прозорец на будност прошол, во наредниот час ипол си игра на подлогата (обавезно ја ставам на стомак прво дека била на грб цела ноќ) додека јас се средувам и правам доручек за мене и мм. некогаш тој ја зема со него надвор во двор дур пие кафе, да осети свеж утрински воздух детево пред да се запечатиме дома под клима.
    прва дремка е 2ч по станување и за тоа време почнувам со обарување на вкусот што ѝ е на ред за пробување и стартувам ручек ако немам одмрзнат од мајките наши. ако сме веќе покриени со ручек, гледам да завршам некоја домашна обврска што одзема макс 10-15мин (собирање алишта, пеглање, брзинско чистење вц и сл.). обично оваа ѝ е најдолга дремка, па имам време и да подремам малце на тел со кафе.
    ако спиела 2ч, за брзо ја ставам во хранилка да проба некој вкус, ич не ми е мераклика по храна. :x може утка правам со тајмингот. жива среќна е кога ја вадам од хранилка и ја мијам над лавабо. пак ја ставам на подлога да се занимава јас дур го исчистам целиот неред во кујна и после се префрламе со игра на спална дека дошло време да се пушти клима, да не ја мава директно.
    додека се умори, прошле 2-2,5ч од последно станување, ја успивам и обично ова е околу 14:00 па гледам да пуштам некоја машина на евтина струја ако се насобрале алишта за перење. вторава дремка ја користам и за финиширање на ручекот, сецкање зеленчук за салата, итн. имам малку време и за четири у вис ако за среќа бејби реши повторно да спие 1,5-2ч.
    кога станува дошло ручек време па со мм јадеме во смени додека другиот ја занимава. овој период има најмногу игра во раце и ако дремките ѝ биле солидни (не 45-минутни) може подолго време да седи будна, и до 3-3,5ч па се мислам дека време ни е за транзиција од 3 на 2 дремки. ако една од првите 2 дремки ѝ била кратка, тогаш има време за уште една кратка дремка. ако не, кога ќе се потрошат сите занимации, следува бањање околу 19:30 и ноќно успивање па до 20:30-21:00 е во креветче.
    ако сме успеале да упикаме 3 дремки, подоцна почнува цела ноќна рутина и заспана е до 21:30-22:00. причина плус зошто мислам дека е време за само 2 дневни дремки.
    ноќното спиење гледам да е 11 часа тотал, сосе будење за цицање и мирување кога протестира презаспивање.
    а за себе гледам да сум истуширана и легната до полноќ макс затоа што знам дека ме чека будење за цице, што од вадење заби, што од жед/топло.
     
    Последна измена: 30 јули 2021
    На ivance.., minne992, edna_malecka и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    17.555
    Пол:
    Женски
    Ве читам сите и гледам ние нај рано сме станувале.
    Бебе има 2+
    Скоро секој ден ни е исто, ретко има промени, најчесто ако имаме гости.
    Стануваме во 6:00часот, го земам кај нас на кревет, го гушкање, гњавиме до кај 06:15ч. па тато се спрема за на работа а бебе и мама за шетање. Шетаме околу пола час, буден цело време.
    Се враќаме дома, цица, заспива. Го легнувам во количка,на тераса и оваа дремка ја поминува во неа, дури е свежо надвор. Јас во меѓувреме пијам кафе и јадам.Спие околу 2-3часа.
    Се буди, цица,па во релаксатор, па пак цица и така во круг, околу час и половина. Заспива повторно. Спие околу 1ипол-2часа.
    Се буди, доаѓа мм, ако имам ручек спремен јадиме, ако не еден прави, друг игра со бебе. Дури јадиме бебе во подлога или релаксатор.
    Потоа цица,па заспива. Мм спие со него, јас некогаш легнувам, некогаш средувам по дома.
    Се буди, цица, излегуваме да шетаме кон 18:30ч. до 19:30ч. Идиме дома, го бањаме, цица и до 20:00-20:30ч. е заспан. Спие до 06:00часот со 2пати цицање, без да се расони.
    Во дневните дремки знае да се разбуди и почесто, цица во сон и си продолжува со спиење.
    Премирен е од раѓање, не плаче скоро никогаш, само кенка ако сака нешто. Кога е гладен си ги лижи рачињата :D
     
    На ivance.., minne992, edna_malecka и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Нас скоро секој ден ни е ист, освен кога е во скок.

    Бебе 9 месеци

    Станува во 6:30-07ч. некогаш, и си игра и рипа во креветчето уште пола саат додека јас се расонам, стануваме па пие млеко, и се пушта во акција, лази, се беси за се што може да фати и стој така, а јас правам кафе и го изнесувам со мене во двор, седиме надвор еден саат и после тоа има дремка од половина час, он додека спие јас му спремам доручек, станува јаде и си игра и беснее по дома, сака да оди и веќе половината не е моја, во таа фаза сме. Од кога ќе се измори добро, преспива пак по 2 часа, после станува руча и пак од ново беснее, па пак огладнува и јаде, кога ќе излади малце надвор кај 19ч го спремам и излегуваме, шетаме до 20:30 идеме, го бањам, пие млеко и во 21ч е веќе во креветчето заспан.
     
    На ivance.., IRBBB, minne992 и 10 други им се допаѓа ова.