Ако можи мислење за уредување на дневна соба.Аголната гарнитура и комодата ке бидат во бело-лилава комбинација,е сега каков да биде тепихот,сакам нешто едноставно во една боја,сакав да ја биде сиво,мислам дека ке разбива монотонија а сепак незнам кој друг детал да биде на сиво да не биде само тепихот??
Мојата дневна е во овие бои, плус сива црна и малку светло зелена. Можеш да ставиш светло сив тепих и некаков интересен тапет или арликација на ѕид во црно бело и лилаво. Само внимавај, овие три бои ја прават ладна собата затоа би ти препорачала нешто зелено или жолто, и перничиња се доволни за ефект. Се надевам помогнав
Искуства и мислења за во дневна соба, не знам дали да одберам тапет или зидот да го исфарбаме во боја
Гарнитури и клуб масички од Canape mebel? Многу ни ги пофалија ама сакам да слушнам и искуство од феминките. Сакаме гарнитура во мебел штоф и стаклена клуб масичка.
Ti se zablagodaruvam za srednata postirana slika. Se ubiv od razmisluvanje kako da potpolnam eden zid koj netrpi mnogu i uspeav da najdam resenie blagodarenie na tvojot post.
Треба да опремуваме цел стан и гледајќи по интернет видов неколку работи од Југоекспорт што многу ми се допаднаа, ама имавме некои дополнителни трошоци и оставивме опремувањето да биде подоцна најдоцна до мај. Е сега работата е што тие работи во септември беа една цена а сега ги гледам поскапени и тоа доста (една масичка беше околу 15000 намалена на 50% како последен експонат во септември, а сега истата е 22000 и истото го пишува последен експонат). Друга работа што сакам да ми помогнете е дали да го чекаме саемот за мебел што е крај на март или да си опремуваме сега, дали попустите што ги има се реални или само маркетиншки трик. Феминки какво е вашето искуство?
Здраво феминки, ви праќам цртеж и слики од нашата дневна соба,и цртеж како планирам да ја направам, моментално е во изградба, секој предлог е добредојден! Трпезаријата и дневната ми се испланирани, трпезаријата ке биде со бела маса, за столици уште се мислам дали цели од еко кожа или комбинација, а за во дневната земавме тросед двосед и фотеља во сива боја (од еко кожа целата) и бела клуб масичка, и планирам да ставиме бела ТВ комода. Купивме бел ламинат, за кујната се двоумам во која боја да биде, дали цела бела или во боја.Исто и за плочки во куната сум во дилема дали да ставам бели или сиви со цветови, подните ке бидат бели како ламинатот? Преградниот ѕид има лице кон дневната и ке биде украсен, во длабнатините ке има светло,огледала залепени. и стаклени полички. Шанкот е висок 1.2м,исто во длабнатините ке има светло, огледало и на високиот дел стаклени полици. Ве молам за Ваше мислење и совети околу боите? Дали ако ставам тапета на некој ѕид ке биде пренатрпано.Не ми се свиѓаат бели ѕидови, сакам да биде во боја дневната, се мислам за виолетова, темно розова (накај црвено,марсала),што мислите вие?Која комбинација на бои да ја направам, какви теписи, завеси, детали?