Даде 18месеци,батко 4++ Сабајле се будат околу 8,9часот, Се играме на спална, ги пресоблекувам, миеме забчиња, доручкуваме, големата во меѓувреме се игра, бате заспал, додека спие мијам садови, бришам прашина.Кога усисавам едниот ми е во раце , а другиот качен на првосмукалката. Се буди,пијат млекце двајцата, Кога се будни не можам ништо да фатам, бебуш сака во раце да разгледува, да го шеташ. Кај 12,13 спијат заедно, или спијам и јас или се туширам или правам ручек, или средувам, ко да нема што Бебуш спие 40 мин некаде а даде околу саат,два. Се будат и пак играње, јадење... Доаѓа тато се шетаме во парк, сега бидејќи е многу топло после 19:30 излегуваме. Кај 21,22 ги заспиваме, се тушираме и во кревет. Од утре пак иста песна Кога весели кога невесели. Не напишав дека ги фаќаат будалите па плачат за да се држат двајцата во раце, тоа трае саат време, околу 11,12ч и не секој ден. Не можеш да мрднеш тогаш. Дада има чести моменти кога после секое спиење станува плачејќи и и требаат цели два часа да се расположи. Инаку се пробуваме и ретко што ни успева да ја развесели, сем цртаните на таблетот Не пишав ноќите ги преспиваат цели, бате се буди за млеко еднаш или двапати,секогаш различно,пие и продолжува, а даде има шише млеко и шише вода до неа па кога и се пие си зема сама.
9+++ рутина на одмор идеме вака: Станување 7:30, пие млеко, се спремаме за плажа. Одиме долу ма доручек прво, она седи во хранилка и јаде слива или кајсија и фрла се друго на земја што и се најде при рака Ја бањаме во море па си игра околу лежалките, оди накај песокот па јаде песок со друштво сме па си игра со другото мало дете и други деца од плажа. Прва дремка тато оди во соба и дава доручек и ја успива, мама пие коктели и се бања спие околу 2 чса ја дотепува сонцето Потоа сите во соба од 1 до 4, ние ручаме, таа лази и си игра. И таа руча Јас ја успивам, татко и оди на плажа. Супер ни е вака поделени за дремките и двајцата чиниме раат пливање. станува околу 6 па вечера и одиме на плажа до 7:30. Се бањаме во соба сите по ред и навечер шетаме и вечераме ние во град. Се враќаме ако има деца долу во хотелот си играат сите и на спиење околу 10 часот со млеко и преку ноќ уште едно млеко накај 1ам Се и е поместено малку понапред ама многу ни е убаво водата претопла во море, хотелот ни е ептен погоден
9 месеци се двајцата. Будење околу 6:30-7, кој прв стане го буди другото бебе со тапкање по глава па се врти и нас почнува да не тапка или кубе. Одиме во дневна на пресоблекување пелени и почнува забавата од тегнење, смеење, бркање на мачката, гледање Color crew, влечење завеси и бесење. После пола саат пијат млеко па уште урлаат Околу 9:30 има дремка до кај 10:30 а во меѓувреме им правам доручек. Од дремката право на столчиња да јадат. Ако не ми е претопло ги шетам до кај 12:30, дома пак дремка до кај 14-15 па следува ручек. До 16 уште се активни со бркање низ дома, може пак да им се приспие а може и не.. зависи Околу 17:30 имаат ужинка па пак де бркаат и веќе накај 19 почнува ритуалот за спиење, прво бањање, мачкање крема, облакање, пиење витамини и млеко и заспиваат уште додека го пијат околу 20-20:30. И така секој ден
Бебе 9 месеци без некој ден Се буди 7 и 15, најкасно 7 и пол. Стануваме и додека држи некоја играчка во рацете успевам да го прсеоблечам,да сменам пелена и да го намачкам со крем.Пие млеко и си играме после тоа, го ставам на подлога или во креветче додека му спремам појадок.Во исто време спремам доручек за него и за мене да понесам на работа.Кога застанам до него ме тегне,почнува да се ,,искачува,,по мене пробувајќи да застане на нозе.Успевам да застане потпирајќи се на мене и радосен е дека стои, прави звуци, вика ба ба Баба му цела кефови е дека прво рекол баба Сака во раце да е а веќе тежок е и ако не се менуваме со мм отиде кичмата. Преспива од 9 и пол до 10 и пол.Станува и доручкува.Многу сака да јаде,еве сега и процес на запчиња вадење му е ама си јаде убаво. Малце нервозен е става во уста се што ќе му дојде при рака и внимавам да нема мали предмети околу него.Омилено за џвакање му е даљинскиот,посебна љубов има за него.Накај 1 пак преспива час и 45 мин. После следи капење во базентот, играње со играчки, со кофички, со сервисот од мама.По тераси сака да го носам в раце да ги гледа колите брм брм кај што прават.Руча во 4 саат , по 1 час пие сокче цедено од некое овошје.И околу 6 и нешто пак преспива одручекта 1 саат. Откога ќе стане пие млеко, го пресоблекувам и излегуваме.Си носам со мене чајче, го пие по саат и пол од млекото. Дома си идиме во 10 ноќта, го одмивам,му сменувам пелена и со млекото заспива во 11.
5++(ова со плусевите не сум сигурна). Бебе станува во 6ч, насмеано и расположено , спремно за нови игри.Едвај чека да ја виде мама дека е будна и се смее со најубавата насмевка на свет. Мама отвара очи овака оти ова и е 346727 пат како станала.Ја тргам од мене подалеку и и давам тропки, играчки, пелени , што имам во близина да си игра, а јас продолжувам да дремам на страната на маж ми докај 7:10.Преморена станувам и ја будам големата за градинка и и спремам појадок.Додека таа јаде ја земам бебка и и менувам пелена и ја облекувам.Накај 8ч и давам да цица и заспива.Бебе спие 30-40мин.Јадам и ја спрема големата за градинка и кога бебе ќе стане ја носиме дада на градинка. Потоа се враќаме таа е на подот ,а јас си правам кафе или јадам.Накај 10:30-11ч и е втората дремка која и е 15мин-30мин. Кога ќе се разбиди пак е на подот си игра со играчките. Нормално има партија цицање на секој 1,5ч до 2ч.После пак спие накај 13ч и оваа дремка и е најдолга дури 1,5 ч со 3 пати будење. Јас за тоа време правам ручек и накај 15 ч одиме да ја земеме дада од градинка.Се враќаме дада ручка, бебе цицка и спие пак накај 16:30-17ч .Кога ќе стане ако имам сила и времето е убаво ги шетам двете моми во маало.Бебето си глетка ,ако и дојде време за спање заспива. Ако не сме излезени заспива во 19-19:30ч.Така си се будни на 30мин до 1.5ч до 6ч кога немам сила ни желба да и дадам пак цице.Инаку 1.5ч врзува ако е на града. Немам ниту сила ниту желба за ништо.Бебево ми го црпи секој атом сила ,едвај чекам да почнам цврста храна и да ја одбијам од цице.Не можам веќе.Доењето не ми е веќе уживање туку напор. За разлика од неа големата ми се будеше само два пати навечер и наутро кога ќе станеме се галевме, со ова бебе немам сила за галење.
Во нутри булет ставам овошје (обавезно една банана ради текстура) и има на Твистшејк вреќички за полнење во еурофарм и лесно се мијат, можат и во машина за садови да се мијат
Некогаш во раце ја нишкам, некогаш додека јаде ми заспива на шише али пак ја нишкам малку да ми се успие цврсто и си легнувам у креветче