Има ли некој купено гарнитура од FEYDOM, какви се во однос на квалитет? Денес ги гледав, вака убави ми се видоа и на лик и функционалност. Што мислите
^ Јас имам Feydom гарнитура и многу сум задоволна. Текстилот е ептен лесен за одржување, се чисти само со влажни марамици, перниците се перат во машина, а кај некој од поновиве модели целосно се вади материјалот и се пере во машина. Во однос на квалитет, исто сум многу задоволна, ништо нема попуштено, а сунѓерот им е ептен добар. Многу се удобни, модерни и функционални. Ги препорачувам.
Мој човек ,јас одамна копнеам а маж ми ми вети оваа година ќе ја реализира мојата замисла за window seat . Одма се замислив јас со чајче и книга а надвор снегче паѓа аххххххх мераци.
Исто исто исто!!! Неостварена желба ми е седлово до прозор, толку многу ми се допаѓа штоооо помислувам моментално да го напраам! хххх
Зид со камења, како на втората слика, ми е премногу убав. Естетски многу ми се допаѓа Спој на модерното и старото Туку, да не има некои негативности после лепењето на камењава? Или не би требало